Кинеските автомобили минатиот месец за првпат сочинуваа повеќе од 10 отсто од вкупната продажба во Европа, бидејќи купувачите масовно се насочуваат кон модели кои нудат подобра опрема и перформанси за помалку пари. Хибридните и плагин хибридните модели, како теренецот МГ С9 (MG S9), им помогнаа на кинеските производители да достигнат удел од 11 отсто на европскиот пазар, покажуваат податоците на „Датафорс“ (Dataforce). Кинеските ...

Глобалните берзи забележаа остар пад и се спуштија на најниско ниво во последните две недели, откако акциите на „Епл“ нагло ослабеа, а информацијата дека „Опен еј-ај“ можеби ќе ја одложи својата иницијална јавна понудува на акции (ИПО) предизвика нов бран распродажби во технолошкиот сектор. Азиските пазари беа меѓу најпогодените. Тргувањето на јужнокорејската берза по вторпат оваа недела беше привремено суспендирано откако индексот Kospi ...

Глобалните акции закрепнаа по дводневниот пад, откако компанијата „Микрон“ (Micron Technology) објави исклучително оптимистичка прогноза за продажбата, што повторно го поттикна ентузијазмот за инвестиции поврзани со вештачката интелигенција, додека нафтата брент ги избриша сите добивки остварени за време на воените случувања. Фјучерсите на Nasdaq 100 пораснаа за два отсто, додека договорите на S&P 500 напредуваа за 0,6 отсто. ...

По силниот двоен земјотрес што ја погоди Венецуела, бројот на загинати се искачи на 235 лица, а повеќе од 4.300 се повредени, додека спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините на десетици срушени објекти. Земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија земјата во средата вечерта во интервал од само една минута, предизвикувајќи големи разурнувања, особено во крајбрежниот регион Ла Гваира. ...

Напад врз контејнерски брод што пловел низ Ормускиот Теснец поттикна дел од сопственици на бродови да ги разгледаат плановите за излез, но сообраќајот денеска продолжи да се одвива во двата правци низ овој витален премин. Два целосно натоварени танкери излегуваат од Персискиот Залив, додека четири празни, многу големи танкери за сурова нафта се меѓу бродовите што пловат по должината на брегот на Оман, покажуваат податоците за следење на ...

По речиси една година преговори, прекини и политички пресврти, Европската Унија конечно стави потпис на трговскиот договор со САД. Со него засега се избегнува нова рунда царини што ја најавуваше Доналд Трамп, но договорот не значи дека трговската војна е завршена. Металите, технологијата и дигиталните правила остануваат следните точки на судир меѓу Брисел и Вашингтон. Според договорот, Европската Унија ќе ги укине царините за американските ...

Грејн Вејфер се впушти во изненадувачки сложената задача да наточи совршена кригла „Гинис“. Првиот чекор: проверка на чистотата на чашата. Таа го носи логото на „Гинис“, токму како што треба да биде во секој бар каде што ирскиот стаут се служи точен. Вејфер, висока извршна директорка во „Дијажо“ (Diageo Plc), матичната компанија на „Гинис“, ја подигнува чашата кон силната сончева светлина што навлегува низ прозорецот на приватната точилница ...

Пред околу три децении кога некој ќе спомнеше протеини, првата асоцијација беа бодибилдерите кои, според тогашните приказни, јадеа по дваесетина - триесетина јајца дневно за да изградат мускулна маса. Производите со висок процент на протеини, прашоци, шејкови и така натаму, освен што беа премногу скапи, како да беа и исклучиво „резевирани“ единствено за професионалните спортисти, оние што се натпреваруваа на големите спортски настани. ...

Се кратат парите за Агенцијата за вработување (АВРМ) за да има повеќе за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ). Ова е предвидено со предложените измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. Измените во Собранието се доставени завчера од пратеници од владеачкото мнозинство и треба да се донесат по скратена постапка. На вчерашните комисиски седници не беа поднесени амандмани. Сегашната стапка која се ...

Бројот на загинати во Венецуела расте откако два последователни земјотреса во средата го погодија западниот дел од главниот град, уривајќи згради и предизвикувајќи сериозни оштетувања на главниот меѓународен аеродром во земјата. Во природната катастрофа загинаа најмалку 164 лица, а повеќе од 1.000 се повредени во земја чиј капацитет за итни интервенции е ограничен поради долгогодишната политичка и економска криза. Во тек е проценка на ...

„Он холдинг“ (On Holding AG) развива производи за фудбал, бидејќи швајцарскиот бренд сака да се прошири надвор од своите корени во трчањето и да го задржи брзиот раст. Брендот е „апсолутно“ заинтересиран да влезе во фудбалскиот сектор и верува дека неговата роботизирана технологија за изработка на обувки „Лајтспреј“ (LightSpray) ќе му даде предност, изјави коосновачот Оливие Бернар во интервју во седиштето на компанијата во Цирих. ...

