Геополитичката нестабилност „го привлекува моето најголемо внимание“, рече извршниот директор на ЏП Moрган Чејс, Џејми Дајмон, повикувајќи ги САД да се подготват за долготрајна војна меѓу Украина и Русија, објави То Вима. Една година откако ја нарече геополитиката најголем ризик во светот, Дајмон повторно алармираше, предупредувајќи дека состојбата на глобалната стабилност се влошила. За време на неговата посета на Индија, Дајмон изјави за ...

Министерството за образование и наука објави Конкурс за доделување 1200 стипендии за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година, со рок за аплицирање до 10 октомври 2024. Стипендиите ќе бидат доделени во четири категории во зависност од постигнатиот успех на средношколците Роми во последната учебна година, со месечен износ од ...

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека проблем со државниот буџет нема. Добар дел од големите индустриски капацитети се пред нов финансиски удар. Државата им должи поврат на Данок на додадена вредност повеќе од 100 дена. Дел од бизнисмените на неколку пати последниов период се пожалија во нашата редакција за овој проблем, но сака да останат анонимни, бидејќи стравуваат од инспекциските служби за кои велат дека им се се почести гости во ...

Владините мерки за ограничување на маржите и намалување на цените на прехранбените производи предизвикаа значителен интерес, но, според последните извештаи, не успеаја да ја исполнат својата цел – да обезбедат пониски цени за граѓаните. Повеќе медиумски истражувања укажуваат на тоа дека и покрај донесените мерки, цените на основните производи остануваат високи, а намалувањето од очекуваните 10% на над 70 прехранбени производи сè уште не се ...

Тренинг центарот на Институтот за извоз, воспоставен во рамки на „Проектот за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“, кој Комората го реализира во партнерство со УСАИД, почнува со две паралелни обуки од вкупно единаесет, во рамки на двете програми, „Како да започнете со извоз на меѓународни пазари“ и „Извозен менаџмент“. Во рамки на првите две обуки „Меѓународен бизнис и меѓународни односи„ и „Анализа, пристап и модели на влез ...

Спроведувањето на реформи е вистинскиот патоказ за целосна реализација на нашата евроатланска интеграција. ЕУ е приоритет за Владата и Министерството за финансии и имаме цврста определба за реализирање на Реформската агенда поврзана со Планот за раст. Ова го констатира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на средба со новиот амбасадор на ЕУ во земјава Микалис Рокас на кој му посака добредојде и успшен мандат, соопшти ...

Глобалните емисии на CO2 ќе продолжат да растат во следните пет години, предвидуваат аналитичарите на McKinsey во нивниот последен извештај за светските енергетски изгледи. Според нивните проценки, вакво сценарио ќе се случи дури и ако сите земји ги исполнат своите обврски за климата. Треба да се напомене дека во 2023 година, според проценките на Меѓународната агенција за енергетика, обемот на таквите емисии го ажурира рекордот, кој изнесува ...

Не е прифатена понудата на Комерцијална банка за преземање на Стопанска банка Битола која и натаму ќе продолжи да работи како самостојна банка. Епилогот дојде откако мнозинскиот дел од акционерите на битолската банка реши да не ја прифати понудата. Како што соопштија од Комерцијална банка преку Македонската берза, понудата за преземање била прифатена од 149 (сто четириесет и девет) сопственици на обични акции со право на глас, кои поседуваат ...

IBM оваа недела отпушта значителен број вработени IBM отпушта значителен број вработени оваа недела и се обидува тоа да го премолчи, пишува plovdiv24.bg, повикувајќи се на свои извори. Вработен во IBM изјави за The Register дека IBM Cloud доживеа „масовно отпуштање“ во текот на изминатите неколку дена што погоди илјадници луѓе. „За разлика од традиционалните отпуштања, ова беше направено во тајност“, рече инсајдерот „Мојот менаџер ми рече дека ...

Почна сезоната на берба на јаболка, а со тоа изминативе денови зачестија огласите за барање на берачи. Само околу илјада работници се потребни во Преспа за берба на јаболката. Според објавите на социјалните мрежи дневниците се движат од 2.000 до 2.500 денари, а дел од овоштарите на берачите им нудат храна и бесплатно сместување. Обично, за берба во преспанско-ресенскиот регион се пријавуваат работници од соседните општини кои ќе бидат ...

Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари. – Загрижува податокот во делот на трошоците за Исхрана и пијалоци за месец септември кои изнесуваат 23 034,00 денари споредено со месец август (22 317,00 денари) и истите како трошок се зголемени ...

