На 12 мај, со почеток од 9 часот, во Мериот Хотел во Скопје ќе се одржи првата македонска конференција за „фриленсери“. Целта на “1st Freelance Conference” е да го поддржи дополнителниот развој на „фриленс“ еко-системот, да одговори на најважните прашања со кои се соочуваат активните чинители во фриленс-заедницата и дополнително да мотивира активно вклучување во глобалната фриленс економија. Конференцијата се ...

Доларот денеска малку се повлече од својот 20-годишен максимум, но април сепак ќе заврши со највисок месечен раст во последната деценија, поттикнат од облозите на играчите на пазарот дека референтните каматни стапки во САД значително ќе се зголемат, но и поради нивната загриженост за економскиот раст во Европа и Кина. Американската валута растеше секоја недела во април, зголемувајќи се на повеќе од 130 јени во однос на нејзиниот јапонски ривал ...

По испорачаните прототипови и нулта серија, за само неколку месеци, „Брако“ започнува со сериско производство и неделни испораки на шасии за мини дампери наменети за австрискиот пазар Современата производна опрема, инженерските решенија, менаџерското искуство, како и прецизно дефинираните технолошки постапки, се клучни за стартот на новиот производствен проект во „Брако“. Металните конструкции (шасии) за мини дампери, ...

Вкупните депозити во март, се намалени за 1,7 отсто на месечно ниво, како резултат на падот на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, покажуваат најновите податоци на Народната банка за монетарните движења. На годишно ниво, вкупните депозити бележат раст за 3,5 отсто, којшто во услови на зголемување на депозитите кај двата сектора, е поизразен кај секторот „домаќинства“. „Во ...

„Во услови на воена криза и отежнато движење на стоки и услуги што креираше нови услови во меѓународната трговија, како компанија бележиме раст на приходите од продажба на странски пазари од 3,7 отсто. Тоа е навистина оптимистички сигнал, кој ни дава за право да се фокусираме на реализација на нашите планови и покрај пречките кои се реални, а произлегуваат од нестабилноста на пазарите“, вели претседателот на Управниот одбор и главен ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука според која цената на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 како и на еуродизел (Д-Е V) и на мазутот М-1 НС не се менуваат. Согласно одлуката, ќе се зголеми само малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 2 денара по литар. Така, од 21.4.2022 година на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Бензин еуросупер БС-95 81,50 ...

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец април 2022 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 21.04.2022 година кои треба да обезбедат пензионерите да може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.04.2022 година. Со оваа информација Владата им ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,90 % во однос на одлуката од 11.04.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се ...

Денес ќе биде формирана новата цена на горивата во Македонија. Новите цени треба да бидат утврдени на редовната седница на Регулаторната Комисија за Енергетика. Во моментов горивата се точат по следниве цени Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,50 (денари/литар); ...

Одлуката на Народната банка да ја зголеми основната камата за 0,25 процентни поени е донесена како превентивна реакција на нагорното поместување на инфлациските очекувања. Засега нема поизразени ценовни притисоци од страна на побарувачката, за којашто впрочем има и надолни ризици како резултат на војната во Украина. И со корекцијата, основната камата останува на едно од историски најниските нивоа од 1,5% и всушност сѐ уште е под нивото од пред ...

Русија можеби веќе банкротирала бидејќи не ги сервисира своите доларски обврзници во време на западни санкции поради војната во Украина, објави компанијата за кредитен рејтинг на обврзници „Мудис“ (Moody’s), што не се случило од годините веднаш по Октомвриската револуција во 1917 година. На 4 април, Русија изврши исплати за две државни обврзници – со рок на доспевање во 2022 и 2042 година – во рубли, а не во долари. ...

Народната банка презема мерки за покачената инфлација. Завчера на седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, одлучиле да се зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени. Досега каматата на благајничките записи односно основната камата беше 1,25 процентни поени, а со зголемувањето ќе биде 1,5 отсто. „Тоа е пред се како превентивен одговор на растечките инфлациски очекувања, во ...

