
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Тоа е најскапата војна во историјата на земјата Израел ја води најскапата војна во својата историја. Само во тековната година, речиси 64.000 израелски компании престанаа со работа. Главно се работи за мали компании, покажуваат податоците од анализата изработена од консултантската куќа Coface BDi. Исто така, повеќето нови ИТ компании од земјава претпочитаат да се регистрираат во странство. Технолошкиот сектор придонесува со 20% од БДП на Израел. ...
Европската унија се подготвува да усвои нови санкции против Иран, обвинет за продажба на балистички ракети на Русија, изјавија извори за Блумберг. И Москва и Техеран постојано го негираа ова. Според неименуваните извори, ќе бидат погодени неколку десетици поединци во Иран и организации, вклучително инженерски, металуршки и воздухопловни компании. ЕУ има намера да го одобри пакетот санкции на крајот на октомври кога лидерите на ЕУ ќе се сретнат ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2024 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 04 октомври 2024 ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вторник на 8 октомври ќе патува за Будимпешта каде ќе биде потпишан договорот за кредит во висина од 500 милиони евра од унгарската експорт-импорт банка. -На 8 октомври заминувам и тој ден ќе се потпишува кредитот во Будимпешта. Очекувам до крајот на следната недела парите да легнат на буџетските сметки, прво на девизната, а потоа ќе пренасочуваме дел на денарската сметка – рече таа во ...
Курсот на денарот е стабилен, а нивото на девизни резерви е адекватно за понатамошно успешно спроведување на стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото. Показателите за банкарскиот сектор, исто така ја потврдуваат неговата здравост и стабилност. Ова се заклучоците за монетарниот дел во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг Фич, во кој го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ со стабилен изглед. Во ...
Еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над 10 илјади евра годишно, во зависност од затвор до затвор. Моментално во државата има 2 400 затвореници и уште толку чекаат да влезат во затворите, изјави директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов. Намалувањето на затворската популација, посочи Пандов, може да се направи на три начини – преку условен отпус, електронски надзор и подобра ресоцијализација на ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека ребалансот на Буџетот, што го изготвиле во првите 100 дена, веќе се реализира, како и дека веќе се исплаќаат обврските за кои претходната Влада немала доволно средства испланирано. Според неа се покриваат и доспеаните обврски за кои, исто така, биле обезбедени средства со Ребалансот. Но, она што не изненадува е појавувањето на дополнителни недоспеани обврски. -Состојбата што ја ...
Државата нема да се фаворизира трет оператор, ако одиме со трет оператор нема да одиме со непосредна спогодба, туку ќе одиме со отворен тендер согласно Законот за јавни набави и ќе се натпреваруваат сите заинтересирани компании, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот „Каде се парите”. Тој во поткастот исто така вели дека е дојдено време кога граѓаните мора да добијат поевтини цени и ...
Буџетскиот дефицит на Австрија во 2024 година ќе биде поголем од три отсто од БДП поради големите расходи за санирање на последиците од поплавите и послабите економски резултати, што значи дека оваа земја ќе ги прекрши фискалните правила на Европската Унија. Австриското Министерство за финансии очекува буџетскиот дефицит оваа година да се зголеми од 2,7 отсто во 2023 година на 3,3 отсто од БДП, пренесува Блумберг. Во март, прогнозата беше ...
Според новиот извештај на БестБукерс.ком, најприфатлива земја во Европа за купување дом во однос на просечниот приход е Данска. Просечната цена на имот од 100 квадратни метри е еквивалентна на 114 нето плати, што го прави северот најприфатлива земја во Европа за купување дом, според податоците на ММФ, специјалистите за цени на имотот Нумбео и TрејдингЕкономикс, открија од БестБрокерс. Во исто време, Данска е најскапата земја во ЕУ во 2023 ...
Европската Унија, Велика Британија и САД ја санкционираа Русија поради нејзината агресија врз Украина. Сепак, и покрај овие санкции, Русија најде начин да ја одржи трговијата со Европа. Американскиот институт Брукингс, користејќи ги податоците од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за трговијата, во последните години го мапираше извозот на неколку европски земји во азиските земји, за кои постои сомневање дека реекспортираат европски стоки во ...
