Дојче пост од денеска ги прекина летовите за доставување писма, по повеќе од 62 години, со цел да ги намали трошоците. Последниот авион со пошта во Германија полета рано утринава од Берлин за Штутгарт, а малку пред тоа започна испораката и од Хановер, Минхен и Штутгарт. На споменатите летови се транспортирани вкупно 1,5 милиони писма со тежина од 53 тони. Германската пошта со децении се потпираше на летовите, бидејќи според законот требаше да ...

Недостигот на работна сила во Германија во последно време најмногу расте во професиите од транспортниот сектор, според студијата на Центарот за работни компетенции (Кофа) на Институтот за германска економија (IW). Највисоката стапка на раст на дефицитот на квалификувани работници од лани, 89 отсто, се однесува на возачите на автобуси и трамваи. Непополнети останаа дури 3.594 места бидејќи немаше квалификувани кандидати. Речиси 80 отсто од ...

Јавната, политичката и законодавната дебата за легализацијата на канабисот во Германија трае со години. Сега дефинитивно е готово и нема повеќе одложување: од 1 април граѓаните ќе можат под одредени услови да одгледуваат, купуваат, продаваат и консумираат марихуана. Имено, откако помина низ двата дома на парламентот, контроверзниот закон беше потпишан во средата попладне. Но, тоа не го направи претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, кој е на ...

Индонезискиот парламент во четвртокот одлучи дека сегашната метропола Џакарта ќе остане економски центар на земјата како дел од планот за преселување на главниот град на островот Борнео. Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната, ниска Џакарта во Нусантар, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглите на Источен Калимантан, Борнео. Градот е водечки проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој вети ...

Кинеското Министерство за трговија денеска објави дека ги укина тарифите за австралиското вино кои важеа повеќе од три години. Одлуката за укинување на царините стапува на сила утре, се вели во соопштението на кинеското Министерство Кина воведе тарифи за австралиското вино во 2020 година за време на дипломатски препирки меѓу Канбера и Пекинг, а во еден момент тие се искачија над 200 отсто. Австралиските производители на вино беа тешко погодени ...

Какаото оваа недела на берзите во Лондон и Њујорк достигна цена од 10.000 долари за тон, што е највисока во историјата, а рекордното поскапување може да влијае и на цените на чоколадото. Западна Африка, клучна област за производство на какао, ја забележа третата последователна лоша жетва. Гана и Брегот на Слоновата Коска, земји кои заедно произведуваат повеќе од половина од глобалниот род на какао, се погодени од екстремни временски услови кои ...

Клиенти на Халкбанк АД Скопје, ве известуваме дека исплатата на пензиите на вашите платежни сметки ќе се изврши денес 29.03.2024 и средствата ќе Ви бидат на располагање во сите Филијали на Халкбанк АД Скопје, преку Банкоматите и ПОС терминалите кај трговците, преку употребата на електронско и мобилно банкарство, соопштија од ХАЛК БАНК. – Исплатата може да се изврши и на шалтерите во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија само за ...

Банката на Русија (БР) објави дека во 2023 година забележала добивка за прв пат по седум години. Приходите на руската централна банка минатата година изнесувале 859,3 милијарди рубљи, а расходите 718,9 милијарди рубљи, што значи дека 2023 година завршила со добивка од 140,4 милијарди рубљи или околу 1,4 милијарди евра, пренесува Комерсант. Во извештајот на Банката на Русија се наведува дека главен фактор во остварувањето на добивката во 2023 ...

Станбениот гигант „Country Garden“ (Country Garden) од Хонг Конг најави дека ќе го одложи објавувањето на годишните биланси. Ова е најнов знак на превирања во кинескиот сектор на недвижности, објави денеска Си-Ен-Ен. Американската телевизиска мрежа оценува дека индикативно е тоа што „Каунтри Гарден“ побара од берзата во Хонг Конг повеќе време за собирање информации поради сложеноста на работата поврзана со реструктуирањето на долгот на ...

Годишната стапка на инфлација во Франција, според прелиминарната проценка, паднала од три отсто во февруари на 2,3 отсто во март, објави денеска Францускиот национален институт за статистика и економски истражувања (ИНСЕЕ). Резултатот ги надмина очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа мартовска инфлација од 2,6 отсто и сега е најниска од септември 2021 година. Во март 2024 година, цените на храната во Франција се зголемени за 1,7 отсто на ...

