
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



„Агротера“ беше меѓу првите 20 најголеми земјоделски стопанства во Русија. Во понеделникот, на 8 април, рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за префрлање на имотот на компанијата „Агротера“, една од првите 15 најголеми земјопоседници во земјата, под државна контрола. Според декретот, 100% од „Агротера“ беа префрлени на „привремено управување“ на Федералната агенција за управување со имот. Вистинскиот сопственик на руската групација ...
Регулаторната комисија за енергетика вчера донесе одлука за новите цени на нафтените деривати. Согласно новата одлука на РКЕ, поскапуваат сите горива. За еден денар поскапува ЕУРОСУПЕР БС-98, за 1,5 денари ќе се зголеми цената на ЕУРОСУПЕР БС-95. За два денари од полноќ поскапуваат дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство. Ова се новите цени на горивата кои важат од полноќ: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар) – ...
Трошоците на животот во март годинава, во однос на март лани, бележат раст од 4.0 %, а цените на мало од 3.8 %, соопшти Државниот завод за стстистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2024 година, во однос на претходниот месец, изнесува 0.9 %. Зголемувањето на инфлацијата во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 3.1 ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во партнерство со Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП) објави годишен конкурс за новинарски награди со цел да се поттикне и награди квалитетното и етичкото известување. Наградите се посветени на борбата против дезинформациите и промовирање на родово чувствително известување, поттикнувајќи го јакнењето на новинарскиот интегритет. Критериумите за пријава за новинарските награди можете да ...
Во градовите од внатрешноста на Македонија, особено во Тетово, Гостивар, Струга и Дебар, се забележува зголемен број на „диви менувачи” на валути. Овие улични оператори нудат услуги на граѓаните за сметка на менувачници, но дали ова е нормална појава или е потенцијален ризик? Наши соговорник од Тетово, кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен, објаснува дека секојдневно, од раните утрински часови па сè до вечерта, овие „диви ...
Инфлацијата на потрошувачките цени во Турција во март достигна до 68,5%, а како резултат на порастот на цените на храната и услугите. Како што пренесува „Ројтерс“, месечната инфлација во март достигнала до 3,14 % што е пад во однос на претходниот месец кога изнесувала 4,53%. Во споредба со претходниот месец, најголем пораст бил забележан во сегмените: образование (13,1%) и комуникации (5,65%). Според податоците на Истамбулската стопаска комора, ...
Во Грција годинава освен поскапо сместување зголемени се и цените на такса за апартманско сместување, патарините, лежалките, храната… Туристичката такса за најевтините ноќевања во апартмани, наместо досегашните 0,5 евра за ноќ, годинава ќе изнесува 1,5 евро. Таксата за хотелите, исто така, е зголемена и се движи од 3 до 10 евра во зависност од категоријата на хотелот, односно три евра за хотели со две и три ѕвездички и 10 евра за хотели со пет ...
Просечната бруто плата во компаниите во ТИРЗ во март достигнала над 1100 евра, што е речиси 10% над државниот просек, покажала анализата на ТИРЗ. Како што наведуваат оттаму, за споредба – просечната нето плата во Зоните достигна над 43.000 денари, што е повеќе од два пати над просечната плата од 19.000 денари регистрирана во 2016 година. „Во првиот квартал од годинава продолжува да расте и бројот на вработени. Заклучно со март во компаниите во ...
По фантастичните перформанси во 2023-та година, растечкиот моментум на крипто пазарот продолжува и во 2024-та година. Многу од водечките монети достигнаа повеќегодишни највисоки цени, при што биткоинот достигна рекордно високо ниво од над 73.000 долари. Но, иако циклусот 2024/2025 има потенцијал да биде најсилниот што го видел секторот, прогнозите за следните години не се толку оптимистички. Според податоците презентирани од „AltIndex.com“, ...
Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба во 2023 година на Народната Банка на Република Северна Македонија, вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 39,929.2 милиони денари или 649.3 милиони евра, односно бележи пораст од 18% во однос на 2022 година. Притоа, вредноста на ...
