Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година со кој се обезбедуваат повеќе средства за развој и капитални инвестиции, поддршка на земјоделството, социјалната заштита, општините и реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето по предлогот истакна дека тој претставува навремено и одговорно ...

Атлантик Група во првите шест месеци од 2026 година оствари приходи од продажба во износ од 618,8 милиони евра, што претставува раст од 10,6 проценти во однос на истиот период минатата година, потврдувајќи ја отпорноста и флексибилноста на својот деловен модел во динамичниот пазар. Компанијата бележи и значителен раст на добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) која достигна 59,1 милиони евра, што е зголемување за 16,7 проценти, ...

Во мај 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 479 603 МWh електрична енергија, 4.463 мил. нм3 природен гас, 264 997 тон јаглен и 78 468 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.5 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, соопшти ДЗС. Во мај 2026 ...

Регулаторната комисија за енергетика денес треба да расправа за предлог-зголемување на цената на парното греење од 7,7 проценти. Предлогот предвидува цената да се промени од 2,6 на 2,8 денари за киловат-час. Пресметката е подготвена врз основа на дел од прифатените барања на компаниите што произведуваат и испорачуваат топлинска енергија. Одлуката треба да биде донесена до крајот на јули, а новата цена евентуално би важела од 1 август. ...

Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од истите, Управата за јавни приходи спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност. Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети – апартмани, станови, ...

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, на вчерашната конференција за печатот посветена на монетарната политика, одговарајќи на новинарско прашање, го истакна проектот за воспоставување регионална инфраструктура за инстант плаќања на Западен Балкан и го потврди очекуваното приклучување на Северна Македонија кон платформата клонот на ТИПС. Во своето обраќање, претседателката Лагард посочи дека по успешното ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2026 година, изнесуваше 49 544 денари, соопшти Заводот за статистика. Во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.2 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со ...

EOS Group ја заврши деловната 2025/26 година со силни финансиски резултати, рекордно ниво на инвестиции и значајни достигнувања во областа на одржливоста, потврдувајќи ја својата позиција како еден од водечките европски инвеститори во професионалното управување со побарувања. Компанијата во текот на годината инвестираше една милијарда евра во портфолија на побарувања, го зголеми оперативниот профит и доби златен медал од EcoVadis за своите ...

Наместо 2-ри август кој доаѓа во недела по повод Празникот Илинден, неработен ќе биде понеделник 3-ти август со што сите граѓани добиваат продолжен викенд. Подоцна за граѓаните од православна вероисповед следува празникот Успение на Пресвета Богородица кој се паѓа во петок, со што за голем дел од граѓаните се создава уште еден продолжен викенд. Во септември пак имаме важен неработен ден по повод Независноста и тоа на 8-ми септември кој се ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.07.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ...

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) беше домаќин на претставници на Институтот на сметководители и ревизори на Косово (SCAAK), при што се одржа заедничка средба на двете професионални организации. Средбата беше посветена на размена на искуства и добри практики, презентација на тековните активности на двата института, како и разгледување на можностите за развој на заеднички иницијативи во областа на едукацијата, ...

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,9%, при раст на депозитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,1%, како резултат на зголемените кредити на двата сектора, со поизразен придонес на кредитите на корпоративниот сектор. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,9%, при раст на депозитите на двата сектора, ...

Регулаторната Комисија за Енергетика се очекува во текот на денов да ги објави новите цени на горивата во Македонија. На светските берзи нафтата од типот брент се продава за 88 долари за барел, додека вти круд за 81 долар. ЕУРОСУПЕР БС – 95 87 ден/л ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88 ден/л ЕУРОСУПЕР БС – 98 89 ден/л ЕКСТРА ЛЕСНО 1(ЕЛ-1) 86 ден/л Регулаторната Комисија за Енергетика се очекува во текот на денов да ги објави новите цени на горивата во ...

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвиненија против вкупно шест лица за повеќе дејствија на продолжени кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични податоци од член 149 и Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик. Против вкупно 33 лица е поднесен Предлог за издавање казнен налог до надлежен суд за кривично дело – Компјутерска измама од член 251-б став 1 во ...

Пензионерите повторно се во центарот на вниманието, откако во јавноста се отвори прашањето за следното покачување на пензиите. По претходните линеарни зголемувања, новото усогласување треба да се направи во септември, а точниот износ ќе зависи од законската пресметка и економските параметри, пишува Centar.mk. Според последното зголемување беше линеарно и тоа од 1.000 денари, додека за септември се најавува законско усогласување кое допрва ...

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески ги поздрави студентите практиканти кои започнуваат со практична работа во институцијата посакувајќи им успешен почеток и можност за стекнување нови знаења и практични искуства. Средбата се одржа во Музејот на Народната банка, во годината кога се одбележуваат 80 години централно банкарство – јубилеј којшто го отсликува долгогодишниот придонес на институцијата во градењето на довербата во ...

