
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Според прелиминарните проценки, годишната стапка на инфлација во Австрија во февруари паднала на 4,3 отсто, објави австрискиот завод за статистика. „Тоа е најниската стапка на инфлација од декември 2021 година, при што цените на храната моментално влијаат на инфлацијата многу помалку отколку пред една година“, рече извршниот директор на Статистика Австрија, Тобијас Томас. Тој наведе дека цените на горивата останале на исто ниво како лани, додека ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.90 % односно 9.518 места. Највисока стапка на слободни работни места од 3.44 % има секторот Ѓ – Градежништво, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.47 %. Деловните субјекти со број на вработени од 250 и повеќе имаат највисока ...
Традиционалниот германски синџир на пекари Грау одлучи да ги затвори вратите по 80 години работа. Германските медиуми пишуваат дека одлуката за конечно затворање била донесена откако ланецот извесно време бил во банкрот. Традиционална германска пекара, по 80 години работа, трајно се затвора и покрај долгата историја на компанијата и мерките за спасување, пишува магазинот „Феникс“. Синџирот пекари Грау од Штутгарт постои од 1939 година. Отсекогаш ...
Шефот на Келог е на удар на критики поради неговиот коментар дека сиромашните луѓе треба да јадат корнфлекс и житарки за вечера за да заштедат пари. Извршниот директор Гери Пилник ги даде коментарите додека ги опишуваше напорите на компанијата да привлече клиенти со пониски приходи, објави Sky News. Оваа изјава се случи за време на маркетиншка кампања и рекламна промоција со слоганот: „Дајте му на кокошката слободна ноќ“. „Потрошувачите се под ...
Вчера на ВОЛ СРИТ, индексот S&P 500 достигна рекордно високо ниво, како и Nasdaq, што главно се должи на растот на цените на акциите на технолошките компании, додека податоците за инфлацијата беа во согласност со очекувањата. Dow Jones зајакна 0,12 отсто, на 38.996 поени, додека S&P 500 порасна за 0,52 отсто, на 5.096 поени, а индексот Nasdaq 0,90 отсто, на 16.091 поени. Новите рекордни височини на S&P 500 и Nasdaq индексот најмногу ...
ГОЛЕМИТЕ европски берзански индекси денеска се во најголем дел во пораст, а во исто време е забележан пад на цената на нафтата и раст на цените на златото и пченицата. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 17.643,75 поени, лондонски FTSE 100 на 7.643,25 поени, францускиот CAC 40 на 7.972,64 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.227,0 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на ...
Синдикалната група која ги претставува здравствените инспектори на Бразил кои ги надгледуваат фабриките за месо, рече дека ќе продолжи со протестот. Причина за протестот се условите за работа до новата рунда преговори со владата. Протестите на ревизорите го попречуваат издавањето меѓународни здравствени сертификати, што го попречува извозот на бразилско месо. Британската агенција наведува дека протестот започнал на 22 јануари, а преговарачките ...
The Body Shop објави дека ќе затвори 75 продавници низ Велика Британија и ќе отпушти стотици вработени. Оваа компанија планира да затвори 489 работни места во следните шест недели, објави Гардијан. Тоа значи дека низ целата земја, од Свонси до Глазгов, речиси 800 луѓе ќе останат без работа, кога ќе се земат предвид и 300-те отпуштања во седиштето. Сепак, The Body Shop сè уште ќе задржи 116 продавници во Велика Британија, соопшти ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја изврши исплатата на директните плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства. Висината на финансиската поддршка е 600 денари по пчелно семејство. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои поседуваат минимум 10 пчелни семејства и го оддржувале бројот на пчелни ...
Скопје, 1 март 2024. – Регионалниот самит „Раст и конвергенција за Западен Балкан“ кој се одржа во Тирана, ги собра лидерите на економиите од Западен Балкан, претставници на релевантни организации и клучни актери во процесите на пристапување кон ЕУ со цел да се направат конкретни индивидуални и заеднички чекори кон исполнување на двата главни столба на новиот План за раст за Западен Балкан. „Новиот План за раст за Западен Балкан обезбедува врска ...
