
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



– По вчерашната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да го прекине финансирањето на Радио Слободна Европа (РСЕ), шефот на чешката дипломатија Јан Липавски денеска изјави дека затворањето на ова радио, што беше светилник на независни информации за Чесите и Словаците за време на Студената војна, ќе биде загуба за сите луѓе кои веруваат во демократија. „Кога РСЕ почна да ја емитува програмата, тоа беше светилник за оние на кои ...
Советот на Општина Кочани одржа вонредна седница по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс”. По едноминутната почит кон загинатите, претседателот на Советот Лазо Митев информираше дека прогласува седумдневна жалост во општината. Во трагедијата загинаа 59 лица, а 155 се повредени. За четири лица распишана е централна потерница, а досега извршени се разговори со десет хоспитализирани лица, како и со еден од членовите на групата ДНК. та/ац/Фото: ...
Дваесет и седум повредени во пожарот во Кочани ќе бидат транспортирани во здравствени установи во соседните држави. Министерството за здравство информира дека се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот. Петмина пациенти се упатуваат на лекување во Бугарија, од кои двајца се од хируршката клиника „Свети Наум Охридски” и тројца од ТОАРИЛУЦ. Во Турција на лекување ќе се упатат тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ и шест од ГОБ ,,8 ...
Младиот струмичанец Горги Горгиев (24), тапанар на групата ДНК, која синоќа настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е меѓу загинатите. Веста се прошири на социјалните мрежи, а ја потврдија брат му Димитар и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. – Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, ...
Министерството за култура и туризам во знак на почит кон настраданите во трагедијата што се случи рано утринава во Кочани и нивните семејства, информира дека сите планирани настани во установите од областа на културата во текот на следната недела се откажуваат. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков по повод трагичната несреќа која рано утрово се случи во дискотека во Кочани, изрази длабко сочувство до семејствата на загинатите, а на ...
По повод трагедијата во Северна Македонија, во која загинаа 59 лица, а над 150 се повредени, понеделник, 17 март, во Црна Гора е прогласен за Ден на жалост. „Со голема тага ја примивме веста за трагичниот настан во Кочани, Северна Македонија. Владата на Црна Гора е подготвена да застане покрај пријателскиот народ на Северна Македонија на сите неопходни начини во ова тешко време и со ова ја информира јавноста дека понеделник, 17 март, во Црна ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се работи интензивно и се анализира се што може да биде поврзано со синоќешниот пожар во Кочани во кој според последните информации што ги објави тој, починале 59 лица, а 155 се повредени. За четири лица распишана е централна потерница, а досега извршени се разговори со десет хоспитализирани лица, како и со еден од членовите на груата ДНК. Тошковски информираше дека се дадени насоки до ...
Директорката на општа болница со проширена надлежност Кочани, Кристина Серафимова, изјави дека повредените и починатите лица кои биле донесени кај нив биле на возраст од 16 до 24 години и се од Скопје, Штип, Пробиштип и од Кочани вклучително и од селата на кочанскиот регион. Наголем дел од настраданите загинале како последица на стампедо предизвикано од паниката по избувнувањето на пожарот во дискотеката. -Пациентите беа на возраст од 16 години ...
Во несреќата во дискотеката во Кочани, според првичните информации од Општина Штип, загинати се пет лица од оваа општина, од кои три деца. Како што изјави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, двајцата возрасни се директорот на Центарот за култура Филип Стевановски и вработен во основното училиште „Ванчо Прќе“ кои свиреле во бендот „ДНК“. Во синоќешниот пожар во Кочани, според последните информации што ги објави МВР, починале 59 лица, ...
Меѓу починатите во големата несреќа во дискотеката во Кочани е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, Филип Стевановски. Стевановски на 24 јануари годинава беше избран за нов директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ -Штип. Стевановски ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека во соработка со Меѓуопштинските центри за социјална работа во Кочани и Штип, веднаш презема мерки за поддршка на семејствата погодени од трагедијата што се случи рано утрово во кочанската дискотека. Во соопштението се наведува дека како одговор на оваа трагедија, на располагање се ставени стручни тимови за кризна интервенција, психосоцијална помош и поддршка за семејствата ...
