Кон крајот на овој месец или почетокот на февруари се очекува да пристигнат парите од Мој ДДВ на сметките на граѓаните кои скенираат фискални, за месеците октомври, ноември и декември минатата година. Според Законот УЈП средствата треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечието. Од јануари лани година се зголеми прагот на враќање на дел ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 ...

Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, почна да одгледува стока на својот ранч на Хаваи, а планира и посебен начин на хранење на стоката. Закерберг сподели детали од неговиот проект за сточарство на Инстаграм и Фејсбук. Во својот пост, тој рече дека неговата цел е „да направи една од најквалитетните говеда во светот“. Тој рече дека одгледува прескапи говеда Ваги и Ангус кои „ќе јадат брашно од орев од макадамија и ќе пијат пиво од ранчот“. ...

Инфлацијата во САД благо порасна во декември, како одраз на стабилизирањето на цените на бензинот по остриот пад претходниот месец, покажаа податоците на Министерството за труд. Годишната стапка на инфлација во најголемата светска економија во декември изнесува 3,4 отсто, пресмета Министерството. Во ноември цените пораснале за 3,1 отсто. Без цените на храната и енергијата, стапката на инфлација изнесува 3,9 отсто и е за 0,1 процентен поен ...

Поддржувачите на биткоинот ја чекаа оваа одлука со недели, навивајќи и возејќи ја цената високо. Сега е официјално: таканаречените биткоин спот ETF сега можат да се нудат во САД. „Ова значи дека биткоинот сега е спакуван во класична безбедност“, објаснува Филип Занднер од Франкфуртската школа за финансии и менаџмент. Таа одлука, додава тој, му дава значително поголем кредибилитет на биткоинот: „Тоа има голем симболичен ефект“. Биткоинот ...

Европската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки кога ќе биде уверена дека инфлацијата се вратила на целта од 2 отсто, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард за ТВ Франс 2. – Не можам да прецизирам точен датум кога ќе почнат кратењата, истакна Лагард во интервјуто во четвртокот и додаде дека во наредните месеци ќе има нови, попрецизни податоци и врз основа на нив ќе донесе одлука. Пазарите се со став дека првото ...

Популарниот германски трговски ланец кој работи и на Балканот (Хрватска) затвора неколку продавници. Раководството на Кауфланд ја проверува секоја локација поединечно и се обидува да утврди дали бизнисот на таа локација е економски исплатлив за нив и дали условите од договорот за закуп се совпаѓаат. Заедно со Алди, Лидл, Реве и Едека, Кауфланд е една од најпопуларните адреси кога станува збор за неделното купување намирници за жителите на ...

Основачот на Амазон, Џеф Безос, за помалку од 13 минути заработува повеќе отколку што заработува просечниот човек во текот на животот, покажуваат податоците објавени од магазинот Fortune. Во 2023 година, богатството на Безос се зголемило од 107 на 177 милијарди долари, што одговара на зголемување на богатството за 191,78 милиони долари дневно или за околу 7,99 милиони долари на час, пренесува порталот Yahoo Finance. Според податоците од 2023 ...

Платата на директорот на Apple Тим Кук е намалена за 36% во 2023 година. Така, таа падна на 63 милиони долари, што е одлука што тој самиот ја донел Иако е вистина дека годишната плата на Тим Кук е намалена на 63,2 милиони долари, од 99,4 милиони долари во текот на фискалната 2022 година, според „Холивуд репортер“, тој сè уште работи прилично добро. На крајот на краиштата, тој наводно има имот во вредност од речиси 2 милијарди долари (или 1,9 ...

Франција уништи и повторно искова 27 милиони монети откако не побара од ЕУ одобрение за дизајн. Monnaie de Paris, ковачницата во земјата, произведе монети од 10, 20 и 50 центи со новиот модел во ноември, но подоцна откри дека начинот на кој биле прикажани ѕвездите на знамето на ЕУ не е во согласност со многу прецизните барања на Европската комисија. . Според законот на ЕУ, земјите можат да го менуваат дизајнот на „националниот“ лик на монетите ...

Годишната стапка на инфлација во Аргентина достигна 211,4% во 2023 година, што е највисока стапка во последните 32 години, објави статистичката агенција INDEC. Податоците го одразуваат силното влијание на низата шок-мерки, вклучително и девалвација од 50 отсто на националната валута, аргентинскиот пезос, од страна на десничарскиот претседател Хавиер Милај со надеж дека ќе ја стави под контрола зголемената инфлација. Месечната инфлација во ...

