Силекс – Пелистер 1:0 (1:0) Пелистер од Битола е поразен на гостувањето во Кратово од екипата на Силекс со 1:0, со што кратовчани ум се реваншираа на “пелистерци“ за поразот во Битола со идентичен резултат. Пелистер настапи без капитенот Мирко Ивановски кој “поцрвене“ на дербито со Вардар. Резултатот беше отворен уште на почетокот на натпреварот, во 5. минута, кога Ѓорѓиевски после соло му додаде до Дарко Додев, а овој, фудбалски, од прва, ...

На 09.11.2024 во 02.20 часот на регионален пат А3 во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 31 годишник од Битола, затоа што при преглед кај него пронашле грутчеста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. На 09.11.2024 во 00.30 часот на ул. “Карпош” во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 42 годишник од Битола, затоа што при преглед кај него била пронајдена прашкаста ...

Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор против 23-годишник осомничен за две кривични дела – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Против него е поведена постапка, бидејќи во два одвоени настани, на 9 септември и на 7 ноември, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира. Жртвите и во двата случаи успеале самите да го ...

Во рамки на активностите за одбележување на Светскиот ден на науката за мир и развој, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на 15 и 16 ноември 2024 г. ја одржува Годишната меѓународна научна конференција „Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој“. Пред одржување на Конференцијата, проректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ ја потврдува посветеноста на раководството на УКЛО и на Универзитетот кон парадигмата дека – ...

Низ разговори со д-р Васил Чипуровски информираме и даваме стручни совети за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне за перикард и перикардитис, за што вели: -Перикардот е обвивка на срцето која се состои од два листа висцерален и париетален помеѓу кои има до 50 мл течност ултрафилтрат на плазма и клетки кој спречува ...

Денес, сабота, 9 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 17 степени. Утре, недела, 10 ноември, во Битола, времето ќе биде променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 12 степени. ...

Пелистер – Феникс 110:93 Кошаркарите на Пелистер пред празни трибини во Битола ја продолжија победничката серија во домашниот шампионат и го запишаа четвртиот триумф. Во салата „Боро Чурлевски“, која беше празна поради суспензијата од КФСМ “пелистерци“ демонстрираа моќ против Феникс 2010 и постигнаа 110 поени, триумфирајќи со 110:93.Гостите од Скопје одлично се бореа, прикажаа и повеќе од достоен отпор, но квалитетот и искуството на ...

Општина Битола и ЈП “Комуналец“ Битола започнуваат со активности за подобро постапување со отпадот во градот, што ќе вклучува поставување соодветни садови за собирање, селекција на отпад од пластика, нови контејнери за селекција на отпад и воведување селекција на отпад од хартија. -Повеќе од 1.200 садови за отпад за индивидуални домаќинства и 59 садови за отпад во колективни згради во наредниот период ќе бидат поставени на повеќе локации во ...

Денес, петок, 8 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 15 степени. Утре, сабота, 9 ноември, во Битола времето ќе биде наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ...

На 8 ноември во 13:00 часот, BLISS Mall официјално ги отвора вратите и ние сме воодушевени што ќе бидеме дел од овој возбудлив нов простор! Придружете ни се додека го откриваме нашиот One stop shop, каде што можете да го истражите нашиот целосен спектар на услуги од финансии, осигурувања, патувања, програма за лојалност – сето тоа на една погодна локација. Не пропуштајте ја шансата да се дружите со нашето Минт Зајаче кое ќе биде тука за да ...

Во рамките на 4 коло од втората државна лига, Пелистер Волеј ја декласира екипата на Македонија Макс од Струмица со максимални 3:0, по сетови 25:02; 25:03; 25:13; Дозволувајќи му само 18 поени во трите сета на противникот и со тоа покажаа дека немаат милост на патот кон првата лига, па оваа година газат сѐ пред себе, а до сега имаат 4 од 4 и без загубен сет се наоѓаат на самиот врв на табелата. На сите досегашни натпревари сите одбојкарки ...

