
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



На продажба уште еден поранешен гигант на СФРЈ Агенцијата за лиценцирање на стечајни управители ја објави продажбата на Водостопанско претпријатие „Ерозија“ Крагуевац во стечај по пат на јавно наддавање по почетна цена од 35,03 милиони динари, а јавното наддавање ќе се одржи следниот месец односно на 18 јули. Стопанскиот суд во Крагуевац отвори стечајна постапка, на предлог на стечајниот должник, во октомври 2015 година, поради трајна ...
Цените на златото денеска се стабилизираа откако претходно паднаа на најниско ниво за две недели, додека инвеститорите ги очекуваа податоците за инфлацијата во САД за да видат колку брзо Федералните резерви ќе ги намалат каматните стапки. Цената на златото е непроменета на 2.299,55 долари за унца, а златото падна на најниско ниво од 10 јуни во средата, пренесува CNBC. Цената на фјучерсите на златото во САД паднаа за 0,1 отсто на 2.310,20 ...
Банкарскиот систем останува здрав и стабилен, а мерките на Народната банка придонесуваат за дополнително зголемување на неговата отпорност Советот на Народната банка на редовната седница го разгледа и го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2024 година. Во Извештајот се оценува дека банкарскиот сектор ја задржа својата стабилност и сигурност во работењето, со подобрена солвентност, одржана ликвидност и добар ...
Пари нема, фалат 40 милиони евра кои ќе се обезбедат со ребаланс на Буџетот! Премиерот Христијан Мицкоски најави две линеарни зголемувања на пензиите. Првото линеарно зголемување, како што најави претседателот на Владата, ќе биде со септемвриската пензија, која ќе биде покачена за 2.500 денари, а второто во март идната година. Со тоа ќе се исполни ветувањето дека во првата година од мандатот на оваа Влада, пензиите ќе бидат зголемени за 5.000 ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да ја соопшти новата цена на електричната енергија која ќе ја плаќаат граѓаните од 1 јули. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски не очекува ценовен шок, вели просечната цена на електричната енергија за домаќинствата нема да биде зголемена повеќе од еден процент. На тендерот што го распиша универзалниот снабдувач ЕВН Хоме беше прифатена цената од АД ЕСМ од 60 евра за мегават часови за ...
Злоупотребувајќи го идентитетот на Народната банка преку телефонски повици непознати лица, се обидуваат противправно да остварат финансиска корист и/или да приберат лични податоци коишто потоа можат да бидат злоупотребени. Ја известуваме јавноста дека Народната банка нема никаква поврзаност со лицата коишто ги оствариле телефонските повици и апелираме до граѓаните да не откриваат лични податоци, ниту пак да преземаат активности согласно со ...
Родовата нееднаквост во платите е глобален проблем кој постои во многу индустрии и региони. Овие факти ќе ви помогнат да разберете подобро колку е распространет и кои се неговите последици: 1. Глобална родова разлика во платите 2. Причини за родовиот јаз во платите 3. Стаклен таван и застапеност на жените на лидерски позиции 4. Ефекти на родовата нееднаквост во платите 5. Промени и напредок 6. Образование и професионален развој Родовата ...
Неколку германски компании учествуваат во досега најголемото истражување во Германија за воведување на четиридневна работна недела, објави денеска Дојче веле. Градежна компанија, служба за чистење теписи, маркетинг агенција и многу други компании се дел од експериментот наречен „Четири дена“. Во каква форма треба да се скрати работното време на вработените, тоа од почеток беше оставено на самите компании, односно на нивното раководство. Некои ...
„Во буџетот што е поминат за оваа година недостасуваат средства за тековни пензии. Се трошеле за работи за кои мислам дека многу ќе се занимаваат истражните органи во периодот што следи. Уште дополнителни 2,5 милијарди денари се подготвени за ова првично зголемување кое ќе биде во септември“, рече Мицкоски Првото линеарно зголемување на пензиите премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе биде со септемвриската пензија, кога ќе бидат покачени ...
Гувернерката на Федералните резерви на САД, Мишел Бауман, рече дека не очекува намалување на каматните стапки пред крајот на годината и дека е подготвена повторно да ги зголеми доколку има напредок во намалувањето на инфлацијата. „Сè уште не сме на точката каде што би било соодветно да се намали каматната стапка“, рече Бауман, според Fox Business. Таа предупреди дека прерано намалувањето на стапките може да ризикува продолжување на високата ...