Прометот во индустријата, вкупно, во мај 2026 година во однос на мај 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Капитални производи за 5.3 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.7 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.5 %. Прометот во индустријата, вкупно, во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, бележи опаѓање ...

Владата на последната седница ја усвои Стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава за период 2026-2030 година. Стратегијата е подготвена согласно преземените обврски во однос на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) во рамки на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, кое опфаќа: јавна внатрешна финансиска контрола, надворешна ревизија, заштита на финансиските интереси на ЕУ и ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,59% во однос на одлуката од 06.07.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,467%, кај дизелот ...

За 2025 година, Управата за јавни приходи генерираше 863.100 Годишни даночни пријави (ГДП) кои се достапни преку системот е-Даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk. Од нив, 704.443 се достапни на корисничките профили во системот е-Даночни услуги, додека останатите се однесуваат на лица кои сè уште немаат регистриран кориснички профил на порталот и не можат да извршат увид во ГДП, со цел да ги проверат податоците и да го преземат налогот за ...

Во мај 2026 година, од вкупниот број туристи, 19.0 % се домашни, а 81.0 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во мај 2026 година изнесува 236 727, од кои 24.2 % се од домашните туристи, а 75.8 % од странските туристи, соопшти Државниот Завод за Статистика. Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.6 %, односно кај домашните туристи има намалување ...

По повод Денот на Никола Тесла, ЕВН Македонија организираше едукативна посета на изложбата „20 години ЕВН Македонија – 20 години полни со енергија“ за група деца во Чифте амам. Најмладите имаа можност да откријат интересни факти за електричната енергија, да дознаат кој бил Никола Тесла и да научат повеќе за електричната енергија, нејзиниот пат од производство до домовите и колку е важна во секојдневниот живот, разгледувајќи фотографии и ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“, д-р Гоце Божиновски, извршија увид во работењето на еден од најзначајните хидроенергетски капацитети во државата и разговараа за идните инвестициски активности и развојните планови. Во фокусот на работната средба беа производните резултати, реализацијата на планот за ...

Денеска напладне се очекува објава на новите цени на горивата во Македонија, по завршувањето на седницата на РКЕ. Во моментов на светските берзи нафтата од типот брент се продава за 77 долари побарел, додека вти круд за 73 долари по барел. Во моментов во земјава се точат горивата по следниве цени: ЕУРОСУПЕР БС – 95 85.5 ден/л ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82.5 ден/л ЕУРОСУПЕР БС – 98 87.5 ден/л Денеска напладне се очекува објава на новите цени на ...

Халкбанк, банката што посветено и постојано ја поддржува културната и музичка сцена на нашите простори, ова лето ја продолжува својата поддршка и партнерство со многубројни културни настани и иницијативи. Официјално, оваа музичка и културна програма Халкбанк ја започнува со поддршката на филмскиот фестивал Ohrid Beach Film Fest, кој ќе започне на 22 јули, а во текот на летото ќе следуваат и голем број партнерства со различни културни и ...

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) го поздравува зголемениот интерес на младите за образование во областа на сметководството. По зголемениот број запишани студенти на катедрите за сметководство и ревизија во изминатата година, годинава е евидентен и пораст на интересот кај средношколците, при што во првиот уписен рок во повеќе средни економски училишта се исполнети предвидените места во сметководствената област. ...

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 07/2026, во која се опфатени долгови доспеани до 31 март 2026 година, а неплатени до 30 јуни 2026 година. Станува збор за обврски по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На листата се објавуваат физички лица и самостојни вршители на дејност со долг повисок од 120.000 денари, како и правни лица со ...

Енергетската независност е предуслов за економски развој, национална сигурност и стабилност. Држава што произведува сопствена енергија, располага со сигурни извори на снабдување и е поврзана со повеќе енергетски пазари е држава што може самостојно да ја планира својата иднина, подобро ги штити своите граѓани од глобалните енергетски кризи и создава посилна и поконкурентна економија, соопштија од Министерство за енергетика, рударство и ...

Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор и модернизирана регулаторна рамка усогласена со европските стандарди се клучните новини што ги носат измените на Законот за финансиски лизинг. Измените усвоени од Собранието, претставуваат еден од осумте чекори што Министерството за финансии ги реализира во рамки на Реформската агенда. Новите законски решенија се однесуваат на условите за основање и работење на ...

Автонова официјално ја претстави глобалната технолошка автомобилска марка Leapmotor, во годината кога семејниот бизнис одбележува значајни јубилеи и три децении присуство во автомобилската индустрија. Од Автонова истакнаа дека низ сите овие години останале верни на филозофијата – врвната послепродажна поддршка и грижа за клиентите се подеднакво важни како и самите автомобили. „Leapmotor за нас не е само нова марка во нашето портфолио. Тоа е ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25