Познато е дека милијардерот Џорџ Сорос наскоро би можел да преземе голем удел во втората по големина радио компанија во САД. Така, тој би ставил под своја контрола повеќе од 220 станици низ земјата и би добил контрола над медиумските содржини. Сепак, AllSides Technologies, Inc., компанија за технолошки решенија посветена на „одржување рамнотежа“ во медиумскиот простор, ќе се обиде да го спречи во тоа. Имено, тие нудат решение за радио станиците ...
Групацијата Подравка во 2023 година оствари приходи од продажба во износ од 713,8 милиони евра, што е за 46,7 милиони евра или седум отсто повеќе од претходната година. Раст на приходите е забележан и во двата сегменти во кои работи Групацијата. Приходите во сегментот Исхрана се зголемија за шест отсто и достигнаа 553,7 милиони евра, додека приходите на Белуп, кој го опфаќа сегментот Фармацевтски производи, се зголемија за 10,5 отсто и достигнаа ...
Мерката “Гарантирана цена” завршува денеска, а од утре маркетите ќе може слободно да ги формираат цените на основните продукти. Токму поради ова се јави и страв кај граѓаните од можно големо поскапување на основните продукти. Сепак Државниот пазарен инспекторат денеска најави засилени контроли со цел да се спречи драстично зголемување на цените на основните производи. Граѓаните кои ги анкетиравме се жалат дека трговците прават профит на грбот на ...
Просечната нето плата во Црна Гора во јануари изнесувала 819 евра. Ова е за 8,2 отсто повеќе во однос на истиот месец лани и за 0,6 отсто повеќе во однос на декември, соопшти денеска црногорската управа за статистика Монстат. Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во јануари 2024 година се зголемени за 0,5 отсто во однос на декември 2023 година, произлегува дека реалните плати во Црна Гора бележат пораст од 0,1 отсто во истиот период, се ...
Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за февруари од петок, 01.03.2024 година, соопшти Комерцијална Банка. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од петок, 01.03.2024 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 01.03.2024 година ќе може да ја ...
Според прелиминарните проценки, годишната стапка на инфлација во Германија паднала од 2,9 отсто во јануари на 2,5 отсто во февруари, објави денеска Дестатис. Според оваа проценка, инфлацијата во Германија сега е најниска од јуни 2021 година. Цените на храната во февруари пораснале за 0,9 отсто на годишно ниво во однос на јануарските 3,8 отсто, додека февруарските цени на енергијата паднале за 2,4 отсто на годишно ниво. Инфлацијата во услужниот ...
За околу 35% ќе се намалат февруарските сметки за топлинска енергија за училиштата, деловните корисници, јавните институции одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). „Пониски сметки за парно ќе добиваат околу 1 200 потрошувачи приклучени на централно градско греење на ЕСМ снабдување, ЕСМ Енергетика, Скопје Север. Овие корисници трошат 20% од ...
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало во јануари 2024 година, во споредба со јануари 2023 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 4.4 %, а реално за 0.8 %), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 6.4 %, а реално за 2.3 %), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво ...
Соопштение на ХАЛК БАНКА: Почитувани пензионери, клиенти на Халкбанк АД Скопје, ве известуваме дека исплатата на пензиите на вашите платежни сметки се изврши денес 29.02.2024 и средствата Ви се на располагање во сите Филијали на Халкбанк АД Скопје, преку банкоматите, ПОС терминалите кај трговците и преку употребата на електронско и мобилно банкарство. Исплатата може да се изврши и на шалтерите во поштенските единици на Пошта на Северна ...