Музејот на Народната банка се приклучува кон манифестацијата за одбележување на Денот на европското културно наследство во организација на Советот на Европа и Министерството за култура. По тој повод, Музејот на Народната банка на 28.9.2024 година (сабота) ќе биде отворен за јавноста од 10 до 16 часот. За време на отворениот ден во Музејот на Народната банка ќе се одржи и работилница под наслов „Уметноста создава уметност“ на која стрип-цртачите ...

Како и првичните плаќања за хипотекарни кредити! Кинеската централна банка објави серија мерки кои имаат за цел да им олеснат на домаќинствата и компаниите да позајмуваат пари, во најхрабриот обид на кинеските власти во последните месеци да го заживеат економскиот раст, да го запрат колапсот на пазарот на домување и широкиот пад на цените, истакна The New York Times. Централната банка, Народната банка на Кина (PBOC), ги намали краткорочните ...

Приклучувањето кон ЕУ од аспект на земјоделството ќе донесе предизвици, но и многу можности. Мора да обезбедите одржливост на секторот, вашите синџири на исхрана треба да бидат конкурентни на европскиот пазар, но и во современите економии. Мора да ја подготвите јавната администрација преку засилување на контролните структури и управувањето, да осигурате дека тие ќе бидат целосно во согласност со принципите на доброто владеење. Овие принципи се ...

Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен, што во голема мера се должи на политиките и макропрудентните мерки коишто ги носи Народната банка за одржување на финансиската стабилност. Ова беше посочено на средбата којашто се одржа помеѓу гувернерката на Народната банка и Хесус Сарина Салас, член на Единствениот одбор за решавање банки, институција при Европската банкарска унија чија цел е навремено справување со проблемите во работењето ...

Како што и веќе е информирана јавноста, градоначалникот Митко Јанчев од стапувањето на функцијата градоначалник на општина Кавадарци, а тоа се веќе цели седум години, не само што јавно се откажа од месечниот надомест – плата и користење на службено возило, туку и истиот надомест е пренаменет во хуманитарни цели. Но најважно од се е, што во прилог можете да погледнете табела на која можете да забележите дека градоначалникот Митко Јанчев преку ...

Националниот совет за развој е одлична платформа да се учествува во визијата и во реализација на она што претставува стратешка цел на државата и за тоа е потребно да се создаде патоказ и визија за чекорите во периодот 2024 – 2044 година, истакна премиерот Христијан Мицкоски, на денешната втора седница на Националниот совет за развој, на која присуствуваше амбасадорот на Оединетото Кралство, Метју Лосон, како и претставниците на Обединети Нации ...

Златото скокна над 2.600 долари за прв пат на 20 септември, продолжувајќи го својот раст, поттикнат од очекувањата за натамошно намалување на каматните стапки во САД и зголемените тензии на Блискиот Исток. Благородниот метал за итна испорака ја заврши својата неделна трговија на 2.621,88 долари. долари за троја унца – раст од 1,36% во петокот. Фјучерсите на златото за испорака во декември на берзата COMEX „затворија“ на 2.646,20 долари за троја ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 75,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 77,00 денари, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 денари. Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се ...

Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот рок, 25 септември (среда) 2024 година до полноќ, за поднесување на ДДВ-04 пријавите за последниот оданочив период, велат од УЈП. Од таму апелираат навреме да се поднесат ДДВ – 04 пријавите со цел да се избегне непотребен стрес и дополнително чекање на обработка на пријавите доколку истите се испратат последниот ден. „Во моментов, системот на ...

Педесет пабови месечно се затвораат во Англија и Велс во првата половина од оваа година, при што експертите предупредуваат дека зголемувањето на даноците во 2025 година би можело да им отежне на некои бизниси да останат отворени. Анализата на фирмата за истражување на пазарот на недвижнини Алтус покажа дека во првите шест месеци од годината, 305 пабови биле принудени трајно да се затворат, што значи дека бројот на пабови во Англија и Велс падна ...

Во пресрет на претседателските избори, Доналд Трамп , републиканскиот кандидат, го изрази своето неодобрување на неодамнешната одлука на Федералните резерви да ја намали својата референтна каматна стапка за половина процентен поен. Трамп сугерира дека овој потег може да биде показател за лошата американска економија или за политички мотивирана акција. Оваа критика доаѓа бидејќи ноемвриските претседателски избори се на прагот, објави Фајненшл ...

