Македонски Телеком и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ започнуваат стратешко партнерство со кое најголемата спортска сала во земјата добива ново име и нов идентитет и станува Т Арена. Т Арената во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ наскоро ќе добие нов визуелен изглед со препознатливата магента боја на Т брендот и на надворешниот и во внатрешниот простор на салата. Телеком веќе 25 години ја поврзува Македонија преку ...

Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и годинава освоија високи признанија на еден од најпрестижните и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter World Wine Awards 2026“, потврдувајќи го континуитетот на својот врвен квалитет и меѓународна конкурентност. Во исклучително силна конкуренција од речиси 17.000 вина од 58 земји од светот, кои учествуваа на годинешното издание на „Decanter“, врвните вина на „Тиквеш“ освоија вкупно 18 медали, ...

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот 10 што се наоѓа во морскиот дел на Кипарискиот Залив, во јужниот дел на Јонското Море во Грција. Согласно договорот, Chevron ќе стекне 70% удел во концесијата и ќе ја преземе улогата на оператор, додека HELLENiQ ENERGY ќе задржи 30% од сопственичкиот удел.Со потпишувањето на новиот договор, HELLENiQ ...

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати неделно, секој четврток и недела, со што Охрид и охридското крајбрежје добиваат директна поврзаност со уште една европска дестинација. Воведувањето на оваа линија има огромно значење за развој на охридскиот аеродром, бидејќи аеродромот ...

Во 2024 година, 69 089 пазарноориентирани деловни субјекти1) реализирале промет од 2 166 693 милиони денари и генерирале бруто-додадена вредност од 497 031 милион денари, објави ДЗС. Најголем промет од 40.3 % реализирале деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало и Преработувачката индустрија од 24.2 %. Најголемо учество во вкупната додадена вредност има Преработувачката индустрија со 25.4%, а потоа следат Трговијата на ...

„И покрај добрата дигитална подготвеност на граѓаните, прифаќањето електронски плаќања кај малите трговци е ограничено и претставува голем предизвик за платниот систем во земјава.“ Ова беше истакнато од вицегувернерот на Народната банка Игор Величковски на отворањето на работилницата „Премостување на јазот кај прифаќањето на електронските плаќања од страна на трговците: Форум на засегнатите страни за заклучоците и следните чекори“, ...

Платежната недисциплина во Европа продолжува да биде сериозен предизвик за компаниите и финансискиот сектор, покажува најновата студија „Европски платежни практики 2025“ на EOS Group, спроведена меѓу 2.200 финансиски менаџери од 11 европски земји. Според резултатите, од околу 18 милијарди фактури кои секоја година се издаваат во Европа, приближно секоја четврта се плаќа со задоцнување или воопшто не се плаќа. Притоа, 19% од фактурите се ...

Цените во земјоделството во мај 2026 година, споредени со цените во мај 2025 година, бележат зголемување и кај инпутот и кај аутпутот, извести ДЗС. Во делот инпут, во мај 2026 година, во споредба со мај 2025 година, кај цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) има зголемување за 4.5 %, а кај цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) зголемувањето е за 7.6 %. Во делот аутпут, во мај 2026 ...

Деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност во 2025 година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 13 768 158 илјади денари, што е за 14.9% повеќе во однос на претходната година, објави ДЗС. Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија, најголемо учество има групата Материјали за врзување со 5 107 109 илјада денари (37.1 %), потоа следат групите Потрошено гориво со 3 101 681 илјади денари ...

Без разлика дали живеете во Германија, Швајцарија, Италија, Австрија или некоја друга европска земја, eдна работа останува иста, а тоа е врската со домот. За многумина од нашата дијаспора, редовното испраќање средства до семејството, штедењето за идни планови во Македонија или едноставното управување со личните финансии од далечина е дел од секојдневието. Токму затоа, изборот на банка која нуди сигурни, едноставни и современи услуги станува ...

„Сите земји, без оглед на нивната големина, се соочуваат со истиот предизвик – да изградат институции во кои граѓаните ќе имаат доверба низ генерации, а централните банки имаат важна улога во зачувувањето на стабилноста на домашната валута“. Ова беше една од главните пораки на трибината што се одржа во Музејот на Народната банка, во организација на Народната банка, Амбасадата на Швајцарија и Швајцарската комора во Северна Македонија. На ...

Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Бразил. Поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса ( птичји грип) во земјава, пратката со змрзнатото пилешко месо е одбиена, бидејќи истата била ...

Magenta Moments, програмата за подароци, попусти и поволности за корисниците на Телеком, ја освои златната награда во категоријата „Global Loyalty Program“ на престижните Loyalty360 Awards 2026. Ова признание е едно од најзначајните во индустријата за корисничко искуство и лојалност и се доделува на компании коишто поставуваат нови стандарди во градењето долгорочни односи со своите корисници преку иновативни и ефективни програми. Наградата ...

На 16 јуни 2026 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор на Народната банка за поставеноста на монетарната политика. На седницата беше одлучено основната каматна стапка да се зголеми за 0,25 процентни поени, односно од 4% на 4,25%. Одлуката се заснова на најновите податоци и информации и согледувањата за ефектите врз домашната економија од светските случувања. Во однос на сегментите коишто се клучни за монетарната политика, од ...

„Реплек“ АД денеска беше домаќин на амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Северна Македонија, Н.Е. Метју Лосон, кој оствари работна посета на компанијата и се запозна со нејзините производствени капацитети, развојни планови и извозни активности. За време на посетата, менаџерскиот тим и генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски, ги презентираа резултатите од развојот на компанијата во изминатите 80 ...