Подравка од пазарот повлече мелница со 100 грама морска сол. Компанијата „Подравка“ го повлече од пазарот производот „Вегета маестро“ мелница со крупна морска сол, пакување од 100 грама, поради можно присуство на „парчиња туѓо тело“ во тој производ, пренесува Индекс.хр. Производите на „Подравка“ д.д. се повлечени. со следните датуми на истекување – најдобро се користи до 4 април, 8 март, 15 мај, 9 јуни, 19 јули, 15 август, 8 септември и 6 ...

Во иднина татковците во Црна Гора би имале право на 10 платени работни дена и два месеци родителско отсуство од работа по раѓањето на детето, како што е предвидено со измените на Законот за работни односи на таа земја. Овој весник има за цел да ги поттикне татковците повеќе да го користат правото на родителско отсуство по раѓањето на детето, пренесува РТЦГ. „Со измените на законот за работни односи ќе се предвиди платено отсуство од работа за ...

Фејсбук статус на Комерцијална Банка: Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за март од понеделник, 01.04.2024 година. 📣 Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од понеделник, 01.04.2024 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 01.04.2024 ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, се регистрирани 514375 хектари обработлива површина. Кај обработливата површина намалување е забележано кај овоштарниците за 2.5 % и лозјата за 4.6 %. Во истиот период, регистрирано е зголемување на производството кај оризот за 5.4 % и пиперките за 4.1 %. Кај останатите култури поголемо намалување е забележано кај сончогледот за 39.5 %, доматите за 23.0 %, краставиците за 34.3 % ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2023 година изнесува 238 328 илјади литри, што е за 26.5% помалку во однос на 2022 година. Намалување на производството е забележано и кај овчото млеко, и тоа за 20.5 % во 2023 година во однос на претходната година. Производството на козјо млеко е зголемено за 3.3 % споредено со претходната година. Вкупното производство на месо е намалено за 7.4 %. Од другите ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, во споредба со 2022 година, вкупниот број на говеда е намален за 9.7 %. Намалување на бројот на говедата е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства, a кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е забележано зголемување. Бројот на свињите во 2023 година, во споредба со 2022 година, е зголемен за 5.9 %. Зголемување на бројната состојба ...

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. На крајот на четвртиот квартал од 2023 година: На 31.12.2023 година, нето надворешниот долг изнесува 4.458 милиони евра (или 32,6% од проценетиот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2023 година, е зголемен за 305 милиони евра, или за 7,3%. Од аспект на структурата, ...

Денеска се отвора трговскиот центар Џевахир Мал Скопје во Општина Аеродром. Отворањето на Џевахир Мол Скопје ќе биде одбележано со музичка програма под мотото „Аеродром пулсира“ на која ќе настапат ДНК, Таско, Лара и Пајак и ДЈ Мац, а најмладите посетители ќе се дружат со Стела и Сани. Програмата започнува во 18:00 часот. Турскиот бренд за детска облека „Панчо“, водечкиот турски бренд за мажи „Луфиан“, првиот изложбен салон за автомобили на ...

Без разлика дали се работи за штедење за пензија, купување куќа или финансирање на образованието на вашите деца, планирањето однапред го намалува финансискиот стрес и несигурноста. Сознанието дека ги контролирате вашите финансии и имате план за иднината, може да ви донесе мир на умот и ви овозможува да се фокусирате на други аспекти од вашиот живот без постојано да се грижите за пари. Помеѓу многубројните иновативни и корисни банкарски услуги за ...

Подгответе се да се нурнете во свет на бескрајни можности за забава бидејќи стриминг платформата на МТЕЛ, Move TV отсега е со најголем број ТВ канали понудени од кој било телеком провајдер во Македонија. На и досега широкиот избор од ТВ канали компанијата додава бесплатно нови ТВ канали. Со ова корисниците добиваат избор од над 250 канали вклучени во претплатата кои опфаќаат различни жанрови, јазици и култури, избор што може да воодушеви секој. ...

За „Најдобра банка во Северна Македонија за 2024 година“ е прогласена Комерцијална банка. Угледниот магазин Global Finance по 13-ти пат ѝ го додели престижното признание на Комерцијална банка затоа што ја препозна како банка која им обезбедува на клиентите широка понуда на производи и услуги и иновации кои значат бенефит и задоволство за нив. И во услови на динамични промени и новитети во сегментот на банкарската индустрија, Комерцијална банка ...