Денес се асфалтира новата улица помеѓу новиот трговски центар “Близз“ и “Лидл“ во Битола која е проектирана и направена да започува од “Илинденска“ кај Еврејските гробишта и се вклучува во големиот кружен тек кај “Дулието“. Претходно поради новата улица се направени измени и во самиот кружен тек, а се работи и на тротоарите околу кружниот тек. За утре е закажано и свечено отворање на новиот трговски центар “Близз“, односно вториот кат, а ...

Екипата на Пелистер мечот против Феникс од 6. коло од Првата лига ќе го одигра без публика во Битола, а причина за тоа е суспензијата добиена од комесарот Александар Милојевиќ поради хаосот на трибините пред крајот на неодамнешната средба на битолчани во домашната пресметка со Кожув. Битолчани изглеа со соопштение по повод целата ситуација. Соопштението ви го пренесуваме во целост. Почитувани, -Сакаме да Ве информираме дека натпреварот од 6. ...

Имаме чест да споделиме одлични вести од АК Олимп од Битола – макотрпната работа, посветеноста и најуспешната сезона на нашата атлетичарка Дарија Крстевска резултираа со нејзиниот прв повик во дресот на македонската репрезентација! Дарија ќе ги брани боите на Македонија на претстојното Балканско првенство во Крос Кантри, кое ќе се одржи на 9 ноември во Камплунг, Романија. Во категоријата У20 години, таа ќе се натпреварува во дисциплината ...

Ексклузивно на едукативното предавање во организација на НУУБ “Св. Климент Охридски”- Битола проф. д-р Зоран Крстевски ќе зборува за воспоставувањето нова позитивна програма на размислување и дејствување низ практикување на методите: Афирмација; визулизација; фреквенција, енергија и многу други техники за хармонизирање на личноста. Сите 12 книги на проф. Крстевски ќе им бидат достапни на посетителите, а најновата негова книга “Астролошки ...

Најчесто дисбаланс во организмот се случува во зимски временски услови каде што е намалена физичката активност и обично во тој период внесуваме лоша и неадекватна храна за нашето тело. Поради тоа нашиот организам не работи артикулирано и тој самиот не може да ја обработи храната и доаѓа до наталожување на отровите во организам. Во зимни услови телото има потреба за внесување на поголемо количество на масти и поради самото тоа потешко ги ...

Есен и зима се периоди каде полесно може да намали нашиот имунитет, почест престој во затворени простории и полесно предавање на вируси и бактерии помеѓу соговорниците. Како последица на тоа, има чести настинки и грип и компликација од нив при неадекватено реагирање од наша страна. Настинката и грипот обично се одвиваат и се подобруваат во рок од една недела, но понекогаш компликациите од овие болести можат да станат сериозни. Настинката и ...

Денес, четврток, 7 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 15 степени. Утре, петок, 8 оември, во Битола, времето ќе биде наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност ...

Вечерва на сцената на Народниот театар Битоола се одржа Свечена академија по повод 80 години од постоењето на културно-уметничкото друштво “Стив Наумов“ од Битола, најстариот македонски хор кој неуморно ја негува нашата музичка традиција и култура.По тој повод во преполната сала се одбрати претседателот на КУД “Стив Наумов“ – Владимир Христовски, кој се освра и на изложбата за 80 години КУД “Стив Наумов“ која беше отворена во фоајето на НТБ, ...

Во рамките на одбележувањето на 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Битола се одржа градското првенество во куглање на Битола кое се одржа во кугланата во спортската сала. Во финалето на Градското првенство во куглање во женска конкуренција победничка е Стефанија Алексовска, со соборено 576 дрвца и 2:2 во сетови. Таа беше подобра од Андреа Вељаноска која собори 540 дрвца. Во машка конкуренција победник е Влатко Колев со соборени 570 ...

Битолскиот театар се наближува кон големиот јубилеј, 80 години постоење. Во рамките на програмата за одбележување, се и неколку гостувања од театри и тоа: МНТ, Драмски театар Скопје и театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“- Велес. Првото гостување е на 07.11 (четврток) со почеток во 20.00 ч. на МНТ-Скопје со претставата “Бели ноќи“,во режија на Звездана Ангеловска. Актерската екипа ја сочинуваат: Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. ...