„Сони пикчрс ентертејнмент“ (Sony Pictures Entertainment) вложува 100 милиони долари во „Косм“ (Cosm), оператор на сали со големи екрани на кои се прикажуваат филмови и спортски настани. Рави Ахуја, главниот извршен директор на „Сони пикчрс“, во рамки на овој договор ќе му се приклучи на Управниот одбор на „Косм“, се наведува во соопштението објавено во средата. Основан во 2020 година, „Косм“ нуди храна и распоред на седење со високи маси и ...

Трговскиот договор меѓу Европската Унија и САД треба да стапи во сила откако Унијата го даде своето конечно одобрение, сметајќи дека договорот ќе донесе одредена стабилност и покрај континуираните економски тензии. Земјите членки на ЕУ во четвртокот го одобрија договорот, ставајќи крај на речиси една година бавни преговори за негова ратификација, кои во еден момент речиси доведоа до негово пропаѓање. Според договорот, ЕУ ќе ги укине ...

Светското првенство им дава на некои канцелариски работници неочекувана поволност: дозвола да останат дома. Работодавачите во градовите-домаќини ги охрабруваат вработените да работат од дома во денови со натпревари за да ги избегнат очекуваните сообраќајни метежи и доцнења, накратко паузирајќи ја повеќегодишната кампања на корпоративна Америка за враќање на луѓето во канцеларија. Банкарите од Волстрит, ПР-специјалисти, државни службеници и ...

„Епл“ (Apple Inc.) презеде екстремна мерка со зголемување на цените на мек уредите, ајпед уредите и домашните уреди, обидувајќи се да ги надомести трошоците предизвикани од невидена криза со недостиг на мемориски чипови и складишта. Компанијата ги зголемува цените на мекбук нео, мекбук про, мекбук ер, ајпед ер и ајпед про, според промените објавени во нивната онлајн продавница. Почетната цена на мекбук нео, најновиот лаптоп на компанијата, ...

Менаџерот на хеџ-фондот, Ли Робинсон оствари добивка од 900 отсто за време на глобалната финансиска криза, претворајќи позиција од 20 милиони долари во 200 милиони долари благодарение на навремени облози против американскиот пазар на високоризични хипотекарни кредити. Денес тој гледа нова можност, бидејќи ризиците се зголемуваат околу приватните кредити. Но, наместо директно да се обложува против тој сектор, Робинсон се фокусира на можните ...

„Ејџ-енд-ем“ (H&M AB) објави разочарувачки продажби, што претставува нов предизвик за напорите на шведскиот трговец за брза мода да направи пресврт, во услови на силна конкуренција и претпазливо трошење од страна на купувачите. Приходите во локални валути во вториот квартал паднаа за три отсто, во споредба со очекувањата за рамномерен раст. H&M изјави дека продажбата во јуни се очекува да биде на исто ниво како истиот месец ...

„Антропик“ (Anthropic PBC) го обвини кинескиот технолошки гигант „Алибаба“ (Alibaba Group Holding Ltd.) дека спровел обемна акција со цел „незаконски“ пристап до неговиот модел за вештачка интелигенција Клод (Claude). Според обвинувањата, „Алибаба“ користел илјадници лажни сметки, со што ја поткопал одлуката на овој американски развивач на вештачка интелигенција да не ги пласира своите производи на кинескиот пазар. „Антропик“ тврди дека ...

Дизелски агрегат и шест цилиндри во денешни услови на автомобилскиот пазар (имајќи ги предвид идните трендови и цените на горивата), во најмала рака се сквернавење, ако не и гаранција за целосен продажен дебакл. Дизелските мотори со голема зафатнина, како што е 3,3-литарскиот шестцилиндричен на „Мазда“, повеќето производители под притисок беа принудени да ги стават на списокот за отстрел. Слична судбина го снајде и концептот на просторност ...

Глобалните акции закрепнаа по дводневниот пад, откако компанијата „Микрон“ (Micron Technology) објави исклучително оптимистичка прогноза за продажбата, што повторно го поттикна ентузијазмот за инвестиции поврзани со вештачката интелигенција, додека нафтата брент ги избриша сите добивки остварени за време на воените случувања. Фјучерсите на Nasdaq 100 пораснаа за два отсто, додека договорите на S&P 500 напредуваа за 0,6 отсто. ...

Брент нафтата ги избриша сите добивки од времето на војната откако протокот низ Ормускиот Теснец се зголеми поради напредокот во мировните преговори меѓу САД и Иран. Глобалниот репер паѓа четврта сесија по ред, спуштајќи се под 72,48 долари за барел - неговата последна цена пред војната. ВТИ нафтата беше близу 69 долари. Клучни делови од пазарот одеднаш се преплавени со понуда, со купувачи кои се засипани од понуди од Блискиот Исток и ...

