Следниот неработен ден доаѓа на 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден, со што во мај имаме еден продолжен викенди за сите граѓани. Но за православните граѓани неработен ден е и 29 мај кој се паѓа во петок, со што се добива уште еден продолжен викенд. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2026 година изнесува 68 743,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2026 год. која изнесува 68 797,00 денари е намалена за 54,00 денари, соопшти ССМ. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец мај изнесува 84 117,00 денари. Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2026 година изнесува 68 743,00 денари, споредена со вредноста на ...

На 19 мај 2026 година, М6 Едукативен центар свечено го отвори својот нов регионален центар во Кавадарци кој претставува современ простор за учење, професионален развој, вмрежување и соработка помеѓу бизнис-заедницата, образовните институции и младите од Вардарскиот и Пелагонискиот регион. На свеченото отворање присуствуваа претставници од институциите, дипломатскиот кор, меѓународни организации, компании, образовни институции и партнери на ...

Управа за јавни приходи одржа работна средба со членки на Американска стопанска комора во Северна Македонија (AmCham North Macedonia), претставници на бизнис заедницата, посветена на проектот „е-Фактура“ – системско решение за електронско фактурирање кое има за цел поголема ефикасност, транспарентност и усогласеност со даночните процеси. Во отворена и конструктивна дискусија, компаниите имаа можност да се запознаат со функционалностите и ...

Делегација од Управата за јавни приходи вчера оствари работна средба со претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини и заменик претседателката Марта Телегравчиска, при што се потпиша Меморандум за дигитално поврзување преку ЕПУС платформата. Со оваа соработка значително ќе се олесни и унапреди меѓусебната комуникација во управните спорови против даночните управни акти на Управата за јавни приходи. Состанокот помина во конструктивна ...

На Генералното собрание на Асоцијацијата на издавачки тела (AIB), Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје стана полноправна членка на Асоцијацијата. Со тоа, заедно со активностите кои ги преземаат Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Секретаријатот на Енергетската заедница за взаемно признавање на Гаранциите на потекло на електрична енергија (Guarantees of Origin – GOs), помеѓу ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84% во однос на одлуката од 11.5.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 4,961%, кај ...

Музејот на Народната банка оваа година го одбележува Меѓународниот ден на музеите ‒ 18 мај, организирајќи големa виртуелна едукативна дружба со деца на училишна возраст од различни делови на светот, обединети во желбата да ги откријат тајните на исклучителната македонска ризница на антички и средновековни пари коишто се чуваат во нашиот музеј, што e отворен за јавноста секој работен ден од 9 до 15 часот. Музејското патување низ монетарното ...

ТИТАН Усје денес го одбележа двегодишниот јубилеј на едукативниот центар „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“, преку кој учениците од основните училишта стекнуваат практични знаења и вештини од областа на 3Д моделирањето, 3Д печатењето, роботиката и инженерството. На завршниот настан од втората година од програмата за 3Д печатење присуствуваа повеќе од 500 ученици од осум основни училишта од Општина Аеродром, директорите на ...

Wizz Air, вчера го одбележа својот 22-ри роденден, означувајќи повеќе од две децении раст, иновации и трансформација во европската авијација. Од својот прв лет во 2004 година, авиокомпанијата прерасна во една од водечките нискобуџетни авиокомпании во Европа и продолжува со силен развој, поврзувајќи милиони патници низ широка мрежа на дестинации, додека континуирано инвестира во модерна технологија, оперативна извонредност и одржливост. Како ...

13.05.2026, Скопје: Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г. Волфганг Маиер, учествуваше на панел-дискусијата „Лидерство во предизвикувачки времиња: Одлуки со економско влијание“, во рамки на овогодишниот Самит Macedonia2025, кој се одржа во Скопје под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Дискусијата искреира инспиративен разговор за современо лидерство, култура и моќта на различностите во една ...

СООПШТЕНИЕ Скопје, 13 мај 2026 – Вториот ден од Самитот на Македонија2025, што се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, е посветен на значењето на лидерството во услови на кризи и притисоци, улогата на компаниите и институциите во задржување на талентите, како и влијанието на вештачката интелигенција во образованието, пазарот на труд и иднината на работните места. Посебен акцент е ставен на довербата ...

Скопје, 14.05.2026 – Global Engineer Girls North Macedonia беше дел од средбата на Global Engineer Girls (GEG) во Истанбул, каде идните жени-инженери од Турција, Косово, Саудиска Арабија, Шпанија, Брегот на Слоновата Коска, Мозамбик и Обединетото Кралство се собраа на настан посветен на важноста на глобалната солидарност, женското лидерство, меѓукултурната размена и заедничката визија за создавање инклузивна иднина во инженерството и ...

Како компаниите создаваат конкурентска предност во време на брзи технолошки и пазарни промени, каква улога имаат иновациите, организациската култура и корпоративното претприемништво во процесот на трансформација, како и колку е важна соработката помеѓу бизнисот и академската заедница – беа главните теми на конференцијата „Што ги движи иновативните компании?“, на која од бизнис, истражувачка и академска перспектива се разговараше за ...