„Еуростат“ соопшти дека инфлацијата во еврозоната трет месец по ред бележи забавување побрзо од очекуваното, а март меѓугодишната стапка паднала на 2,4 отсто. После стапка на инфлација од 2,6 отсто и 2,9 осто во јануари и февруари, инфлацијата попушта трет месец по ред и според месечните споредувања. Основната инфлација, во која не се вклучуваат цените на енергенсите и храната, во март била 2,9 отсто, во однос на 3,1 отсто од претходниот месец. ...
Минатата седмица цените на нафтата на светските берзи скокнаа за повеќе од 4 отсто, достигнувајќи највисоки нивоа во последните пет месеци, што е најмногу последица на зголемените тензии на Блискиот исток. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата седмица скокна за 4,2 отсто, на 91,17 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 4,5 отсто, на 86,91 долар. Главно поради геополитичките тензии на Блискиот исток, од ...
Народната банка ги објави податоците за „зелените кредити“ за четвртиот квартал од 2023 година, каде што се забележува раст на квартално ниво од 5%, додека на годишна основа од 29,1%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога почнале да се прибираат податоците, „зелените кредити“ се зголемени за 2,8 пати. Станува збор за заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција ...
Цените на становите во Скопје во првиот квартал годинава поскапеле за 4,7 отсто на годишнo ниво, а бележат пад од 0,8 проценти во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цените на станови на Народната банка. Ова е прво минимално квартално намалување на цените на становите по долг период, откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година. Според податоците на Народната банка, во последното тримесечје од ...
„Соодветната монетарна политика, стабилизирањето на цените на храната на светските берзи, како и временото замрзнување на цените на храната кај нас придонесоа за намалување на инфлацијата“, посочува агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во својот последен извештај за земјава, во кој го потврдува кредитниот рејтинг од „ББ+“ со стабилен изглед. Во извештајот на „Фич“ се наведува дека поради затегнатата монетарна политика, инфлацијата се намали на ...
Анализа на независен аналитички центар составен од научници од пет земји Се проценува дека кинескиот БДП ќе го надмине американскиот, при што земјата ќе стане најголемата светска економија во 2035 година, се наведува во извештајот објавен од аналитички центар составен од научници од пет земји – САД, Русија, Канада, Индија и Кина. Извештајот посочи дека ветувачкиот раст на Кина ќе ја придвижи светската економија напред. Во извештајот исто така ...
Во петокот агенцијата „Fitch“ го потврди кредитниот рејтинг на Хрватска „БББ+“ со позитивна перспектива, а таквиот рејтинг е поддржан од показателите за управување и БДП по глава на жител, заедно со членството во ЕУ и еврозоната, објави Министерството за финансии на петок навечер. „Задоволни сме од пораките што агенцијата „Fitch“ ги наведе во својот извештај, со кои се препозна важноста на членството во еврозоната, како и достигнувањата во ...
Во 2022 година Европската Унија извезла 1,4 милион тони користена облека и текстил, што е над двојно повеќе отколку во 2000 година, според податоците на Обединетите нации (ОН). Пред десет дена Франција предложи ЕУ да го забрани извозот на користена облека, со образложение дека може да ја загади природната средина во земјите увозници во ситуации кога таквата облека не може да се препродава на пазарот и завршува на депониите, пишува „Хина“, а ...
Сегашниот извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева е единствениот кандидат за оваа функција со петгодишен мандат, соопшти Управниот одбор. 70-годишната бугарска економистка е на чело на ММФ од 2019 година и веќе изјави дека е подготвена за уште еден мандат, доколку биде номинирана. Сегашниот мандат на Георгиева истекува на крајот на годинава. Водечката позиција во ММФ традиционално им припаѓа на Европејците, а ...
Минатата година 93 евидентирани извршители наплатиле 159.761.407 евра, покажува објавениот извештај на нивната комора за 2023. Само на територијата на Основен суд Скопје и Кривичен суд Скопје биле присилно извршени 92.440.068 евра, објави Фактор.мк. Наплатата од граѓаните како поединци е рекордна – 41,9 милиони евра, резултат подобар од една година претходно – 40,5 милиони евра во 2022, која пред тоа важеше за убедливо најуспешна. Рекордна е и ...
