Врз основа на Одлуката на Управниот одбор, Општинскиот Сојуз на спортови на Битола ги известува сите битолски спортски клубови кои се членови на Општинскиот Сојуз дека ќе се одржи традиционалното свечено прогласување на најдобрите спортисти и екипи на Битола, кој ќе се одржи на 20 февруари, во Нар0дниот театар Битола. Општинскиот Сојуз на спортови ќе избере за 2023 година, и тоа: -10 најдобри спортисти во сениорска конкуренција, -10 најдобри ...

Овој викенд, исклучителен концертен настан ќе се случи на сцената на Народен театар Битола. „Sweetest Taboo” e насловот на концертот закажан за 10 февруари, како почит кон славната британска поп икона Шаде, ветувајќи ноќ исполнета со нејзините легендарни хитови. Концертот ќе биде и сведок на дебито на ROCKESTRA, ансамбл кој обединува десеттина познати музичари од Битола, со кој ќе настапат и женските вокалистки Тамара Стојковска, Јасна ...

Денес, вторник, 6 февруари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Температурата во Битола до 17 степени. Утре, среда, 7 февруари, во Битола, времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Наутро ќе има услови за појава на магла понекаде во ...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот(02/03/04.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 226 возачи, меѓу кои 124 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 31 мерки за возење под дејство на алкохол, 21 санкција за управување без возачка дозвола… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните ...

Со потпишување Меморандум за соработка меѓу УСС УКЛО и Министерството за култура, меѓу другото, за студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се обезбедува попуст од 50 проценти на влезници за програмите на националните установи од областа на културата.Ова е само една од придобивките за студентите на УКЛО што произлегува од Меморандумот, потпишан од министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска и Борис Гушевски, ...

Синоќа во преполната сала на Центарот за култура Битола националната установа Камерен оркестар на Битола го одржа концеетот насловен “MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s“ со што уште еднаш докажа дека секој нивни концерт предизвикува големо внимание на љубителите на музиката.Битолчани, како и во првиот концерт со оваа тематика кој се одржа есенва, ужива во магијата на златните години на музиката, но овој пат имаа прилика да слушаат концерт со ...

-Пред 10 години во Битола, беше промовирана обновената спомен-собата на Мустафа Кемал Ататурк, во битолскиот Завод и музеј, а на свеченото отворање на Воената идадија и Спомен-собата на Мустафа Кемал Ататурк, присуствуваше тогашниот турски вицепремиер Емрулах Ишлер, во придружба на претседателот на агенцијата ТИКА, Сердар Чам и градоначалникот на Општината Битола, Владимир Талески, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и ...

Ева Милевска скијачка на ски клубот Пелистер од Битола според последната FIS ранг листа се наоѓа на 410 место, што е голем успех за нашата млади скијачка која започнува кариера и во најтешката и најбрза дисциплина во скијањето, спустот. Милевска е рангирана на оваа позиција согласно бројот на стартови кои ги има во сезоната 2023/24 година, вкупно 24, во три дисциплини и 16 извозени трки.Според планот на италинаските ски тренери под чие ...

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер од Битола ги информира своите симпатизери, навивачи и љубители на ракометот дека од понеделник (5 февруари 2024 година) во 12:00 часот започнува продажбата на поединечните билети за натпреварот од првото коло на плеј-офот на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. Натпреварот ќе се одигра в сабота (10 февруари 2024 година) во 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. ...

Обрнете внимание на секој во вашиот живот кој користи прекумерно ласкање за да ве убеди да завршите некоја задача. Тоа би можело да се маскира како комплимент, кога тоа е навистина начин да се предаде нешто што самите не сакаат да го направат. Размисли дали си изманипулиран. Тоа може да се случува на работа, но и во секојдневните односи со другите. Манипулаторите може да ви кажат: -Би сакал да го преземам тој проект, но вие сте многу подобри ...

Денес, понеделник, 5 февруари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 15 степени. Утре, вторник, 6 февруари, во Битола времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на денешниот ден, 4 февруари, 2024 година во период од 13-19 часот продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот при што изречени се 67 санкции за непочитување на брзината на движење. 19 мерки се изречени во Битола, 17 во Прилеп, 23 на подрачје на Ресен, како и по четири санкции на подрачје на Македонски Брод и Крушево. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме ...

Жанета Ристевска -Театарот ме привлекуваше уште како дете… Ме привлекуваше што има зад тие завеси, а мојата фантазија беше бескрајна. “На штиците кои живот значат“ стапнав на свои 12 години како статист, но се најдов меѓу тогашните гранде актери во НТ Битола: Олга Наумовска, Ацо Стефановски, Бабецот, Менде Марковски, Благоја Чоревски, чичко Јосиф… Бев Митанче во претствата “Ивкова Слава“. Сцената е како магија која те понесува и кога еднаш ...

По двете победи на кошаркарите на Пелистер од Битола на “балонот“ во рамките на 11. коло од АБА2 лигата, во Нови Сад, Србија, се поразени од тимот од Црна Гора, Сутреска, со резултат 79:78, во драматичен финиш во кој одлучуваше една топка, а новакот Најт имаше шанса да донесе уште една победа, но не погоди. Црногорскито претставник имапеп подобра “отворање“ на мечот во кој за десет минути се стека со сосема солидно водство од 24:16. ...

По повод 4 февруари, денот кога во 1872 година, во Кукуш е роден еден од најголемите македонски великани, Гоце Делчев, делегации положија свежо цвеќе пред Спомен куќата на македонскиот револуционер, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење и со тоа одбележуваа 152 години од неговото раѓање.Денешниот ден е потсетување и одавање почит на големото дело и заложба на столбот на македонската ...

Денес, недела, 4 февруари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 14 степени. Утре, понеделник, 5 февруари, во Битола времето ќе биде сончево и надпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата ...