Денес, среда, 6 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 17 степени. Утре, четврток, 7 ноември, во Битола времето ќе биде наутро студено со услови за слаба магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен ...

На површина од 900 м² Општина Битола ја започна изведбата на „Памп трак” полигонот за велосипеди на локација во градскиот парк, во близина на „Ќумурното” игралиште. Оваа адреналинската патека вклучува континуирана патека од нагорнини и надолнини околу кои возачите можат да возат велосипеди, скејтборди, ролери и друго. Патеката ќе понуди повеќе начини на забавно возење во безбедна и контролината средина.-Изведувач на проектот е фирмата ДТУ ...

На 04.11.2024 во 21.56 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Демир Хисар, во близина на село Лисолај, патничко моторно возило „фолксваген голф” со битолски регистарски ознаки, управувано од 29 годишник од Битола, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Битола, додека сопатничката 23 годишна жена од Кичево се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница ...

“Bv Business Group“ од Битола како општествено одговорна компанија, по повод одбележување на 4 Ноември, роденденот на нашата Битола, по втор пат организираше литературен конкурс овојпат на тема “Ајде во Битола”.Доделувањето на наградите за најдобрите беше на 4 Ноември, од 18 часот во Универзитетка библиотека “Св. Климент Охридски”во нашиот град.На истиот учество зедоа 60 ученици од основните и средните училишта во Битола, Могила и Новаци. ...

Во големата сала на Центарот за култура Битола по повод роденденот на Битола 4 ноември денот на ослобудувањето на градот беа доделени општинските награди за животно дело и наградите за едно годишно остварување. По официјалниот дел следуваше културно уметничка програма во која беа поместени, спомнати, битолски брендови кои го одбележаа осум децениското постоење на слободна Битола. Како битолски брендови кои го одбележаа овај периодот од ...

-Пред 10 години, во 2014 година, наградата за животно дело која градот Битола ја доделува по повод 4-ти Ноември, Денот на ослободвањето на градот, ја доби проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Со свечено врачување на четвртоноемвриските награди следуваше изведба на музичко-сценскиот перформанс “За мојата Битола“, во кој покрај Камерниот оркестар ...

Денес, вторник, 5 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала облачност. Максималната температура во Битола ќе биде до 17 степени. Утре, среда, 6 ноември, во Битола времето ќе биде наутро студено со услови за слаба магла или ниска облачност по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево. Максималната температура во Битола ќе биде до 17 степени. ...

-Кога имате осигурување тоа значи дека можете да сметате на финансиска поддршка во тешките моменти, вели по повод меѓународниот ден на осигурувањето, Даниел Паришко – раководител на сектор Прием во осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола. Меѓународниот ден на осигурувањето, на 1 ноември е повод да се потенцира значењето на осигурувањето како иструмент кој заштитува од финансиски издатоци во непредвидени и неочекувани ситуации. ...

Ретко кога се случуваат и инциденти на кошаркарски натпревар во Битола, е последниот инцидент кој се случи на трибините ја разбранува кошаркарската јавност во градот. Имено, на кошаркарскиот натпревар во Битола помеѓу екипите на Пелистер и Кожув во рамките на 4. коло од првата кошаркарска лига можеше да има и посериозни последици, поради инцидент на трибините, кои се “пресели“ и на паркетот, и внесе нервоза, која дотогаш ја “имаше“ само ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1006
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
83%
1007
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
85%
1006
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
93%
1007
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.5
95%
1007
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.5
97%
1007
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
1.34
70%
1007
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1008
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1008
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
88%
1005
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.79
89%
1005
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
80%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2497.79

Бакар

11.83

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Калај

46.06

Родиум

336779.07

Иридиум

215504.98

Алуминиум

3.07

Паладиум

54077.56

Цинк

3.29

Злато

159436.20

Платина

67484.42