По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува ризик фактор за малигни заболувања, а посебно за рак на бели дробови. Според податоците на Институтот за јавно здравје водечка причина за смрт во државава во 2023 и 2024 година се малигните неоплазми на бронхиите и белите дробови. - Употребата на тутун е водечка причина за рак кој може да се спречи. ...

На 25.05.2026 во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани. Од здобиените повреди во несреќата, А.Ѓ. починал додека бил пренесуван кон болницата во Кочани, а лекар констатирал смрт. ...

На 25.05.2026 во 11:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишната В.Х.М., мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.С.(24), патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Х.(53) и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, ...

На 25.05.2026 во 14:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во атар на село Ваташа, кавадаречко, на нива во место викано Моклиште, трактор управуван од И.П.(67) од село Ваташа се превртел, при што возачот се здобил со повреди. На лице место му била укажана помош од страна на Територијална против пожарна единица Кавадарци и Итна медицинска помош Кавадарци, по што бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, денеска на церемонија во Кабинетот на претседателот ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards“. Добитнички на наградите се: Кристина Мукаетова – Награда за најперспективна тинејџерка, Маја Наумовска Савеска – Награда за најголем поддржувач, Биљана Пејоска Ристеска – Награда за највлијателна иницијатива, ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и нејзиниот хрватски колега, министерот за економија на Република Хрватска, Анте Шушњар, денеска, во Охрид го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во енергетскиот сектор меѓу двете земји. Меморандумот беше потпишан во рамките на работниот дел од посетата на висока хрватска делегација на земјава, предводена од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.  Во ...

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на денешната средба со Пленковиќ: „Почитуван претседател на Владата на Република Хрватска, драг пријателе Андреј Пленковиќ, Почитувани министри, Почитувани претставници на медиумите, Дами и господа, Дозволете ми најнапред да му посакам срдечно добредојде на премиерот Андреј Пленковиќ и на хрватската делегација. Денешната посета има особено значење за нашите две држави, затоа што таа не претставува ...

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја обвини Владата за предложената фискална стратегија 2027 – 2031 година, оценувајќи дека таа е заснована на нереални очекувања и недоволно јасни економски политики. Лукаревска посочи дека стратегијата се потпира на надеж, а не на структурни реформи, додавајќи дека се очекува БДП да расте побрзо од задолжувањето, без јасен одговор како ќе се справи идните ценовни шокови. Лукаревска потенцираше дека ...

Oбраќање на пратеникот Митко Трајчулески од СДСМ: Денес на дневен ред, по скратена постапка, имаме закон за задолжување на државата во износ од 260 милиони евра кај комерцијални банки. И уште на самиот почеток би сакал да истакнам дека најодговорниот човек во државата, кој треба денеска да биде тука во Собранието и да објасни не само пред народните избраници, туку и пред македонските граѓани по однос на овој заем – денеска го нема тука во ...

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниска седница, нагласи дека Владата премиерот Мицкоски и министерката за финансии Кочоска ја туркаат државата во опасна должничка спирала, со постојани нови кредити со високи камати кои ќе ги плаќаат граѓаните и без реален економски ефект. Талески посочи дека наместо економски развој, Владата создава политика на постојани задолжувања и финансиска зависност. „Денес не зборуваме само за ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија Михалис Рокас, на која беше потврдена одличната соработка и континуираната поддршка што Европската Унија ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи во процесот на спроведување на реформите и унапредување на институционалните капацитети. Министерот Тошковски изрази благодарност за досегашната поддршка од Европската ...

На 25.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(51), 20-годишна девојка и друга 20-годишна девојка, сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 25.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(51), 20-годишна девојка и ...

Самсунг (“Samsung”), глобален лидер во иновациите, ја задржа својата позиција како производител бр. 1 на телевизори во светот во текот на 20 последователни години . Во срцето на овој успех лежи посветеноста на врвната технологија, дизајнот насочен кон купувачот и неспоредливата безбедност. Еве како “Samsung” телевизорите поставуваат нови стандарди во просторот на технолошкиот животен стил. Сопствен хардвер за супериорни перформанси Интерното ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на услугите дека, по повод празникот „Св. Кирил и Методиј“, на ден 25.05.2026 година (понеделник), шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат. Со редовно работно време ќе се продолжи од 26.05.2026 година (вторник). Воедно, ги повикуваме корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои овозможуваат брз ...

Денеска, Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Италија оствари средба со италијанскиот амбасадор, Н.Е. Паоло Палминтери во земјава. На сребата покрај претседателот на Пратеничката група, Елми Азири, беа присутни и членовите: Благица Ласовска, Димитар Ковачевски и Мевмед Џафери. Претседателот Азири изрази благодарност за иницијативата за оваа средба, истакнувајќи дека билатералните односи ...

Град Скопје и Националниот демократски институт (НДИ) денеска потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на општините од корупцијата – Заедници со интегритет“, со што се продлабочува институционалната соработка насочена кон унапредување на интегритетот, транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа. Меморандумот беше потпишан од Градоначалникот на Град Скопје и директорот на НДИ, Роберт Скот ...

Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, информираше неговото семејство. Треневски е роден во 1949 година во Скопје, а зад себе остави значајна професионална биографија во новинарството, дипломатијата и јавниот живот. Својата кариера ја започнал како новинар во Скопје, а подоцна работел и во агенцијата ТАНЈУГ, каде бил дописник од Австралија и Јужниот Пацифик. Во тој период активно ја следел македонската дијаспора и ...

