
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



За подобро да си го испланирате јануари 2024 Вести+ ви подготви листа на неработни денови за овој месец кој изобилува со празници. Па така за сите граѓани на Македонија неработни се 1 јануари (понеделник); Нова Година, 07 јануари (недела); Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден. Додека пак за граѓаните од православна вероисповед неработни се 06 јануари (сабота), Бадник, ден пред ...
Цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари ќе поскапуваат секоја година на 1 јануари, согласно измените на Законот за акцизите, кои стапија на сила во октомври. Цигарите ќе поскапат и до 5 денари по кутија, а Владата, според образложението на законските измени, очекува да има зголемување на приходите во буџетот за околу 13 милиони евра годишно. „По членот 84 се додава нов член 84-а, кој гласи: Член 84-а: ...
Цената на струјата за граѓаните во првиот блок од 1 јануари се намалува за 5,16 проценти. Во вториот блок останува непроменета, во третиот блок има зголемување на цената од 2,88 проценти, а во четвртиот блок за 1,86 проценти. Според податоците, 80 отсто потрошувачите во државата никогаш не влегуваат во третиот блок, дури и во зимските месеци остануваат во вториот блок, што значи дека повеќето корисници ќе плаќаат поевтина струја. Покрај ...
Слична е и ситуацијата во Македонија, каде се нудат високи плати, но никој не сака да биде овчар, а овој сектор полека изумира. Во Шпанија, најголемиот производител на јагнешко месо во Европската унија, производството на ова месо драстично опаѓа поради недостигот на овчари, намалувањето на потрошувачката и недоволната исплатливост на овчарството. Минатогодишното производство било за 41 отсто помалку од 2007 година, покажуваат податоците на ...
На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, по минатонеделниот пад. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,14 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,04 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 139,95 на 140,15 јени. Американската валута зајакна и во однос на ...
ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД СИТЕ НИВ Многу бизнисмени долго време ме прашуваат која е појдовната точка за излез од сегашната состојба. Анкетите кои ги спроведовме во повеќе од 300 компании и разговорите што ги имавме со повеќе од 100тина значајни личности од бизнисот и науката недвосмислено потврдуваат дека почетната точка треба да биде Декларацијата за општествен консензус што ...
Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до надворешно финансирање. Ова беше дел од дискусијата на ...
И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано е присуство на маркетинг промоции на компании за технологија и облека кое според граѓаните е манипулативно. Слично се случува и кај некои дилери на автомобили кои не ја прикажуваат реалната цена на производите. Нема веќе лажни попусти, а сезонско намалување ќе има само два пати годишно, летен во периодот помеѓу 25 август и 25 септември и зимски во периодот помеѓу 25 ...
До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување на лична карта или со аплицирање онлајн, па така десетици граѓани од Македонија завршија со злоупотребени податоци, при што сајбер криминалците успеале да подигнат кредит во нивно име. Изминатиот период речиси секојдневно полицискиот билтен изобилува и со случаи каде измамници со туѓи лични карти подигаат брзи кредити, а вистинските сопственици не се ни свесни за тоа се додека не им ...
Српските медиуми ги информираа своите граѓани дека во Македонија горивата се најевтини од сите земји во близина. Пресметките покажуваат дека во земјава се точи најевтин бензин и дизел гориво. Еден српски медиум направи споредба на цените на бензинот БМ 95 и на дизелот во земјите од регионот, според податоците на GlobalPetrolPrices.com ажурирани во последните денови од минатиот месец. Во Македонија бензинот е најевтин, во Србија цената е некаде ...
Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги и производи. Токму тоа е премисата на претстојниот Саем за транспорт 2023, на којшто ќе се претстават повеќе од 40 познати и реномирани брендови од земјата, регионот и пошироко. Организаторот најавува дека саемот ќе се реализира на отворено, во Комплекс – Борис Трајковски во Скопје. На Саемот за транспорт, се најавуваат ексклузивни саемски понуди од познати ...
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата на должници се објавува ...
Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за Centar.mk. За овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 сторители, а поднесено е и едно известување до оштетено лице за поднесување на приватна тужба против откриен сторител, велат ...
Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на градежните материјали. Со најава дека цените на становите во Македонија ќе паднат неодамна излезе и Зоран Ѓоргијев, директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и ...
Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во глобалната винска индустрија, кои мора да се применат за да се задржи конкурентноста. До каде се овие процеси и кои се клучните активности што се преземаат беа главните теми на конференцијата „Органска трансформација – ...
Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС кон сите мрежи и 2 GB интернет со важност од 30 дена или xtraNEТ S со 3 GB интернет со важност од 7 дена. Промотивниот период трае до 1 септември. Повеќе информации за понудите од МТЕЛ најдете на mtel.mk, во продажните салони и мрежата на ...
По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република Северна Македонија – НАТТА на која се избраа органите и формите на делување. На седницата согласно Правилата за работа на Асоцијацијата, усвоен е предлогот за членови на Управен одбор во состав (Асим Меџедовиќ, туристичка агенција ...
Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува. Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати и казни ќе плати уште 10.000 денари, но ни денар повеќе. По големата загриженост кај граѓаните поради многу случаи на презадолженост од превисоки камати, провизии и казни за земени брзи кредити, реагираа и од владеачката партија, па така од власта посочија дека измените ...
Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), со што се издвојуваат приближно 2,27 милиони евра за инвестиции во опрема, инфраструкура и спроведување на дуално образование или кооперативна обука во установи за стручно образование и обука. Регионалниот фонд за предизвици го организираше вториот национален настан за доделување грантови во Северна Македонија, ги ...
Според анкетата на ИПИС за потребите на емисијата Детектор, 80,3% од граѓаните велат дека не би земале брз кредит кој полесно се одобрува но има повисоки камати, додека 10,2% велат дека би земале ваков кредит. Во анкетата близу две третини од граѓаните или 65,3% велат дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити додека 16,7% сметаат дека за тоа нема потреба. Изминатиот период многу граѓани се ...
Фотоволатичните системи постојано се покажуваат како едни од најомилените извори на алтернативна енергија. Фотоволтаичните системи се исклучително безбедни во нормални работни услови доколку се инсталираат и одржуваат од професионалци во согласност со електричните прописи и упатства. Меѓутоа, со зголемената дистрибуција на различни PV системи кои работат и на земја, покриви, па дури и интегрирани во згради, треба да се земе предвид ризикот од ...
„На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а ’Алкалоид’ ја доби наградата како апсолутен победник, односно се закити со титулата ’Најпосакуван работодавец за 2022 – најпосакувана македонска компанија’“ Компанијата „Алкалоид“ е најатрактивен работодавец, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2022 година, според анкетата спроведена од веб-порталот на Агенцијата за посредување при вработување ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34% во однос на одлуката од 28.4.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,834%, кај дизелот за 3,930%, кај екстра лесното масло за 0,58% и кај ...
Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за тоа нема потреба, покажува најновата анкета на ИПИС за емисијата Детектор. До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување на лична карта или онлајн. Но многу граѓани се жалат на скриени трошоци и повисоки камати. Изминатиот период речиси ...
Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на градежните материјали, велат познавачите. Неодамна со најава дека цените на становите во Македонија ќе паднат излезе и Зоран Ѓоргијев, директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор: „Според она како се движат цените сега, ...
Долготрајните инфлациски притисоци предизвикани од тековните геополитички тензии и енергетската криза продолжија да создаваат предизвици за економијата во текот на првиот квартал од 2023 година. Санкциите воведени од ЕУ и нафтеното ембарго ги натераа повеќето европски земји да престанат да увезуваат руски нафтени производи и гас, што предизвика нерамнотежа меѓу побарувачката и понудата. И покрај конкурентното опкружување полно со предизвици, ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57% во однос на одлуката од 24.4.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,585%, кај дизелот за 3,315%, кај екстра лесното масло за 3,937% и кај ...
АЛКАЛОИД со раст на консолидираниот извоз од над 28 %, со 47 нови вработувања во земјава и инвестиции од 5,6 милиони евра во периодот јануари – март 2023 г. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2023 година продажбите достигнуваат 3.104.714.658 денари, што е за 15 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 4.346.596.075 денари, што е за ...
Во периодот од 01.01 до 31.03.2023 година Макпетрол АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 126,58 милиони денари, наспроти остварената во истиот период минатата година која изнесуваше 214,95 милиони денари. Намалувањето на добивката по оданочување од 88,37 милиони денари или 41,11% е резултат на нестабилноста на цените на нафтата на светските берзи, како и на намалената вкупна продажба на енергенси од 4,88%. ...
„Комерцијална банка“ ја потврди својата лидерска позиција на банкарскиот пазар. За првите сто дена најголемата банка според активата направи добивка која е најголема во корпоративната историја на македонското банкарство. Тимот предводен од долгогодишниот успешен банкар Хари Костов за првите 100 дена година на своите акционери им носи профит од 16,9 милиони евра, Ова е досега најголема добивка за квартал во историјата на македонското корпоративно ...