На 03.02.2024 во 14.20 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 48 годишник од Битола. Тој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната. На 03.02.2024 во 16.40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 26 годишник од Битола. Тој се сомничи дека околу 07.00 часот со остар предмет го ...

Бутик “Multi brand’s“ се наоѓа на улица “Рузвелтива“ и деновиве е отворен во Битола.Самото име означува дека на едно место ќе може да се најде оригинална гардероба од различни светски брендови.Битолчани тука можат да изберат од големиот асортиман на женска и машка облека за сечиј вкус. Облека во тренди, елегантен, кежуал, спортски стил… Исто така и голем асортиман на зимска облека и ски опрема за сезоната која доаѓа.Посетете не и изберете парче ...

Во текот на изминатата вечер (02/03.01.2024) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 14 возачи од кои (9 во Битола, 4 во Прилеп, еден Македонски Брод), а откриени биле и 13 останати прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до ...

Денес со одигрувањето на последниот натпревар на стадионот “Билјанини извори“ во Охрид, кој го загубија со 0:1 од екипата на Охрид, фудбалерите на Пелистер од Битола, ја завршија втората фаза од подготовките и од утре продолжуваат во Битола. Кога сме кај натпреварот мора да се каже дека Пелистер не одигра како посакуваа, а се гледаше дека фудбалерите беа “со тешки нозе“ по тешките подготовки.Тренерот на Пелистер, Влатко Костов, за оваа фаза од ...

Како и беше најававено дека после бушењето под железничката пруга кај населбата “Јени Маале“ во Битола, каде е “влезот“ на топловодот во урбаниот дел на градот, дека за брзо ќе започне и бушењето под реката Драгор, кај месноста “Кланица“, една од поспецифичните места за поставување на цевките за топловодот, деновиве се работи на тоа, информираат од ЕСМ Топлификација Битола. Поставена е машината со која ќе се изведува оваа сложена градежна ...

Пелистер Волеј – Фламинго Волеј 3:0 (25:15; 25:12; 25:10) Сениорската екипа на Пелистер Волеј од Битола со победа стартуваше во пролетниот дел. Одбојкарките во првото коло од пролетниот дел запишаа нови три бода, откако за помалку од еден час ја совладаа екипата на Фламинго Волеј од Скопје. Со оваа победа ги потврдија амбициите за враќање во најквалитетното одбојкарско друштво во Македонија.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, за ...

Денес, сабота, 3 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 9 степени. Утре, недела, 4 февруари, во Битола времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до ...

Поради недостиг од храна во природат секторот за заштита и мониторинг на природните ресурси во Националниот парк “Пелистер“ од Битола, согласно законските денови за прихрана на дивеч во зимскиот период изврши прихрана на дивечот со пченка, пченица, минерали и сол за ситниот и крупниот дивеч.На хранилиштата во националниот парк “Пелистер“ оставени се стотина килограми за прихранување на ситниот прелетен и крупниот дивеч, а тоа го направија ...

Пелистер – Хелиос Санс 83:81 Kошаркарите на Пелистер од Битола забележаа нова победа во рамките 9. коло, на “балонот“ на АБА2 лигата кој се игра во Нови Сад, Србија. Оваа втора победа на “пелистерци“ во Нови Сад е втора од два натпревари, а победена е екипата на Хелиос со резултат 83:81. Со овие бодови Пелистер има реални шанси за место во разигрувањето. Пелистер одигра квалитетно во втората четвртина, а како резултат на таквата игра беше тоа ...

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, денес поднесе иницијатива за свикување на седница на Советот, за објектот „Парк“ и велосипедските патеки. Во продолжение, Ви го доставуваме интегрално барањето до советниците во Советот на општина Битола. -Почитувани советници, Новите можности, кои што општина Битола ги има за нејзин развој и напредок, наметнуваат потреба од одржување на седница на Советот на општина Битола, на која треба да се ...

Судискиот ракометен пар од Битола, близнаците Методија и Михајло Илиевски, добија судиско унапредување, Европската ракометна федерација ги делегираше за натпреварите од четвртата рунда во Лигата на Европа во женска конкуренција. Битолскиот судиски пар добива шанса во групната фаза од второто по ранг европско клупско натпреварување, која како рекоа сакаат максимално да ја искориста и да се етаблираат во ова европско натпреаврување. Методија и ...

Денес, петок, 2 февруари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почести од попладневните часови. Попладне ќе дува умерен ветер од северен правец. Темперарурата во Битола до 8 степени. Утре, сабота, 3 февруари, во Битола, времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Темперарурата во ...

На 31.01.2024 во 19.45 часот, во СВР Битола се јави лицето О.П. (54) од с.Кравари и пријави дека на ден 31.01.2024 година, во околу 14.00 часот неговиот дедо Л. Н. (75) од с.Кравари се оддалечил од домот и се упатил во непознат правец, односно истатиот го пријави за исчезнат. По добиената пријава, веднаш од страна на полициски службеници од СВР-Битола преземени се мерки и активности за негово пронаоѓање при што беа организирани патроли за ...

Директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска – Илиевски ги соопшти бројките на одржани настани, во нивна организација, проекции на филмови во “3Д Кино“, како и настаните кои Центарот ги има организирано заедно со други субејкти. Како вели Андоновска – Илиевски, бројките не се играчка, и додава: -НУ Центар за култура Битола во 2023 година реализираше 645 манифестации, фестивали, концерти, настани, изложби, промоции, филмски ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1017
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
3.09
62%
1014
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
73%
1016
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.22
59%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
86%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
4.12
35%
1014
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
63%
1017
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
55%
1013
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
5.14
73%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
56%
1015
Currency

61.535

Currency

53.6698

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61