Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, оцени дека договорот за примирје меѓу САД и Иран претставува „чекор назад од работ на пропаста“ по неколкуте недели ескалација на судирите. Калас на платформата „Икс“ напиша дека договорот создава можност за намалување на заканите, запирање на ракетните напади, обновување на поморскиот сообраќај и отвора простор за дипломатски активности за трајно решавање на конфликтот. Особено нагласи дека ...

Општина Илинден денес прими значајна хуманитарна донација од општествено одговорната компанија ТАВ Македонија, во рамки на подготовките за традиционалната велигденска акција „Подај рака – хумана Општина Илинден“. Донацијата, која содржи прехранбени и хигиенски пакети наменети за социјално ранливите категории граѓани, му беше врачена на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски од генералниот директор на компанијата ТАВ ...

Европските берзи денеска бележат значителен раст, при што најголемиот дел од индексите се во силна позитивна зона, поттикнати од оптимизмот кај инвеститорите и подобреното расположение на пазарите. Најголем раст оствари германскиот DAX, кој скокна за импресивни 4,46% и достигна 23.960 поени. Слично силен тренд следи и Euro Stoxx 50, кој порасна за 4,41%, додека францускиот CAC 40 забележа раст од 3,92%. Шпанскиот IBEX 35 се зголеми за 3,25%, ...

Уставниот суд денеска ја одржува 9. седница на која ќе расправа по вкупно шест иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, две барања за заштита на слободите и правата, како и еден предмет по кој ќе се гласа. Како што е најавено, судиите ќе дискутираат за повеќе закони, подзаконски акти и општински одлуки, кои, според подносителите, се во спротивност со Уставот и законите. Меѓу иницијативите што се на дневен ред е споpниот дел од ...

Месеци ќе бидат потребни за да се обнови снабдувањето со авионско гориво и нормализираат нарушувањата во рафинериските капацитети на Блискиот Исток, дури и доколку биде отворен Ормускиот теснец, изјави директорот на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), Вилијам Волш. Цената на нафтата падна под сто долари за барел откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти двонеделно примирје со Иран, условено со итно и безбедно ...

Во Стопанската комора и формално почна да функционира Групација на овластени увозници на моторни возила, директно поддржана и од претседателот на СКСМ Бранко Азески. По неколку неформални работни средби и дискусија за прашања од интерес на нивното заедничко делување, овластените увозници на моторни возила во Македонија ја формализираа и Групацијата при Комората. За претседател е избран Благоја Димитровски од Тојота Авто Центар, а за ...

Иранскиот Врховен совет за безбедност денеска објави дека разговорите со САД ќе започнат во петок, 10 април, во Исламабад, откако официјален Техеран преку посредништво на Пакистан достави предлог од 10 точки до Вашингтон, објавија иранските државни медиуми, додавајќи дека разговорите не сигнализираат крај на војната. Иран објави дека разговорите, кои би можеле да траат до 15 дена и би можеле да се продолжат со договор, имаат за цел ...

Собранието денеска на 97. седница треба да одлучува за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за која функција предлог-кандидат е Ацо Ристов на местото на поранешниот Марко Бислимоски, како и за предлогот за именување на Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка. – Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно работно и проектно искуство во секторите енергетика, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека се согласил да ги запре бомбардирањата и нападите врз Иран во период од две недели. Трамп соопшти дека ја донел одлулата по разговорот со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф кој го замолил да го продолжи за две недели рокот (ултиматумот) што му го даде на Иран да ја отвори Ормуската Теснина. =Врз основа на моите разговори со премиерот Шехбаз Шариф и пакистанскиот фелдмаршал Асим Мунир, за ...

Цените на суровата нафта забележаа значителен пад по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД се согласиле на двонеделен прекин на огнот со Иран. Референтна цена на нафтата Брент за идна испорака падна за 16 проценти на околу 92 долари за барел. Сепак, тоа е сè уште далеку над нивото од околу 73 долари на кое беше непосредно пред почетокот на конфликтот кон крајот на февруари. Американската референтна сурова нафта WTI ...