Цените на нафтата паднаа во четвртокот на меѓународните пазари на 107 долари во мирното тргување пред Велигденските празници, бидејќи неочекувано силниот раст на залихите во САД го турна во втор план намаленото снабдување. На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 1,52 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 107,26 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше за 1,38 долари пониско, по 102,87 долари. „Пазарот ...

Во центарот на вниманието на монетарната политика мора да е одржувањето на ценовната стабилност, а со тоа и на вкупната макроекономска стабилност, коишто се најдобриот придонес што таа може да го даде за економијата. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на панел-дискусијата „Задржување на домашниот раст сред постпандемично врамнотежување, ценовни притисоци и војна во Украина“ во рамките ...

Нафтениот пазар од утрово е во пораст. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар е 105 долари за барел, што е прилично промена во однос на вчерашниот ден кога цената на барелот изнесуваше само 100 долари. Цената на барел нафта на американскиот пазар е 100 долари. Пред околу еден месец, барел вредеше и до 130 долари. Цената тогаш падна на околу 120 долари и континуирано е во минус во последните десет дена, до денес. Биткоин утрово 40.000 долари ...

Отмар Исинг, познатиот прв главен економист на Европската централна банка (ЕЦБ), кој важи за еден од татковците на еврото, е многу загрижен поради реакцијата на ЕЦБ на растот на цените. 86-годишникот кој го основаше заедничкото централно банкарство на Европската унија вели дека ЕЦБ „погрешно ја дијагностицирала“ инфлацијата и им вели на денешните носители на одлуки и експерти на ЕЦБ дека „живеат во фантазија“ додека ...

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.04.2022 година и со тоа малопродажната цена на н ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 80,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со ...

Нафтените компании оствариле профит од околу три милијарди евра во Европа од почетокот на војната во Украина, се наведува во извештајот објавен од Гринпис, пренесува порталот ЕУ Обсервер. Помеѓу јануари и март, цените на суровата нафта се зголемија за околу 19,38 центи по литар, што ги натера активистите да бараат даноци на неочекуваните добивки и истраги за потенцијално местење на цените, според извештајот на Гринпис објавен во четвртокот. ...

„Газпром“ вообичаено продолжува да испорачува руски гас во Европа преку украинска територија, изјави денеска портпаролот на руската компанија Сергеј Купријанов. „Газпром“ вообичаено испорачува руски гас преку украинска територија, во согласност со барањата на европските потрошувачи, односно 79,6 милиони кубни метри, изјави за новинарите Купријанов. Оваа количина испорачан гас е помала од предвидената со долгорочната ...

Земјите на ЕУ забранија минување на камиони регистрирани во Русија и Белорусија, поради санкциите, соопшти Федералната царинска служба на Русија. Новите санкции влијаеја на забраната за товарен сообраќај во ЕУ, вклучително и транзит. Сега возилата со руски и белоруски регистарски таблички нема да можат да превезуваат стока на територијата на земјите од ЕУ, објави Спутник. Според достапните информации, камионите кои моментално превезуваат ...

Според најновата листа на Форбс, американскиот милијардер Илон Маск дополнително го зголемил своето богатство кое сега се проценува на 282 милијарди долари, што е за речиси 100 милијарди долари повеќе од основачот на „Амазон“, Џеф Безос. Богатството на Безос се проценува на 183,6 милијарди долари, објави Дејли мејл. Сопственикот на „Тесла“ и „Спејс Икс“ заработил најголем дел од своето богатство од почетокот ...

Брзиот пораст на цените на гасот, струјата и горивата се повеќе го загрозува животниот стандард на граѓаните, па земјите-членки на ЕУ бараат од Брисел заедничко решение за намалување на трошоците за енергија. Предложени се повеќе форми на поддршка и за граѓаните и за бизнисите. Грција, на пример, е за ограничување на цените на ниво на Унијата. Грците се соочуваат со највисоките цени на енергијата во последните четири децении. Дериватите ...

