
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



На вчерашната дебата во Стопанската комора на Македонија, каде домашни и странски експерти разговараа на тема: “Во време на турбуленции во глобалната трговија и во финансиските текови: Патот напред за македонската економија”, беше посочено дека Македонија повеќе не е место за аутсорсинг. Беше подвлечено дека неколкуте илјади млади луѓе во ИТ индустријата, со просек од 25 години, не треба да се “продаваат” за 800 евра месечно, туку за 5 000 евра. ...
Министерството за финансии објави дека денес од државниот Буџет е префрлена нова рата од 2,5 милијарди денари за помош на домашните претпријатија. Финансиските средства се префрлени во Развојната банка, од каде што се пренесуваат во комерцијалните банки преку кои се реализираат средствата од оваа кредитна линија кон финалните корисници – компаниите. “Денеска инјектираме нови 41,2 милион евра во домашната економија.” Со овие ресурси, заедно со ...
Националните паркови „Пелистер“ и „Галичица“ денеска попладне, на планината Баба, во координација со Здружението за проучување и конзервација на лилјаци од Германија, организираа едукативна сесија за заштита и следење на лилјаците. Истражувањата ќе се реализираат во двата национални паркови до 16 мај, со учество на студенти од средните училишта во Битола. „Доцна попладнево на локацијата Бегова чешма се поставија четири мрежи, а учениците од ...
Од Универзалната сала до пред Основниот кривичен суд во Скопје, фамилијата на Фросина Кулакова демонстрираше незадоволство поради вчерашната пресуда за 12 години затвор за возачот кој ја усмрти нивната ќерка во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, апелираше за најстрога можна затворска санкција за возачот и дисциплинска постапка и привремено отстранување од функцијата на судијката ...
Министерството за енергетика вчера го поздрави усвојувањето на Законот за енергетика од страна на Собранието на Република Северна Македонија. Од ресорното Министерство истакнуваат дека е донесен систематски, сеопфатен и реформски закон со кој се поставуваат темелите на новата енергетска политика на државата. “Со ова, Македонија конечно добива јасна, модерна и европски усогласена законска рамка за развој на енергетиката”, велат од ...
Министерот за здравство и челник на една струја во Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, тврди дека ќе достави оставка од позицијата, а за другите функционери од оваа партија очекува да бидат сменети. “Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени,” вели Таравари во изјава за МИА. Оваа одлука следи откако во понеделникот партијата, по несогласувањата со останатите коалициони партнери во “Влен”, донесе решение да ја напушти владината ...
Собранието, во рамки на денешната седница, со 60 гласа “за” и 21 “против”, го назначи Ремзи Бајрами за претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Тој доаѓа на позицијата на Максуд Али, кој беше сменет со 58 гласа “за” и 18 “против”. Пратеничката Јованка Тренчевска од СДСМ во своето излагање рече дека иднината на 600 илјади лица кои во иднина треба да примаат пензија ...
Во Стопанската комора денес ќе се одржи дебата посветена на перспективите на македонската економија, насловена „Во време на турбуленции во глобалната трговија и во финансиските текови: Патот напред за македонската економија“. Настанот е организиран од страна на Советот на странски инвеститори. На дебатата ќе учествуваат и ќе дадат свои видувања релевантни експерти од областа. Меѓу говорниците се Џакопо Детони, главен уредник на fDi Intelligence ...
Претседателката на бугарското Национално собрание, Наталија Киселова, која претходно беше советник на претседателот, му го врати на претседателот Румен Радев предлогот за референдум за воведување на еврото. Овој потег значи дека бугарскиот парламент нема да го разгледува предлогот на Радев за организирање на гласање за предлогот за усвојување на еврото од 2026 година. Со ваквата одлука се елиминира можноста претседателот да се обрати до ...
Управниот одбор на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја усвои новата Стратегија за Северна Македонија за претстојните пет години (2025-2030). Од канцеларијата на ЕБОР во Скопје денес беше објавено дека стратегијата се концентрира на клучните приоритети на државата: “Зајакнување на регионалната интеграција преку поврзување и зајакнување на поврзаноста на ланецот на вредности, Забрзување на транзицијата кон зелена и одржлива иднина и ...
