Повеќето Германци го поддржуваат повторното воведување на задолжителна воена служба, покажува анкетата спроведена од Форса пред парламентарните расправи за нов закон за воена должност оваа недела. Анкетата, нарачана од магазинот „Штерн“ и радиодифузерот РТЛ, откри дека 54 проценти се задолжителна служба во Бундесверот, германските вооружени сили, додека 41 процент се спротивставуваат, а 5 проценти се двоумат. Истражувањето беше реализирано ...

Остануваат уште четири дена до почетокот на изборниот молк пред претстојните избори закажани за 19 октомври. Партиите продолжуваат со своите изборни активности и денес. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи собири и средби со населението во општините Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка. Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ќе одржи прес-конференција. Опозициската СДСМ денеска попладне ќе ги посети ...

Сарај и Липково добија градоначалници уште во првиот круг на гласање. Во Скоро сите општини предводени од градоначалници од албанскиот блок зголемена излезност во вториот круг – освен во Струга. 2021 та се случува промена на политичките сили во Тетово, во Гостивар тогашниот градоначалник успева да го освои и вториот мандат. Врз основа на податоците од ДИК, “Порталб“ направи анализа на изборите резултати по Локалните 2021 ва… Бетонирање на ...

Шефот на германската надворешна политика, Јохан Вадефул, изрази надеж дека Хамас во иднина нема да има никаква позиција во Газа. “Хамас мора да биде разоружан и повеќе да нема политичко влијание,” нагласи тој. Вадефул додаде дека Палестинците ќе имаат обврска да се откажат од оваа организација. Според него, Палестинците треба да се оградат од милитантната група и да пронајдат нов начин на соработка. “Претседателот на САД, Доналд Трамп даде ...

Денес, во Белгија се одржува еднодневен општ штрајк во организација на трите главни белгиски синдикати. Целта на овој штрајк е да се изрази противење на мерките на Владата поврзани со работничките права и реформите во пензискиот систем. “Обединетиот синдикален фронт”, кој го сочинуваат Конфедерацијата на христијански синдикати (АЦВ/ЦСЦ), Генералната федерација на трудот на Белгија (АБВВ/ФГТБ) и Генералната конфедерација на либерални ...

Американската компанија SpaceX денес успешно го изведе 11. пробен лет на ракетниот систем Super Heavy–Starship, најмоќната ракета досега создадена. Лансирњето се случи од базата Starbase во Тексас, при што целта беше да се тестираат подобрените системи за повторна употреба и прецизно слетување на обете фази. Ракетата, висока околу 120 метри, полета според планираниот распоред и успешно ја заврши фазата на раздвојување меѓу засилувачот Super ...

Францускиот претседател, Емануел Макрон, алармираше дека опасноста од палестинската милитантна групација „Хамас“ е сѐ уште присутна, дури и по постигнувањето на прекин на огнот во Газа. “Во следните седмици и месеци ќе има терористички напади и дестабилизација,” изјави Макрон синоќа, непосредно пред да го напушти египетското летувалиште Шарм ел Шеик на Црвеното Море, каде што беше присутен на церемонијата за потпишување на договорот помеѓу ...

Денес ќе имаме сончево време со слаба до умерена наобразеност. Ќе провејува благ до умерен ветер од северен смер. Најниската температура ќе се движи од 0 до 10 степени, додека највисоката ќе се искачи од 15 до 23 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаба до умерена облачност и ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се намали до 9 степени, а максималната ќе стигне до 21 степен. „Под влијание на влажни воздушни маси, од среда ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес соопшти дека документот потпишан на мировниот самит за Појасот Газа во Египет е „историски“ и изјави дека со него е остварена долгогодишна стремеж, мир на Блискиот Исток. „Го постигнавме она што сите го велеа дека е невозможно, воспоставивме мир во регион кој со децении е погоден од војна и крв“, рече Трамп, обраќајќи им се на учесниците на самитот во Шарм ел Шеик. Тој ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес одржа говор во Кнесетот, изјавувајќи дека тоа е „голема чест“. Трамп подвлече дека овој ден претставува момент за благодарност кон „семоќниот Бог на Аврам, Исак и Јаков“. “Денеска небото е мирно, пушките молчат, сирените се тивки, и сонцето изгрева над Светата земја која конечно е во мир”, изјави Трамп, откако ја пофали храброста на 20-те преживеани заложници кои денес се вратија кај своите ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ја подбиваше Русија поради лошата состојба на една од нејзините подморници, која се „криви“ додека се враќа дома, додека руските власти ги демантираа тврдењата дека била принудена да излезе на површина поради технички проблеми. Руската Црноморска флота објави дека дизел-подморницата „Новоросиск“ испловила на површина недалеку од брегот на Франција, со цел да ги почитува правилата за навигација ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изрази задоволство од отвореноста, конструктивниот пристап и искреноста на руската делегација во врска со Нафтената индустрија на Србија (НИС). Тој потенцираше дека нема да има оскудица на нафта и нафтени деривати, ниту пак ќе се соочиме со енергетска криза. Вучиќ соопшти дека остварил отворен и искрен разговор со претседателот на Управниот одбор на „Газпром“, Александар Дјуков, како и со ...

