
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



Соопштение на ДКСК: Државната комисија за спречување на корупцијата како столб на интегритетот и непристрасната борба против корупцијата, со особена гордост и чувство на одговорност го објавува Извештајот од спроведениот мониторинг на имплементацијата на системот за интегритет за 2024 година, со кој се презентираат не само резултатите од спроведените политики туку и јасната визија за натамошно јакнење на институционалниот капацитет на државата. ...
Во текот на вчерашните (25.03.2025) активности на полициските службеници во насока на засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 674 платни налози. Согласно актуелните статистички трендови по однос на сторените прекршоци најбројни се прекршоците на непрописно паркирање 252, потоа прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената 175, како и прекршоците ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Newsmax сугерира дека Русија го одложува склучувањето на договорот за прекин на огнот во Украина. Одговарајќи на новинарско прашање, американскиот претседател рече дека е можно рускиот претседател Владимир Путин да одолжува. „Не знам. Мислам, ќе ве известам во одреден момент. Но, мислам дека Русија сака да види крај на војната, но можно е тие да одолжуваат“. Според Трамп, тој самиот прибегнал ...
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека случајното протекување на доверливи воени планови од страна на високи американски функционери значи дека сојузничките нации мора сè повеќе „да се грижат за себе“ бидејќи довербата во некогаш блискиот сојузник слабее, пишува „Гардијан“. Говорејќи еден ден откако беше откриено дека новинар случајно бил вклучен во групен разговор за воздушните напади врз јеменските бунтовници, Карни рече дека оваа ...
Осумнаесет лица загинаа во серија шумски пожари, меѓу најлошите во историјата на Јужна Кореја, кои предизвикаа „невидена штета“ и ги надминаа сите прогнозирани модели, рече привремениот претседател Хан Дак-Су. Илјадници пожарникари се борат со повеќе од десетина пожари во југоисточниот дел на земјата од викендот. Во катастрофата загинаа 18 лица, а шестмина беа тешко повредени. Како одговор на ситуацијата, Хан во средата објави дека нивото на ...
Интензитетот на пожарите што беснеат во Јужна Кореја денеска се удвои во споредба со претходниот ден, додека бројот на загинати се искачи на 26. Повеќе од 33.000 хектари земјиште горат или веќе изгореа во најголемиот пожар што избувна во централниот округ Ујсеонг, што го прави најголемиот поединечен пожар во историјата на Јужна Кореја. „На национално ниво сме во критична ситуација со бројни жртви поради екстремно брзото ширење на шумските ...
Клучно е САД да не го извлечат рускиот претседател Владимир Путин од политичка и економска изолација, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Eurovision News. Изјавата на Зеленски доаѓа откако Русија и Украина се договорија да спроведат делумен прекин на огнот со посредство на САД поради нападите врз енергетската инфраструктура и непријателствата во Црното Море. Во замена, САД се согласија да го прошират пристапот на ...
Полската армија има доволно резерви за да се спротивстави на непријателски напад до две недели пред пристигнувањето на засилувањата на НАТО, изјави вчера за „Полсат њуз“ генерал Дариуш Луковски, шеф на полската канцеларија за национална безбедност. „Мислам дека, во зависност од тоа како ќе се одвива оваа борба, одбраната може да се спроведува една или две недели со денешните нивоа на залихи“, рече Луковски, одговарајќи на прашањето колку долго ...
Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека неодамнешниот напад врз руската воздухопловна база Енгелс уништил 96 крстаречки ракети кои Русија планирала да ги користи за напади врз Украина оваа пролет. Покрај тоа, погодени се и складишта за воздухопловно гориво, според украинската војска. Воздухопловната база Енгелс, која се наоѓа во руската област Саратов, повеќепати беше цел на напади со украински беспилотни летала од почетокот на ...
Се додека српскиот народ е обединет, никој нема да го потчини – ниту со бомби, ниту со уцени, порача денеска претседателот на Република Српска Милорад Додик по повод годишнината од агресијата на НАТО врз Србија и српскиот народ. „На денешен ден се сеќаваме на страшните моменти кога НАТО, без одлука на Советот за безбедност, почна брутална агресија против Србија и српскиот народ. Не бомбардираа 78 дена. Убија деца, уништуваа болници, училишта, ...
