Над 14.000 македонски граѓани постојат сомнежи дека вложиле пари во голема пирамидална шема, наречена платформа Конти. Оваа платформа нудеше лесни пари преку гледање на трејлери за филмови, а во Македонија стана популарна пред една година. Групата на Телеграм брои над 14.000 Македонци, но бројката на луѓе од нашата земја кои вложиле можеби е и многу поголема. Некои медиуми пишуваат дека штетата е можеби десет милиони евра. На социјалните мрежи ...

– Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите, рече Горан Трајковски директор на Пазарна инспекција. – Се обидуваат на секаков начин да го заобиколат законот и да остварат профит. Имаат празни рафтови и не се снабдени доволно со производите опфатени со Одлуката. Вршат и големи притисоци врз добавувачите“, рече денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан ...

Голем број супермаркети почнаа да продаваат квалитетни вина во повратни шишиња од 0,75 литри на југот на Германија, а има индиции дека оваа еколошки и економски корисна практика би можела да ја прифатат и други трговски синџири. Засега, виното во повратни шишиња се продава во некои супермаркети на синџирот Едека во провинцијата Баден-Виртемберг, како и во мали продавници за алкохол во јужниот дел на земјата и продавници за органска храна низ ...

Митот за германскиот автомобил полека завршува, а тоа се забележува и во Италија, домот на едни од најпопуларните спортски автомобили. Најпопуларниот италијански дневен весник „Кориере дела сера“ претстави неколку причини кои укажуваат на тешката судбина на германската автомобилска индустрија, пишува германски „Билд“. Во извештајот, авторот ги анализира проблематичните области на германската автомобилска индустрија, кои се поврзани со високите ...

Курсот на денарот е стабилен, а нивото на девизни резерви е адекватно за понатамошно успешно спроведување на стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото. Показателите за банкарскиот сектор, исто така ја потврдуваат неговата здравост и стабилност. Ова се заклучоците за монетарниот дел во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг Фич, во кој го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ со стабилен изглед. Во ...

Речиси 79 долари изнесува цената на нафтата од типот брент за еден барел. Раст бележи и ВТИ круд која достигна речиси 75 долари. Стравувањата од ескалацијата на конфликтот и евентуален напад од страна на Израел врз нафтените постројки во Иран си го направија своето. Аналитичарите предвидуваат дека доколку продолжи ваквиот тек можеби нафтата ќе достигне и до 100 долари за барел, а ова ќе значи зголемување на бензинот и дизелот кој ионака е со ...

Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години Агенцијата за кредитен рејтинг AM Best (во натамошниот текст агенција) повторно ги потврди кредитните рејтинзи на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре за финансиска моќ „А“ (одлично) и долгорочен кредитен рејтинг на издавач „а“ (одлично) во текот на редовниот годишен преглед. Сите елементи од овогодинешните оценки се на исто ниво како и ...

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 319 477.5 милиони денари и бележи пад од 5.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 451 884.3 милиони денари, што е за 0.5 % повеќе во споредба со истиот период од ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во споредба со август 2024 година, е зголемен за 0.2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци зa 0.3 % и Безалкохолни пијалаци за 0.1 %. Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е ...

Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштијата во 2021 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход. Според податоците, во 2021 година, стапката на сиромашни лица во Република ...

Британската фунта денеска остро падна во однос на доларот, откако гувернерот на Банката на Англија (БОЕ) Ендрју Бејли навести за „поагресивно“ намалување на каматните стапки во иднина, доколку инфлацијата продолжи да паѓа. Вредноста на британската фунта во однос на доларот падна за 1,17 отсто на 1,3112 долари во 13 часот, пишува Гардијан. Пазарот ги прифати коментарите на Бејли како зелено светло за позначајно намалување на стапката, а неговите ...

Следното линеарно зголемување на пензиите се очекува во март 2025 година. Владата најави дека и тогаш пензиите ќе бидат зголемено како и овој септември, за 2.500 денари линеарно. Сепак засега е непознато дали пензиите ќе се зголемуваат два пати годишно како што беше случај во минатото во март и септември. Познавачите велат дека најверојатно од следниот септември ќе се врати моделот на усогласување според растот на просечната плата и растот на ...

Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22). Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 03.10.2024 која се применува од ...

Наредниот неработен ден е 11 октомври (петок), Ден на народното востание, а после тоа следува 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба; 8 декември (недела), и за крај доаѓ “Св. Климент Охридски”, а односно 09 декември (понеделник) е неработен ден. За граѓаните од католичка вероисповед 01 ноември (петок), Празникот на сите светци; 25 декември (среда), првиот ден на Божик. За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: ...

Централните банки во регионот исклучително успешно се справија со шоковите во изминатите години, намалувајќи ја инфлацијата, без притоа економиите да западнат во рецесија или да се наруши финансиската стабилност, како што беше во останатите инфлациски кризи низ историјата. Причината за овој успех е независноста и кредибилноста на централните банки, но и силната регулативна рамка поставена во изминатите години, поради која беше задржана ...

Синдикалната потрошувачка кошничка (СПК) во Црна Гора, за периодот јули-септември, изнесува 2.000 евра и е повисока за 130 евра, односно за 6,95 во однос на три месеци претходно, објави Центарот за образование, информирање и синдикално истражувањена на Црна Гора. Потрошувачката кошничка се однесува на третиот квартал од годинава и ги опфаќа трошоците на четиричлено семејство со две деца на училишна возраст, објави РТЦГ. Сојузот на слободни ...