Европската комисија ги поддржува иницијативите на Групацијата 4iG за дигитална инфраструктура и подморски кабли во Западен Балка Заедничка декларација потпишана денес во Тирана на Инвестицискиот форум ЕУ-Западен Балкан  На Инвестицискиот форум ЕУ-Западен Балкан што се одржа во Тирана, групацијата 4iG потпиша заедничка декларација со Европската комисија и GÉANT, паневропската непрофитна организација што управува и ги поврзува европските ...

Министерството за здравство информира дека е во тек дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, по што во текот на неделава граѓаните што се пријавиле за бесплатна вакцинација ќе бидат известени со СМС порака за терминот за вакцинација. Вакцинацијата против сезонски грип ќе се спроведува на 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет во Скопје. Потсетуваме дека е во тек пријавувањето за бесплатна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето денешно излагање во израелскиот парламент, рече дека има желба да оствари спогодба за мир со Иран, после нападите кои САД и Израел ги извршија врз иранските нуклеарни постројки во текот на летото. „Би било одлично ако можеме да направиме мировен договор со Иран. Дали би биле среќни поради тоа? Зарем нема да биде убаво? Мислам дека тие тоа го сакаат,” изјави Трамп. Според весникот „Гардијан“, ...

Турската народна банка нема во предвид да лансира нови банкноти со поголема вредност од постоечките, иако инфлацијата драстично ја намалува вредноста на лирата, пренесе веб-сајтот „Туркие тудеј“. Највисоката деноминација во државата – банкнота од 200 турски лири – еквивалентна е на приближно 4,78 американски долари, што предизвикува проблеми за луѓето и продавачите при трансакции со кеш. Како одговор на барањата од медиумите, од Народната ...

Министерството за образование и наука информира дека од денес е достапна шансата за евидентирање на студентите за престојување во студентски резиденции каде што има празни легла по Огласот за прием на студенти запишани на основни студии во државните и приватните студентски резиденции во Република Северна Македонија за академската 2025/2026 година. Во соопштението на МОН е нагласено дека отворени легла има во студентските домови: „Кочо Рацин“ ...

Со цел унапредување на деловното окружување и поттикнување на иновацискиот и технолошки развој во земјата, Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) потпишаа Меморандум за соработка. Ова партнерство претставува значаен чекор во градењето на систем кој ќе ги поврзе иновативните решенија со реалните потреби на стопанството. Преку заеднички активности, ИНОВА и ...

Грејната сезона 2025/2026 официјално стартува на 15-ти октомври за сите корисници поврзани на системот за централно затоплување во Скопје, извести АД ЕСМ. Системот опфаќа приближно 66,000 активни корисници, од кои 65,000 се домаќинства, а над 1,000 се деловни субјекти, меѓу кои се болници, училишта, градинки и здравствени институции. Дистрибуцијата на топлинска енергија ќе се реализира секој ден, според прецизно воспоставени правила кои ...

Грчката влада предвидува даночни намалувања за стотици илјади сопственици на имот и директна финансиска помош за еден милион домаќинства кои живеат како потстанари, како дел од стратегијата за справување со тешката станбена ситуација, пренесе агенцијата АНА-МПА. Според нацрт-буџетот за 2026 година, кој го презентираше министерот за национална економија и финансии, Кириакос Пиеракакис, вкупната вредност на овие мерки достигнува речиси ...

Британскиот премиер Кир Стармер ќе соопшти за претстојното домаќинство на Велика Британија на меѓународна конференција, посветена на перспективите на Појасот Газа, за време на неговата посета на Египет. Според изјавата од британската Влада, Стармер присуствува на церемонијата на потпишување на мировен договор. Во Египет, Стармер ќе ја истакне клучната улога на Британија во наредната фаза од мировната иницијатива, предводена од САД. ...