Државјанин на Швајцарија Р.В. (29) вчера околу 2 часот и 30 минути е тешко повреден откако се качил на локомотива на железничка станица во Белград. Како што неофицијално дознава српски Телеграф, младиот човек добил струен удар, при што се здобил со тешки изгореници по целото тело. Неговите тројца пријатели, кои биле сведоци на несреќата, наводно веднаш повикале брза помош. Брзата помош го пренела младиот човек во тешка состојба во Ургентниот ...
Од СДСМ денеска повторно излегоа со нови како што велат пропусти на надлежните институции кои можеби довеле да се случи трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, во која трагично го загубија животот 59 млади лица и близу 200 се повредени. Организациониот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, повикувајќи се на официјални документи, изјави дека дискотеката „Пулс“ работела нелегално, а УЈП не постапила согасно законите. Костовски рече дека ...
Трагедијата во Кочани не е последица на една грешка, туку на ланец од институционални пропусти, обвинија денеска од опозициската СДСМ.Од таму велат дека секој пропуст мора да биде идентификуван, а секој виновник мора да биде повикан на одговорност. Од СДСМ денеска презентираа документација од Бизнис мрежата според која фирмата „ММММ Кафе“, сопственик на дискотеката „Пулс“, работела со блокирана сметка дури 217 дена, а последната блокада споре ...
Воениот аналитичар Маринко Огорец на телевизијата N1 зборуваше за војната во Украина и за состојбата на украинската армија. Тој тврди дека мисијата на НСАТУ е крајот на приказната и дека Хрватска нема што да обвинува бидејќи ѝ помогнала на Украина колку што е можно. „Хрватска од самиот почеток јасно и недвосмислено застана на страната на ЕУ и НАТО и ја осуди агресијата по сите прашања. Таа ѝ даде максимална помош на Украина во нашите рамки, ...
Стотици Палестинци протестираа вчера против Хамас и војната на најмалку три локации во Газа, релативно редок настан во Појасот Газа, пишува „Тајмс оф Израел“. Снимката објавена на социјалната мрежа Х покажува 100-ина жители на Беит Лахија, во северниот дел на Појасот Газа, како одржуваат протести повикувајќи на крај на војната и крај на владеењето на Хамас, а некои демонстранти носеа транспаренти на кои пишува „Одбиваме да умреме“ и „Децата во ...
Советникот за национална безбедност на САД, Мајк Волц, рече дека ја презема целосната одговорност за вклучувањето на главниот уредник на „Атлантик“, Џефри Голдберг, во приватен разговор на високо ниво на апликацијата за пораки „Сигнал“, во кој се разговарало за воените планови на САД. „Ја преземам целосната одговорност. Ја направив оваа група. Мојата работа е да се погрижам сѐ да биде координирано“, изјави Волц во интервју за „Фокс њуз“. На ...
Пратеникот на Трамп за специјалните мисии Ричард Гренел изјави дека нуклеарното оружје оставено на украинска територија по распадот на СССР и припаѓа на Русија, тврдејќи дека тоа е „незгоден факт“. „Да бидеме јасни за Будимпештанскиот меморандум: нуклеарното оружје беше руско. Украина и го врати нуклеарното оружје на Русија. Тоа не беше украинско. Ова е непријатен факт“, рече Гренел. Стивен Пајфер, поранешен американски амбасадор во Украина и ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска се обрати на завршниот настан за проектот насловен: „Унапредување на системските недостатоци – поддршка на реформите во системот за заштита на деца во Северна Македонија, Украина, Албанија, Белорусија и Ерменија“. Целта на проектот на СОС Детско село Северна Македонија беше поддршка на процесот на деинституционализација во согласност со Националната стратегија за ...
Изјава на Марија Митева: Продолжуваме со тематските прес-конференции на кои детално и транспарентно ќе ве информираме за сите преземени активности, а уште поважно за тоа како течат процедурите и до која фаза се сите постапки. За разлика од минатото, кога институциите беа бавни, неефикасни или селективно го спроведуваа законот, денес ние демонстрираме поинаков пристап – кој се заснова на брза акција, јасни правила и нулта толеранција за ...