Во четвртиот квартал на 2023 година, вкупните средства на останатите финансиски институции изнесуваат 210.604 милиони денари, што претставува квартално зголемување од 9.295 милиони денари. Останатите финансиски институции учествуваат со 19,6% во средствата на финансиските институции. Анализирано по потсектори, најголемо учество во вкупните средства на ОФИ имаат пензиските фондови со 65,9%, а по нив следуваат осигурителните друштва со учество од ...
Coinbase, најголемата берза за криптовалути во САД, вчера доживеа прекини и дефекти што предизвикаа некои кориснички сметки да покажат салда од 0 долари, а сето тоа се случи набргу откако вредноста на биткоинот се искачи над 60.000 долари, што е највисоко од 2021 година. Корисниците почнаа да пријавуваат прекини вчера околу 12 часот, веднаш по историскиот скок на биткоинот. Coinbase во изјава за Форбс рече дека клиентите сега можат повторно да ...
Dogecoin се зголеми за повеќе од 25 проценти во однос на американскиот долар. Го скрши нивото на отпор од 0,120 долари и може да продолжи да расте кон нивото од 0,132 долари. DOGE е најголемиот добитник на најдобрите 20 дигитални монети и токени. Подемот на Bitcoin го влече и остатокот од пазарот заедно со него. Порасна за околу 14 проценти за само еден ден, што го прави најголемиот добитник во последните 24 часа од најголемото дигитално ...
Главните европски берзански индекси денеска се во најголем дел во пораст, а во исто време е забележан пад на цената на нафтата и раст на цените на златото и на пченицата. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 17.643,75 поени, лондонски FTSE 100 на 7.643,25 поени, францускиот CAC 40 на 7.972,64 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.227,0 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс пред денешното ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во правните лица во четвртиот квартал од 2023 година во однос на истиот период од 2022 година е зголемена во сите жупании. Најголем пораст е забележан во Пожега-славонската и Вуковарско-сремската жупанија по 17,1 отсто, а најмал во градот Загреб за 12,3 отсто. Државниот завод за статистика соопшти дека највисока просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во правни лица во четвртиот ...
Работодавците во Германија ги намалија плановите за вработување и во февруари, а можни се и отпуштања во наредните месеци. Индексот на вработеност на институтот Ифо падна во февруари за 0,6 поени во однос на јануари, на 94,9 поени, објави во вторникот институтот. „Економијата е толку летаргична што компаниите го одложуваат вработувањето на нови луѓе“, рече шефот на истражувањето на Ifo, Клаус Ворабе. „Веќе не може да се исклучат ниту отпуштања“, ...
Советот на Народната банка, на вчерашната редовна седница, ја усвои Одлуката за задолжителна резерва, којашто предвидува сет од сеопфатни мерки главно насочени кон натамошна поддршка на процесот на денаризација во банкарскиот сектор и зголемување на долгорочното штедење во банкарскиот систем. Воедно, мерките овозможуваат и поедноставување, модернизација и усогласување на системот на задолжителна резерва со поставеноста во еврозоната. Во ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4.5 % и изнесува 4 185 живородени деца. Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 1.5 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година и изнесува 5 028 лицa, а од нив 9 се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен – ...
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на ...
БРИСЕЛ – Повеќе од 30 медиумски куќи, вклучително и Аксел Спрингер и Шибстед, денеска ја тужеа матичната компанија на Google Alphabet за отштета од 2,1 милијарди евра, поради претрпените загуби во врска со практиките на компанијата во дигиталното рекламирање. Поради тоа, акциите на оваа американска компанија паднаа за повеќе од два отсто. Медиумските куќи кои го тужеа Гугл се лоцирани во Австрија, Белгија, Бугарија, Чешка, Данска, Финска, ...
Германските компании се помалку се подготвени да вработат нови работници, се вели во новиот февруарски извештај на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. Индикаторот што ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 95,5 поени во јануари на 94,9 поени, објавено е на веб-страницата на IFO. – Економијата се развива бавно и поради тоа компаниите го одложуваат вработувањето на нови луѓе – коментира шефот на ...