
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



За само една година бројот на посетители во молот се зголеми за 50%. Во изминатата година организиравме низа настани за различни публики, кои беа одлично посетени. Покрај тоа, тие дадоа дополнителна вредност, бидејќи им овозможија на малите бизниси да се промовираат. Ќе продолжиме во таа насока да работиме и во следниот период, а многу скоро ќе донесеме и нови брендови Дајмонд мол одбележа една година од своето отворање. Дали сте задоволни и ...
Голем број јапонски компании неодамна почнаа да користат вештачка интелигенција (ВИ) за да се справат со недостигот на работна сила, вклучително и ИТ фирмата Fujitsu и продавачот на автоделови Autobaks. Двете фирми започнаа заеднички тестови за вештачка интелигенција во август и користат асистент наречен „Рејчел“ кој може да препорача производи врз основа на видот на услугата што му треба на клиентот, моделот на автомобилот и достапниот ...
На американските берзи цените на акциите силно пораснаа, по добрите економски показатели. Според податоците Dow Jones зајакна 1,02 отсто, на 42.221 поени, додека S&P 500 порасна за 1,23 отсто, на 5.782 поени, а индексот Nasdaq 1,43 отсто, на 18.439 поени. Најмногу вчера пораснаа цените на акциите во индустрискиот и трговскиот сектор, за повеќе од 1,6 отсто, откако беа објавени подобри од очекуваните економски показатели. Индексот на ...
Заложбите за земјоделците продолжуваат со користење на средства од ЕУ фондовите, со што Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик бр. 02/2024 за доставување на барања за финансиска поддршка за мерка 7 од ИПАРД Програмата 2021-2027. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ 14.000.000,00 евра односно 862.890.000,00 денари. ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во текот на утрешниот ден започнува со доделување на вредносни ваучери на домаќинства за купување и поставување на инвертер клима. Оваа мерка е во насока на остварување на целите на Владата за поддршка на животниот стандард на граѓаните и намалување на аерозагадувањето. Со цел да се избегнат одредени забуни во јавноста, Ве информираме дека изборот на добитниците на вредносните ваучери, ...
Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22) Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 05.11.2024 која се применува од ...
Министерот за социјална политика, Лимани најави зголемен надомест за социјална заштита односно зголемување на гарантирана минимална помош за 10%. Лимани на вчерашниот владин настан најави раст и на посебниот додаток за 30%, на паричната помош за квадриплегија за 50% , за потполно глуви лица за 20%, на правото на надоместок на плата за скратено работно време за родители поради нега на дете или лице со телесна и ментална попреченост и најтешки ...
Во Стопанската комора на Северна Македонија пред компаниите членки на Клубот на извозници беше промовиран новиот концепт за извоз на Комората, со кој преку конкретни инструменти и алатки ќе се третираат сите прашања поврзани со промоција и со поддршка на извозните активности на компаниите. Седницата ја отвори Бранко Азески, претседателот на Комората, во улога на претседател на Националниот совет за извоз (НСИ), кој во своето излагање потенцираше ...
Како што пренесуваат медиумите во Германија автомобилскиот мегаломан Фолксваген има намера да затвори најмалку три од десет фабрики во Германија, но и дополнително да ги намали платите на преостанатите вработени за десет отсто, изјави претседателката на работниот совет на оваа компанија Даниела Кавало. „Сите фабрики на Фолксваген во Германија се засегнати од овие планови. Никој не е безбеден“, рече Кавало во говорот пред вработените, ...
Војната во Украина ја разоткри зависноста на Европа, а особено на Германија, од рускиот гас. Мерките против тоа функционираат, како што покажуваат речиси полните складишта за гас. Според податоците на Европската комисија од четвртокот, магацините во земјите членки се со капацитет од 95 отсто месец и половина пред доаѓањето на зимата. Според прописите што во меѓувреме ги усвои Европската унија, магацините на 1 ноември мора да бидат на 90 ...
„Ер Канада“ планира да врати во својата флота два авиони „Боинг 767“ со широка карта што се чуваат од почетокот на пандемијата на КОВИД-19. Превозникот од Канада, наводно, одлучил повторно да користи авиони Боинг 767. Станува збор за два авиони стари 33 и 34 години, со чија помош Air Canada сака привремено да го зголеми капацитетот. Претходно оваа година, Ер Канада префрли два Б767 од складиштето во Феникс во Хамилтон, каде што авионите се ...
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2024 година, изнесува 360 735.1 милион денари и бележи пад од 6.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – септември 2024 година, изнесува 505 021.1 милион денари денари, што е за 0.6 % помалку во споредба со истиот период ...
Во организација на Стопанската комора на Северна Македонија успешно се одржа првата обука на тема „Бизнис интегритет“ во Прилеп, која е дел од проектот „Граѓаните против корупцијата“, што се реализира со финансиска поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). На обуката присуствуваа претставници од различни компании и индустрии од Прилеп и регионот, со цел да се запознаат со најдобрите практики и ...
Соседна Србија ќе има на располагање дополнителни количини природен гас од Русија. По разговорите меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, одржани на 20 октомври, од 3 ноември, Република Србија ќе има дополнителни количини природен гас од Русија на негово располагање. Покрај постојниот Договор за снабдување, кој ни овозможува да испорачаме 6,3 милиони кубни метри дневно по цена на ...