Британските истражувачи проценуваат дека извозот меѓу Обединетото Кралство (Велика Британија) и Европската Унија помеѓу 2021 и 2023 година бил помал отколку што би бил доколку не се случеше Брегзит. За седум години Брегзит го намали бруто домашниот производ (БДП) на островот до четири отсто. Повеќе од четири години по Брегзит, Обединетото Кралство (Велика Британија) лошо ја чувствува економската штета. Навистина, Брегзит има „длабоки“ ...
Синдикатот што претставува 45.000 американски пристанишни работници кои штрајкуваат на пристаништата на источниот и заливскиот брег во четвртокот постигна договор да го прекине тридневниот штрајк до 15 јануари за да се даде време да се преговара за нов договор. Синдикатот, Меѓународната асоцијација на долгоморски работници, треба веднаш да продолжи со работа. Привременото прекинување на штрајкот дојде откако синдикатот и американската поморска ...
Неколку владејачки гарнитури во изминативе години го прогласија процесот на денационализација за завршен, но се чини дека станувало збор само за политички флоскули, со оглед на тоа што министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамките на 23. годишна конференција на Македонската берза, која неодамна се одржа во Охрид, најави дека се работи на донесување одлука за 23-та емисија на обврзници за денационализација во вредност од 1,5 ...
Економската стратегија на Европската Унија претставува „економска студена војна“ и Унгарија не сака да биде притисната во ниту еден блок и сака да продолжи да тргува со двете страни, изјави премиерот Виктор Орбан за државното радио во петокот. Орбан додаде дека производите произведени во ЕУ ќе биде сè потешко да се продаваат ако светската економија се подели на два блока и дека е нејасно дали Унгарија може успешно да ја продолжи својата ...
Во ноември Русија ќе започне геолошки истражувања на потенцијалните наоѓалишта на литиум, нафта и природен гас во западноафриканската земја Мали, изјави висок функционер на земјата во главниот град Бамако. Службеникот, кој сакаше да остане анонимен, на турската државна агенција Анадолија и ја пренесе изјавата на министерот за економија и финансии на Мали, Алусеин Сану, дека првата група руски експерти ќе пристигне следниот месец со веќе ...
Пазарот на дигитални средства регистрираше уште еден невиден пораст – средствата од реалниот свет на блокчејн надминуваат 12 милијарди долари до денес. Ова го споделува извештајот на Binance Research објавен на почетокот на октомври. Наспроти позадината на сѐ уште високите каматни стапки, блокчејн средствата стануваат сè попосакуван инвестициски избор за луѓето кои бараат сигурен поврат на инвестицијата. Средствата од реалниот свет (RWA) ...
Сите формалности за заемот од Унгарија се завршени од наша и од нивна страна, а кај нас поминаа и на владина седница и во Собрание со што очекувам до крајот на месецов средствата од заемот целосно да бидат трансферирани во земјава, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски. -Во периодот од 7 до 9 октомври министерската за финансии ќе биде во главниот град на Унгарија каде што официјално ќе биде потпишан заемот и очекувам до крајот на овој ...
Платформата за социјални медиуми порано позната како „Твитер“ вреди речиси 80 проценти помалку отколку пред две години кога ја купи Илон Маск, според проценките на инвестицискиот гигант „Фиделити“. Платформата за социјални медиуми порано позната како „Твитер“ вреди речиси 80 проценти помалку отколку пред две години кога ја купи Илон Маск, според проценките на инвестицискиот гигант „Фиделити“. Платформата „Х“ повеќе не се тргува јавно откако ...
Економијата на ЕУ треба да стане поконкурентна со САД и Кина или „може да умре“, рече францускиот претседател Емануел Макрон на настанот „Глобален дијалог“ во Берлин. Според Макрон, 27-члениот блок заостанува зад Вашингтон и Пекинг, кои ја надминаа ЕУ по економско производство и инвестиции. Тој предупреди дека Европската унија е во многу несигурна ситуација и може да се соочи со проблеми доколку не успее да го продлабочи својот единствен пазар ...
Премиерот Мицкоски е изненаден од изјавата на претседателката на организацијата на работодавачи Трајковска дека Владата во првите 100 дена не направила буквално ништо за бизнисот. За да види за што станува збор се јавил кај неколкумина бизнисмени од коморите, но тие имале спротивно мислење од она на претседателката. Мицкоски смета дека оценката е дадена без консултација со работодавачите. И јас се изненадив, да бидам искрен, и велам чекај да се ...
