Лекар кој се врати во Франција по хуманитарна работа во Демократска Република Конго има ебола, според француското Министерство за здравство, кое работи на следење на можни контакти за да се осигура дека тие ќе бидат изолирани. Пациентот е првиот случај на ебола идентификуван надвор од регионот во тековната епидемија. Тој е во стабилна состојба и добива нега во специјализирана установа, соопшти министерството во средата, додавајќи дека ...

„Долче и Габана“ (Dolce & Gabbana) преговара со кредиторите за можна продажба на недвижности во Милано, во рамки на напорите да ја зголеми ликвидноста и да ги рефинансира долговите, велат извори запознаени со ситуацијата. Компанијата разгледува продажба на одредени недвижности, вклучувајќи и оние во центарот на Милано, а потоа нивно повторно изнајмување за да ослободи парични средства, изјавија извори кои побараа да останат анонимни ...

Цената на нафтата брент падна под 75 долари за првпат откако започна војната со Иран, бидејќи сè повеќе танкери отворено го преминуваат Ормускиот Теснец, додека САД и Иран сигнализираат напредок за завршување на конфликтот. Глобалниот репер се намали за 3,1 отсто до најниско ниво од 27 февруари. Бродовите транзитираат низ теснецот со вклучени сателитски сигнали, што укажува на растечка доверба кај сопствениците. Меѓународната поморска ...

„СК Хајникс“ (SK Hynix Inc.) планира да собере 45,45 билиони вони (29,4 милијарди долари) преку историска котација во САД, додека компаниите долж синџирот на снабдување за вештачка интелигенција забрзано ги зголемуваат капацитетите за да одговорат на побарувачката за мемориски чипови. Со оваа големина и во зависност од девизниот курс, трансакцијата би можела да биде меѓу петте најголеми продажби на акции во историјата, според податоци ...

Елон Маск е познат за финансиска алхемија. Неговата најнова вештина: додавање милијарди долари долг на неговата бизнис империја која троши готовина, додека истовремено го намалува годишниот товар од камати. „Спејс екс“ („SpaceX“) во вторник продаде обврзници со инвестиционен рејтинг во вредност од 25 милијарди долари, што го означи последниот чекор за замена на скапиот долг кој помогна да се финансира аквизицијата на „Екс“ („X“) во 2022 ...

Македонија го започнува процесот на воспоставување Национална фабрика за вештачка интелигенција „Везилка“, проект кој има цел да создаде инфраструктура за развој на современи технологии, истражувања и иновативни решенија со примена на оваа технологија. Проектот го координира Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во соработка со Министерството за дигитална трансформација. ...

Производителот на тенкови КНДС (KNDS NV) започна процес на излегување на берза преку иницијална јавна понуда (ИПО) во Франкфурт и Париз во наредните недели, додека продолжува со плановите да стане паневропска одбранбена компанија. Сегашните акционери на компанијата, француската држава и „Вегман“ (Wegmann & Co. GmbH), холдинг-компанијата на германското основачко семејство, заедно ќе понудат 20 отсто од уделот во фирмата, се наведува во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран ќе може да ги користи средствата ослободени од замрзнатите сметки само за купување храна и медицински материјали од САД, обидувајќи се да ги намали загриженостите околу мировните преговори за кои и двете страни велат дека напредуваат. Но, изјавите на Трамп беа оспорени од Иран, што е најнов пример за спротивставени тврдења меѓу двете страни за клучни прашања, вклучително и статусот на ...

Машината за купување биткоин на Мајкл Сејлор, компанијата „Стратеџи“ (Strategy Inc), треба да престане со купување на таа криптовалута ако сака да ја врати довербата на пазарот во своите акции. Ова го смета Хулио Морено, директор за истражување во „Криптоквант“ (CryptoQuant), кој тврди дека приоритет на компанијата „Стратеџи“ треба да биде обновување на нејзината парична резерва во долари, наместо продолжување со купување биткоин секогаш ...

Бил Гејтс пред американските законодавци изјавил дека верува оти Џефри Епстајн можеби размислувал да го уценува, според транскрипти објавени во вторникот. Во сведочењето зад затворени врати на 10 јуни, Гејтс ги оспорил деталите што Епстајн ги запишал во електронски пораки до самиот себе во врска со вонбрачните афери на коосновачот на „Мајкрософт“. Тој изјавил дека Епстајн, пропаднат финансиер и сексуален престапник кој почина во затвор во ...

