
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Пелетите не се атрактивни за македонските граѓани откако нивната цена за вреќа од 15 килограми стигна и до речиси шестотини денари. Високите цени минатата година ги натераа граѓаните да се снаоѓаат како знаат и умеат, па така најголем дел од нив се префрлиле на користење на инвертер клими и дрвја. Според моменталните цени тие се околу 360-380 денари за вреќа, но ретко кој купува, велат продавачите. – Оние што одлучија оваа година да се греат тоа ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска се очекува да ја определи новата цена на бензинот и дизелот во Македонија. Моментално на светските берзи има покачување на суровата нафта, па така барел од типот бренд сега изнесува 84 долари. Во моментов ова се цените на горивата: Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,00 (денари/литар); Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,50 (денари/литар); Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 81,00 ...
ЕВН Македонија ја продолжува традицијата на донации за време на Новогодишните празници. Компанијата обезбеди пакети со храна кои ги донираше на Македонската православна црква (МПЦ), Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква во Скопје. Преку хуманитарните организации, „Свети Спас“,„Хилал“ и Скопската бискупија, истите ќе бидат распоредени низ целата држава. Преку новогодишните донации, ЕВН Македонија како одговорна компанија се труди ...
Добиј дополнителен почетен кредит со секоја нова mSTART картичка и подготви се за одлична забава во празничните денови со новата промотивна понуда од МТЕЛ. Во пресрет на празниците МТЕЛ ја дополни својата одлична понуда кон припејд корисниците доделувајќи им екстра почетен кредит. До 31 декември сите оние кои ќе се подноват со mSTART припејд картичка од МТЕЛ ќе добијат повисок почетен кредит. Со секој mSTART 14 картичка наместо досегашните 50 ...
Годишен раст од 5,0% на вкупните депозити и од 9,6% на вкупната кредитна поддршка во ноември 2022 година. На годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 5,0%, при зголемување на депозитите кај двата сектора, а поизразено кај секторот домаќинства. На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,6%. Зголемување на кредитната поддршка и на населението и на корпоративниот сектор, при подинамичен раст на кредитирањето на корпоративниот ...
На седницата, на предлог на Министерството за труд и социјална политика е усовена Информацијата за исплата на пензиите за месец декември 2022 година и е задолжен Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.12.2022 година. Се препорачува на деловните банки, да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со декемвриските пензии преку мрежата на ...
Министерството за транспорт и врски го објави јавниот повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за периодот 2023-2025 година. Новитет е што на повикот може да се изберат повеќе авиокомпании, а за 2023 година во буџетот се предвидени 1,1 милион евра за оваа намена. На денешната прес-конференција министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ги презентира критериумите наведени во јавниот повик. „Заинтересираните авиокомпании да ...
Бројот на молзни крави во земјава во текот на идните месеци ќе се зголеми за нови 500 висококвалитетни јуници, а како резултат на инвестицијата која ја прави Бимилк заедно со своите кооперанти. Во рамките на оваа соработка во набавката на новите грла, водечката компанија во млечната индустрија ќе субвенционира најголем дел од набавната вредност на грлата, а за остатокот ќе овозможи бескаматен кредит со рок на отплата од 5 години. Јуници ќе бидат ...
Народната банка на Република Северна Македонија и Сојузот на математичари на Македонија склучија Меморандум за соработка во доменот на финансиската едукација, за потребите на Македонската економска олимпијада којашто се организира за првпат. Македонската економска олимпијада ќе се одржи во мај 2023 година, по што најуспешните ученици ќе се натпреваруваат на финалето на Меѓународната економска олимпијада, на крајот на јули 2023 година. Народната ...
АД ЕСМ на 19.12.2022година произведе 16.178 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Во Термоелектраните произведени се 12.211 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.967 MWh. Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.120 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, ...
