Најновиот развој на настаните поврзани со руската агресија врз Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, со посебен осврт на случувањата во Сирија и на улогата Иран, како и односите меѓу ЕУ и САД ќе бидат главни теми на денешното заседание на Советот за надворешни работи на Унијата (ФАЦ) во Брисел. Состанокот, со кој ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, ќе започне со дебата за Украина ...

Во тек се рочишта за определување притвори за лицата осомничени за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани, информираат изутринава од Јавното обвинителство. За случајот досега се сослушани над 20 лица, а за 11 Обвинителството поведе постапка за проверка. Од нив за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, додека останатите три се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Во пожарот што се случи вчера животот ...

Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров, јави БТА. Меѓу примени пациенти има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст од 22 до 25 години. Највозрасниот пациент има 31 година. Состојбата на сите ...

За време на седумдневната жалост во нашата држава група несовесни граѓани организирале дрифт настан со над 300 возила на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“, притоа пријавувајќи „снимање спот“. Настанот резултирал со десетина судари и материјална штета, информираат од Прес24. Директорот на спортскиот центар, Данијел Апостолоски, жестоко реагираше, истакнувајќи дека не дал дозвола за ваков настан и дека вакво нешто никогаш нема да дозволи. ...

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Петер Соренсен, денеска ја започнува својата повеќедневна посета на Косово со средба со претседателката Вјоса Османи. Како што соопшти кабинетот на косовската претседателка, Османи ќе го прими Соренсен во претпладневните часови, а тој ќе оствари и одделни средби со премиерот Албин Курти и првиот заменик-премиер задолжен за европски интеграции, развој и дијалог, ...

– Министерството за одбрана на Сирија го обвини Хезболах, поранешен сојузник на соборениот претседател Башар ал Асад, дека киднапирал и егзекутирал тројца сириски војници, откако ги однел во Либан. – Група од милицијата на Хезболах … киднапираше тројца припадници на сириската армија на сириско-либанската граница … потоа ги одведе на либанска територија и ги уби, се наведува во соопштението на сириското МО. Во соопштението се посочува дека се ...

Не постојат зборови на утеха кои можат да ја ублажат болката на семејствата и блиските на загинатите во една од најголемите трагедии што се случиле во Македонија во нејзината современа историја, а веројатно една од поголемите трагедии по бројот на загинати во еден ден воопшто било кога во Македонија. Загубата на сопствено младо дете, брат или сестра, внук или внука, е огромна и ненадоместлива загуба. Го изразувам моето сочувство со семејствата ...

– Новиот премиер на Канада, Марк Карни, во првата официјална посета на странство ќе ги посети Париз и Лондон, со цел да го зајакне сојузот со Европа во услови на сериозни тензии помеѓу Отава и Вашингтон. – Посетата има за цел да ги зајакне нашите трговски и воени врски со двајцата наши најстабилни и доверливи партнери, наведе Карни. Канада, со население од 41 милион жители, доживува криза без преседан во својата историја. Американскиот ...

– Јеменските бунтовници Хути во рок од 24 часа двапати го нападнаа американскиот носач на авиони „Хари Труман“ со голем број балистички и крстосувачки ракети и дронови. Хутите утрово на Телеграм објавија дека нападите ги извршиле како одговор на американските напади врз териториите што ги контролираат во Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана. Лидерот на Хутите, Абдел Малик ал Хути ги повика Јеменците на масовни протести поради ...

На експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, од денеска до 4 април, поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема ...

Поради продор на многу поладен бран од север, денес (понеделник 17 март) навечер и ноќта кон вторник (18 март) и во вторник врнежите кои ги очекуваме полека ќе преминуваат во снег и во градовите, особено во западната половина од државава и ќе се формира снежна покривка, најпрвин во повисоките населени места, планините и на Скијачките центри, а потоа и во дел од градовите во западната половина од нашата Република Македонија. И во повисоките ...