Соопштение на СДСМ: Граѓаните паметат како Христијан Мицкоски пред изборите клечеше и молеше за власт, ветувајќи враќање на името, укинување на Преспанскиот договор и промена на преговарачката рамка. Ги излажа граѓаните. Денес во ВМРО признаваат дека Преспанскиот договор го заштитил македонскиот идентитет, јазик и култура, дека членството во НАТО е одлична работа. Лажниот патриотизам на Мицкоски целосно пропадна. Половина Влада му е со ...

– Денес имав чест и задоволство да го пречекам претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, соопшти премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи. – Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска, како и важноста на меѓусебната соработка, европските вредности и регионалната стабилност, напиша Мицкоски. фото Влада – Денес имав чест и задоволство да го пречекам ...

Денеска во Охрид во рамки на официјалната посета на владата на Република Хрватска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари работна средба со заменик претседателот и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ. На билатералната средба се зборуваше за развој на транспротниот сообраќај во регионот, можностите за продлабочување на соработката во делот на железничкиот сообраќај, како и ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите шест квартали овозможи раст на економијата од над 3%, а паралелно платите растат со динамика близу 10%, расте бројот на нововработени лица, невработеноста е на историски најниско ниво. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го решава предизвикот со кој се соочивме, а тоа е истовремено да го финансира развојот на економијата и да ги сервисира старите долгови создадени токму во ...

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја обвини Владата за предложената фискална стратегија 2027 – 2031 година, оценувајќи дека таа е заснована на нереални очекувања и недоволно јасни економски политики. Лукаревска посочи дека стратегијата се потпира на надеж, а не на структурни реформи, додавајќи дека се очекува БДП да расте побрзо од задолжувањето, без јасен одговор како ќе се справи идните ценовни шокови. Лукаревска потенцираше дека ...

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, замениците на генералната секретарка, Бобан Стојановски и Никола Ѓошевски, учествуваа на презентацијата на анализата на јавното мислење „Поглед на Собрание: перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија (2026)“ спроведена од Институт за демократија „Социета Цивилис“. На презентацијата учествуваа и амбасадорот на Амбасадата на Швајцарската Конфедерација, ...

На 25.05.2026 во 22:15 часот на улицата „Трајко Тарцан“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода осум лица, меѓу кои и еден 17-годишен малолетник. Приведените се од две различни села во крушевско. Според пријавеното, истиот ден околу 19:30 часот, татко и син, движејќи се со патничко возило „пасат“ кон село Саждево, биле пресретнати од патничко возило „БМВ“, управувано од лице кое било во роднинска врска со семејството. ...

Од Англија до Италија, делови од Европа се подготвуваат за уште еден невообичаено топол ден за мај во вторник, нарушувајќи ја рутината на Стариот континент, кој се затоплува побрзо од кој било друг дел од светот. Температурите растат веќе неколку дена, а во понеделникот достигнаа рекордни максимуми од над 30 степени Целзиусови во Велика Британија и Франција. Локални ограничувања за работа на отворено се воведени во Италија, француските плажи ...

На 25.05.2026 во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција, постапувајќи по пријава на 24.05.2026 околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го нападнале. Од ...

Членовите на Советот ги разгледуваа и полноправно одлучуваа за 19 точки кои се најдоа на дневниот ред, во рамки на 13-тата седница која се одржа денеска во просториите на Општина Карпош. По деталната презентација на раководителката на Секторот за финансиски прашања, мнозинството советници ги поддржаа измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Карпош за 2026 година. Имено, потребата за донесување на оваа Одлука произлезе од доделените ...

Франција е потресена од голем скандал со злоупотреба на деца, откако училишните надзорници во десетици државни градинки и основни училишта беа испитани за насилство, сексуална злоупотреба и силување. Полицијата во Париз истражува повеќе од 100 пријави за наводна злоупотреба, физичко насилство и силување на деца на возраст од само три години. Обвинителството потврди дека случаите се однесуваат на однесувањето на училишните надзорници за време ...

Едно лице е однесено во болница, а околу 20 лица пријавиле дека се чувствуваат лошо откако еден маж наводно испрскал непозната супстанца во близина на комерцијална зграда во деловниот кварт Гинза во Токио, соопшти полицијата. Итен повик за „остра миризба“ во трговскиот комплекс „Гинза Сикс“ е упатен околу пладне по локално време, пренесува Кјодо. Според извештаите, се чини дека мажот веќе го напуштил местото на настанот, а полицијата го бара. ...

Вооружени турски борбени авиони продолжија да го нарушуваат грчкиот национален воздушен простор, а еден инцидент доведе до симулирана воздушна битка помеѓу два грчки Ф-16 и два турски Ф-16 во областа помеѓу островите Лемнос и Лезбос, објави денес „Катимерини“, повикувајќи се на изјавите на грчките претставници. Како што е наведено, овој состанок беше трет ваков ангажман од почетокот на 2026 година, а претходните инциденти беа регистрирани на ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
7.24
24%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
4.62
42%
1015
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
4.37
35%
1019
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.92
37%
1013
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
2.86
24%
1011
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
52%
1019
weather icon

Атина

37ᴼ / 35ᴼ
4.92
34%
1010
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
7.98
18%
1010
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
4.36
25%
1012
weather icon

Букурешт

38ᴼ / 33ᴼ
2.68
39%
1011
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
2.68
34%
1018
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
6.6
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Паладиум

43628.56

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.28

Калај

56.36

Рутениум

53852.50

Бакар

13.23

Родиум

278103.96

Злато

139576.04

Платина

56038.75

Сребро

2044.16

Цинк

0.00