Оваа година К-15 треба да биде 12.740 денари и мора да се исплати до крајот на месецов. Казните за фирмите се високи. Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени лица кои имаат остварено најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавачот во тековната година, без разлика дали вработениот е пријавен во компанијата на неопределено или определено време. Регресот за годишен одмор е поврзан со ...
АД ЕСМ на 12.12.2022 година произведе 15.179 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Во Термоелектраните произведени се 12.933 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.246 MWh. Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 850 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, ...
„Голдман Сакс“ очекува златото, со неговите реални двигатели на побарувачката, на долг рок да го надмине високо испарливиот биткоин. Помалку е веројатно дека златото ќе биде засегнато од построгите финансиски услови, што го прави „корисна алатка за диверзификација на портфолиото“, особено затоа што е развиена нешпекулативна употреба на златото, додека биткоинот се користи за шпекулации, соопшти „Голдман“. Анализата на „Голдман“ заклучи дека ...
Кина планира пакет помош во вредност од повеќе од 135 милијарди евра за да ја развие својата полупроводничка индустрија, соопштија три извори. Пекинг планира да одобри еден од своите најголеми фискални стимулативни пакети за пет години, главно преку субвенции и даночни олеснувања за да го поттикне производството и истражувањето на полупроводници, велат изворите. Планот, кој како што велат би можел да се реализира веќе во првиот квартал од ...
Во услови на светска криза, со зголемен буџет за земјоделскиот сектор ја обезбедуваме сигурноста на населението дека храна ќе има доволно, преку зголемено производство. За да ја постигнеме таа цел во 2023 стартуваме со најголемата земјоделска реформа во историјата која претставува еден од петте столбови на кои се темели новиот буџет. За прв пат во историјата започнуваме нов модел на субвенционирање и авансна исплата на субвенциите. Обезбедени се ...
Деновиве се појавија повеќе информации дека Французинот Бернар Арно, сопственик на голем број врвни модни брендови, меѓу кои и Луј Витон (ЛВ), стана најбогатиот човек на светот, со што го престигна основачот на Тесла и новосоздадениот сопственик на Твитер. , контроверзниот Илон Маск. Тоа навистина се случи, но ситуацијата на врвот на најбогатите се менува од ден на ден, поради честите промени на вредноста на проценетото богатство на најбогатите ...
Вчера, според податоците на веб-страницата Windeurope.org, Црна Гора била на врвот на листата на европски земји според процентот на енергија добиена од ветерните електрани, пренесуваат црногорските медиуми. На 9 декември, два црногорски ветерни електрани, Можура и Крново, исполнија 35 отсто од вкупните потреби за електрична енергија на Црна Гора, пренесува РТЦГ. VindJurop е здружение за енергија на ветер во Европа, чии членови се националните ...
За околу 10 дена во хрватското Министерство за економија и одржлив развој ќе бидат отворени понуди за енергетски капацитети на подрачјето на општина Проложац. Станува збор за вкупно 3,7 милиони квадратни метри, или 370 хектари (ха) земјиште погодно за инсталирање соларни централи. Ова би можело да ја направи оваа област една од најголемите соларни централи во светот. За споредба, веројатно најголемата електрана во светот Енел Груп Вилануева во ...
Со свечено сечење на лента и преку целодневна музичка програма и активности за сите генерации, денеска беше официјално отворен првиот трговски центар во Источна Македонија – Штип Сити Мол. Голем број на посетители од целиот регион дојдоа да го посетат трговскиот центар и да се запознаат со неговите содржини. На вкупна површина од 12.780м², распоредени на 5 нивоа, Штип Сити Мол нуди тематски разновидни содржини и услуги кои ја заокружуваат целата ...
К-15 мора да исплатат сите компаниите за сите свои вработените. Некои вработени веќе го добија регресот од своите работодавци, но тие се во многу помал број, а најзначајните исплати се очекуваат во деновите пред нас. Доколку на пример работникот е пријавен на половина работно време (20 часа неделно), му следуваат најмалку 10 работни дена годишен одмор (член 48, став 4 од Законот за работни односи) и исплата на половина износ од утврдениот ...