Плановите на ЕУ за значително зголемување на даноците за тутунските и алтернативните производи ќе ја интензивираат нелегалната продажба на цигари во Европа, како што се случи во Австралија, предупреди главниот комерцијален директор на „Бритиш Американ Тобако“ (БАТ), Кингсли Витон. Според неговите зборови, со зголемување на давачките, криумчарите ќе генерираат профит дури и ако им бидат конфискувани 24 од 25 контејнери со криумчарени цигари. ...

Основниот кривичен суд во Скопје издаде нова одлука во повторената судска постапка за случајот „Меѓународен сојуз”, со која беа доделени пониски санкции за обвинетите лица во споредба со првостепената од 2022 година. Во повторното судење, обвинетиот Бојан Јовановски – Боки-13 е прогласен за виновен за „измама“ и „перење пари”, за што му е одредена единствена казна лишување од слобода во времетраење од пет години. Јасна Ерцеговиќ е казнета со ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес престојува во официјална обиколка на Словенија, каде што ќе учествува на заедничката сесија на Парламентарното собрание на Алијансата во Љубљана. По распоредот, следува средба со премиерот на Словенија, Роберт Голуб, во Брдо кај Крањ, со кого ќе дискутира за состојбата во Украина и на Западен Балкан. Ова е прва официјална посета на Руте на Словенија, откако ја презеде должноста генерален ...

dm drogerie markt гордо ја поддржа Бруцошката забава 2025, која и оваа година се одржа во дворот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Вечерта помина во одлична атмосфера, многубројната публика се забавуваше со квалитетна домашна музика, танцуваше и го исполни дворот со убава енергија, а студентите од државните факултети имаа можност да се информираат за проектот Bestie посветен на менструалната правда преку ...

Во Албанија, од денес е воведена моментална забрана за користење на електрични тротинети, поради тоа што се идентификувани како опасност и причина за инциденти. Доколку оваа мерка не се почитува, тротинетите ќе бидат запленети. Оваа информација беше објавена од министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, и директорот на државната полиција, Илир Прода. “Спроведовме темелна анализа на оваа појава и дојдовме до заклучок дека употребата на ...

Изминатиов викенд екипи на ЈП”Улици и патишта” Скопје на улица”Белградска” ја поставија новата вертикалната сигнализација за еднонасочен сообраќај. На оваа сообраќајница во насока од булевар”Мајка Тереза” кон улица “Димче Мирчев”согласно основен сообраќаен проект воведен е нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај. ЈП “Улици и патишта”Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да го почитуваат новото сообраќајно решение на оваа ...

Цената на нафтата се спушти на најниското ниво во последните пет месеци, поттикната од растечките тензии во трговската војна меѓу САД и Кина, како и стравувањата за забавување на глобалната економија. Аналитичарите предупредуваат дека продолжената неизвесност меѓу двете најголеми светски економии може дополнително да го намали побарувачкиот притисок на пазарот. Дополнителен фактор за падот е и зголеменото производство на нафта во неколку ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го оцени како позитивен чинот на ослободување на израелските заложници кои беа во заробеништво на исламистичкото движење Хамас, и изрази надеж дека ова ќе придонесе кон воспоставување мир во Израел, Газа и поширокиот регион. „Го споделувам чувството на радост со семејствата и со израелскиот народ, бидејќи седум заложници штотуку беа предадени на Црвениот крст,“ објави Макрон на платформата Икс, ...

Најголемата регионална конференција за деловни услуги – ABSL Western Balkans Conference 2025 – ќе се одржи за прв пат на 23-ти и 24-ти октомври 2025 година во Сараево, собирајќи ги на едно место менаџерите на водечки компании, експерти и инвеститори од секторот за деловни услуги (ИТ, финансии, човечки ресурси, набавки, администрација, маркетинг, операции, услуги на клиентите, истражување и развој, управување со синџирот на снабдување, ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
4.63
72%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
997
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.49
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
997
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.45
89%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1001
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
92%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Бакар

11.66

Родиум

336779.07

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Сребро

2457.28

Алуминиум

3.07

Цинк

3.33

Злато

157055.75

Паладиум

53434.54

Рутениум

45750.51

Калај

48.47