Левица смета дека ПИОМ нема пари за тековна исплата на пензиите, дека тоа се должи и на исплата на пензии на косовски државјани кои не ни работеле во Македонија и го поставува прашњето дали новата власт веќе подготвува зголемување на старосната граница за пензионирање – мажите да одат на 66 години во пензија, а жените на 64 години. Веќе еден месец сè погласни се гласините дека фоднот за ПИОМ е во очајна состојба и дека едвај може да ги исплати ...
Прво ребаланс, а потоа владата ќе почне да ги дели парите според приоритет. Премиерот Мицкоски денеска најави дека во овој Буџет нема доволно финансии за предвидените проекти. Први на листата се општините и линеарното зголемување на пензиите. Ова го најави премиерот, на камен-темелникот за ново скопско училиште… Линеарно зголемување на пензиите од септември, најави премиерот Мицкоски. Средства за оваа намена ќе бидат обезбедени со ребалансот на ...
Годишен профит за најпрофитните извршители, од кој може да се купи куќа, или стан, веќе и не е вест. Порталот „Пари“ подолого ги следи нивните приходи и добивки, па заклучокот е дека за умешните во оваа фела, ова е профитна професија од која годишно се ставаат на сметка по дестици, па и и по стотици илјади евра. Анализата на порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк (пред неколку месеци побаравме официјални податоци од Комората на ...
Собранието синоќа едногласно со 84 гласа „за“ го донесе законот за дополнување на Законот за енергетика со што ќе се спречи зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули годинава за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар. Со ова решение ќе се обезбеди сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи. Претходно, законските дополнувања беа усвоени од ...
Остануваат уште три дена од извлекувањето на среќните добитници кои ќе добијат летен одмор во грција за целото семејство! СН Финансиско друштво, препознавајќи ја потребата на граѓаните за уживање без мака во летниот одмор, со понуда за туристички безкаматен кредит за сите граѓани. Понудата вклучува избор на летна дестинација по Ваш избор преку реномираната туристичка агенција ЈК Травел, а целосниот износ може да го плаќате на десет месечни рати ...
Европската инвестициска банка (ЕИБ – EIB) најави дека на барање на европскиот јавен обвинител ќе им го одземе имунитетот на двајца поранешни функционери поради можна корупција, а поранешниот претседател Вернер Хојер на банката потврди дека е под истрага. Европското јавно обвинителство (EPO) во понеделникот извести за истрагата, велејќи дека банката го прифатила нивното барање за укинување на имунитетот на двајца поранешни вработени и ...
Неколку луѓе се убиени, а голем број се повредени од полициски истрели за време на националните протести против даноците во Кенија. Би-Би-Си јави дека гори дел од зградата на Парламентот. -Најмалку осум лица загинаа, јави локалната телевизија КТН, повикувајќи се на болнички служби. Кениската комисија за човекови права соопшти дека полицијата „пукала со боева муниција“ кон демонстрантите. Очевидци рекоа дека делови од кенискиот парламент се ...
Бенефитите од проектот на „Алказар Енерџи“ за развој на ветерен парк со 55 ветерници во земјава, ќе бидат намалување на цената на електричната енергија, отворање на работни места и директни странски инвестиции во македонската економија, изјави денеска ко-основачот и управувачки партнер во компанијата Даниел Калдерон, кој присуствуваше на официјалната презентација на проектот. – Бенефициите од инвестицијата за развој на парк на ветерници во ...
Аргентина во првиот квартал од годината влезе во рецесија, со повисока невработеност во услови на строги политики за штедење воведени од претседателот Хавиер Милеи. Според Заводот за статистика, бруто домашниот производ (БДП) на Аргентина е намален во периодот од јануари до март за 2,6 отсто во однос на претходните три месеци. Додека економската активност на годишно ниво е намалена за 5,1 проценти. Новиот аргентински претседател тврди дека ...
Државата нема систем за управување со јавните инвестиции, а проектите кои се реализираат преку Јавното претпријатие за државни патишта не се ставени во трошоците од буџетот. Ова го утврдиле ревизорите во последната ревизија на тема “Реализација на капиталните инвестиции финансирани преку Буџетот на Република Северна Македонија, ЕУ фондови и средства од други меѓународни финансиски институции во надлежност на централната власт и локалната ...
