Двајца тинејџери отворија оган во Исламскиот центар во Сан Диего во Калифорнија во понеделник, убивајќи тројца мажи пред џамијата, од кои едниот бил обезбедувач, пред двајцата осомничени да бидат пронајдени мртви од очигледни самонанесени рани од огнено оружје, соопшти полицијата. Сите деца што одат во училиштето кое е дел од Исламскиот центар – најголемата џамија во регионот во близина на мексиканската граница – се пронајдени и се безбедни ...

Единаесет Австралијанци кои се обидуваа да достават хуманитарна помош во Газа како дел од меѓународна флотила беа приведени од израелските сили во меѓународни води. Австралиската влада соопшти дека „итно бара“ потврда за нивната состојба и безбедност. Меѓу приведените, кои ја повикаа федералната влада да ги заштити, има академици, лекари, студенти, активисти и филмски режисери, објавува „Гардијан“. Глобалната флотила „Сумуд“ во понеделник ...

„Пензионерите, работниците и младите се излажани и оставени сами во криза“, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во емисијата 360 степени. Филипче потенцираше дека за две години власта не покажа резултати што би им го олеснило животот на граѓаните. „Кажете ми еден сектор, една категорија на граѓани, освен овие во власта, коишто се задоволни од овој тип на владеење. Пензионерите, како се задоволни? Излажани се луѓето. ...

Соопштение на СДСМ: Граѓаните добија уште едно признание од ВМРО-ОКГ – врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски. Одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ со кој министрите, вицепремиерите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства. Зошто? Затоа што тогаш пола Влада на Мицкоски ќе требаше да си замине. Може целата Влада да биде составена од бугарски државјани, ама не може малцинствата да влезат во Уставот. Какво ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, посочи дека трендовите на политичката сцена се јасни и дека ВМРО ја губи поддршка кај граѓаните, додека СДСМ бележи постепен раст. „Огромен пад има во ВМРО, 150.000-160.000 гласови изгубија за една година, а ние постепено растеме и трендовите продолжуваат“, рече Филипче. Во интервјуто Филипче потенцираше дека вистинскиот пулс на граѓаните не се мери ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, нагласи дека изјавите на премиерот Мицкоски за комуникацијата со обвинителот Савески претставуваат сериозен скандал и директен удар врз независноста на правосудниот систем. „Не постои поскандалозна изјава во историјата на правосудството од тоа што прво Христијан Мицкоски кажуваше дека има чувство за едно, друго или трето и на тој начин му даваше насоки ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...

Информација на ВМРО ДПМНЕ: На вечерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беа донесени повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата. Дел се нови лица кои ќе внесат свежина во местата од каде доаѓаат, а останатиот дел се актуелни и докажани претседатели кои донесоа големи победи на изминатите изборни циклуси, но и големи позитивни промени во локалните самоуправи. На вечерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за нов ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.05.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните ...

До крајот на работната седмица и за време на викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен и северозападен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и засилен ветер (над 50 km/h). Прогноза за ...

Во текот на изминатите два дена (16/17.05.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1026 издадени платни налози, 316 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило се 34 лицa, од кои девет за возење под дејство на ...

Времето во следните денови ќе биде променливо облачно, а утре, во петок и за викендот ќе има невреме, информира УХМР. До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Утре, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен), грмежи и засилен ветер (над 70 километри на час), локално во форма на невреме. Во среда и во следните ...

Во рамки на официјалната посета на Република Словенија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати пред членовите на Македонско-словенечкиот бизнис клуб во Љубљана. За претседателката, обновувањето на Македонско-словенечкиот бизнис клуб е важен чекор кон продлабочување на економската соработка и поврзување на бизнис-заедниците на двете држави. Според неа, постои потенцијал за зголемување на трговската размена, со оглед на веќе ...

Соопштение на Левица: Додека декларативно се колне во младите и ветува европски стандарди, ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка, турка измени во Законот за студентскиот стандард со кои директно удира по џебот на студентите и ги намалува стипендиите за нивните достигнувања. Огромен удар е насочен кон студентите од социјално загрозените семејства. Власта одлучува да го намали процентот на стипендии наменети за социјалните категории од досегашните ...

Соопштение на СДСМ: Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа, објави „WorldAtlas“ додека Христијан Мицкоски секојдневно раскажува бајки за трета економија во Европа. Реалноста е сосема поинаква. Граѓаните секој ден ја чувствуваат вистината преку празните паричници, високите цени и се потешкиот живот. Алармантно лоша е и состојбата со Буџетот, снемува пари. Се случува токму она на што СДСМ подолго време предупредуваше. Нема пари за ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Стопирањето на постапката за случајот „Мазут“ за криминал тежок 167 милиони евра, уште еднаш ги извади на површина конекциите на СДС и ДУИ со судско обвинителскиот систем. Кадрите поставени и унапредени во професионалната кариера лично од Зоран Заев и Али Ахмети, по потреба се активираат и одработуваат за да ги спасат од кривична одговорност луѓето од и блиски до СДС и ДУИ. И во случајот со милионскиот криминал за ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Венко Филипче исто како и Зоран Заев, не постои барање од Бугарија кое тој не е спремен да го исполни без никаков приговор, само за да дојде на власт. Како пиун на Румен Радев, уценетиот Филипче уште од опозиција си кажува на што е спремен и што се може да прифати и спроведе само за да има можност да седне на премиерската фотелја. Така, Филипче стана главен лобист за прифаќање на бугарскиот диктат и е најгласен за ...