Кина поднесе жалба до Светската трговска организација поради канадското воведување дополнителни царини за електрични возила (ЕВ) произведени во оваа азиска земја, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија. Пекинг смета дека царините за кинеските ЕВ и другите производи од челик и алуминиум во Канада се „репресивна мерка“ која е незаконска. Канада најави воведување увозни давачки од 100 отсто за електрични возила од Кина и царини од 25 ...

Околу 35.000 туристи надвор од сезоната ќе ја посетуваат Македонија како реализација, односно како организација на германската РСД – туристичка агенција. – Од овој февруари ќе започнуваат да носат по еден практично авион секој ден туристи коишто ќе доаѓаат од Германија, од Франција и од Велика Британија, тоа би значело дека според просекот којшто досега е направен врз искуствата во минатите години работа на оваа компанија, тоа би значело ...

Примената на најновите меѓународни сметководствени стандарди е од особена важност за домашната економија и значајно ќе го унапреди квалитетот и транспарентноста на финансиското известување. Неопходен е засилен ангажман и посветеност од сите засегнати страни, следење на потребите на стопанството и координација со надлежните институции за да може процесот на имплементација на меѓународните сметководствени стандарди да биде успешен. Ова се клучните ...

Министерството за финансии ги подготви, а Владата на последната седница ги усвои Фискалната стратегија за период 2025-2029 и Стратегијата за управување со јавен долг за 2025-2027 со изгледи до 2029 година. Тоа претставуваат стратешки документи кои ја исцртуваат на среден рок патеката по која ќе движи фискалната политика. „Ваквото среднорочно планирање овозможува поголема предвидливост и транспрентност во креирањето на политиките. Целта на ...

Wizz Air, еколошки најодржливата авиокомпанија на глобално ниво*, официјално го отвори својот најнов центар за обука на пилоти на аеродромот Рим Фјумичино, Италија. Најсовремениот објект ќе служи како втор тренинг центар на Wizz Air, по успехот на неговата почетна локација во Будимпешта. Центарот е подготвен да обезбеди периодична обука за повеќе од 4.800 пилоти секоја година, што е доказ за посветеноста на авиокомпанијата за највисоките ...

Политиките коишто ги водеше и силниот кредибилитет на Народната банка придонесоа за закотвување на инфлациските очекувања и стапката на инфлација од 19,8 отсто во 2022 година, се сведе на 2,2 отсто во август годинава. Ова беше посочено од директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, Алфред Камер, кој на маргините на Десеттата меѓународна конференција на високо ниво, во организација на Народната банка, се сретна со гувернерката Анита ...

Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22). Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 01.10.2024 која се применува од ...

Пензионерите во Република Северна Македонија од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското иинвалидското осигурување, околу 340.000 пензионери кои се стекнаа со правото на пензиско осигурување заклучно со 31 август, се опфатени со линеарното покачување на пензиите. Овие законски измени предвидуваат линеарно зголемување на пензиите во м. Септември и м. Март. ...

А1 Македонија четврта година по ред ги отвори вратите за младите таленти за да се стекнат со практично знаење и да добијат можност својата кариера да ја градат во рамките на компанијата и Групацијата А1. Оваа година, 8 практиканти својата кариера ќе ја градат во една од следниве области во дигиталниот свет: автоматизација, анализа на податоци и виртуелизација, Infrastructure & Cloud, технолошки сервиси и бизнис-маркетинг. „Горди сме на ...

Кога граѓаните подигнуваат станбени кредити, банките бараат задолжително осигурување на имотот, познато како хипотекарна полиса. Ова осигурување ги покрива основните ризици, како пожар и други структурни оштетувања на самата зграда или стан. Целта на оваа полиса е да се обезбеди заштита на средствата што банката ги позајмува преку кредитот, така што осигурувањето се фокусира на структурата на имотот, а не на содржината внатре. Меѓутоа, оваа ...

Одборот на директори на групата „Меѓународни винарници за борба против климатските промени“ (IWCA – Interational Wineries for Climate Action) ѝ додели на винарската визба „Тиквеш“ сертификат за т.н. сребрено членство во оваа организација, во која членуваат 40-ина водечки светски винарници. „Тиквеш“ е единствена винарница од регионот која успеала да ги задоволи критериумите за членство во оваа група, а сега да добие и унапреден статус. ...

Независноста и кредибилитетот на централните банки во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) беа столбовите врз основа на кои тие ги спроведоа политиките за справување со последните глобални економски шокови, со кои за само една година се намали најголемата инфлација во изминатите пет децении на едноцифрени стапки, а притоа беа избегнати рецесии и беше задржана финансиската стабилност. Ова беше посочено на отворањето на Десетата меѓународна ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 99.5. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст од 4.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.3 %, додека опаѓање бележи во секторот ...

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. На крајот на вториот квартал од 2024 година: На 30.6.2024 година, нето надворешниот долг изнесува 4.481 милион евра (или 30,8% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2024 година е зголемен за 109 милиони евра, или за 2,5%. Од аспект на структурата, ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
32%
1016
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
2.57
45%
1016
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.51
45%
1017
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
36%
1019
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.23
25%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 24ᴼ
0.0
78%
1020
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
6.69
36%
1013
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
0.51
39%
1015
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
0.51
20%
1015
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
1.03
37%
1017
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
4.12
43%
1019
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 26ᴼ
8.75
100%
1017
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326