Најпознатата глобална банкарска мрежа за пораки SWIFT, најави дека следната година ќе започне со тестирање на трансакции во живо со дигитални валути и токенизирани средства. Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон интеграцијата на дигиталните валути во поширокиот финансиски систем, кој до сега ја прифаќаше оваа технологија со претпазливост. Што се токенизирани средства? Токенизирањето е процес на претворање на традиционални средства, ...
Apple сметаше на новите функции со вештачка интелигенција за да го направи iPhone 16 голем хит. Сепак, проценките пред продажбата укажуваат на послаб првичен одговор отколку што очекуваше Apple. Продажбата на iPhone е на ниско ниво со години, а компанијата не понуди значајна причина за надградба од воведувањето на 5G технологијата со iPhone 12. Оваа година Apple лансираше серија нови софтверски функции со елементи за вештачка интелигенција (не ...
Годишната стапка на инфлацијата во Турција во септември се намали од 51,97 отсто на 49,38 отсто, соопшти денеска Турскиот институт за статистика (Туркстат). Ова е четврти последователен пад на годишната инфлација во Турција, која сега е најниска од јули 2023 година. Во септември цените на храната и безалкохолните пијалоци во Турција се зголемени за 43,72 отсто на годишно ниво, како и цените на превозот за 26,6 отсто, услугите во хотелите, ...
CNN воведува платен пристап до материјалите на сајтот Медиумската компанија Си-Ен-Ен најави дека од почетокот на октомври ќе воведе делумно платен пристап до материјалите на својот сајт за вести CNN.com. „Ќе побараме од корисниците во САД да плаќаат мала месечна претплата за да добијат неограничен пристап до CNN.com“, рече Алекс МекКалум, извршен потпретседател за дигитални производи и услуги на CNN. Тој објасни дека воведувањето на таксата сè ...
Во денешниот динамичен свет, младите кои сè уште не се вработени или се во потрага по своето прво работно искуство се соочуваат со специфични предизвици кога станува збор за управување со финансии. БанкоМетар.мк го препорачува пакетот за млади без плата од Комерцијална банка поради повеќе причини кои го прават овој финансиски производ совршен за младите лица кои се на почеток на нивната кариера. 1. Без трошоци за одржување Една од клучните ...
Не е работа на Европската централна банка (ЕЦБ) да ги запре големите прекугранични спојувања на банки во Европа, изјави шефот на банкарската супервизија, Клаудија Бух, цитирана од Ројтерс. Нејзините зборови доаѓаат во време кога германската „Комерцбанк“ се обидува да ги одврати обидите италијанскиот „УниКредит“ да ја купи оваа банка, наведува агенцијата цитирана од БТА. „Работата на супервизорот не е да застане на патот на прекуграничната ...
Францускиот премиер Мишел Барние најави дека планира да објави дополнителни даноци од 15 до 18 милијарди евра при неговото прво појавување во новата функција во парламентот на 1 октомври. Целта на даночната иницијатива е владата да ја врати контролата врз јавните финансии на земјата, пишува францускиот весник Parisien. Барние би го одложил за две години, од 2027 до 2029 година, крајниот рок за враќање на францускиот буџетски дефицит во рамките ...
Индексот на деловната активност (PMI) во кинескиот производствен сектор се искачи на петмесечен максимум од 49,8 поени во септември, покажуваат податоците на кинеското Национално биро за статистика. Аналитичарите анкетирани од Trading Economics очекуваа читање од 49,5 поени по 49,1 забележан во август. Сепак, индикаторот и натаму покажува контракција на деловната активност – петти месец по ред останува под 50 поени. Националното биро за ...
Директорката на УЈП Елена Петрова, со нејзиниот тим задолжен за наплатата на даночните приходи, се сретнаа со претставниците на мисијата на ММФ во земјата, предводена од шефот на мисијата Анет Кјобе, информираат од Управата. Во фокусот на разговорите била наплатата на приходите во првите три квартали од годинава, очекувањата до крајот на 2024 година и проекција на приходите за идната година. Освен тоа, се разговарало и за реформите кои се ...