Вкупно 61 отсто од фирмите се соочиле со корупција два до пет пати во текот на годината, а повеќе од 20 отсто еднаш. Ниту едно коруптивно барање не е пријавено во ЈО. Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот. Најчесто се обидува да го корумпира индиректно, а главно му бара пари, процент од тендери, нечие вработување или унапредување, донација за политичка партија, подароци или услуги. Повеќето компании тоа не го пријавуваат, дел ...
Ветерен парк со 55 ветерници кои ќе произведуваат еден терават час електрична енергија ќе се гради меѓу Карбинци, Штип и Радовиш. Инвестиција на „Алказар Енерџи“ која беше прмовирана денес е во вредност над 500 милиони долари и ќе преставува 20 проценти од целокупното производство на електрична енергија во земјава. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ова е најголемата инвестицијата досега во делот на обновливи извори на енергија во ...
Минатата година извршителите присилно наплатиле безмалку 160 милиони евра. Ова е втор најголем износ во нивната 18-годишна кариера, по рекордната 2017 година, кога со наплатата надминале 166 милиони евра, покажуваат податоците од Комората на извршители, врз основа на кои порталот „Пари“ ги направи овие пресметки. Лани имало 93 извршители со 327 вработени, а во 2008 години имало 54 извршители со 231 вработен. Минатата година, бројот на вкупно ...
Валутите на пазарите во развој се на пат да ја забележат својата најлоша прва половина од годината од 2020-та година, притиснати од неочекувано силниот долар, соопшти „FT“. Индексот на валутата на новите пазари на „JPMorgan“ е намален за 4,4% од почетокот на годината до денес, што е повеќе од двојно побрзо од падот во истиот период во претходните три години. Надежите на инвеститорите за брзо намалување на каматните стапки во САД во 2024-та ...
Напорите и залагањата на Народната банка за олеснување на пристапот до финансиските услуги на населението се препознаени и од меѓународните институции како одличен пример на финансиска едукација и вклученост. И натаму треба да се вложуваат напори со цел натамошно зголемување на пристапот до финансии, којшто е предуслов за повисока економска активност и доход. Ова беше истакнато на состанокот помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, и ...
Над шест од десет граѓани на Европската Унија веруваат дека имаат корист од меѓународната трговија, што претставува зголемување во споредба со последното такво истражување спроведено во 2019 година, покажува најновата анкета на Евробарометар посветено на меѓународна трговија. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, истражувањето открива дека Европејците ги ценат придобивките што ги носи меѓународната трговија, како што се поширок избор на ...
Европскиот увоз на гас од Русија во мај ги надмина американските испораки за првпат по речиси две години, и покрај напорите на ЕУ да се одвикне од руските фосилни горива по почетокот на руско-украинскиот конфликт. Според Фајненшл тајмс, по почетокот на конфликтот во февруари 2022 година, Москва ги намалила испораките на гас во Европа, а регионот го зголемил увозот на ЛНГ испорачан од специјализирани бродови со САД како главен снабдувач. САД ја ...
Ново зголемување на цените на производите. Минималната кошница расте, а тоа го потврди и синдикатот. За основни трошоци, за едно четиричлено семејство се потребни повеќе од 60.000 денари… Струјата, горивата, пекарските производи. Сите најавуваат нови цени, граѓаните размислуваат како да го поминат месецот. Синдикатот одново пресмета зголемување на синдикалната кошница. Без илјада евра, едно четиричлено семејство не може да го помине месецот. ...
Албанската влада одлучи да обезбеди бескаматни станбени кредити за вработени во повеќе министерства, со цел да им го олесни решавањето на станбеното прашање. Прв информацијата на социјалните мрежи ја објави министерот за одбрана Нико Пелеши наведувајќи дека од неговото министерство „станбени кредити со камата од 0% ќе имаат 90 припадници на армијата“. „Ова е важна одлука која има за цел да ги поддржи нашите војници, нудејќи им можност да ги ...
Вкупната трговија со стоки надвор од Европската Унија во евра во 2023 година изнесува 46 отсто, додека во американски долари 42 отсто. Валутите на земјите од ЕУ, освен еврото, се користени за два отсто од трговската размена, а другите валути учествуваат со десет отсто. Најчесто користена валута за извоз е еврото со учество од 52 отсто, пред американскиот долар со 32 отсто, валутата на земјите од ЕУ освен еврото со три отсто и другите валути со ...