Цените на нафтата денес забележаа пораст, како што се приближува крајниот рок за ултиматумот поставен од американскиот претседател Доналд Трамп кон Иран. Пазарите се фокусираат на актуелните пречки во глобалните енергетски резерви, според извештајот на ДПА. Брент сурова нафта, за испорака во јуни, утрово се искачи за 1,2% на 111,11 долари за барел во раната трговија, приближувајќи се кон мартовскиот врв од нешто над 112 долари. Американската ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој престојува во Вашингтон, најави значајна финансиска поддршка за Министерството за внатрешни работи од страна на САД. Според неговата изјава, МВР ќе добие околу 3,5 милиони долари, средства кои ќе бидат насочени кон зајакнување на капацитетите, модернизација на опремата и унапредување на безбедносните структури. Тошковски истакна дека оваа поддршка е уште една потврда за силното стратешко ...

– Портпаролката на владата на Иран, Фатемех Мохаџерани, по заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за уништување на иранската цивилизација, изјави дека тоа е „знак на незнаење“, кој нема да придонесе за можен дијалог. – Зачувувањето на мирот и безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет, а заканите нема да ја вознемират јавноста. Вратата за дијалог се отвора со почит; патот на заканите, ситничавоста и понижувањето не е пат кон ...

– Нападите врз иранската цивилна инфраструктура, со кои се заканува американскиот претседател Доналд Трамп би биле кршење на меѓународното право и би довело до ескалација и одмазда, изјави денеска шефот на француската дипломатија Ноел Баро. – Ако сите се изјаснуваме против напади врз цивилната и енергетската, тоа го правиме првенствено затоа што тие се исклучени според правилата на војната и меѓународното право, а второ затоа што, во случај ...

Крипто берзата Binance објави нова анализа што го истражува односот помеѓу Биткоин и цените на нафтата, со цел подобро да се разберат факторите што влијаат врз крипто пазарот. Анализата заснована на десетгодишни податоци оспорува една од најчестите претпоставки на финансиските пазари, дека Биткоин и нафтата се тесно поврзани. Наодите покажуваат дека, во суштина, Биткоин и суровата нафта во најголем дел функционираат како независни средства, ...

Поголемиот дел од водечките европски берзански индекси денеска бележат пад, одразувајќи претпазливост кај инвеститорите и зголемена неизвесност на пазарите. Најголем пад меѓу главните индекси забележа германскиот DAX, кој се намали за 1,06% и се спушти на 22.921 поени. Сличен тренд следеше и Euro Stoxx 50, со пад од 1,07%, како и швајцарскиот SMI, кој изгуби 1,27% од вредноста. Британскиот FTSE 100 исто така се најде во негативна зона, со ...

Американскиот инвеститор Бил Акман има намера да ја стекне доминацијата над најголемиот музички гигант во светот, „Јуниверзал мјузик груп“ (Universal Music Group – UMG), за приближно 56 милијарди евра (65 милијарди долари), според информацијата објавена од неговата инвестициска компанија „Першинг сквер“ (Pershing Square). „Першинг сквер“ веќе испратила формален предлог за откуп на „Јуниверзал мјузик“, чие седиште е лоцирано во Холандија. ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска истакна дека во текот на 12 месеци од минатата година се наплатени една милијарда денари по основ на даноци, од кои околу 70 проценти се во месеците откако ја презеле градската администрација. Одговарајќи на советнички прашања на десетата седница на Советот на Град Скопје, градоначалникот истакна дека фискалната дисциплина е на многу повисоко ниво. – Општо познато во јавноста е дека ...

Во време на економска неизвесност и глобални притисоци врз цените, Македонија се соочува со нов предизвик – можен сериозен пад на буџетските приходи. Најавениот Закон за заштита од пушење може да значи откажување од десетици милиони евра, преку намалени акцизи, ДДВ и други давачки. Очекуваниот пад на продажбата на цигарите, забраната за алтернативните никотински производи и ограничувањето на нивната изложеност ќе имаат поширок економски ...

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – март 2026 година во однос на истиот период лани се зголемени за 3.0 %, објави Државниот завод за статистика. Во март годинава, пак, во споредба со истиот месец од 2025-та, угостителските услуги се поскапени за 2.4 %. Споредено со февруари годинава, цените се зголемени за 0.1 %. Цените во угостителството, по групи, во март 2026 година во однос на февруари 2026 година се зголемени кај ...

Одлуката на Граѓанскиот суд донесена во февруари годинава со која се потврдува дека Живко Митрески во 2017 година е нелегитимно сменет од функцијата претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, актуелното раководство на ССМ ја гледа како обид да бидат институционално замолчени. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција посочи дека оваа пресуда е втора иако Апелациониот суд минатата година ја укинал ...

