Јајцата се дел од ихраната на човекот на повеќе начини, а за тоа дали се штетни или корисни за човекот има голем број на дилеми. Ќе се обидеме преку некои факти за јајцата да појасниме некои работи. Јајца од кокошки се многу корисни за ншсето здравје, содржат холин и се важен извор на протеини. Холинот има битна улога на развојот на мозокот и негова функција, тој е многу вазен за бремени жени и помага за развојот на фетусот. Две големи ...

Денес, четврток, 10 октомври во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 27 степени. Утре, петок, 11 октомври, во Битола времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за ...

По лошиот старт на Еурофарм Пелистер и трите порази вечерава изиграа реми против големиот фаворит Спортинг Лисабон. Иако по голот дојдоја во последните секунди со голот на Павле Атанасијевиќ сепак ракометарите и публиката можат да жалат бидејќи во поголемиот дел од натпреварот имаше водство. Имавме добар меч, криво ни е што не го добивме на натпреварот. Последните 60 секунди извадивме бод. Многу вреди за нас. Голем колку планина. Не е толку ...

Еурофарм Пелистер – Спортинг 24:24 (16:13) Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер вечерва во Битола во рамките на 4. коло од Лигата на Шампиони го освои првиот бод, ремизираше со екипата на Спортинг од Португалија, со резултат 24:24, но битолчани можат и да тагуваат за неосвојувањето на цел плен, имаа игра и имаа резултат.Пелистер имаше предност од четири гола предност во средината на вториот дел, 20:16, но во последните петнаесетина минути ...

Општина Битола традиционално секоја година го одбележува Денот на ослободувањето на градот „4-ти Ноември“ со програма од неколку денови која вклучува културно уметнички и спортски активности кои се одвиваат на повеќе локации низ Битола. Предмет на јавниот повик e кофинансирање на манифестации и проекти по повод Ден на ослободувањето на градот Битола, со кои се збогатува содржинската понуда по повод „80 години од ослободувањето на Битола“. – ...

На 08.10.2024 во 18.15 часот, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 35 и 44 години, двајцата од Битола, затоа што кај едното лице била пронајдена и одземена бела грутчеста материја, а кај другото лице била пронајдена и одземена марихуана. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава. На 08.10.2024 во СВР Битола, А.А. (36) од Битола ...

Во РЕК Битола во тек се подготовки за претстојната грејна сезона. Се испитува стабилноста и доверливоста на постројките по извршените ремонти на ТЕ Битола 2 и ТЕ Битола 3. На ТЕ Битола 1 годинава воопшто не беше извршен ремонт, така што и врз таа постројка се во план дополнителни интервенции во пресрет на зимата. Согласно овие синхронизирани активности, утрово од мрежа беше исклучен Блок 3, а во тек се операции за вклучување на Блок 2. Се ...

Комисијата за финансии и буџет на Советот на Општина Битола, на Седницата одржана на 03.09.2024, одлучуваше по доставените барања на јавните повици објавени од општината. На следниот линк https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2024/10/20241008145041847.pdf, достапни се одлуките со доделените средства на апликантите за следните повици: -Јавен повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Битола на здруженија на ...

Во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од улицата „Македонска фаланга“ со улицата „Буковска“ и улицата „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 48-годишник и мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од 53 годишник, двајцата од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничката ...

Општина Битола во соработка со Јавното претпријатие Комуналец, со поставување на лед светло, овозможија целосно осветлување на теренот на помошното фудбалско игралиште „Павел Шатев“, познато како Ќумурното игралиште во Битола. Ова игралиште го користат повеќе спортски клубови за тренинзи и спортски натпревари, а со осветлувањето на теренот се овозможуваат спортски активности и во вечерните часови. Паралелно, Општина Битола заедно со ...

Тренерот на Еурофарм Пелистер од Битола, Бранислав Ангеловски, на официјалната прес конференција го најави вечерашниот дуел против екипата на Спортинг во Лигата на шампионите, кој е лидер на табелата во групата со три победи од исто толку натпревари. Ангеловски свесен со каков предизвик ќе се соочат ракометарите, но верува дека со поддршка од трибините ќе се покажат во одлично светло. -Спортинг во Лигата на шампионите импресионира со ...