И покрај програмската определба на Владата за државно обезбедување на училиштата наместо тоа да биде во рацете на приватни агенции, почетокот на новата учебна година откри дека заложбата останува само идеја на хартија. Медиумите сѐ погласно бараат одговор на прашањето дали и зошто Владата се откажа од оваа замисла, а порталот „Пари“ ги анализира јавните набавки за приватните агенции за обезбедување на училиштата. Во Комората за приватно ...

На листата која ја објави Министерството за економија и труд се наоѓаат ориз, леб, масло за јадење, сите видови зеленчук и овошје, месо и месни производи и млеко и млечни производи… Од денеска стартува владината одлука за пониски маржи за 10 проценти за дел од основните прехранбени производи. На листата која ја објави Министерството за економија и труд се наоѓаат ориз, леб, масло за јадење, сите видови зеленчук и овошје, месо и месни производи ...

Глобалната побарувачка за бакар може да се зголеми за 72 отсто до 2050 година благодарение на развојот на вештачката интелигенција, покажа истражувањето на рударскиот гигант BHP. Клучните двигатели на растот на цената на бакарот во иднина ќе бидат растот во земјите во развој, енергетската транзиција и центрите за податоци, според гореспоменатата австралиска компанија. Бакарот е клучен елемент за пренос на енергија и се користи во системите за ...

Во исчекување на примена на новите правила за влез во ЕУ, веќе станува сè поизвесно дека тие ќе значат дополнително усложнување на работата на транспортерите. Асоцијацијата Макам-транс веќе стапила во контакт со МНР да добијат прецизни упатства за постапките кои треба да се спроведуваат од 2025-та … Новите правила за влез во Германија ќе го намалат бројот на македонски возачи, а негативно ќе влијаат и врз целото стопанство, алармираат ...

Малите трговци од руралните средини ќе се најдат на удар на одлуката на Владата за ограничување на профитните маржи на 70-тина прехранбени производи до 10 отсто до 31 октомври. Тоа според Националната земјоделска мрежа ќе го поттикне нивното затворање и иселувањето на руралните жители од населените места со 100-тина луѓе. Проценките се дека ваквите ограничувања ќе придонесе за затворање на 100 мали продавнички во зафрлените места, а мештаните ...

Колку намалувањето на маржите на 73 прехранбени производи, кои треба да бидат со со пониска цена – ќе ја намалат сиромаштијата во прескапиот септември. Дел од граѓаните кои ги анкетираше ТВ 24 велат дека секоја одлука која ќе го помогне домашниот буџет е добрододјена но се скептични дали воопшто ќе профункционира На краткорочен план мерката е добра но не и на долгорочен бидејќи може да влијае на севкупниот бизнис, коментира економскиот ...

На забавувањето на активностите во германската економија не му се гледа крај, но нема да западне во длабока рецесија, оценува Централната банка во последниот месечен извештај. „Германската економија се уште е во тешка ситуација“, заклучува Бундесбанк. Зголемената економска несигурност ги кочи инвестициите, градежниот сектор е зафатен од повисоки финансиски трошоци, а личните трошоци не се зголемија и покрај повисоките плати, велат експертите. ...

Компанијата „Gasthaus Schlössle“ произведува сопствено пиво од 1690 година, што ја прави една од најстарите пиварници во Баварија. Но, производството ќе биде завршено на крајот на декември. Пиварницата од Ној-Улм повеќе не може да се носи со пазарот. По 334 години, пиварницата мора да го прекине производството. Косопственичката Криста Золер за „Билд“ објаснува дека потрошувачката на пиво опаѓа бидејќи цените на суровините и енергијата растат. ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
44%
1009
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
68%
1013
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
57%
1013
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
72%
1010
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
4.27
64%
1010
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
3.09
81%
1013
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
2.24
47%
1010
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
43%
1012
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
68%
1011
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
5.66
76%
1010
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
89%
1014
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
2.57
36%
1010
Currency

61.535

Currency

54.2476

Currency

72.3635

Currency

35.2035

Currency

39.4153

Currency

65.6886

Currency

7.52137

Currency

0.66604

Currency

0.37967

Currency

0.52626

Currency

1.4049

Currency

0.64114

Алуминиум

2.43

Кобалт

0.53

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.97

Сребро

1049.50

Злато

108919.31

Бакар

9.35

Паладиум

31523.81

Платина

31329.64

Родиум

172810.26

Цинк

2.58

Иридиум

134266.78