Паневропскиот индекс Stoxx 600 беше во минус за еден процент во првиот дневен пресек на трргувањето, при што паднаа сите сектори на акции, освен нафтата и гасот. Најголеми губитници се акциите на туристичките компании во просек по 2 отсто и финансиските услуги за 1,5 отсто. Истовремено, лондонски Ftse индекс се намали за 0,98 отсто, на 7.897 поени, франкфуртски DAX се намали за 1,25 отсто, на 18.174 поени, а париски CAC за 1,32 отсто, на 8.043 ...
Инфлацијата во Швајцарија во март е на најниско ниво во последните 2,5 години. Со тоа е поддржана одлуката на швајцарската централна банка минатиот месец да ги намали каматните стапки, првпат после 2015 година. Потрошувачките цени се зголемија за 1% од март 2023 година, што е најниско ниво од септември 2021 година. Ова десети месец по ред како инфлацијата е во рамките на целта на централната банка. Оваа земја беше заштитена од инфлација со ...
Советот на Европската унија (ЕУ) и Европскиот парламент (ЕП) постигнаа договор за Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, најамбициозниот пакет финансиска помош за регионот во вредност од шест милијарди евра. Договорот на 4 април го потврди европскиот претставник Тонино Пицула, кој беше главен преговарач во името на ЕП. Преговорите меѓу овие две институции на ЕУ се одвиваа под голем временски притисок, бидејќи за усвојување на одлука, објави ...
Државниот завод за ревизија во најновиот извештај вели дека иако се поминати 13 години во изградба на гасоводи низ целата територија на Македонија тие сепак не се употреба. За оваа намена државата потрошила 154 милиони евра пари на граѓаните и дека и покрај ваквата трошење на народни пари сепак сеуште заостануваме во енергетската транзиција. „Во периодот од 2014 до 2023 година за изградбата на магистралните гасоводи ЛОТ1-61 km (Клечовци- БС5 ...
По првите 2 се очекува јавен повик и за третата мерка од ИПАРД 3, за поддршка на инвестиции во основни средства и за преработка и маркетинг на земјоделски и на производи од риба. Кофинансирањето е 50 проценти од вложените средства … Преработувачите на земјоделските производи и задругите можат да се подготвуваат за аплицирање на новиот јавен повик од ИПАРД 3. Платежната агенција најавива дека наскоро ќе има оглас за поддршка на инвестициите во ...
Според одредени анализи, годинава кибернападите ќе ја чинат глобалната економија 9,5 трилиони американски долари, а во наредните две години загубата би се зголемувала со стапка на раст од околу 15%. Ова укажува на потребата од зголемен интерес за киберотпорноста, преку соработка и развивање глобални стандарди за киберотпорност на финансискиот сектор, зајакнување на регулативната рамка, размена на информации и искуства и зголемување на ...
И по изминати 13 години, изградбата на магистралните гасоводи не е целосно завршена и дел од нив не се ставени во употреба, но, исто така, отсуствува долгорочен план за развој на дистрибутивен систем на природен гас во државата, целосно самофинансирање на дејноста – пренос на природниот гас и реализацијата на идните активности за интерконекција со соседните држави, се наведува во соопштението на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Неповолното ...
Новата ИПАРД 3 програма предвидува, за прв пат, и авансна исплата до 50% од поддршката, веднаш по потпишувањето на договорот. Овие седум години покажавме што значи вистинска грижа за земјоделецот. Докажавме дека може поинаку и дека може подобро. Земјоделецот денес има доверба во институциите. Знае дека има фер шанси за секоја мерка која му се става на располагање, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ја реализираше исплатата на директните плаќања за остварено производство со градинарски култури и остварено производство со овошни култури… Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во ...
Дали знаевте дека примателите на флаери се склони да ги задржат и помнат пораките од флаерите подолго од онлајн рекламите? Истражувањата покажуваат дека 72% од испитаниците изјавиле дека флаерите допринесуваат за бизнисот. Ова не е случајност. Флаерите нудат директно влијание на вашата целна аудиенција, привлекувајќи го вниманието со висок квалитетен дизајн и прецизно напишани пораки. Овие елементи можат да резултираат со повеќе од 50% ...