Повеќе од 70 експерти, претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од повеќе земји од регионот се дел од 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што се одржува во Охрид, со поддршка на ОКТА АД – Скопје. Јубилејното издание на Симпозиумот ја потврдува неговата растечка улога како значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења, современи практики и нови ...

Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи. По цела деценија, „Реплек“ останува единствена ...

Лидл Северна Македонија продолжува со својата кампања за вработување за позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата, испраќајќи јасна порака за својата долгорочна посветеност на македонскиот пазар, инвестициите, развојот на локалната економија и отворањето нови можности за вработување. Кампањата „Добра игра. Фер плеј“ има за цел да ги доближи можностите што Lidl ги нуди како работодавач и да охрабри што ...

Владата најави конкретно намалување на цената на течниот нафтен гас, при што според официјалните информации, од полноќ цените на плинот се намалени за околу 5 денари по литар. Портпаролката на Владата, Марија Митева, информираше дека станува збор за резултат на координирани институционални мерки и договор со трговците, со цел стабилизирање на пазарот и заштита на стандардот на граѓаните. – Денес сакам да ја информираме јавноста за конкретен ...

„Реплек“ уште еднаш потврдува дека стратешкиот и современ пристап во менаџирањето со вработените е еден од клучните предуслови за деловен успех. Оваа фармацевтска компанија освои второ место за најдобра регионална HR практика во категоријата компании до 1.000 вработени, на 14-тото издание на конференцијата HR Days, која се одржува од 21 до 23 април во Ровињ, Хрватска. Платформата „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“ на „Реплек“ беше препознаена ...

Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (EES) на граничните премини за македонските државјани, во периодот од 1 јуни до 1 септември, 2026 година. Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјава, кој предупредува дека евентуалната примена на ...

Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за економија и труд, во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе пакет одлуки со цел стабилизирање на пазарот на ѓубрива, заштита на земјоделците и обезбедување континуирано снабдување во пресрет на земјоделската сезона. Овие одлуки се донесени согласно Законот за трговија, а врз основа на претходно направена анализа од страна на ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2026 година, изнесуваше 46 159 денари. Во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.2 %, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за ...

Со фокус на дигиталните и ВИ вештини, денес започна Youth Empowered Пивара Скопје Академијата за млади – бесплатна едукативна платформа насочена кон унапредување на знаењата и вештините на младите, со цел нивна поголема конкурентност на пазарот на труд и активно учество во заедницата. Стартот на Академијата беше одбележан со панел-дискусија на Економскиот факултет во Скопје, на која учествуваа: министерот за дигитална трансформација, Стефан ...

Владата ќе продолжи со спроведување политики што создаваат создаваат стабилна, предвидлива и транспарентна деловна средина, во која инвеститорите ќе можат долгорочно да планираат и да се развиваат. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска пред Британската бизнис асоцијација која денеска одбележуваше три години остоење и делување во земјава. Таа потенцира дека Обединетото Кралство е еден од најзначајните економски ...

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 11,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,1%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на кредитите кај корпоративниот сектор. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 11,3%, поради повисоките ...

Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, од денеска го започна процесот на регистрација на нови учесници на пазарот во тековниот ден (Intraday Market). АД ЕСМ е првата компанија која официјално се регистрира на овој пазар, со што е подготвена за активно учество во првите трансакции на новиот пазарен сегмент. „Со воведувањето на интрадеј тргувањето, отвораме ново поглавје во оптимизацијата на сопственото ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Управниот суд ќе се поврзат дигитално преку софтверската платформа ЕПУС – ова е предвидено во Меморандумот за соработка што го потпишаа претседателот на РКЕ, Ацо Ристов и в.д. претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини. Софтверската платформа е креирана за да обезбеди брза, безбедна и ефикасна електронска комуникација со навремена размена ...

Фондацијата САСА потпиша договори за доделување грантови со четири бизнис проекти кои се дел од Акцелераторската програма „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица“, наменета да им помогне на локалните претприемачи да започнат или развијат свои бизниси, со што директно се поттикнува локалниот економски развој. Четирите бизнис идеи избрани од страна на стручна комисија, кои од фондацијата САСА ќе добијат грантови за ...

Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната економска состојба и влијанието на глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар, донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, со важност до 04 мај. Со оваа одлука се задржува намалувањето на акцизата за дизел горивото во износ од 4 денари по литар, како и намалувањето на акцизата за безоловните бензини од 95 и 98 октани во износ од 2 ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.04.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,50 ден/лит, додека малопродажната ...

Турлитава

13 минути - Бриф
weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.38
32%
1017
weather icon

Белград

24ᴼ / 24ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.66
44%
1014
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.78
37%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.27
36%
1016
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
0.87
72%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.45
42%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.95
37%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.98
39%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 22ᴼ
0.89
53%
1017
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 25ᴼ
1.65
43%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
2.65
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Злато

130535.25

Алуминиум

3.23

Бакар

13.27

Родиум

265243.66

Паладиум

40445.64

Иридиум

252383.36

Калај

55.44

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Платина

52855.83

Сребро

1894.77

Цинк

0.00