Управата за јавни приходи соопшти дека пропишаниот рок за поднесување на Пријавите за данокот на додадена вредност “ДДВ–04“ кој истекува на 25 април 2024 година, се продолжува за еден ден, односно, краен рок за поднесување на пријавите ДДВ – 04, ќе се смета 26 април 2024 година. Како што појаснуваат од УЈП, рокот се продолжува согласно одлуката на Владата, со која 24 април 2024 година (среда) се прогласува за неработен ден за сите граѓани. ...

Според, пресметката на ССМ, најмногу пари во месецот или нешто над 22.000 денари, едно четиричлено семејство троши на храна и пијалаци. Месечните трошоци продолжуваат да растат. Во април, минималната синдикална кошница изнесува 60.212 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија. По ова може да се види дека во споредба со претходниот месец, на едно четиричлено семејство сега му се потребни дополнителни 1.214 денари за да ги покрие ...

Денеска во Скопје на прес-конференција беше претставена новоформираната фондација „Центар за дигитална трансформација ГоДигитал Скопје“, која има за цел да придонесе за дигиталната трансформација на малите бизниси во земјава. Настанот се одржа во присуство на основачите на Центарот од Македонија2025 и бројни претставници од партнерските организации, медиумите и други заинтересирани страни. Центарот „ГоДигитал“ е основан со цел да ја унапреди ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2024 година изнесува 39.276 денари, објави Државниот завод за статистика. Оттаму соопштија и дека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 58.967 денари. Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2024 година, во споредба со февруари 2023 година, изнесува 116,5. Ваквото зголемување се ...

Во Стопанската комора ќе бидат официјално соопштени и доделени грантовите во Северна Македонија од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), кои беа објавени неодамна, за стручно образование и обуки изработени во соработка помеѓу претпријатијата и установите за стручно образование и обука во регионот. -По три отворени повици, Регионалниот фонд за предизвици се обврзува да поддржи вкупно 16 проекти со 85 партнер-претпријатија во ...

Индексот DAX на франкфуртската берза денеска во 9 часот порасна на 17.876,50 поени, францускиот CAC 40 на 8.069,26 поени, лондонски FTSE 100 на 7.986,75 поени, а московскиот MOEX на 3.467,83 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 37.986,40 поени пред денешното отворање на берзата, додека индексот S&P 500 падна на 4.967,23 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 15.282,01 поени. Според податоците од берзата, ...

Fidelity Digital Assets ја задржа својата позитивна краткорочна перспектива за битцоинот по првиот квартал, но ја ревидираше својата среднорочна перспектива врз основа на неколку параметри. Fidelity Digital Assets ја ревидираше својата среднорочна перспектива за биткоинот од „позитивен“ на „неутрален“ по првиот квартал, наведувајќи неколку метрики кои сугерираат дека биткоинот повеќе не се смета за „евтин“ во услови на потенцијално зголемување ...

Деновиве се понудија разни програми со кои се најавуваше формулата за спречување на одливот на млади луѓе и истите тие да се задржат да бидат дел од македонската економија. Дел од тие програми и решенија комично се поврзува со нашиот евентуален влез во Европската Унија (ЕУ). Имено, како што покажува искуството речиси на сите постсоцијалистички земји, станувањето членка на ЕУ нема да го намали извозот на работна сила туку, напротив, најверојатно ...

Тркалезна маса на тема „Одржлива иднина со зелени иновации, практична примена во компаниите“ организира денеска Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), која е дел од меѓународниот проект „Гриновет“ (Greenovet). Во овој проект се вклучени 18 европски партнери и е кофинансиран од образовната програма на ЕУ Еразмус+. Како што соопшти ССКМ, ќе бидат презентирани достигнувањата во областа и споделени искуства од бизнис-секторот, во насока ...

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,09 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,03 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 154,70 на 154,75 јени. Со оглед на тоа што доларот лебди на највисоките нивоа во последните 34 години, јапонските власти се закануваат дека ќе интервенираат ...

„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години ...

