Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Пелистер Волеј – Фламинго Волеј 3:0 (25:05; 25:12; 25:09) Женската одбојкарска екипа на Пелистер Волеј во рамките на Втората лига, во второто коло, во Битола убедливо ја победи екипата на Фламинго со максимални 3:0 по сетови, во натпревар во кој доминираа во сите фази на играта. -Иако екипата на Пелистер Волеј Денес денес играше без неколку стандардни првотимки кои се повредени, со неколку пионерки кои беа дополнително повикани од ...
Гостивар – Пелистер 77:66 Кошаркарите на Пелистер од Битола го доживеја првиот пораз во оваа сезоно во Првата лига на Македонија, на гостувањето во Гостивар, во спортската сала “Младост“, од истоимената екипа, со резултат 77:66. Првата четвртина заврши со мало водство на домаќините од три поени, 23:20. Втората четвртна повторно резултатски во знак на гостите 19:13, а на одмор се отиде со резултат 42:33 или предност на домаќините од 9 поени. ...
“Манаки продукција“ од Битола го прослави својот јубилеј, 10 години работа, со прослава со голем број гости и се разбира со роденденска торта. На прославата по повод роденденот беа присутни роднини, пријатели, колеги, соработници, деловни партнери. Томислав Николовски сопственик на “Манаки продукција“ по повод јубилејот возбудено изјави: -Вечерва прославуваме 10 години јубилеј на “Манаки продукција“ со нашите најблиски, но тука со нас на ...
На 25.10.2024 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 31 годишник од Битола, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана. Истиот ден, при лишувањето од слобода тој бил заедно со 28 годишно лице од Битола и при претрес на патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, сопственост на второ приведениот биле пронајдени прашкаста ...
Денес, сабота, 26 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидроетеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 21 степен. Утре, недела, 27 октомври, во Битола времето ќе биде утрото студено, со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од ...
Еурофарм Пелистер – Радовиш 45:23 (21:11) Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола лесно дојде до бодови против екипата на Радовиш, која е аутсајдерот во домашното првенство, а “пелистерци“ запишаа 45 гола, а конечниот резултат беше 45:23, полувреме 21:11. Со видоизменер состав без Кузмановски, Хосни, Арбутовиќ, без минути на Митревски, Пешевски… Еурофарм Пелистер уште од почетокот покажа кој кај е во Супер лигата. “Пелистерци“ тргнаа ...
Вечерва пред преполната сала на Центарот за култура Битола традиционално се одржа прославата на патрониот празник на ОУ “Стив Наумов“ од Битола под мотото “Моето училиште, Мојот град, Моето се“.Повеќе од двесте и седумдесет ученици продефилираа низ сцената за да ги покажат своите балетски, драмски и музички точки. Во еден набој на силна енергија, детска искреност и ентузијазам, учениците покажаа како се сака своето училиште и колку им се ...
Четвртото издание на фестивалот за Малата школа за краток филм Petite École du film court ќе се одржи во Битола од 28 октомври до 01 ноември 2024 годин), во рамките на програмата за одбележување на 4 ноември, Осумдесет годишнината од денот на ослободувањето на градот Битола. Организатор на фестивалот е здружението AYE AYE VO/FIF Nancy претставено во Битола од Тони и Бландин Гламчевски како носители на проектот поддржан Општина Битола, ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против 42 годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 21.10.2024 пријавениот во повеќе наврати физички нападнал 24 – годишна жена и против нејзина волја ја држел во неговата викенд куќа во битолско, каде што, исто така, физички ја напаѓал. На 25.10.2024 во 03.00 часот на ул. „22 Април” во Битола, полициски службеници од СВР ...
Во рамките на проектот “Урбана Агенда“ на МКЦ-Битола ќе се одржи на концерт на млади бендови. Концертот ќе се одржи утре, 26 октомври 2024 година во “Радост“ кафе бар Битола, а ќе настапат 3 млади бендови “Red18“, “Basement Cult“ и “DamageControl“. “Red18“ е бенд од Скопје, кој постои од 2022 година, а на Елена, Јован, Павел, Аце и Димиш воопшто не им е важно да се ограничуваат жанровски. Важно им е само луѓето кои се дојдени на нивните ...