Британскиот нафтен гигант „Шел“ објави годишен пад на профитот во третиот квартал, кој сепак беше помал од очекуваниот, делумно благодарение на остриот пад на цените на суровата нафта и пониските маржи на рафинирање. Енергетската компанија објави приспособена заработка од 6 милијарди долари во периодот јули-септември, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите од 5,3 милијарди долари, според проценките составени од LSEG. Шел објави ...
Јапонските власти денеска потврдија дека има планови за изградба на автоматизиран товарен коридор меѓу Токио и Осака, кој јапонската влада го нарече „пат на подвижна лента“. Овој начин на транспорт на товар треба да го компензира недоволниот број возачи на камиони, а анимацијата создадена од владата покажува големи контејнери на тркала кои се движат по коридор со три ленти долж автопатот Токио-Осака, пишува Japan Times. Овој транспортен систем ...
Инфлацијата во Швајцарија падна на 0,6 отсто, најниска од јуни 2021 година. Годишната стапка на инфлација во Швајцарија во октомври падна од 0,8 отсто во септември на 0,6 отсто и сега е најниска од јуни 2021 година, објави Швајцарското Федерално биро за статистика (БФС). Според извештаите, цените на транспортот во Швајцарија во октомври паднале за 2,7 отсто на годишно ниво, облеката и обувките за еден отсто, а во здравството за 0,8 отсто. ...
Усогласеноста во делот на монетарната политика со европската регулатива, стандарди и практики и натаму е на високо ниво, се наведува во најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата. Во извештајот се нотира дека монетарната политика беше соодветно поставена за справување со високата инфлација, како и дека инфлацијата е намалена од 19,8% во октомври 2022 година на 2,2% во август 2024 година. Во Извештајот се нагласува и ...
Во домот на културата во општина Илинден се одржа трибина на тема „Вештини за зелена транзиција“. Трибината беше организирана од Комората на мал Бизнис, општина Илинден,и здружение „Институт за развој на зедниците“ од Тетово, како партнери во проектот Green micred pathways. Проектот е финансиран од ЕУ, а во истиот учествуваат 16 организации од 7 европски земји. Градоначалникот на Општина Илинден ги соопшти активностите кои општината ги ...
Предлог-буџетот за 2025 година, којшто денеска треба да биде доставен до Собранието, содржи нови промени во планирањето и реализацијата на капиталните расходи. Тие се планирани на 50,6 милијарди денари, коишто значат средства за проекти, а не за трансфери со кои се покриваат други трошоци. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на средба со новинарите. – Со Предлог-буџетот за 2025 година се проектирани 50,6 ...
Имплементацијата на ЕСГ стандардите во корпоративниот сектор во земјава ќе придонесе кон креирање на одржлив раст и деловна клима која ќе ја подобри конкурентноста и финансиската стабилност на компаниите. Иако земјата се уште не е дел од Европската унија и воведувањето на ЕСГ стандардите не е обврзувачко, сѐ повеќе се зборува за нивна имплементација. Истражувањата покажуваат дека сепак само 4% од компаниите во земјата имаат модел за ...
Традиционално Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити го одбележа Светскиот ден на штедењето 31. октомври. Настанот започна со презентација на европскиот проект MiCreS, од страна на г-ѓа Фатма Диркес, потпретседателка на Frankfurt School of Finance & Management и претседателка на European Banking & Financial Services Training Association (EBTN) и Катиа Гоертз, директор на проектот. ...
Меѓународниот саем за енергетика и технологија – ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024, во организација на Скопски Саем, успешно заврши по тридневно изложување на најновите технологии и зелени решенија во Арената „Борис Трајковски“. Саемот ги привлече водечките компании од Македонија и регионот, како и бројни професионалци и посетители заинтересирани за иновации и решенија одобласта на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и автоматизацијата. ...
Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22) Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 01.11.2024 која се применува од ...
Напредува процесот на оценување на земјава за пристапување во Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА). За таа цел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска одржа средби во Брисел со генералниот директор на Директорaтот за финансиска стабилност, финансиски услуги и унија на пазарите на капитал при Европската комисија, Џон Бериган, како и со Џорџо Андреоли, генералниот директор на Европскиот совет за плаќања, институцијата ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 92.1. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи опаѓање од 7.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6.6 %, а во секторот Снабдување со електрична ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало во септември 2024 година, во споредба со септември 2023 година, е забележано зголемување на прометот по групи и класи, како номинално така и реално: Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво: Номинален раст: 10.6 % Реален раст: 7.2 % Трговија на мало, освен трговија со горива: Номинален раст: 4.8 % Реален раст: 1.7 % Трговија на мало со автомобилски горива: ...
Денес е последен ден за купување по намалени цени, бидејќи завршува владината мерка за ограничување на маржите на производите во есенската кошничка. Оваа мерка опфаќа 73 основни производи, меѓу кои се лебот, тестенините, брашното, пекарските производи како бурек и банички со месо и сирење, млечните производи, месото и неговите преработки, одредени овошја и зеленчуци, оризот, гравот, маслото за јадење и неколку конзервирани производи. И додека за ...
Претставници на Управата за јавни приходи го посетија пазарот за ракотворби во Градскиот трговски центар во Скопје и низ разговор со занаетчиите – учесници ги информираа за обврските од Законот за данок на личен доход и регистрирањето за вршење дејност од времен карактер. Со цел даночно усогласување, Управата за јавни приходи ги информира и физичките лица кои ќе вршат продажба на производи на отворено да поднесат Барање за паушално плаќање на ...
Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22). Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 31.10.2024 која се применува од ...