Денес, среда, 9 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 23 степени. Утре, четврток, 10 октомври, во Битола времето ќе биде наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот ...

Се известуваат граѓаните дека поради започнување со изградбата на патниот Коридор 10Д, на делница Прилеп – Битола од денеска (08.10.2024) во 13.15 часот, од страна на изведувачот “Бехтел Енка“, согласно сообраќајниот проект за времено одвивање на сообраќајот при изградба на Коридор 10 Д, се воведе посебен сообраќаен режим на сообраќај и тоа пренасочување на цел сообраќај од Магистралниот пат А3 ќе биде пренасочен на Регионалниот пат Р1101, ...

Утре вечер во Битола во спорстката сала “Боро Чурлевски“ македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ги продолжува натпреварите во Лигата на шамионите. “Пелистерци“ утре во рамките на 4. коло го пречекуваат Спортинг Лисабон од Потругалија. Левото крило Цветан Кузманоски на официјалниот прес рече дека португалскиот првак е во одлична форма, но посакува први бодови во елитната конкуренција. -Спортинг игра во страшна форма, тоа го покажаа и на ...

КУД “Стив Наумов“ Битола продолжува да ја испишува историјата на хорското пеење во Битола. Талентираните хористи кои долги години ја негуваат љубовта кон музиката, овој пат, настапија на деветтиот интернационален хорски фестивал во Хергец Нови. Имено, деновиве година, во Херцег Нови, КУД “Стив Наумов“ со свои композиции настапија на ревијалната и натпреварувачка вечер на интернационалниот фестивал.Во конкуренција од 11 хорови од различни ...

На 07.10.2024 во 21.30 часот на ул. „Трајче Магловски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 26 и 30 години од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава. На 07.10.2024 во 12.20часот во СВР Битола, П.Ј. (74) од Битола пријавил дека во село Српци, битолско, бил ...

Денес, вторник, 8 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Температурата во Битола до 23 степени. Утре, среда, 9 октомври, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен ...

Топ Гол – Ас Јунајтед 2:0 (1:0) Во рамките на 7. коло од ПМФЛ жени екипата на Топ гол во Битола издвојува победа над фаворитот Ас Јунајтед. Во натпреварот кој се одигра на Фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола, битолчанки со голови на Стефановска во 2. минута и Талевска во 84. минута издвојуваа голема победа над струшката екипа и прокнижија три нови бода на нивното бодовно салдо. -Честитки за остварената победа, особено пофални ...

На 4 октомври во Белград, Србија се одржа Европското првенство за групи и формации во спортски латино танци.Во категоријата Јуниори 2 (14 и 15 години) и дисциплината Choreographic Latin Snall Team, Mini Stars убедливо застанаа највисоко на пиедесталот, станаа Европски прваци за оваа година. Со сигурен и прецизен настап го потврдија квалитетот што го поседуваат и кој е резултат на долги години напорна работа.Радоста и среќата ја надополнија и ...

Иднината на македонската атлетика Младата членка на Атлетскиот клуб Олимп од Битола, Дарија Крстевска, оствари уште еден значаен успех на годинешниот Скопски маратон. Со само 17 години, таа го освои второто место на трката од 5 километри, постигнувајќи импресивно време од 19:38. Крстевска, која со гордост ги носи боите на Олимп Битола, уште еднаш ја покажа својата извонредна форма и упорност, кои ја вбројуваат меѓу најперспективните ...

Денес, понеделник, 7 октомври, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура во Битола ќе биде до 23 степени. Утре, вторник, 8 октомври, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 23 ...

Кога надвор температурите се намалуваат, време е дома да направиме топла атмосфера со еден едноставен чекор – печење на колач со мирис на ванила и Gardenia малина. Повелете едноставен рецепт: 200 гр. малини 4 јајца 2,5 шолји брашно 2 шолји шеќер 1 шолја кисело млеко 1 прашок за пециво 1 шолја масло Подготовка: Се матат 4 белки со шеќер, се додаваат потоа жолчките, кисело млеко, масло, брашно и прашок за пециво. Се става тестото во плех и се ...