Денес, петок, 25 октомври, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 21 степен. Утре, сабота, 26 октомври, во Битола времето ќе биде утрото свежо, со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала облачност поголема во претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од југоисточен ...
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва во Битола за противик го имаше ракометниот гигант Веспрем од Унгарија, а битолчани ја имаа приликата да ги гледаат големите ракометни имиња како голманот, шпанецот, Родриго Коралес кој занележа петнаесет одбрани, поранешниот вардарец Лука Циндриќ, предводени од тренерот Чави Пасквал.Љубителите на ракометот во Битола ги поздравија и головите на капитенот Филип Кузмановски, одбраните на ...
Најновата премиера во Битолскиот театар, трета по ред за сезона 2024/25 е “Ричард III“ од Вилијам Шекспир, по превод на Драги Михајловски, а во режија на Мартин Мирчевски, која за закажана за утре, 25 октомври. Се работи за независна продукција, во соработка со Народниот театар во Битола.Директорот на НТБ, Васко Мавровски ја најави утрешната приемиера пред новинарите, на прес-конференција која се одржа денес на сцената на која и ќе се игра ...
Еурофарм Пелистер – Веспрен 23:30 (12:17) Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва во Битола го пречека Веспрем и загубија со резултат 23:30, полувреме 12:17. Натпреварот започна со водство за Веспрем од 1:3 против “пелистерци“. Потоа унгарскиот шампион константно беше во предност, а по осум минути игра имаше плус четири, 4:8. Во средината на првото полувреме, Веспрем имаше позитива од 7:11, а на Еурофарм Пелистер не му помогна ...
Трета година по ред, Општина Битола продолжува со организација на буџетските форуми. Денес, во Офицерскиот дом во Битола , се одржа првата од вкупно четирите форумски сесии, низ кои локалната самоуправа заедно со граѓаните ќе го креира општинскиот Буџет за 2025 година.Буџетскиот форум е алатка за вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки на општинско ниво, како платформа за проблемите во заедницата и начинот на нивно решавање. ...
Првакот на Македонија во ракомет, Еурофарм Пелистер вечерва во Битола го пречекува големиот дуел со европскиот гигант Веспрем. Со само еден тренинг, кој ќе биде рекуперација од напорите во Скопје, битолчани мора да креираат атмосфера и тактика за еден од фаворитите за титулата во Лигата на шампионите. Урош Борзаш, кој добро ја познава институцијата Веспрем, верува дека гостувањето на Унгарците ќе делува мотивирачки за ракометарите. -Секоја ...
Денес во просториите на ЈП “Стрежево“ Битола се одржа работната средба на директорката на Вера Бешлиевска со заменик – министерот за финансии, Николче Јанкуловски. На средбата во фокусот актуелните планови, со посебен акцент на инвестициските развојни активности и тековните проекти на ЈП “Стрежево“. На средбата беа потенцирани заложбите за имплементацијата на владините водостопански политики и интензивирање на соработката меѓу Министерството ...
На 23.10.2024 во 14.27 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.,,Филип Втори Македонски“ и ул.,,Наум Наумовски Борче “ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди”со битолски регистарски ознаки, управувано од 33 годишник од Битола и мопед „хамачи” со битолски регистарски ознаки, управуван од 20 годишник од Битола. Во несреќата митоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ...
Екипи на јавното комунално претријатие “Нискоградба“ од Битола утрово ја започнаа реконтрукцијата на малиот железен мост кај “Рибарниците“ на реката Драгор во Битола. Реконтрукцијата започна со корнење на старите железни табли по кои минуваа граѓаните, а потоа ќе има реконтрукција на целата железна контрукција. Ова мало железно мовче е доста фреквентно, граѓаните по него “влегуваат“ во старата чаршија од страна на “Рибарниците“, тука ...
Кај луѓето кои боледуваат од одредени хронични заболувања како што се: спондилоза, дископатија, дискусхернија, сколиоза многу е важно да се внесува редовна и одредена храна. Треба да се знае кај заболувањето како што е спондилозата, кај оние со одредени израстоци – калцификати дека најважно е да го намалат внесот на калциум, храната која содржи високо количество на калциум како сирење, млеко, кашкавал, јогурт. Кај овие лица погодно е да се ...