Цените на домувањето во Европската Унија одразуваат континуиран нагорен тренд, со забележан скок од близу 65% во последните десет години, според новообјавен извештај на Евростат. Пазарот на недвижности во ЕУ покажа значителна динамика во последниот квартал на 2025 година. Цените на становите забележаа пораст од 5,5%, додека вредноста на кириите се зголеми за 3,2% во споредба со истиот период од претходната година. Овој тренд на поскапување ...

Русија остварува милијарди евра приходи од извозот на суровини поради ефективното затворање на Ормуската Теснина, соопшти денеска Германско-руската надворешнотрговска комора. Профитот на Русија од извозот на нафта, гас и ѓубрива изнесува повеќе од 10 милијарди евра (11,54 милијарди долари) месечно, наведува Комората. – Русија е големиот победник на новата војна на Блискиот Исток – изјави за агенцијата ДПА претседателот на Комората Матијас ...

Tрошоците на животот во март 2026 година, во однос на март лани, бележат зголемување од 4.9 %, а цените на мало од 3.4 %, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Инфлацијата во март годинава во однос на претходниот месец е 0.7 %. Цените на мало, пак, во март 2026 година во споредба со февруарина се зголемеини за 0.9 %. Во март 2026 година, во однос на февруари 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните ...

Глобалната енергетска криза предизвикана од случувањата на Блискиот Исток достигнува сериозни размери, предупредува првиот човек на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол. Според него, актуелната ситуација со нафтата и гасот е посериозна од кризите од 1973, 1979 и 2002 година заедно. Причината за ваквата состојба е сериозното нарушување на глобалното снабдување со енергенси, особено поради блокадата на Ормуски теснец – една од ...

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пур“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилен изглед, при што посочува дека банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се стабилизира и ќе се движи околу историските нивоа. Во извештајот се наведува дека, пред конфликтот на Блискиот Исток и растот на светските цени на енергијата, инфлацијата бележеше значително намалување и изнесуваше 2,9% во февруари. Се ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека по Велигден Владата ќе излезе со нов пакет мерки насочени кон одредени категории граѓани и конкретни производи, со цел да се ублажи економскиот притисок врз населението. Според најавите, мерките нема да бидат општи, туку ќе бидат таргетирани, односно насочени кон групи граѓани на кои им е најпотребна поддршка. Ова значи дека Владата планира попрецизен пристап наместо широка примена на субвенции или ...

Со стабилни продажни резултати и зајакната позиција на домашниот фармацевтски пазар, „Реплек АД Скопје“ ја стартува 2026 година. Во првиот квартал од годинава компанијата оствари вкупни продажби во сегментот Фармација од 7,2 милиони евра, при што домашниот пазар бележи изразен раст од 20%. На акционерското Собрание кое се одржа на почетокот на април беше донесена одлука за зголемување на дивидендата за 25%, а сите останати предложени одлуки ...

Семос Едукација, во партнерство со Microsoft, спроведе обука за 1846 административни службеници во Република Албанија, насочена кон практична примена на вештачката интелигенција во институционалното работење. Програмата се реализираше преку осум сесии, во кои учесниците се запознаа со основите на вештачката интелигенција и генеративната вештачка интелигенција, користењето на Copilot Chat и принципите на prompt engineering. Фокусот беше ...

Повеќе од 240.000 евра финансиска помош ќе бидат достапни за иноваторите во почетна фаза преку програмата EIT Jumpstarter, водечката пред-акцелераторска програма на Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ), тело на Европската Унија. Периодот за користење на средствата е од март до декември 2026 година. Со официјалното објавување на повикот за изданието 2026, програмата нуди обука, насоки и структуриран претприемачки развој за ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
3.35
37%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 27ᴼ
3.13
60%
1016
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
3.27
41%
1018
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.77
47%
1017
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.19
56%
1017
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
3.13
42%
1013
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
2.28
43%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.52
37%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
4.02
73%
1016
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 30ᴼ
1.34
44%
1017
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 24ᴼ
7.15
50%
1014
Currency

61.6417

Currency

54.1603

Currency

71.4282

Currency

37.4417

Currency

38.1416

Currency

66.9235

Currency

7.98014

Currency

0.72738

Currency

0.33541

Currency

0.52504

Currency

1.16545

Currency

0.57161

Алуминиум

3.21

Цинк

0.00

Платина

52534.32

Рутениум

49029.89

Калај

52.14

Бакар

12.33

Родиум

255598.44

Кобалт

45.39

Сребро

1971.82

Злато

131223.80

Паладиум

38613.05

Иридиум

234700.45