На крајот на четвртиот квартал од 2023 година, јавниот долг на земјите од еврозоната падна од 89,9 отсто во претходниот квартал на 88,6 отсто, објави Евростат. Во Европската унија, јавниот долг на крајот на четвртиот квартал од 2023 година изнесува 81,7 отсто од БДП, што претставува намалување за 0,7 процентни поени во однос на претходниот квартал. Во однос на четвртиот квартал од 2022 година, јавниот долг на еврозоната е намален за 2,2 отсто, ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци. Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари. Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по ...

Глобалните трошоци за одбрана достигнаа рекордни 2,44 билиони (2,440 милијарди ) долари минатата година што претставува најголемо годишно зголемување навоените буџети во повеќе од една деценија. Зголемувањето од 6,8 отсто меѓу 2022 и 2023 година е најголемото од 2009 година, се вели во извештајот на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI). Во исто време, аналитичарите регистрираа зголемување на воените трошоци во сите ...

Малопродажната цена на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за еден до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 отсто. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство ...

Русија сега има основа да заплени имот на Западот, откако Претставничкиот дом на САД усвои закон со кој се дозволува потенцијален трансфер на замрзнати руски средства во Украина, изјави претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, цитиран од британските медиуми. -Вашингтон донесе закон за конфискација на руски имот за да ја испровоцира Европската унија да ја донесе истата одлука, што ќе биде погубна за европската економија, рече Володин. ...

Европската централна банка нема да се поколеба од првото намалување на каматните стапки во јуни поради неизвесноста на цената на нафтата, изјави членот на Управниот совет Франсоа Вилерој де Галхау. Според гувернерот на Банката на Франција, дури и ако конфликтот на Блискиот Исток доведе до зголемување на цената на нафтата, креаторите на политиката прво ќе треба да анализираат дали таквиот шок би ги поттикнал основните цени и инфлациските ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на наставниците и соработниците во високообразовните установи во академската 2023/2024 година изнесува 4.656. Десет години претходно, во учебната 2013/2014 година изнесувал 3.354. Или, за една деценија професорскиот кадар е зголемен за 1.302. Но, наспроти растот кај професорите, се намалува бројот на запишаните и бројот на завршените студенти. Статистиката последни податоци има за ...

Народната банка квалитетно, навремено и транспарентно ја извршува статистичката функција, што е од витално значење за обезбедување на макроекономската стабилност, водењето на монетарната политика, како и за носење квалитетни одлуки од страна на носителите на економските политики, беше истакнато на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерот Фадил Бајрами и главниот статистичар и директорот на ...

„Секогаш е пријатен муабетот со пензионерите, затоа што тие се мудри, искусни и нивните совети се секогаш добредојдени“, рече д-р Венко Филипче, кој во рамки на својата агенда како кандидат за пратеник на СДСМ и Коалицијата оствари средба со Здружението на пензионерите во Струмица. Во изјава за медиумите по остварената средба, д-р Филипче се осврна на придобивките и мерките кои СДСМ ги овозможи за пензионерите, потенцирајќи дека и во иднина ќе ...

Вишиот управен суд донесе две пресуди со кои се оспорени преку 3.000 акти за вработување и унапредување, како и за издадени согласности за вработување по сите основи во јавниот сектор зашто се донесени без врзан потпис на министерот за финансии и дополнителниот заменик-министер во периодот од формирањето на техничката влада до денот на распишување на изборите, информира дополнителната заменик-министерка за финансии Елена Петрова на денешната ...

Пролетните проекции за инфлацијата во земјава на Меѓународниот монетарен фонд се слични со есенските очекувања на Народната банка, дека инфлацијата ќе се намалува и годинава за околу 4 отсто и за околу 2 отсто догодина, во просек. Трендовите се поволни и доколку инфлацијата и натаму се намалува во согласност со проекциите, без да се остварат позначителни ризици, тоа ќе создаде простор за промена на монетарната политика во втората половина од ...