Обидот за закрепнување на азиските акции по глобалната распродажба предводена од технолошкиот сектор во вторникот не успеа да се одржи, откако нов бран продажби го погоди секторот. Индексот MSCI Asia Pacific беше во пад од 0,9 отсто, откако претходно во текот на денот порасна речиси 1 отсто. Акциите на водечкиот производител на чипови „ТСМЦ“ (Taiwan Semiconductor Manufacturing Co.), кој учествува со повеќе од 10 отсто во регионалниот ...

Повеќето ја користат ВИ за пишување текстови, електронски пораки, преводи и слични задачи. Тоа е корисно, но ВИ нуди и многу други начини на кои можете да заштедите време, ако знаете што да прашате. Еве неколку конкретни примери – и за работа и за секојдневниот живот – кои можете да почнете да ги користите уште денес. Начини на кои можете да ја користите ВИ секојдневно Одите на патување Прочитај повеќе Како вештачката интелигенција го ...

Расте интересот за авторски накит во земјава. Она што до неодамна беше препознатливо главно меѓу љубителите на дизајнот и уникатните изработки, денес привлекува сè поширок круг потрошувачи. Промените во купувачките навики, интересот за производи со личен печат и поголемата свест за нивната вредност придонесуваат за растот на овој сегмент. Во исто време, социјалните мрежи и онлајн продажбата им овозможуваат на домашните дизајнери полесно да ...

Потрошувачите низ Европската Унија кои бараат поволни понуди ќе почнат да го чувствуваат притисокот од повисоките трошоци за онлајн купување следната недела кога ќе стапи на сила новата давачка, која првенствено е насочена кон Кина. Тоа е нов слој на трговски тензии меѓу двете економии. Од 1 јули производите во вредност помала од 150 евра ќе подлежат на давачка од три евра. Мерката има цел да го забави приливот на евтина стока надвор од ЕУ ...

Со истекот на првата половина од годината, почнува сезоната на исплата на К-15 или регресот за годишен одмор. Регулативата предвидува овој надоместок, кој се поврзува со правото на користење годишен одмор, да се исплати на секој работник кој работел 6 месеци во тековната година кај ист работодавец. Најнискиот износ кој мора да легне на сметката на секој работник изнесува 40 отсто од просечната исплатена нето-плата на државно ниво во ...

Доларот во вторникот го достигна највисокото ниво од ноември наваму, бидејќи трговците ги зацврстија очекувањата дека Федералните резерви (Фед) ќе ги зголемат каматните стапки оваа година. Индексот Bloomberg Dollar Spot порасна за 0,4 отсто, бидејќи изгледите за монетарната политика на Фед сè повеќе се разликуваат од политиките на централните банки во остатокот од светот. Трговците веќе пресметуваат речиси две зголемувања на каматните ...

Нова давачка ќе се применува на производи во вредност помала од 150 евра од 1 јули, по стапка од три евра. Нејзината цел е да го забави приливот на евтина стока однадвор од ЕУ. Европската Унија го укинува своето de minimis изземање, царинско олеснување, а дополнителната давачка ќе ја плаќаат продавачите, превозниците на пакети или царинските агенти, односно ќе ја пренесуваат на купувачите, што потенцијално може да предизвика доцнења во ...

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година, со кој се зголемуваат капиталните инвестиции и се обезбедуваат дополнителни средства за инфраструктурни проекти, социјална поддршка и повеќе области од јавниот сектор. Министерството за финансии информира дека со ребалансот се создава рамнотежа меѓу фискалната одговорност и потребата од забрзан економски развој, при што се очекува подобрување на животниот стандард преку засилена ...

Летата порано изгледаа многу поинаку за Вера Калогера. Како дете што растело во Атина, таа со своите родители бегала од градската гужва на некој остров. Таму среќавале други семејства кои го правеле истото, бидејќи годишниот одмор покрај Егејското или Јонското Море бил речиси составен дел од грчкиот семеен живот. Сега, како 35-годишна мајка, Калогера не може да си дозволи таков одмор. Дури и кога планира пократки патувања, најпознатите ...

Акциите на „Спејс екс“ (SpaceX) се вратија во позитивна територија во претпазарното тргување, откако претходно бележеа пад од околу 3 отсто, што ќе значеше четврти последователен ден на загуби за компанијата на Илон Маск. До почетокот на тргувањето, акциите пораснаа за 1,3 отсто, бришејќи дел од загубите предизвикани од пошироката распродажба на технолошките компании и акциите со висок раст. Последните денови беа исклучително турбулентни за ...