Нова цена на горивата ќе биде утврдена утре, на состанокот на Регулаторната Комисија за Енергетика. Редовниот состанок се оддржува секој понеделник, а податоците за новите цени се објавуваат напладне. На светските берзи, цената на нафтата е значително намалена во однос на минатиот период и суровата нафта од типот брент изнесува 102.8 долари за барел, додека трае подготовката на текстов. Цената на вти круд е 98 американски долари. Во моментов ...

До крајот на годината се очекува поскапување на различни прехранбени производи, а американското Министерство за земјоделство во својата прогноза наведе за која храна станува збор. Според Стејт департментот на САД, цените на храната во февруари 2022 година биле за 7,9% повисоки отколку во февруари 2021 година, а како главна причина за зголемувањето на цените се наведува конфликтот во Украина. Поради пореметувања во синџирот на снабдување, но и ...

Цените на нафтата дополнително паднаа во петокот и би требало да загубат околу три отсто од почетокот на неделата, бидејќи планираното лансирање на 240 милиони барели на земјите -потрошувачи од залихите ја отстрани загриженоста за намаленото снабдување од Русија поради санкциите на Западот. Терминските договори на суровата нафта брент паднаа за 55 центи, или 0,6 отсто, на 100,03 долари за барел, откако во раните утрински часови поскапе за повеќе ...

Нови цени на гoривата ќе има од полноќ. РКЕ новите цени треба да ги соопшти по одржаниот состанок, кои ќе важат од вечер од полноќ, по што дополнително ќе информираме. Моментално, ова се цените на нафтените деривати: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,00 ...

Шпаркасе Банка АД Скопје објавува дека, во согласност со промените во Управниот одбор планирани во текот на Проектот за интеграција со Охридска банка АД Скопје, Глигор Бишев ќе го искористи своето право на пензионирање и ќе замине од позицијата претседател на Управниот одбор заклучно со 30.4.2022 година. Глигор Бишев ја водеше Шпаркасе Банка АД Скопје од почетокот на 2013 година и за време на неговиот мандат Банката го зголеми и го стабилизираше ...

Членките на Европската Унија синоќа одобрија нови санкции против Русија, кои вклучуваат ембарго за увоз на руски јаглен, дрва и вотка. Санкциите се однесуваат и на замрзнување на средствата на неколку руски банки, продолжување на забраната за извоз на оружје и други видови извоз во вредност од околу десет милијарди евра. Европската комисија ги предложи новите санкции по фотографиите од киевското предградие Буча. Членките на состанок на ...

Албанија ќе дозволи легална употреба на канабис за медицински цели, потврди во четвртокот албанскиот премиер Еди Рама. Рама на прес-конференцијата зборуваше за резултатите од иницијативата „Национална конференција“ на која неколку месеци се бараше од граѓаните да дадат свое мислење за различни теми. „Ќе продолжиме како што велат граѓаните. Апсолутно ќе го легализираме канабисот за медицинска употреба и ќе отвориме нов фронт за ...

Неколку дена откако Литванија објави дека целосно го прекинала увозот на руски гас, друга балтичка држава, Естонија, начелно реши да го стори истото. Владата во Талин вели дека има за цел да го прекине увозот на руски гас навреме за почетокот на „грејната сезона“ наесен. Министрите велат дека се договориле со Финска за закуп на пловечки терминал за да се дозволи увоз на течен природен гас (ЛНГ). „Денес решивме да престанеме да ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
4.63
30%
1017
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.09
44%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
64%
1020
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
44%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.58
40%
1018
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.54
87%
1021
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
5.66
21%
1011
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
60%
1014
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
5.14
27%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
7.2
51%
1019
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
3.09
44%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
69%
1016
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315