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2%. Одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со првиот квартал од 2026 година. Оваа стапка ќе важи од третото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски ...

Владата на Северна Македонија ризикува загуби од над една милијарда евра поради непочитување на стекнатите права на приватните организатори на игри на среќа и нивните доделени лиценци. Приредувачите ја поздравуваат одлуката да се одржи јавна расправа за Предлог-законот за игрите на среќа, којшто се заканува да ја урне регулираната индустрија и да ја внесе во црните текови. Предлог-законот за игрите на среќа сериозно се заканува да загрози 80 ...

Министерство за финансии денеска исплати 2.028.714.243 денари субвенции за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година, средства наменети за 15.144 тутунопроизводители. Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност. Преку редовна и ...

Народната банка во соработка со Светската банка одржаа работилница за банките и другите даватели на платежни услуги и релевантните државни институции во земјава посветена на воведувањето на инстант плаќањата засновани на платформата на клонот на ТИПС. Работилницата е дел од постојаните активности на Народната банка за подготовка на целата платежна заедница во земјава за воспоставување на националниот систем за инстант плаќања и за ...

На 18 јуни 2026 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка. На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Поширок поглед врз стабилноста на банките: Дали нефункционалните кредити се значајни за земјите во развој?“, од авторите, проф. д-р Бесиме Зибери и д-р Артина Беџети Бафтијари. По презентирањето на трудот e предвидена дискусија. Клубот на истражувачите на ...

Во рамки на кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“, Лидл Северна Македонија започнува со реализација на караван кој во текот на јуни ќе посети шест градови низ државата. Првата средба со заинтересираните кандидати ќе се одржи утре, 16 јуни, во 11.00 часот во „Штип Сити Мол“ во Штип. Преку караванот, заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за отворените работни позиции во логистичкиот центар на Lidl во Куманово, ...

Со 21 нова награда освоени на три престижни меѓународни вински натпревари – Balkans International Wine Competition 2026, Vinarium International Wine Contest 2026 и Concours Mondial de Bruxelles 2026 – Винарската визба „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди својата позиција како најнаградувана винарница во Југоисточна Европа и еден од најуспешните амбасадори на македонското вино на светската сцена. На годинешното издание на Balkans International Wine ...

Делегација од Управата за јавни приходи предводена од директорката м-р Елена Петрова, оствари работна посета на Даночната управа на Црна Гора, со цел размена на искуства и зајакнување на регионалната соработка во процесот на модернизација на даночните администрации. Во текот на средбата, претставниците на двете институции разговараа за клучни прашања кои се од важност на современите даночни администрации, вклучувајќи ја дигитализацијата на ...

Прометот од продажбата на услугите е намален за 1.8 % во првото тримесечје од 2026 година во однос на истото тримесечје од претходната година, информира ДЗС. Во првото тримесечје од 2026 година, во однос на истото тримесечје од 2025 година, најголемо зголемување на прометот во услугите од 5.5 % има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а најголемо намалување од 4.8 % во секторот Трговија на големо и трговија на мало; ...

Извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија, 2025 година. Во 2025 година, индивидуалните сопственици извршиле градежни работи во вредност од 16.2 милијарди денари и завршиле 2 518 станови Во 2025 година индивидуалните сопственици извршиле градежни работи во вредност од 16 221 364 илјади денари. Во текот на 2025 година се градени вкупно 2 113 објекти и завршени се вкупно 2 518 станови со ...

Апликацијата „Мој ДДВ“, преку која граѓаните ги скенираат фискалните сметки за поврат на дел од платениот ДДВ, повторно се соочува со технички проблеми. Според реакции на корисници, системот не функционира веќе неколку дена, а при обид за скенирање на сметка се појавува порака дека нема конекција со Управата за јавни приходи. Проблемот предизвика реакции кај граѓаните, особено затоа што апликацијата се користи масовно и е директно поврзана ...

Регулаторната комисија за енергетика утре се очекува да ја одржи редовната пресметка за малопродажните цени на нафтените деривати, по што ќе биде познато дали од полноќ ќе има ново поскапување, поевтинување или цените ќе останат непроменети. Одлуката доаѓа во период кога движењата на светските берзи и понатаму се нестабилни, а цените на суровата нафта остануваат високи. Според последните берзански податоци, Брент нафтата се движи околу 87 ...

Планираните законски решенија ги загрозуваат стекнатите права на легалните приредувачи, што ќе доведе до повеќемилионски загуби на државата по основ на исплата на отштети Усвојувањето на новиот закон за игри на среќа може да доведе до сериозен удар на државната каса и загуби во буџетот за кои се проценува дека вкупно можат да достигнат и до милијарда евра! Стапувањето во сила на планираните измени би предизвикало затворање на 800 уплатни ...

Планираните законски решенија ги загрозуваат стекнатите права на легалните приредувачи, што ќе доведе до повеќемилионски загуби на државата по основ на исплата на отштети Усвојувањето на новиот закон за игри на среќа може да доведе до сериозен удар на државната каса и загуби во буџетот за кои се проценува дека вкупно можат да достигнат и до милијарда евра! Стапувањето во сила на планираните измени би предизвикало затворање на 800 уплатни ...

– Ве информираме дека апликацијата МојДДВ моментално функционира со повремени забавувања. Нашите тимови активно работат на утврдување на причините и на надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено функционирање, сопшштија од УЈП. Ви благодариме за трпението, разбирањето и довербата, велат од УЈП. – Ве информираме дека апликацијата МојДДВ моментално функционира со повремени забавувања. Нашите тимови ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Бакар

12.58