Индустријата за фондови во Германија ги прифати плановите на канцеларот Фридрих Мерц за реформа на пензискиот систем, која би барала од вработените да инвестираат дел од нивниот приход на капиталните пазари. Мерц изјави дека во вторник ќе продолжи со предлог за создавање постепен дополнителен пензиски придонес еквивалентен на 2 отсто од бруто платите. Според него, овој потег ќе внесе „најмалку“ 30 милијарди евра (34 милијарди долари) ...

Продажбата на автомобили во Европа порасна четврти месец по ред во мај, бидејќи потрошувачите купуваа подостапни електрични и хибридни модели, иако растечката инфлација почнува да остава последици врз побарувачката. Регистрациите на нови возила се зголемија за 3,6 отсто, на 1,15 милиони единици минатиот месец, соопшти во вторникот Европската асоцијација на производители на автомобили. Продажбата порасна на големите пазари, вклучително ...

Светските берзи забележаа значителен пад, при што фјучерсите на индексот Nasdaq-100 се намалија за повеќе од 2,5 отсто. Причина за тоа се зголемените стравувања дека цените на акциите, особено во технолошкиот сектор, достигнале нивоа што тешко можат да се оправдаат со реалните деловни резултати. Ова предизвика нов бран на нестабилност по двомесечниот силен раст на поризичните инвестиции. Во Јужна Кореа, индексот KOSPI падна за 10 отсто од ...

Активноста на бизнисите во еврозоната се намали помалку од очекуваното во јуни, поттикнувајќи оптимизам дека економијата на регионот може да издржи побрза инфлација и ударот врз довербата предизвикан од војната со Иран. Иако ова е трет месец под прагот од 50 што ја дели експанзијата од контракцијата, составниот индекс на менаџери за набавки, составен од „С&П Глобал“ („S&P Global“), се зголеми на 49,5 од 48,5 во мај. Аналитичарите во ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2026 година, изнесуваше 48 779 денари. Во однос на април 2025 година, просечната плата е зголемена за 7.3 отсто, објави Државниот завод за статистика. „Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување за 27.0 отсто, снабдување со вода, отстранување на отпадни ...

Иран соопшти дека ќе му бидат ставени на располагање 12 милијарди долари од замрзнатите средства како дел од тековните разговори со САД, при што двете страни во голема мера сигнализираат напредок во преговорите за формално завршување на војната. И покрај тоа, остануваат бројни тензии, вклучително и околу војната на Израел против либанскиот Хезболах, кој е поддржан од Иран. САД сè уште не потврдија колкав износ од замрзнатите средства ќе му ...

„Оракл“ намали 21.000 работни места во изминатите 12 месеци, што е поголем обем на отпуштања отколку што претходно беше познато, при што дел од позициите биле укинати поради употребата на вештачка интелигенција. „Усвојувањето и примената на технологии базирани на вештачка интелигенција во нашите операции доведоа, а може и понатаму да доведуваат, до намалување на бројот на вработени“, соопшти компанијата во годишниот регулаторен финансиски ...

„Дојче банка“ ги намали прогнозите за цената на златото за дури 22 отсто, бидејќи инвеститорите стануваат повнимателни кон изгледите за монетарната политика во САД, а инвестициската побарувачка за благородниот метал слабее. Банката сега очекува златото во третиот квартал да достигне 4.300 долари за унца, што е за повеќе од една петтина под претходната прогноза, а во последниот квартал од годината 4.800 долари за унца, што претставува ...

Топлотен бран се шири низ Европа, а сѐ пожешко станува и на Светското првентство што се одржува во САД, Канада и Мексико. Гледаме возбудливи мечеви, доста голови, а паѓаат и светски рекорди. Лионел Меси, аргентиската ѕвезда во понеделник, 22 јуни, се запиша во историјата станувајќи најдобриот стрелец на светските првенства, со постигнувањето на своите 17-ти и 18-ти гол. Головите Меси ги постигна во вториот меч од Групата Ј против Австрија, ...

Останува уште една недела за користење на деновите од „стариот одмор“. Согласно член 141 од Законот за работни односи (ЗРО) 30 јуни е последниот ден за користење на неискористените денови од ланскиот одмор. Овој член предвидува дека годишниот одмор по правило се користи во текот на календарската година. Но може да се користи во повеќе делови во договор со работодавачот. Сепак, основно право на работникот е во еден дел од годишниот одмор да ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.1
33%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
2.68
62%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.57
46%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.4
39%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.58
38%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.72
76%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.45
44%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.86
37%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.72
40%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 21ᴼ
3.13
58%
1016
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
0.89
40%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
2.86
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Платина

52855.83

Родиум

265243.66

Бакар

13.27

Злато

130535.25

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.23

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Калај

55.44

Паладиум

40445.64

Сребро

1894.77