-Со комичната опера во два чина на В.А Моцарт ““Така прават сите“, во режија на Цветан Стојановски, а под диригентство на Саша Николовски – Ѓумар, во изведба на Македонската опера и балет, во преполната сала на Народниот театар во Битола, свечено беше отворено 23. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест 2014“, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското ...

Тиквеш – Пелистер 96:84 Кошаркарите на Пелистер од Битола со лесна победа ја почнаа новата сезона во Првата лига и како гости рутински го победија Тиквеш со резултат 84:96, со што актуелниот вицешампион ја оправда фаворитската улога и на паркетот во “Јасмин“ во Кавадарци. По рамноправниот старт на натпреварот Пелистер направи серија од шет поени за водство од 7:10, и плус влегоа во шутерски ритам, па со тројките на Ташовки и на Мишковиќ ...

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Монилност“ од Битола, Демир Хисар и Ресен, денес по Широк сокак одржа дефиле кое годинава се одвива под мотото “Се движам, значи постојам“, со единствен мотив да го свртат вниманието на надлежните за нивните проблеми. Дефилето на лицата со телесен ивалидитет започна во 10 часот од пред плоштадот „Магнолија“ и се одвиваше по Широк сокак и и заврши со литетартурно читање кое го организираат членови ...

-Пелистер новата сезона во прволигашката конкуренција ја почнува со денешното гостување во Кавадарци против тимот на Тиквеш, сала “Јасмин“ во 18 часот, вака ја најавија новата кошаркарска сезона од КК Пелистер од Битола, во која како потенцираа, имаат желба да го освојат пехарот. Александар Петровиќ тренерот Пелистер за високите амбиции во новата сезона вели: -Од самиот почеток не криеме дека наша желба е да освоиме барем еден трофеј, тоа е ...

Екипата на Народен театар Битола за време на своето гостување во Полска, беше пречеканa од македонскиот амбасадор во Полска г-дин. Јасмин Ќахил. Во една пријатна атмосфера се разговараше за соработката помеѓу двете држави на културно поле, како и за тоа дека овие гостувања придонесуваат кон истата. Имено претставата “Хамлет-денот на убиствата“ од Бернар Мари -Колтес во режија на Марјан Неќак, ќе се прикаже вечер на Интернационалниот Фестивал ...

Викендов во Софија, Бугарија се одржа “Bulgarian Open 2024 BJJ Championship“ на кој настапија и каратисти од Битола . На ова реномирано отворено првенство на Бугарија на кое учествуваа повеќе од 400 натпреварувачи, битолчаните од Ninjutsu клубот Битола настаија во сениорска и детска дивизија.Младите битолчани од Ninjutsu клубот Битола, кој е претставник за “Pound for pound team za Makeodnija“, настапија под водство на нивниот тренер Сашо ...

-Како да се препознае и каде да се пријави корупција? Колку е важен личниот интегритет за справување со коруптивните влијанија? Дали обвинителите се соочуваат со притисоци и закани кога постапуваат? Ова се дел од прашањата кои што ги поставуваа средношколците и студентите на панел дискусијата “Младите против корупцијата“ која се одржа во кино “Манаки“ во Битола.Панел дискусијата “Младите против корупцијата – градење на култура на интегритет ...

Денес, недела, 6 октомври, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура во Битола ќе биде до 23 степени. Утре, понеделник, 7 октомври, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 23 степени. ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1006
weather icon

Белград

6ᴼ / 3ᴼ
1.54
95%
1007
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
0.51
91%
1007
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
0.0
82%
1009
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.62
95%
1006
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.14
97%
1008
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
74%
1005
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1006
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
94%
1004
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
2.68
92%
1006
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 8ᴼ
3.6
81%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

67484.42

Паладиум

54077.56

Цинк

3.29

Рутениум

45750.51

Сребро

2497.79

Бакар

11.83

Кобалт

64.04

Калај

46.06

Алуминиум

3.07

Злато

159436.20

Иридиум

215504.98

Родиум

336779.07