Мобилни царински тимови и царински службеници запленија 4,5 илјади парфеми, облека, обувки со потпис на познати трговски марки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари • Мобилни тимови и царински службеници во седум случаи запленија вкупно 4.486 парчиња облека, парфеми, обувки и други производи со потпис на познати трговски марки: – Mобилен тим заплени 225 парфеми со потпис на познати трговски марки, ...
Соопштение на СДСМ: Трагедијата во Кочани во која загубивме 59 млади животи и ја потресе целата држава повикува на неселективна, темелна и сеопфатна истрага која ќе го утврди целиот синџир на одговорност. Секој за кој што ќе се утврди дека има одговорност – без разлика дали се работи за поранешен или актуелен функционер – мора да одговара пред лицето на правдата. Сепак, со загриженост гледаме на досегашниот тек на истрагата. Сите анализи ...
Прес-конференција, Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ: Продолжуваат да излегуваат нови, загрижувачки детали за институционалните пропусти кои можеби довеле до најстрашната трагедија во поновата историја на Македонија, во која животот го загубија 59 млади луѓе. Објектот познат како дискотека „Пулс“ во Кочани, каде се случи трагедијата, работел нелегално – тоа веќе е документирано и потврдено. Тоа е дел од активната истрага која ...
Одговор на новинарско прашање, Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ: СДСМ ги слуша, ги разбира и целосно ги поддржува барањата на граѓанското движење „Кој е следен“. Сметаме дека тие се легитимни, праведни и пред сè – неопходни. Ова не се само барања на иницијативата – ова се барања на целото општество и сите граѓани. Ова се гласови на генерација која прашува нешто суштинско: дали некој конечно ќе одговара? И да, време е конечно да ...
Под влијание на циклонска активност следува период на пороменливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 70 км/ч). Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 л/м2). Во Скопје, во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја нападна опозицијата по неколкудневните протести обвинувајќи ја за поттикнување насилство и дестабилизација на земјата. Ердоган ги опиша демонстрациите како оркестрирано шоу ветувајќи дека одговорните на крајот ќе се соочат со правдата и ќе се каат за своите постапки. Настапот на опозицијата ќе заврши и тие ќе се срамат од штетата што ѝ ја нанесоа на нашата земја“, рече Ердоган во телевизиско обраќање. ...
Синоќа во Чачак се одржа протест поради напад на студенти во тој град. Студентите на Техничкиот факултет во Чачак на Инстаграм објавија дека биле нападнати во саботата вечерта и дека полицијата им ја исклучила врската кога се обратиле за помош. Тие изјавија дека биле нападнати од група од 25 напаѓачи. Протестот започна пред зградата на седиштето на полицијата. Демонстрантите залепија плакати на вратата од полициската станица на кои пишуваше ...
Денеска и утре (26 и 27 март) тим од НАТО – Алијансата предводен од високиот политички експерт и известител за нашата држава Стјуарт Ендрјус ќе учествува на билатералните одбранбени разговори со Алијансата. Разговорите се посветени на плановите за развој на одбранбените способности согласно НАТО целите на способности, вклучувајќи ги и одбранбените планови, финансиите и човечките ресурси во одбраната. Тимот експерти од Министерството за одбрана, ...
На 25.03.2025 од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д.Ј., неговото возило „инсигниа“ и два угостителски објекти, како и во Државен пазарен инспекторат – Канцеларија Кочани. Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација. Во ...
Сообраќаен полицаец од Канзас пронашол и спасил шестгодишно девојче кое било киднапирано еден месец претходно, а двајцата мажи со кои била биле уапсени од полицијата, соопштија властите. Службеникот го запрел теренецот поради сообраќаен прекршок и открил дека дека сопатникот има налог надвор од друга држава за киднапирање на шестгодишно девојче кое еден месец претходно било пријавено за исчезнато. Полицаецот во возилото видел мало девојче кое во ...
Иран вчера соопшти дека е отворен за индиректни преговори со Соединетите Американски Држави откога претседателот Доналд Трамп побара преговори за нов нуклеарен договор. „Патот е отворен за индиректни преговори“, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, отфрлајќи ја можноста за директни разговори „додека не дојде до промена во пристапот на другата страна кон Исламската Република“, пишува „Економик тајмс“. Највисокиот ирански ...