Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи. Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна ...
Во петок и во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури. Од недела температурите повторно ќе бидат во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Прогноза за 29.05.2026 Минимална температура: 7°C до 15°C Максимална температура: 21°C до 30°C Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен ...
Општина Центар информира дека во текот на вчерашниот и денешниот ден, инспекциските служби на Општината, во координација со Министерството за внатрешни работи, Државниот градежен инспекторат и стручните служби од Секторот за урбанизам, постапуваа на терен по инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано свлечиште и оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје три лица управувале возило без возачка дозвола, четири во Тетово, пет во Битола и по еден во Македонски Брод и Велес (малолетник). Едно лице во Велес управувало возило ...
Во издание на Институтот за јавни политики – Скопје, излезе од печат книгата „Dvadeset godina u Ujedinjenim nacijama: Put Crne Gore kroz opštu debatu Generalne skupštine“, од авторот доц. д-р Неџад Мехмедовиќ. Книгата е објавена по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од независноста на Црна Гора и содржи официјални обраќања на црногорските државни претставници на општата дебата на Генералното собрание на Обединетите нации во периодот ...
Македонија повторно доби бројка што не е само статистика, туку предупредување. Во првите три месеци од 2026 година се родиле 3.380 деца, а починале 5.342 лица. Тоа значи дека природниот прираст е негативен за 1.962 лица — речиси две илјади луѓе помалку само за едно тримесечје. Ова не е обична демографска вест. Ова е слика на земја што тивко се празни. Кога ќе се каже „негативен природен прираст“, звучи суво и административно. Но зад тие ...
– Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада, соопштија од Владата, откако беа прозвани од опозицискиот лидер Венко Филипче во врска со оддржување на референдум за ЕУ. – А како изгледа кога СДС ...
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Герогиевски, потпиша договор за реконструкција на регионалниот пат Илинден – Јурумлери, со Центарот за развој на Скопскиот плански регион. Со проектот се предвидува реконструкција на најоштетениот дел од патот, односно од потегот на улица „19“ во населба Илинден кон населеното место Јурумлери, во должина од околу половина километар и широчина на коловозот од 4,5 метри, со што ќе се овозможи ...
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е донесен нов Правилник со кој се уредува задолжителната четиричасовна теоретска обука за управување со мотоцикл до 125 cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW). Напоменуваме дека не смее да се управува со мотоцикл до 125 см3 доколку не се помине теоретската обука и да се обезбеди потврда од автошкола. Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: ...
Македонија е мала земја со економија која силно го чувствува импактот од секоја поголема глобална промена. Позитивните промени со задоволство ги прифаќаме, а за неповолните мораме навремено да бараме начини како најдобро да се заштитиме и да изградиме отпорен систем. Тоа можеме да го постигнеме исклучиво преку образованието и науката, бидејќи токму тие ги создаваат фактите, ги поттикнуваат иновациите, новите технологии и решенијата за одржлив ...
Во издание на Македонската академија на науките и уметностите и „Матица македонска“ е објавен новиот, дваесет и петти роман на академик Божин Павловски, „Јаблон и Сибила“, со поднаслов „Љубовна приказна“. Новото дело на еден од најистакнатите современи македонски прозаисти отвора романескен свет во кој љубовта, паметењето, раселеноста и потребата од припадност се вкрстуваат во возбудлива приказна за човекот што го бара својот дом во историски ...
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје го објави Конкурсот за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година. Министерството за одбрана упатува повик до сите млади лица кои сакаат своето образование и работна кариера да ја продолжат како ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски учествуваше на настанот „Мерење на иновациите за одржлив и паметен раст“, организиран од Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ) и Фондацијата Конрад Аденауер, каде во фокусот беше презентацијата на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан. Во рамки на панел-дискусијата посветена на иновациските политики и дигиталната трансформација, Андоновски истакна дека ...
– Навистина како Влада се подготвуваме за сериозно одбележување, достоинствено одбележување на 35 независност на Република Македонија. По онаа најава за 8 септември, еве денеска можеме да најавиме навистина уште една интернационална музичка ѕвезда, но уште поважно навистина македонски аллстар којшто е денеска присутен и којшто заедно со Хозе Карерас ќе имаат исклучително одличен концерт, најави Марија Митева, портпарол на Владата на ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Република Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за унапредување на соработката помеѓу министерството и Комората, со посебен акцент на тековните активности кои во моментот се спроведуваат во делот на локалниот економски развој и инфраструктурните инвестиции кои се можност за подобрувањето на условите за работа ...