Во случај на констатирање на значаен пораст на цените на прехранбените производи кон крајот на овој месец, ќе бидат ставени во сила мерки кои ќе важат до крајот на годината, објави денес премиерот Христијан Мицкоски. На прашање од новинарите, дали поради жалбите од граѓаните за зголемување на цените на прехранбените производи ќе се чека извештајот од контролите на цените што ги извршува Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), откако на 30-ти ...
Премиерот Христијан Мицкоски денес истакна дека науката е од исклучително значење и претставува еден од темелите на државноста, поради што буџетот за науката е двојно зголемен во споредба со 2024 година. “Науката ни е многу важна. Покрај физичкото образование, се разбира дека и науката е еден од столбовите на државноста и многу значаен сегмент, бидејќи без силна наука – нема иднина”, изјави Мицкоски. Тој исто така нагласи: “Јас доаѓам од ...
Претседателка на Совет на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, заедно со раководителот на Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Александар Крстевски, денеска ги доделија Договорите за финансиска поддршка од Општина Куманово до здруженија и правни лица, по спроведените постапки за Јавен повик од областа на здравствена и социјална заштита. Врз основа на Програмата за спроведување на општите мерки за ...
Почитувани советници, почитувани граѓани, Повторно имаме нова, но веќе видена, состојба на надмудрување во Советот на општина Битола, повторно влегуваме во вртлогот на приказната за политика, а добиваме наше битолско одбивање на средства од Европската Унија. Советот на Битола донесе одлука да одбие надворешни средства за инфраструктурни проекти, за што јас изразувам јавно и силно разочарување. Во оваа приказна никој нема да е победник, ниту ...
Како што глобалниот пазар на плаќања во реално време продолжува да расте и се очекува да достигне вредност од 34,16 милијарди долари до крајот на оваа година, Visa овозможи услуга за инстант парични трансфери, и во земјата и на меѓународно ниво, користејќи само телефонски број или платежна картичка. Со само неколку клика, граѓаните, компаниите и институциите можат брзо и безбедно да испратат средства на друга сметка преку мобилната апликација ...
Women in Tech Macedonia во соработка со Infinum ги поканува сите љубители на технологијата, јуниор програмери, оние кои сакаат да направат кариерна промена, како и искусни ИТ професионалци, на настан кој ќе понуди вечер исполнета со практични совети, инспиративни искуства и насоки за градење на успешна кариера во ИТ индустријата. Настанот, со наслов Како да изградиш успешна кариера во технологијата, ќе се одржи на четврток, 22 мај, во ...
Европската комисија ја одобри работната програма за 2025 година за иницијативата „Хоризонт Европа“, со која се предвидуваат вложувања од над 7,3 милијарди евра за зајакнување на истражувањата и иновациите, со што ќе се стимулира напредната наука, ќе се убрзаат зелените и дигиталните транзиции и ќе се подобри конкурентноста на Европа. Целта на иницијативата „Хоризонт Европа“, во која е вклучена и нашата држава, е да се помогне во привлекувањето ...
Вашите Galaxy носливи уреди во следните месеци ќе станат уште попаметни. Google Gemini ќе дебитира на Samsung Galaxy часовниците, правејќи ја својата прва интеграција во Galaxy носливата серија. Дополнително, активирањето на Gemini ќе биде полесно од кога било досега кога ќе се поврзе со серијата слушалки Galaxy Buds3. Овој апдејт ќе ги прошири AI функционалностите низ целиот Galaxy екосистем, создавајќи поповрзано и поинтелигентно корисничко ...
Нестле ја ангажираше инвестициската банка Ротшилд како консултант за продажба на бизнисот со флаширана вода, објавија светските агенции на крајот на минатата недела. Очекуваниот договор е за над 5 милијарди евра. Веќе се водат прелиминарни разговори со потенцијалните купувачи како што се Platinum Equity, Blackstone, One Rock Capital Partners, RAI Partners и CD&R, но во моментов нема официјална потврда за разговорите. Дополнителен проблем за ...
Основното јавно обвинителство Битола вчера повторно апелираше до Основниот суд во Битола да донесе пресуда за воведување привремена мерка – блокирање на финансиските средства во вредност од приближно 3 милиони евра од банкарска сметка на правниот субјект Друштво за производство, трговија и услуги РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола, бидејќи постои сериозна индикација дека парите се стекнати како нелегална добивка од кривично дело – Злоупотреба на ...