Американскиот производител на електрични возила Тесла денеска објави дека ќе го прекине производството во својата германска фабрика во близина на Берлин. Производството ќе биде суспендирано од 29 јануари до 11 февруари поради нападите во Црвеното Море кои ги нарушуваат синџирите на снабдување. „Вооружените конфликти во Црвеното Море и поврзаните промени во транспортните рути меѓу Европа и Азија преку Кејп Добра надеж, исто така, влијаат на ...

Цените на храната континуирано паѓаат на светските берзи, поради што се очекува цените полека да се намалуваат и низ маркетите низ Македонија. Иако, во моментов кај нас се уште се во сила замрзнати цени на основните продукти, очекувањата се дека цените дополнително ќе се намалуваат, поради падот на цените на светските берзи. Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) деновиве објави дека референтната вредност на светските ...

Мајкрософт денеска накратко го престигна Apple и стана највредната ваква компанија во светот. Ова е нов пресврт во повеќедецениското ривалство меѓу двете големи технолошки групи. Акциите на софтверската компанија денеска поскапеа за околу еден процент, додека за речиси исто толку паднаа акциите на производителот на iPhone, објави „Фајненшл тајмс“. Возбудата на инвеститорите поради новиот бран на генеративна вештачка интелигенција (AI), ...

Приходите од данокот на моторни возила во 2023 година пораснале за 46,7 отсто во однос на претходната 2022 година и изнесуваа 2,2 милијарди денари, соопшти директорот на Царинската управа, Стефан Богоев. Раст има и по основ на царина од 10,3 отсто во 2023 во однос на претходната 2022 година и изнесуваа 9,1 милијарда денари. Приходите од акциза во 2023 година изнесувале 32,4 милијарди денари, односно 5 отсто повеќе откоку во 2022 година. Богоев ...

Кинескиот електричен авион од домашно производство го заврши својот прв лет на аеродром во источната провинција Жеџијанг, објави весникот „Science and Technology“. Авионот AG60E, развиен од China Aviation Industry General Aircraft Co. Ltd, е електрично модифицирана, целосно метална верзија на AG60. Тоа е спортски авион, двосед, со еден мотор што го направи својот прв лет во 2020 година. AG60E има вкупна должина од 6,9 метри, распон на крилјата ...

Најслабо платени работници во Хрватска се кројачите со просечна месечна плата од 622 евра, шивачите со 672 евра и чистачките со 677 евра. Највисока просечна месечна заработка во 2023 година имаа инженерите во облак со 3.121 евро, потоа пилотите со 2.760 евра и ИТ архитектите со 2.397 евра, додека најслабо платени се кројачите, шивачите и чистачите, покажува анализата објавена од MojPosao. Според податоците на услугата МојаПлаќа, просечната ...

Меѓународната организација на трудот (МОТ) објави дека бројот на невработени во светот се очекува да се зголеми во 2024 година. Се очекува оваа година бројот на невработени да се зголеми за два милиони, што ќе ја зголеми стапката на невработеност на 5,2 отсто од 5,1 отсто во 2023 година. Ова се наведува во новиот извештај на МОТ насловен „Глобалното вработување и социјалните перспективи: Извештај за трендовите во 2024 година“. Додаваат дека ...

Грчката влада најави дека ќе воведе контрола на цените на млекото за бебиња во прав, обвинувајќи ги меѓународните добавувачи за наметнување на неразумно високи цени на Грција. Ограничувањето на профитот од седум проценти на млекото во прав стапува на сила во март и следи по серијата слични акции воведени во изминатите две години за основните артикли. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги обвини големите синџири на супермаркети дека користат ...

Американската Комисија за хартии од вредност (SEC) го одобри првиот Bitcoin ETF (Exchange Trade Fund), изјави нејзиниот претседател Гери Генслер во соопштението од оваа агенција. Ова долгоочекувано зелено светло од американската владина агенција означува уште една пресвртница во развојот на крипто-индустријата и чекор напред во широкото прифаќање на криптовалутите, особено Биткоинот. КХВ одобри издавање на ваков вид средства, меѓу другите, на ...

Цените на станбените недвижности во еврозоната паднаа за 2,1 отсто на годишно ниво во третиот квартал и за еден отсто на ниво на Европската унија, објави денеска Евростат. Во 10 земји од Европската унија е забележано намалување на цените на станбените недвижности на годишно ниво, додека цените се зголемени во 16 земји, а податоците за Грција се уште не се достапни, се наведува на веб-страницата на Евростат. Најголем пад на цените на годишно ниво ...

Народната банка на Република Северна Македонија ги објави податоците од доменот на платежната статистика за третиот квартал од 2023 година. Податоците покажуваат дека и во третиот квартал од 2023 година се бележи нагорен тренд во употребата на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од граѓаните, како на платежните картички, така и на мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери, т.н. платни ...