Денес, четврток, 24 октомври, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Температурата во Битола до 23 степени. Утре, петок, 25 октомври во Битола времето ќе биде утрото студено, со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до ...
Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Даме Груев, започна одбележувањето на Денот на македонската револуционерната борба. Пред споменикот кај Завод и музеј во Битола, почит оддадоа градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општина Битола, како и делегации од Сојузот на борци, Здружението на граѓани за заштита на ликот и делото на Дамјан Груев и политичките партии. Градоначалникот на општина ...
Со решение на Општина Битола за нов в.д. директор на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола е назначена м-р Биљана Темелкова. Темелкова е вработена во училиштето од 2008 година како наставник по англиски јазик и има 22 години работно искуство во образовниот сектор. Позната по својот професионализам и меѓународни успеси, Темелкова има добиено признание за особен придонес во воспитно-образовната работа и го претставува училиштето во проекти преку ...
На Опен Балкан купот 2.коло во Лозница, Србија, Меморијал „Великаните на боксот“ учествуваа тројца боксери од Битола како дел македонските репрезентативци, како претставници на Боксерската федерација на Македонија. Од Пелистерски јунак учествуваа Арабел Рустемоски, Синиша Талевски и Јоаким Јовановски. Рустемовски и Јовцановски забележаа победи со прекин, а Талевски беше поразен на поени. Резултати – Опен Балкан куп, Кадети 48 кг Петар ...
Денес, среда, 23 октомври во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде утрото студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со слаб ветер претежно од северен правец. Температурата во Битола до 22 степени. Утре, четврток, 24 октомври, во Битола времето ќе биде утрото студено со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена локална ...
Општина Битола, започнува со одржување на четири форумски сесии низ кои локалната самоуправа заедно со граѓаните, ќе го креира општинскиот Буџет за 2025 година. Првата форумска сесија ќе се одржи на 24.10.2024 година во Офицерски дом со почеток во 11:00 часот. На форумските сесии се поканети сите претставници на месните и урбаните заедници, претставници од граѓански и спортски здруженија, како и сите граѓани кои имаат конструктивни предлози ...
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 32:25 Во рамките од 8. коло од Супер лигата екипата на Еурофарм Пелистер е поразена во Автокоманда од Алкалоид со резултат 32:25, а по поразот тренерот “пелистерци“ Бранислав Амгелевски поднесе оставка. За Еурофарм Пелистер ова беше втор сезонски пораз во домашниот шампионат, по поразот од Вардар, а Алкалоид останува на прво место на табелата со максимален број на бодови. Натпреварот започна со предност на ...
Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер од Битола денес во Автокоманда во Скопје против екипата на Алкалоид се надева на победа и нови бодови, со кои ќе се израмни на табелата со тимот на Кире Лазаров. Тренерот на Еурофарм Пелистер и капитенот Филип Кузмановски го најавија дербито во Скопје. Бранислав Ангеловски тренер- Еурофарм Пелистер за вечерашниот натпевар рече: -Натпреварот со Алкалоид го очекуваме како секој натпревар од лигата на ...
Готов е видеоспотот за песната која годинава ќе нè претставува на 22-то издание на Јуниорскиот Евросонг. Видеоспотот е во комплетна продукција на Македонската Радио- телевизија и се снимаше на повеќе локации. Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски со песната „Маратон“ чиј автор е Лазар Цветковски и текст на Магдалена Цветковска, на евровизиската сцена ќе застанат на 16-ти ноември во Мадрид, Шпанија. Ана и Алексеј се извонредно талентирани млади ...
Во организација на Универзитетското студентско собрание и Студентскиот правобранител на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола, одржана е работилница „Започни мудро, заврши успешно“ наменета за студентите во прва година на прв циклус судии на УКЛО.Целта на овој интересен настан е бруцошите да се запознаат со постојните студентски тела на УКЛО, со своите права и обврски и воедно да се поттикнат да учествуваат во активности што се ...