Вкупните кредити, во март, забележаа месечен раст од 0,3 проценти, поради зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“. Годишниот раст изнесува 6,1 процент и се должи на повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, објави денеска Народната банка. Кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,5 проценти на месечна основа, при годишен раст од 6,8 проценти. Месечниот и годишниот раст, посочува НБ; се ...

Жените земјоделки ќе можат да користат платено породилно отсуство. На финансиска поддршка од 100.000 денари имаат право жените кои вршат земјоделска дејност, имаат статус на осигуреник како индивидуален земјоделец и се носител или член на семејното земјоделско стопанство. Со вкупно обезбедени 6 милиони, или по 100.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство, ќе можат да добиваат жените земјоделки за дете кое е родено од 1-ви декември ...

Комерцијална банка е прогласена за Најпосакуван работодавач во 2023 година во категоријата Банкарство и финансии од страна на платформата Vrabotuvanje.com. Банката е особено горда на оваа награда затоа што е признание за задоволството и успехот на вработените, кои се еден од нејзините најсилни и највредни ресурси. Изборот е направен врз основа на интересот на потенцијалните вработени за отворените работни позиции во Банката, како и врз база на ...

Пролетните проекции за инфлацијата во земјава на Меѓународниот монетарен фонд се слични со есенските очекувања на Народната банка, дека инфлацијата ќе се намалува и годинава за околу 4% и за околу 2% догодина, во просек. Трендовите се поволни и доколку инфлацијата и натаму се намалува во согласност со проекциите, без да се остварат позначителни ризици, тоа ќе создаде простор за промена на монетарната политика во втората половина од оваа година, ...

Глобалната економија покажа изненадувачка отпорност на зголемените каматни стапки и шокови кои произлегуваат од војните во Украина и Газа, но има многу причини за загриженост, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. Георгиева истакна дека постојаната инфлација и растечкото ниво на националниот долг предизвикуваат посебна загриженост, пренесува Танјуг, повикувајќи се на АП. Инфлацијата се намали, но не ...

„Народната банка на последниот состанок на Комитетот за оперативна монетарна политика одлучи да не ја менува основната каматната стапка и ја задржа на 6,3 %, со оцена дека таа соодветствува со условите во економијата“, истакна вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска во интервју на ТВ „Блумберг Адрија“. Таа додаде и дека сите показатели коишто внимателно ги следи централната банка, во контекст на носењето на монетарните одлуки, се ...

Голем е јазот на пазарот на трудот, тоа што го бараа бизнис-секторот образовните инситуциите не го нудат, велат од Фондацијата Фридрих Еберт. На дебата на тема „Предизвиците и перспективите на пазарот на трудот во Северна Македонија – Транзиција од образование до вработување“ оддржана во Тетово од фондацијата истакнаа дека невработеноста е еден од поголемите проблеми во државата, затоа и младите мигрираат оти не можат да се пронајдат на пазарот ...

Пред неколку децении, јајцата од кокошка воопшто не беа сортирани по боја на лушпата, а белите често беа исклучок. На европскиот пазар, а особено во Германија, денес е спротивно. Класичните јајца со кафеава лушпа се сè помалку достапни за продажба, а наскоро можеби и повеќе нема да ги има, изјави за „Дојче веле“ Хенер Шонеке, претседател на Здружението на германски производители на јајца. Како што појасни, навиките на потрошувачите се менувале ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.37
70%
1011
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
81%
1016
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.53
64%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.82
74%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.81
69%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.86
91%
1015
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
68%
1008
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.26
88%
1010
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.81
82%
1010
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
4.02
69%
1013
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
1.07
63%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
52%
1011
Currency

61.53

Currency

55.5002

Currency

72.612

Currency

35.112

Currency

39.2593

Currency

65.5344

Currency

7.55213

Currency

0.65447

Currency

0.37501

Currency

0.52482

Currency

1.41065

Currency

0.64521

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15452.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1047.45

Злато

104068.10

Бакар

9.36

Паладиум

30157.40

Платина

31054.37

Родиум

172810.26

Цинк

2.62