Девет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани пристигнаа во Ургентниот центар на Србија, додека тројца пациенти се примени на Воено-медицинската академија (ВМА), јави МИА од Белград. Дванаесет пациенти повредени во несреќата во дискотеката во Кочани ноќеска со авион CASA C-295 на српската армија се пренесени од Скопје во Белград и ќе бидат згрижени во ВМА и Клиничкиот центар на Србија. Претходно, авион со четворица лекари и ...

Конзилиум работи на целиот список повредени при пожарот во дискотеката, се прави проценка дали да бидат префрлени од Кочани и Штип во Скопје и од Скопје на други место. За сите да бидат згрижени на највисоко можно ниво. Ова го соопшти денеска во изјава за медиумите, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој информираше дека ќе дојдат и странски експерти за изгореници, меѓу кои и од Израел, а имале понуди за помош и од ...

По налог на бугарскиот премиер Росен Жељазков, авионот Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Северна Македонија. Авионот од Скопје до бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот на забавна локација во градот Кочани. Ова го соопшти владината прес-служба, пренесува БТА. Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на интензивна нега и специјалисти за изгореници. Повредените ...

Музичари и познати личности на социјалните медиуми се збогуваат со трагично загинатите членови на групата ДНК кои загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани. Меѓу загинатите е и фронтменот на групата Андреј Ѓоргиевски. – Срце планина. Толку искрен и реален. Ретко кој можеше да те сфати! Секогаш ќе те паметам по твојата насмевка и блесава смисла за хумор. Патувај и пеј таму горе. Ќе фалиш бескрајно, напиша Тамара Тодевска. Антониа Гиговска, ...

Република Српска е подготвена на секој можен начин да помогне во ублажувањето на последиците од огромната трагедија што се случи во Кочани, изјави денеска претседателот на РС, Милорад Додик. „Нашите здравствени установи се подготвени да ги примат повредените и да им ја пружат сета здравствена заштита. Подготвени сме да организираме и санитетски и хеликоптерски транспорт на повредени“, напиша Додик на платформата Х. Тој додаде дека РС е ...

– Европската Унија е подготвена да помогнеме на Северна Македонија во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, изјави за МИА портпарол на Европската комисија. – Подготвени сме да помогнеме преку нашиот Механизам за цивилна заштита, доколку тоа биде побарано, посочи портпаролот, при тоа изразувајќи жалење за трагедијата. Во врска со пожарот се огласи и еврокомесарката за еднаквост, подготвеност и кризен менаџмент Хаџа ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија не покажува искрена намера да ја заврши војната, посочувајќи на континуираните напади врз украински градови, пренесе ДПА. „Оние што навистина сакаат мир, не дејствуваат на овој начин“, порача Зеленски на социјалните мрежи. Тој нагласи дека само во изминатата недела Русија лансирала повеќе од 1,020 беспилотни летала, околу 1,360 насочувани авиобомби и најмалку 10 различни типови ...

„Во Крањ со ужас и очај ги следиме трагичните вести од нашиот пријателски град Кочани во Северна Македонија. Во пожарот загинаа најмалку 50 млади луѓе. Нашите мисли се со вас, наши драги пријатели“, се наведува во реакцијата на овој словенечки град, објавена на страницата на општина Крањ. „Наше искрено сочувство“, се наведува во реакцијата за пожарот во Кочани, град кој од 2008 година е збратимен со Крањ. Во меѓувреме, бројот на починати се ...

Кинески борбен авион се урна за време на тренинг, а пилотот се катапултирал и безбедно слетал со помош на падобран, објавија денеска државните медиуми. Во краткиот извештај на новинската агенција Синхуа се вели дека несреќата се случила во близина на градот на најјужната кинеска островска провинција Хаинан, дом на бројни воздушни и поморски бази, радарски станици и друга воена инфраструктура свртена кон стратешки важното Јужно Кинеско Море. Во ...

– МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Легална лиценца за работа фирмата немала и повеќе детали, Тошковски во овој дел од истрагата, рече дека не може да открие, но посочи дека, како и многу други работи од минатото е поврзана со мито и ...

Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје апелира до сите медиуми да се воздржуваат од сензационалистички начин на информирање за пожарот во дискотеката во Кочани каде загинаа 59 лица, а 155 се повредени. – Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје, апелира до сите медиуми да се воздржуваат од сензационалистички начин на информирање и од генерализирање на настанот на колективно ниво, бидејќи на тој начин ...

Израел ќе продолжи со индиректните преговори со палестинската групација „Хамас“ за продолжување на кревкото примирје во Појасот Газа, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Премиерот ги задолжи преговарачите да се подготват за продолжување на разговорите“, се наведува во соопштението на израелската влада по состанокот со безбедносните служби. Преговорите ќе се водат врз основа на одговорот на посредниците за предлогот на ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изрази сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани, а на повреднеите им посака побрзо оздравување. – Во овие моменти на заедничка жалост да се здружиме и заеднички да покажеме колку сме хумани. Секој кој може на каков било начин да помогне, да го стори тоа, затоа што така на најдобар начин ја покажуваме почитта кон оние што ги погоди оваа голема трагедија. Длабоко сочувство ...

– Уверување дека Грција ќе пружи секаква неопходна помош, изразил грчкиот претседател Константинос Тасулас во пораката со сочувство за трагедијата во Кочани до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, јави дописничката на МИА од Атина. – Претседателот на државата, Константинос Тасулас во својата порака со сочувство до претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, го изрази најдлабокото сочувство на грчкиот народ ...

Националниот совет за родова рамноправност соопшти дека по последните настани и страшната загуба на младите животи во трагедијата во ноќниот клуб во Кочани, нуди бесплатни услуги за консултација во бесплатното советувалиште, како и на бесплатната мобилна СОС линија, достапна 24/7 од сите фиксни и мобилни оператори – 141700. -Исполнети сме со тага од страшната загуба на младите животи во трагедијата во ноќниот клуб во Кочани. Изразуваме ...

– Во синоќешниот пожар во дискотеката во Кочани според првичните информации на МВР имало околу 500 лица, а продадени биле околу 250 карти, а досега утврдени се три починати и повеќе од 20 повредени малолетни лица. Според последните информации бројот на починати лица е 59, а 155 се повредени. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференција, информираше дека идентификувани се најголем број од жртвите и дека имињата на ...

– Сочувство и длабока тага „за страшната трагедија во Кочани во Северна Македонија“ изразија преку платформата Икс од Министерството за надворешни работи на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина. – Нашите мисли се со пријателскиот народ на Северна Македонија и со семејствата на жртвите на кои им изразуваме најдлабоко сочувство, како и брзо закрепнување на повредените, напишаа од кипарското МНР. Трагедијата во Кочани, како и во светските и ...

Од пред Клиничката болница во Штип роднините на повредените во пожарот во Кочани полека си заминуваат. Во Клиничката болница во моментов се хоспитализирани 39 лица кои се повредени во пожарот. Седум лица биле донесени починати од кои четворица се идентификувани- Во Клиничката болница во Штип донесени се седум деца без знаци на живот. Во моментот тече процесот на идентификација, досега четири тела на починатите се идентификувани од полицијата. И ...

–На 11-годишнината од референдумот за приклучување на Крим кон Русија, Турција повторно го осуди анектирањето на полуостровот, нарекувајќи го кршење на меѓународното право, јави ДПА. „Повторуваме дека (Турција) не ја признава фактичката ситуација во Крим, што претставува прекршување на меѓународното право, и ја поддржуваме територијалната целост и суверенитетот на Украина“, соопшти турското Министерство за надворешни работи. Во февруари 2014 ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
48%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
62%
1014
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
57%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
52%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.29
41%
1014
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
72%
1016
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
5.14
28%
1014
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
77%
1018
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
53%
1018
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
1.03
43%
1014
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 22ᴼ
8.23
63%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.54
43%
1016
Currency

61.535

Currency

53.6698

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61