Денеска, пратениците во Собранието треба да ја продолжат 48-та седница, како и да ја продолжат 47-та. На дневниот ред на 48-та седница е и дополнет предлог-закон за енергетика, во второ читање. На оваа седница, исто така, ќе се дискутира и за предлогот за разрешување и назначување на претседател на Советот на експерти на Агенцијата за надзор на капитално финансирано пензиско осигурување. Во текот на комисиската дебата за предлог-законот за ...
Европската Унија даде зелено светло за седумнаесеттиот пакет рестриктивни мерки кон Русија, потврди министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ноел Баро. Тој објави дека Европската Унија во моментов работи на имплементирање на уште поостри санкции во соработка со Соединетите Американски Држави. Фокусот на овие најнови санкции е пред сѐ врз таканаречената „руска флота во сенка“, за која се верува дека ѝ помага на Москва да ги избегне ...
Земјоделско-прехранбениот сектор игра суштинска улога во економијата на Северна Македонија, но неговиот реален капацитет допрва треба целосно да се реализира. За да се оствари тој напредок, неопходни се стратешки вложувања, поуспешна регулаторна структура и поцврста интеракција помеѓу сите учесници – фармерите, преработувачката индустрија и владините тела, изјавува Васко Ристовски, координатор на здруженијата за земјоделство, прехранбена и ...
Повод за ова ексклузивно интервју со Дао Џенсен е нејзиното учество на годинешниот Самит на Македонија2025, каде таа привлече големо внимание со своето инспиративно обраќање. Говорејќи за својот неконвенционален животен пат – од бегалка до успешна технолошка претприемачка и лидерка во областа на напредните технолошки решенија – Џенсен ги сподели своите размислувања за истрајноста, предизвиците на жените во технолошката индустрија и потенцијалот ...
На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија. Таа нагласи дека, и покрај серијата економски и геополитички шокови во последните неколку години, успешно се зачува, па ...
Темата на 4. регионален „Марили бизнис форум“ 2025, што ќе се одржи в сабота, на 17 мај, во Скопје, е туризмот како важен елемент за стопански раст и конкурентност во државата и регионот. Бизнис форумот вклучува три панел-сесии: „Алтернативни форми на туризам – Рурален развој и одржливост на дестинации како фактори за локален развој“, „Хотелско-туристичка индустрија – Можности, трендови и предизвици“ и „Ено – гастро концепт, автентичен и ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп и престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, вчера во Ријад склучија спогодба за стратешко стопанско партнерство меѓу САД и Саудиска Арабија. Британските медиуми пренесуваат дека партнерството опфаќа договори во сферите на енергетиката, рударството и одбраната. Спогодбата за одбрана е насочена кон воената соработка меѓу двете држави, вклучувајќи ги модернизацијата и развивањето на ...
Саудиска компанија ќе вложи дваесет милијарди американски долари за градење на инфраструктура поврзана со вештачка интелигенција во САД, соопшти денес Белата куќа, додека претседателот Доналд Трамп престојува во Ријад како дел од неговата обиколка на Блискиот Исток. Саудиската фирма DataVolt „продолжува со своите инвестициски проекти во износ од 20 милијарди долари во центри за податоци и енергетска инфраструктура поврзана со вештачката ...
Во Скопје денес ќе биде пуштен во употреба дневниот центар за деца и семејства во социјален ризик, именуван „Гнездо“. Ова претставува прв ваков центар во Северна Македонија, потфат посветен на зајакнување на децата и семејствата кои се изложени на социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“, како што се наведува во известувањето од здружението Новинари за човекови права, е формиран со асистенција од австриското Министерство за труд, социјални ...
Денес, Европскиот суд ќе пресуди дали Европската комисија постапила исправно кога одби да ги обелодени СМС пораките помеѓу претседателката Урсула фон дер Лајен и главниот извршен директор на производителот на вакцини „Фајзер“, Алберт Бурл. Правниот процес го започна „Њујорк Тајмс“ и нивната новинарка Матина Стивис-Гриднеф, тврдејќи дека Комисијата ги повредила прописите за отвореност откако одби да ги достави пораките по поднесеното барање. ...