На 26.05.2026 во 10:00 часот во СВР Тетово, лице (36) од с.Мала Речица, тетовско, пријави дека околу 07:30 часот забележал дека има дупка на кровот на неговото патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, додека во близина на возилото пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Извршен е увид на местото, а проектилот е подигнат за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот. На 26.05.2026 во 10:00 часот во СВР Тетово, ...
Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот). Садовите ќе бидат поставени во текот на денешниот ден (26.05.2026), по 14 часот. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 18.05.2026 до 22.05.2026 зема 190 примероци за физичко-хемиска и 190 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. ...
Од вкупно дипломираните студенти на прв циклус студии во 2025 година, 27.3 % дипломирале во областите бизнис, администрација и право, информира Државниот Завод за Статистика. На додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, во 2025 година, дипломирале 7 612 студенти, што претставува зголемување за 8.4 % во споредба со 2024 година. Од вкупниот број дипломирани студенти, 5 677, односно 74.6 % се редовни, а 1 935, односно 25.4 % ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара граѓаните на референдум да одлучат дали сакаат да ја плаќаат цената за криминалните политики на Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ, кои ја држат државата надвор од ЕУ. „Вчера го слушнавме Христијан Мицкоски, рече: ‘Нема повеќе отстапки за влез во Европската Унија, подготвени сме да ја платиме цената’. Се поставуваат две прашања: кои се тие отстапки и кои се тие што ќе ја платат цената? За отстапките ...
Изјава на Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ: Очигледно е дека единствениот кој безрезервно им верува на пораките на Румен Радев дека уставните измени се последната пречка на патот кон Европската Унија е токму специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче. Премиерот на Бугарија, Румен Радев излегува во јавноста и вели дека македонските револуционери како Гоце Делчев и Јане Сандански се Бугари, дејци како браќата Миладиновци исто така ...
На 26.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(23), лице(30), лице(18), сите од Скопје и лице(20) од Кратово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени кафеава и бела грутчеста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 26.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги ...
Функцијата “Audio Eraser”[1] на Galaxy уредите го намалува непотребниот шум во видеата и ги засилува посакуваните звуци, овозможувајќи уште повеќе подобрено искуство при гледање. Првично претставена за уредување на зачуваната содржина на серијата Galaxy S25, функцијата значително еволуираше низ генерациите. “Audio Eraser” сега опфаќа и поддршка на плејбек прилагодувања во рамки на веќе инсталираните апликации, како што се Галерија и “Voice ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата ‘Христо Смирненски’ при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина – багер, ангажиран од фирма инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло. МВР соопшти дека од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот и улицата, а паднала и бандера ...
Во првото тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца e 3 380 и е намален за 4.1 %, информира Државниот завод за статистика. Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2026 година бележи намалување од 1.0 % во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува 5 342 лица, а од нив 9 се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен и изнесува -1 962, што значи дека за толку ...
Јавниот превоз повторно останува тема што ги засега илјадници граѓани, особено во Скопје, каде што секојдневното чекање автобус, нередовните линии и стариот возен парк одамна се дел од секојдневието. Наместо брзо решение, набавката на нови електрични автобуси повторно се соочува со застој во процедурите. Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка за електрични автобуси и ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: ВМРО-ДПМНЕ им го честита празникот Курбан Бајрам на сите граѓани припадници на исламската заедница, со желби за мир, спокојство, хармонија и здравје. Празникот Курбан Бајрам е празник на солидарноста, на хуманоста, кои се принципи за обединување и поврзување. Македонија има традиција на меѓусебно почитување и разбирање меѓу сите граѓани и почитување на различностите. Нашата заедничка обврска е да продолжиме да ...
На 26.05.2026 во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.Г.(42) и Г.Г.(39), двајцата од Косово. Претходно, полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Г. и возило „шкода октавија“ со косовски национални ознаки, управувано од Г.Г., при што во ...
Со доаѓањето на потоплите денови, многу луѓе почнуваат да чувствуваат замор, главоболка, пад на енергија, вртоглавица или промени во крвниот притисок. Високите температури не се само непријатност — тие можат сериозно да го оптоварат организмот, особено кај повозрасните лица, хронично болните, децата, трудниците и луѓето што работат или се движат на отворено. Кога надвор е многу топло, телото се обидува да се разлади преку потење и ширење на ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), согласно со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси е надлежна институција за донесување петгодишна национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (во натамошниот текст: НС), со акционен план за нејзино спроведување. Заради остварување на оваа своја надлежност, ДКСК го координира целокупниот процес на изготвување на Националната стратегија и ...