Маж (38) загина по напад од ајкула во близина на островот Ротнест, во близина на Перт и брегот на Западна Австралија, соопштија светските медиуми. Според наводите, мажот се наоѓал во близина на заливот Џорди околу 10 часот по локално време кога бил нападнат од ајкула, пренесе австралискиот портал 9news. Полицијата на Западна Австралија соопшти дека итната медицинска помош не успеала да го реанимира откако бил извлечен од водата и пренесен на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека во заедничка операција на нигериските и американските сили „елиминиран“ е Абу Билал ал-Минуки, заменик-лидерот на Исламска држава во Африка, јавува ДПА. Во објава на Truth Social, Трамп рече дека војниците го отстраниле Ал-Минуки, кого го опиша како „најактивниот терорист во светот“ на терен. „Тој повеќе нема да ги тероризира луѓето од Африка, ниту да помага во планирањето операции ...

Русија ги засилува напорите да ја вовлече Белорусија во војната против Украина, а Москва ја разгледува можноста за напад врз Киев или една од членките на НАТО од белоруска територија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски откако доби извештаи од воените и разузнавачките служби, пишува „Киев Индепендент“. Притисок врз Минск Зеленски тврди дека Москва го обновила контактот со белорускиот претседател Александар Лукашенко за да го ...

Властите од 15 земји разбија голема криминална група која измамувала жртви низ Европа и пошироко, продавајќи лажни додатоци во исхраната и лекови за сериозни болести, соопшти агенцијата на ЕУ „Евроџаст“. Заедничката операција на 12 мај резултирала со собирање важни докази, притворање на дел од клучните членови на групата и запленување големи количини додатоци во исхраната. Се сомнева дека групата остварила најмалку 240 милиони евра промет. ...

Светската здравствена организација прогласи дека епидемијата на ебола во Демократска Република Конго и Уганда претставува јавно-здравствена криза од меѓународно значење. Од СЗО нагласуваат дека станува збор за сериозен ризик за јавното здравје, но дека епидемијата не ги исполнува критериумите за пандемиска криза. Епидемијата е предизвикана од сојот Bundibugyo, поредок тип на ебола за кој, за разлика од познатиот Zaire-сој, во моментов нема ...

Кина, по средбата помеѓу кинескиот и американскиот претседател Шји Џинпинг и Доналд Трамп во Пекинг, соопшти дека се постигнати прелиминарни договори за царините, за земјоделските производи и за авионите. Кинеското Министерство за трговија вчера соопшти дека понатамошните преговори за деталите се во тек. Во соопштението на кинеското Министерство за трговија се наведува дека е договорено Кина да купи американски авиони и САД да го снабди ...

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан оцени дека Унгарија влегла во период на политички промени по изборите и рече дека опозицијата и десницата ќе мора да се реорганизираат во силно политичко движење. Во интервју за унгарскиот „Немзет“, Орбан рече дека претходните 16 години од владеењето на неговата партија претставуваат „најуспешен период на унгарската изградба“, вклучувајќи економски раст, зголемување на платите и зајакнување на ...

Четири члена на екипажот се во стабилна состојба откако два борбени авиони се судрија во воздух за време на воздушна претстава, соопштија официјални лица. Сите членови на екипажот на авионите EA-18G на американската морнарица безбедно се катапултираа по судирот за време на воздушна демонстрација, потврди портпарол на американската морнарица за Би-Би-Си. Драматичниот инцидент се случи во недела, вториот ден од аеромитингот „Gunfighter Skies“, ...

Куба има намера да го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од САД, објави во недела кубанското Министерство за надворешни работи, како што пренесе германската новинска агенција ДПА. Кубански функционер: САД се агресорот „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква причина, на воен напад врз Куба се интензивира со секој изминат час, со сè понеубедливи обвинувања“, напиша заменик-министерот за надворешни ...

Земјотрес со јачина од 5,2 степени што го погоди регионот Гуангси во југозападна Кина во понеделник наутро уби две лица и принуди евакуација на повеќе од 7.000 луѓе во градот Лиуџоу, додека операциите за пребарување и спасување продолжуваат, а властите предупредуваат за прекини во сообраќајот. Потврдени се две смртни случаи, едно лице сè уште се води како исчезнато, а четири лица се однесени во болница, иако ниту едно немало повреди опасни по ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за српскиот медиум „Нова.рс“, зборува за политичко-финансиската мрежа што ги поврзува Виктор Орбан, Александар Вучиќ и Христијан Мицкоски. „Оваа мрежа не ја откриваме од вчера. Ја разобличуваме со месеци, а секој нов ден носи нови потврди. Христијан Мицкоски во Македонија одамна го нарекуваат ‘малиот Вучиќ’. И тоа не е случајно“, вели Филипче. Тој оценува дека постои целосен „copy-paste“ во ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за српскиот слободен медиум„Нова.рс“ најави дека Законот за нулта толеранција кон криминалот и корупцијата и слободата на медиумите че бидат првите задачи на иднината Влада. „Законот за нулта толеранција кон криминалот и корупцијата и слободата на медиумите – тоа ќе бидат првите задачи на идната влада. Влада која ќе работи во интерес на Македонија и нејзините граѓани, а не на странски служби и ...

Соопштение на СДСМ: По признанијата на Христијан Мицкоски, Тимчо Муцунски и Гордана Сиљановска дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата, дека македонскиот јазик, култура и идентитет се заштитени и дека НАТО е една од најдобрите работи што ѝ се случиле на Македонија, останува Мицкоски да признае и за неисполнување на реформската агенда за ЕУ. Уште 13 дена остануваат до рокот што сам си го постави, а реформите за ЕУ не се ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.05
93%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.0
91%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
68%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1031
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
0.9
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Платина

49319.25