Групацијата Нелт продолжува забрзано да се развива, со синергија на организациски промени, инвестиции во дигитална трансформација и развој на африканските пазари. На третата годишна конференција „Accelerate 2025“, посветена на актуелната деловна стратегија, присуствуваа повеќе од 200 менаџери на компаниите кои се дел од Групацијата. Милош Јелиќ, првиот извршен директор на Групацијата Нелт, кој 24 години е дел од компанијата станува член на ...

Собранието на Република Северна Македонија, на денешната седница, со 64 гласа ЗА го донесе новиот закон за вино, предложен од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Исполнивме уште еден даден збор пред лозарите. Новиот закон за вино во целост е усогласен со одредбите на европското законодавство, во делот на воведувањето нови производи од вино, како органско вино и ароматизирани вински производи. Македонското вино најмногу се ...

Неопходни се одлучни чекори, јасна институционална поддршка и соработка помеѓу сите засегнати страни и партнери во процесот, како и искористување на искуствата на земјите од регионот, за да се овозможи натамошен развој на сметководствената дејност и унапредување на статусот на професионалните сметководители во нашата земја. Ова се дел од препораките на учесниците на регионалната конференција посветена на трендовите, предизвиците, стандардите и ...

Поголемата финансиска инклузија на жените претприемачи преку развивање вештини, знаења, изработката и следењето на соодветните податоци и пристапот до финансиски средства се основните цели на пилот-проектот со кој ќе раководи Народната банка со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Ова беше истакнато на денешниот настан на кој се потпиша Меморандумот за соработка за примената на Кодексот за финансирање на жените претприемачи во ...

Во организација на ИСОС – Институтот за сметководители и овластени сметководители, утре (28 март 2024) во Скопје ќе се одржи регионалната конференција: „Сметководството во регионот – трендови, предизвици, стандарди и перспективи“. Ова е прва конференција од ваков формат што се одржува во нашата земја. На конференцијата, која ќе се одвива под мотото „Во бројките веруваме (In numbers we trust)”, се очекува да земат учество околу 300 сметководители ...

Германскиот Водафон објави дека укинува или преместува околу 2.000 работни места, обидувајќи се да заштеди 400 милиони евра во следните две години. Водафон во Германија сега вработува околу 15.000 луѓе. Со други зборови, програмата може да влијае приближно на секој осми вработен. Дополнително, компанијата има намера да ги намали материјалните и оперативните трошоци, им порача на вработените директорот Филип Рог, кој самиот си заминува на крајот ...

Американскиот малопродажен и технолошки гигант Амазон повлече повеќе од седум милиони фалсификувани производи од продажба во 2023 година, според извештајот објавен во вторникот. Во 2020 година, компанијата формираше оддел за борба против фалсификување, кој досега има поднесено тужби и кривични пријави против повеќе од 21.000 правни и физички лица одговорни за нивна продажба, рече потпретседателот на Амазон, Дармеш Мехта. Мерките против ...

Во Црна Гора започнува кампањата за намалување на маржите на производите од посебно значење за животот и здравјето на луѓето. Од денеска во супермаркетите можете да најдете повеќе од 500 артикли со црвена ознака „ограничена цена“. Акцијата за намалување на маржата ќе трае до 31 мај. Во продавниците на големо, маржите се ограничени на пет проценти, а во продавниците на големо на седум проценти на пченично брашно тип 500, пченично брашно тип 400, ...

Новите капацитети за производство на цврсти фармацевтски форми, со површина од 6.200 м2, се најкрупниот инвестициски потфат на компанијата во изминативе две децении. Во насока на посветеноста за постојана модернизација и за проширување на производствените капацитети, производствените волумени и на асортиманот, „Алкалоид“ АД Скопје ја комплетираше реализацијата на својот најголем инвестициски потфат во последните две децении – новиот погон за ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
47%
1010
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
66%
1008
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
87%
1013
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
8.23
38%
1009
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.44
56%
1009
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
91%
1012
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.12
31%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
56%
1011
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
56%
1012
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
67%
1010
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
2.24
87%
1012
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
43%
1012
Currency

61.525

Currency

54.3622

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

626.94

Никел

15285.99

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1038.93

Злато

106606.98

Бакар

9.50

Паладиум

2990.02

Платина

30624.57

Родиум

172810.26

Цинк

82632.56