Венецуела се соочува со една од најтешките природни катастрофи во последните децении, откако два силни земјотреса со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија земјата во средата вечерта. Според официјалните информации, најмалку 32 лица загинале, а повеќе од 700 се повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините. Според податоците на Американскиот геолошки институт (USGS), ...

„Леорон институт“ (LEORON Institute), компанија со седиште во Кралството Саудиска Арабија специјализирана за корпоративна едукација и EdTech, денес објави дека го назначува Ѓорѓи Груевски за Главен оперативен директор (COO). Ова назначување потврдува повеќе од 14 години негов придонес во оперативниот раст на „Леорон“ (LEORON) и ја одразува довербата на организацијата во својот европски тим, кој продолжува да игра клучна улога во нејзините ...

Кога ЧетГПТ (ChatGPT) се појави крајот на 2022 година и за неколку месеци стана дел од работата и животот на милиони луѓе, малкумина претпоставувале какви потреси наскоро ќе направи вештачката интелигенција (ВИ) на светските берзи: илјада долари вложени во вистинска акција од компанија што работи во делот на ВИ инфраструктура (хардвер и софтвер) пред една деценија можеле да нараснат до износ кој повеќе наликува на лотариска добивка отколку на ...

S&P 500 изгуби замав поради слабоста кај компаниите од високопрофилната технолошка. Според експертите, слабоста кај технолошките акции е вознемирувачка, но повеќе изгледа како прилагодување. Истовремено, нафтата падна под 75 долари за барел што е првпат од почетокот на војната на Блискиот Исток, а златото падна под 4.000 долари за унца за првпат од ноември. Добро утро, ова се останатите пет вести што се важни за почеток на денот. Колку ...

Од „Блиски средби од трет вид“ (Close Encounters of the Third Kind) до „Вонземјанинот И.Т.“ (E.T. the Extra-Terrestrial) и „Војна на световите“ (War of the Worlds), блокбастер со НЛО-тематика со потписот на Стивен Спилберг долго време беше настан што не се пропушта, а ниту неговото ново остварување не е исклучок. Неговиот најнов додаток во канонот на филмови за вонземјани, „Ден на разоткривање“ (Disclosure Day), заработи 44 милиони долари ...

Падот на производителите на чипови пред објавата на резултатите на „Мајкрон технолоџи“ се одрази врз акциите, при што се очекува резултатите да дадат насоки дали овогодинешниот раст поттикнат од вештачката интелигенција е оправдан. Околу 300 акции во индексот S&P 500 пораснаа, но индексот изгуби замав поради слабоста кај високопрофилната технолошка група. „Мајкрон“ падна за 3,5 отсто. Воените добивки на цената на нафтата во голема мера ...

„Алта Груп“ во средата ја потврди својата претходна одлука да не ги повлече своите акции во „Адико банка“ кои веќе се понудени во рамките на доброволната јавна понуда на „Рајфајзен банка интернешнл“. „'Алта Груп' потврдува дека го задржува ставот од соопштението објавено на 15 мај 2026 година и дека останува при одлуката да не ги повлече своите акции во 'Адико банка' кои веќе се понудени во рамките на доброволната јавна понуда за преземање ...

Златото падна под 4.000 долари за унца за првпат од ноември, бидејќи изгледите за повисоки каматни стапки и зајакнатиот долар го прекинаа трите години долг „биковски“ пазар за благородниот метал. Цената се намали за 3,7 отсто и падна под 3.970 долари за унца пред делумно да ги надомести загубите во утринската трговија во САД. Индексот на доларот доби речиси 1 отсто оваа недела, што ја прави цената на златото во долари поскапа за купувачите ...

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека неговата влада има цел да ја протурка сеопфатната реформа на пензискиот систем низ парламентот до крајот на годината. Германскиот лидер го даде временскиот рок додека пред пратениците ги бранеше предлог-мерките за пренасочување на повисоките пензиски придонеси кон фонд базиран на пазарот, постепено зголемување на возраста за пензионирање и ограничување на можностите за порано напуштање на работната сила. ...

Турлитава

43 минути - Бриф
weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.38
35%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
58%
1014
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.66
47%
1013
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.78
39%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.27
40%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.87
74%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.45
43%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.95
42%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.98
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
1.34
56%
1015
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 25ᴼ
1.65
44%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
2.65
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Паладиум

40445.64

Иридиум

252383.36

Бакар

13.27

Рутениум

53852.50

Родиум

265243.66

Калај

55.44

Злато

130535.25

Сребро

1894.77

Алуминиум

3.23

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Платина

52855.83