Српската Влада денешната седница ја почна со едноминутно молчење за жртвите во пожарот во Кочани, јави МИА од Белград. Владата на Србија го прифати предлогот на премиерот Милош Вучевиќ на денешната седница, на која присуствува и претседателот Александар Вучиќ, на дневниот ред да има две точки – информации за актуелната политичко-безбедносна ситуација во Србија и регионот и прогласување ден на жалост за вторник, 18 март, поради трагедијата во ...
Советот на амбасадори изрази сочувство до семејствата и блиските на загинатите во трагедијата во Кочани. -По повод големата трагедија, којашто се случи утрово, по избувнувањето пожар во дискотека во Кочани, во која животот го загубија 59 младинци, членовите на Советот на амбасадори на Македонија обземени со тага изразуваме длабоко сочуство до родителите, роднините, другарите и пријателите на жртвите. Останавме неми пред оваа трагедија што се ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков по повод трагичната несреќа која рано утрово се случи во дискотека во Кочани, изрази длабко сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо закрепнување. -Сите институции од областа на културата во Скопје ги отворија вратите и се ставени на располагање за поддршка на семејствата и на сите оние на кои тоа им е потребно, посочи министерот Љутков, соопшти Министерство за култура ...
– Три млади деца со изгореници, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун, потврди во разговор со дописничката на МИА од Атина, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос. Според Јанакос, солунската болница располага со Одделение за изгореници со четири кревети, денеска биле испразнети три и очекуваат повредените да бидат пренесени во Солун и ...
Српскиот патријарх Порфириј упати писмо до Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан по повод трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица, јави МИА од Белград. „Ние штотуку му се помоливме на воскреснатиот Господ на Божествена служба, заедно со свештенството и верниот народ на главниот град Белград, за нашите браќа и сестри, верници на нашата сестринска Македонска православна црква, кои пострадаа синоќа во Кочани“, нагласи патријархот, ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со трагичната несреќа што се случи утрово во Кочани, соопшти дека формирало кризен штаб кој редовно ја следи состојбата и координира со надлежните институции. Како што наведуваат од МНРНТ, за сите информации, на располагање е дежурниот телефонски број 075/273-732. -Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети стои на располагање за секоја ...
Српскиот патријарх Порфирије денеска ги повика децата и учениците да се вратат во училниците, со порака да се отворат срцата и душите еден-за-друг, јави МИА од Белград. „Да блокираме се што нас не одвојува од Бога и да ги отвориме нашите срца, нашите души, еден за друг. Да бидеме подготвени да се слушаме. И да направиме се што можеме за да не се повредиме“, рече патријархот на денешната литургија. Тој додаде дека потпирајќи се на денешното ...
Меѓу загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани е и припадник на Министерството за внатрешни работи, вработен во Полициската станица во Пробиштип. Како што изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, животот го загубил полициски службеник од ПС Пробиштип, кој во моментот бил службено ангажиран, односно постапувал по претходно изготвен план за контрола на угостителски објекти во делот на недозволена трговија со дрога и присуство ...
Седумдневна жалост ќе биде прогласена по повод трагичната несреќа во Кочани во која, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Одлуката ќе биде донесена на денешната владина сендица што ќе се одржи во 16 часот. – Владата на денешната седница која ќе се оддржи во 16:00 часот ќе донесе одлука за 7-дневна жалост поради трагедијата во Кочани. Ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, ...
Директорот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски”-Скопје, Небојша Настов во изјава за медиумите информира дека во оваа здравствена установа се хоспитализирани 29 лица од Кочани. Тој посочи дека лицата се на возраст од 17 до 45 години. – Двајца пациенти се на респиратор, уште двајца потенцијално можат да завршат на респиратор, а останатите се во стабилна здравствена состојба, информира Настов. Информира дека степенот ...
Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски бискуп монсињор д-р Киро Стојанов изрази сочувство по повод трагичната несреќа што се случи во дискотеката во Кочани каде загинаа 59 лица, а 155 се повредени. – Епископот Стојанов ги ветува своите лични молитви и молитвата на Црквата, препорачувајќи ги загинатите на Божјото милосрдие. Повредените, семејствата и сите оние кои се борат за нивните животи тој ги препорачува на застапништвото на Пресвета ...
– Првата детска амбасада „Меѓаши“ по пожарот во Кочани во кој загинаа повеќе од 50 лица отвори шест дополнителни телефони за психолошка прва помош за децата и нивните семејства. – Тимот на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ од денеска е во дополнителна засилена служба на децата, нивните семејства и другите засегнати лица опфатени со пожарот. Потребен ти е разговор? Сакаш да дознаеш како можеш да помогнеш на најблиски?, стои во објавата на ...
Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, а во која, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица, од кои 35 се идентификувани, а од нив пак 31 се од Кочани, четири се од Штип. Како што изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, според податоците до 12 часот во пожарот се повредени 155 лица, кои се хоспитлизирани во ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази сочувство до претседателката Гордана Силјановска-Давкова за трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. „На претседателката Гордана Силјановска-Давкова и изразив искрено сочувство по повод страшната трагедија во Северна Македонија, која длабоко ги погоди не само луѓето во таа земја, туку и сите нас во Србија кои сочувствуваме со семејствата на жртвите и со целиот народ на оваа братска земја“, напиша ...
Родители чии деца се хоспитализирани во Штипската болница по пожарот во дискотеката во Кочани се пуштаат во болницата за да си ги видат децата. Пред болницата има полиција и волонтери од Црвен крст кои им пружаат помош на семејствата. Сите лекари и медицински пероснал се мобилизирани во Штипската клиничка болница уште во раните утрински часови. Како што претходно информираше директорот на Клиничката болница Штип, Владко Захариев хоспитализирани ...
– Премиерот на Албанија, Еди Рама, изрази сочувство за големата трагедија во Северна Македонија и изрази подготвеност да пружи секаква неопходна помош. – Со длабоко чувство на тага им го пренесувам моето сочувство на браќата и сестрите од Северна Македонија за големата трагедија во Кочани. Кога ја дознав веста останав без зборови и се молам повредените да закрепнат а семејствата на жртвите да најдат сила да се справат со нивната неутешна ...
Ре-Медика, првата приватна општа болница, соопшти дека ги понудила своите капацитети за помош на настраданите во големиот пожар во Кочани. -Изразувајќи надлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите, со желба за брзо опоравување на повредените, веднаш, на Министерството за здравство им ги ставивме на располагање нашите капацитети, изјави проф. д-р Александар Митевски, медицински директор на болницата. Од болницата информираат дека ...
Цела Панама ноќеска беше во темнина како последица на дефект во приватна електрана, изјави претседателот на земјата, Хозе Раул Молино, цитиран од француските медиуми. По несреќата, која се случи нешто пред полноќ, претседателот Мулино на својот Х профил напиша дека побарал објаснување за причините за тоа што се случило. Заедно со струјата, прекинато е и водоснабдувањето низ целата земја бидејќи пречистителните станици престанаа да работат ...
Општина Гази Баба соопшти дека во координација со Владата, а во соработка со ДУЦОР Партенија Зографски и Студенскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“ обезбедува сместување и храна за членовите на семејствата кои имаат свои повредени на лекување во болниците во Скопје. -Во овие моменти на силна болка и тага во нашите срца потребно е да се организираме и да ја покажеме нашата солидарност, хуманост и сочувствителност, напиша на својот Фејсбук профил ...