По последните промени на цените на горивата во земјава Македонија се најде меѓу земјите со најниска цена на горивата во цела Европа. Цеентар.мк анализира деа можеби ова е и причината што голем број на граѓани од Албанија, Грција, Србија и Бугарија кои се во близина на граничните премини ги запоседнаа нашите бензински пумпи. Во Македонија во моментов бензинот 95 се точи за 77,50 денари, еуросупер 98 за 79, 50 денари, а дизелот за 79,50 денари. ...
Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ ќе прекине да сообраќа на авионски линии од Скопје и од Охрид до четири европски градови. Авионите на оваа компанија нема да летаат од Скопје кон Финска, односно, Турку и Билунд, и линијата до Турин, а се укинува и линијата Охрид-Фридрихсхафен. Летовите за Турку беа воведени во 2019 година, додека за Билунд во декември минатата година. Освен што оваа авиокомпанија укинува летово од Скопје, ќе бидат прекинати ...
Деновиве во поголемите ланци на маркети сме сведоци на намалување на цените на производите, па така леб може да се најде од 37-40 денари, маслото за јадење е околу 110-115 денари што е драстично поевтино од изминатиот период кога лебот достигна и 60-70 денари, а маслото 160 денари за литар. Се намалуваат и цените на млечните производи. Во продавниците веќе може да забележиме намалени цени на свежото месо, но и значително намалување на ...
Од овој месец илјадници граѓаните ќе добијат помош за да се справат во кризата до 3.000 денари месечно во наредните 4 месеци. Согласно законот опфатени се: корисници на право на социјална сигурност на стари лица, корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок ...
Неограничен интернет, 5G, зголемени субвенции за мобилни услуги и A1 Combo Business поволности со A1 NET PROTECT 24 месеци без надомест Скопје,9.12.2022г.- А1 Македонија со огромно задоволство го најавува новото портфолио за мобилни услуги за деловните корисници A1 Business Pro, кое нуди комплетно решение за сите компании и низа атрактивни поволности. “Свесни за потребата на компаниите за стабилност во поврзувањето и неограничена комуникација за ...
ЕСМ произведе 13.766 MWh електрична енергија, потребите на домаќинствата и малите потрошувачи се целосно задоволени со сопствено производство АД ЕСМ на 08.12.2022 година произведе 13.766 MWh електрична енергија, од кои 11.203 MWh од термоелектраните и 2.563 MWh од хидроелектраните и Ветерниот парк Богданци. АД ЕСМ со сопственото производство целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи во изминатото деноноќие, како и ...
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, традиционално присутна на саемот за туризам во Измир, Турција “TRAVEL TURKEY İzmir”. Саемската манифестација се одржува од 8-ми до 10-ти декември 2022 година, во организација на TÜRSAB – Здружението на турски туристички агенции и İZFAŞ, под покровителство на Република Турција, министерство за култура и туризам. Туристичката понуда која е спој на историско-културните релации помеѓу Северна ...
Субвенционирано снабдување со електрична енергија преку ЕСМ продажба почна од 1 декември за пријавените и прифатени физички и правни лица регистрирани за вршење приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија, по шифри опфатени во одлуката на Владата. Субјектите од оваа категорија кои не поднеле документи или при пријавата поднеле некомплетни документи можат да се пријават со комплетна документација до 20.12.2022 г и да бидат ...
Забрзува растот на зеленото кредитирање во третиот квартал од 2022 година, достигнувајќи 17,7%%. Зелените кредити се наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развој на нова еколошка технологија. Во третиот квартал е зголемен и уделот на зелените кредити во вкупните кредити, од 2,7% во претходниот квартал, на 3,1%, односно за 0,4 процентни ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,95 % во однос на одлуката од 5.12.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,832%, кај дизелот за 1,817%, кај екстра лесното масло намалување за ...