Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Поминати се времињата кога енергетиката значеше само производител, пренос и потрошувач. Сега имаме динамичен систем во којшто сите треба да вложиме максимален напор за да го одржиме и да обезбедиме стабилна испорака на електрична енергија за граѓаните – порача Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), кој заедно со членовите на комисијата одржа состанок со ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески учествуваше на панел-дискусијата на гувернерите под наслов „Трасирање на идниот развоj” во рамките на меѓународниот симпозиум „Навигација низ светската финансиска неизвесност – развој на финансиските пазари, инвестициските стратегии и меѓународниот монетарен систем“, организиран од Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина во Шангај. Во своето обраќање, гувернерот Славески ...
Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании. Со трансферот, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда денари или 230 милиони евра. Ова претставува 92% реализација на кредитната линија што ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 10 Јуни 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и ...
Македонски Телеком, Министерството за дигитална трансформација и Британскиот совет започнуваат партнерство за „Училишта на 21 век – Фаза 2“, проект насочен кон развој на дигитални вештини кај учениците. Проектот ќе трае од мај 2026 до јули 2027 година и ќе опфати ученици на возраст од 9 до 10 години и наставници од одделенска настава кои ќе работат на критичко размислување, решавање проблеми, програмирање, сајбер безбедност и основни ...
Пензијата пристигнува, но за многумина не носи мир. Носи список. Прво аптека. Потоа маркет. Потоа сметки. Потоа пазар, ако остане нешто. И така, уште во првата недела од месецот, голем дел од пензијата веќе има адреса. За многу пензионери, денот на пензијата не е ден за радост, туку ден за пресметка. Колку за лекови? Колку за храна? Колку за струја, вода, телефон? Колку за помош на деца или внуци? Колку да остане „за секој случај“, ако ...
Деновиве до нашата редакција од повеќе граѓани стигна прашање кога ќе биде исплатена социјалната помош и зошто средствата сè уште не се легнати на сметките. За корисниците на овие права, ова не е обична административна информација, туку прашање од кое зависи секојдневното преживување, анализира Centar.mk. Последната информација од Министерството за труд и социјална политика беше дека поради реформа во системот ќе доцни социјалната помош. ...
Пресметките на економските сметки во земјоделството по постојани цени се направени врз база на препораките дадени во Прирачникот за економски сметки во земјоделството и шумарството, ревизија 1.1. и според Европската регулатива за економските сметки во земјоделството 138/2004, соопшти ДЗС. Целта на овие пресметки е да може да се направат подобри економски анализи, а потребата е да се разграничат трендовите што се однесуваат на промената на ...
Во 2024 година новосоздадени се 6 439 претпријатија, најголем дел од нив во услужните дејности, соопшти ДЗС. Во 2024 година се регистрирани 6 439 нови претпријатија, што претставува 9.3 % од вкупно активните, пазарноориентирани претпријатија во рамките на деловниот сектор.1) Во однос на 2023 година е забележано зголемување на бројот на новосоздадените претпријатија за 2.9 %. Овие претпријатија ангажираат 10 697 лица, што претставува ...
Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја заврши редовната консултација со Република Северна Македонија согласно член IV од Статутот на ММФ, при што даде позитивна оцена за спроведувањето на монетарната политика и за состојбите во финансискиот систем, соопшти НБРМ. Во својата оцена, директорите на ММФ истакнуваат дека домашната економија се соочува со неповолни влијанија од светскиот енергетски шок, што претставува ризик за ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамки на редовната консултација по член IV за 2026 година оцени дека економијата на земјата покажува отпорност и стабилност и покрај предизвиците од глобалното економско окружување, при што економскиот раст е забрзан, јавниот долг е стабилизиран, а финансискиот сектор останува силен и ликвиден, Во Извештајот на ММФ, објавен денеска се наведува дека економскиот раст во 2025 година достигна 3,5%, поттикнат ...
Инфлацијата во мај 2026 година во однос на претходниот месец е 0.6 % Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, изнесува 0.6 %. Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 1.6 %, Облека и обувки, Храна и безалкохолни пијалаци за 1.0 %, Рекреација, спорт и култура за 0.9 %, Информации и ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на одлуката од 1.6.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 3,175%, кај дизелот ...
Во понеделник Регулаторната комисија за енергетика треба да ги утврди новите највисоки малопродажни цени на горивата во Македонија. Возачите повторно ќе чекаат дали бензините, дизелот и екстра лесното масло ќе поскапат, ќе поевтинат или ќе останат на исто ниво. На светските берзи во моментов се забележува пад кај суровата нафта. Според последните достапни податоци, цената на брент нафтата изнесува околу 93,09 долари за барел, со пад од 2,38 ...
Скопје, 5 јуни 2026 година – Добро организираната кујна може да го направи секојдневното готвење значително полесно. Без разлика дали станува збор за складирање свежи намирници, подготовка на брзи вечери во текот на работната недела или чистење по семеен оброк, современите домаќинства сè повеќе бараат апарати што ги поедноставуваат домашните обврски и се прилагодуваат на начинот на кој луѓето живеат. Затоа, практичноста, флексибилноста и ...
Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, во рамките на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), коешто се одржува во Рига, оствари работна средба со директорот на ЕБОР за Југоисточна Европа, Гжегож Желињски. На средбата присуствуваше и Фатих Туркменоглу, постојан претставник на ЕБОР во нашата земја. Во текот на разговорите беше истакната досегашната соработка меѓу Народната банка и ЕБОР преку поддршката на ...
Рудник Саса и оваа година го одбележа 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина (World Environment Day 2026), реализирајќи нова едукативна и еколошка иницијатива под мотото „Пријатели на биодиверзитетот – Чувари на природата и климата“ (#3BBuddies; #BeesBugsBirdsGuardians; #SasaForNature; #WorldEnvironmentDay), насочена кон подигнување на јавната свест за значењето на биолошката разновидност, зачувувањето на природата и потребата од ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека во тек е имплементација на ново софтверско решение со кое се врши модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа. Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на ...
Цените на угостителските услуги во мај 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 2.6 %, информира Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.9 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.7 %. Цените на угостителските услуги во мај 2026 година во однос на истиот месец од ...
Вчера се одржа првиот состанок на Управниот одбор на проектот за соработка помеѓу Управата за јавни приходи и Шведската даночна администрација (Skatteverket), кој се реализира со поддршка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA). На состанокот беа разгледани привремениот извештај од почетната фаза на проектот, документите за процена на ризици, како и МЕЛ матрицата за мониторинг, евалуација и учење. Членовите на Управниот ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2026 година, изнесува 171 594.4 милиони денари и бележи пораст од 7.08 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – април 2026 година, изнесува 243 606.5 милиони денари, што е за 6.11 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година, соопшти Државниот Завод за Статистика. ...
На настанот Lazarov Awards 2026, компанијата Mozzart уште еднаш ја потврди својата голема општествена одговорност и хуманост со донација од 200.000 денари во СОС Детско Село. На самиот влез гостите ги пречекуваше хуманитарно тркало со различни парични суми, поставено од Mozzart – симбол на надеж и солидарност. Секојприсутен имаше можност да го заврти и да придонесе со своја сума, а сите собрани средства се претворија во значајна донација ...
Кога уметноста станува мост кон добрината, се раѓаат моменти што не избледуваат – моменти што оставаат трага во срцата. Проектот „Театар на хуманоста“ уште еднаш покажа дека културата не е само забава, туку сила што може да менува животи. Собраната донација од претставите беше предадена на Банка за храна, која обезбеди прехранбени производи за Порака Неготино. Таму, помошта стигна до луѓето што со трепет ја очекуваа – до оние за кои секој ...
Мерката за оддалеченост од 500 метри предвидена во новиот предлог-закон за игри на среќа не е обична просторна регулација, туку директен налог за ставање клуч на врата и затворање на легалната индустрија. Претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), Васко Илијевски, при своето гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24, предупреди дека ваквото законско решение ќе предизвика верижен економски удар, банкрот ...
Македонскиот ИКТ сектор продолжува да биде еден од најсилните двигатели на економскиот раст во државата, достигнувајќи вкупни приходи од 1,77 милијарди евра во 2025 година и извоз од 676 милиони евра, покажуваат податоците презентирани на првиот македонско-грчки „Digital Bridge & Business ICT Forum“, организиран од МАСИТ и грчката асоцијација SETPE. „Анализата на состојбите во македонската ИКТ индустрија беше презентирана од Дамјан ...
Бројот на работниците во април 2026 година, во однос на април 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.2 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 %, соопшти Државниот Завод за Статистика. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2026 година, во однос на април 2025 година, се ...
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2026 година е 3.1 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од 2026 година, поголем пораст е забележан во секторите Ѓ – Градежништво од 7.2 % и К и Л – Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 6.1 %. Финалната потрошувачка во првото тримесечје од ...
Винарската визба „Тиквеш“ доби уште едно значајно меѓународно признание за квалитетот и начинот на управување со своите лозови насади, откако лозовиот насад Лепово се стекна со „Платинест статус на извонредност“ во рамките на годишната евалуација спроведена од меѓународниот експертски тим на Perleuve, предводен од реномираниот агроном и истражувач Џовани Бигот. Во конкуренција од повеќе од 2.200 мониторирани лозови насади од Италија и ...
Владата на Република Северна Македонија на својата последна седница го усвои Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, со кој се обезбедуваат над 2,4 милијарди денари, односно повеќе од 40 милиони евра за поддршка на вработувањето, претприемништвото и развојот на човечкиот капитал. На денешната прес-конференција, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и директорот на ...
По осум успешни изданија исполнети со позитивна енергија и мотивација, РЕсет платформата на „Реплек“ на 6 јуни пристигнува во Кавадарци, продолжувајќи ја серијата настани низ земјава посветени на здравите навики, активниот животен стил и грижата за добросостојбата. Настанот ќе се реализира со поддршка и учество на фитнес инструкторите Елена Бубало и Младен Тодоровски, кои преку заеднички тренинг и мотивациска атмосфера ќе ги поттикнат ...