Еврозоната можеби падна во рецесија во последниот квартал од минатата година, а изгледите за раст се уште се слаби, предупреди денеска потпретседателот на Европската централна банка, Луис де Гиндос. Еврозоната лебдеше на работ на стагнација во поголемиот дел од минатата година, а Европската комисија прогнозираше дека активноста треба да се зголеми благо за 1,2 отсто оваа година. Проблемот е слабеењето на домашната потрошувачка, која ЕЦБ ја ...

Извозот од Европската унија во Русија е намален за две третини од почетокот на војната во Украина, но производите под санкции го пронаоѓаат патот до рускиот пазар преку други земји, се наведува во анализата на германскиот економски институт Ifo. Обемот на извозот на ЕУ во Русија е сè уште голем, меѓу другото, бидејќи само 32 отсто од производите се опфатени со санкции, изјави заменик-директорката на ИФ центарот за меѓународна економија, Феодора ...

Куповната моќ на германските граѓани најверојатно ќе остане на нивото од 2023 година и во новата година, бидејќи зголемувањето на цените ќе го неутрализира повисокиот расположлив доход на домаќинствата, според прогнозите на институтот за истражување на пазарот GfK. Нето расположливиот приход по жител ќе изнесува во просек 27.848 евра, пресмета ГфК, а во оваа сума се вклучени државните трансфери како што се пензии, надоместоци за невработеност и ...

Просечната месечна нето плата во Хрватска, вклучувајќи ги бонусите, во 2023 година се зголемила за 14 отсто на годишно ниво на 1.139 евра. Просечната плата во Хрватска лани била 1.028 евра, што значи дека 50 отсто од работниците заработуваат помалку од тоа. Како што покажува истражувањето, 34 отсто од хрватските граѓани во 2023 година имале нето плата од 751 до 1.000 евра, а 35 отсто од 1.001 до 1.500 евра. Евидентиран е пораст на бројот на ...

Како министерство, нашата цел, сите овие години е секоја една обработлива земјоделска површина да ја ставиме на располагање за земјоделците и во функција за производство на домашна храна. Токму во таа насока министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека се распишани четири јавни повици за добивање по закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари, рапоредени во 34 региони во 878 катастерски општини. Преку ...

Новата година носи важни нови правила за сите оние кои живеат под кирија во Германија. Според германските медиуми, станува збор за зголемување на трошоците, но и за новоусвоени права. Германските медиуми јавуваат дека може да се очекуваат уште поскапи кирии поради недостигот на станови и законот за енергетика. Недостаток на нови станови Владата сакаше да гради 400.000 нови станови годишно, од кои 100.000 беа наменети за социјални станови. ...

Државната програма за замена на стари дизел возила во Србија им овозможува на сопствениците да го предадат своето возило произведено пред 2015 година на државата и да купат користен или нов автомобил произведен по 2015 година со мотор Еуро 6 на попуст од 2.100 евра, како дел од планот за намалување на загадувањето на воздухот. Како што беше најавено минатата година, државата Србија ќе исплати субвенција од 2.100 евра на сите баратели за оваа ...

Уставниот суд на денешната седница пресече и им ја прекина голготата на илјадници семејства што моментално се дадени на извршител. Имено денеска судот одлучи да не ги прифати иницијативите да се поништат измените на Законот за облигационите односи и на Законот за извршувањето од јули минатата година. „Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за облигационите односи и на Законот за ...

Во сите супермаркети во Германија се очекуваат празни полици, пишуваат германските медиуми. Купувачите веќе мора да се подготват за проблеми со испораката во продавниците бидејќи земјоделците во Германија штрајкуваат. Протестите на фармерите во Берлин и Бранденбург предизвикуваат загриженост кај потрошувачите, бидејќи трговското здружение најави празни полици. Според германските медиуми, протестите би можеле да имаат директно влијание врз ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
2.06
19%
1013
weather icon

Белград

33ᴼ / 31ᴼ
4.63
32%
1019
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
3.6
40%
1021
weather icon

Софија

36ᴼ / 34ᴼ
4.12
22%
1015
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
3.25
14%
1013
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
50%
1021
weather icon

Атина

36ᴼ / 34ᴼ
9.26
26%
1011
weather icon

Тирана

40ᴼ / 40ᴼ
2.06
11%
1011
weather icon

Подгорица

39ᴼ / 39ᴼ
4.12
17%
1012
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 33ᴼ
6.71
31%
1018
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
2.57
35%
1021
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
9.77
100%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326