Инфлацијата во Германија највисока во последните 11 месеци

Како што објави германската Федерална статистичка служба (Дестатис) годишната стапка на инфлација во Германија, според прелиминарната проценка, порасна во декември од ноемвриските 2,2 на 2,6 отсто.

Растот на инфлацијата во Германија, кој сега е највисок во последните 11 месеци, ги надмина очекувањата на експертите кои очекуваа дека ќе скокне на 2,4 отсто.

Цените на услугите се зголемени за 4,1 отсто на годишно ниво, а на храната за два отсто, и во двата случаи со побрзо темпо од ноември.

Спротивно на тоа, цените на енергијата паднаа за 1,7 отсто на годишно ниво, со значително побавно темпо од ноември, кога паднаа за 3,7 отсто на годишно ниво.

На месечно ниво цените во Германија се зголемени за 0,4 отсто во однос на ноември.

Годишната стапка на базичната инфлација во Германија исто така се зголеми од три отсто во ноември на 3,1 отсто во декември, објавено е на веб-страницата Дестатис.

Според очекувањата, просечната стапка на инфлација во Германија за цела 2024 година ќе изнесува 2,2 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Нови цени на горивата во Македонија

BiznisPRO

Колку чини доларот, а колку еврото денеска – Курсна листа за 8-ми јули 2025

BiznisPRO

Падна договор договор меѓу Кина и членка на ЕУ: „Се движиме заедно“

BiznisPRO