Инфлацијата во Франција забави под 2% за прв пат по повеќе од три години, засилувајќи го ставот дека Европската централна банка (ЕЦБ) треба да го забрза темпото на намалување на каматните стапки. Потрошувачките цени во втората по големина економија во еврозоната се зголемија за 1,5% на годишно ниво во септември, забавувајќи се од 2,2% пријавени во август. Ова главно се должи на падот на цените на енергијата, објави во петокот агенцијата за ...

За прв пат, Холандија произведе повеќе од 50 отсто од својата електрична енергија од обновливи извори, според сегашните податоци на Бирото за статистика на земјата (CBS). Според извештајот, Холандија во првите шест месеци од оваа година произвела 32,3 милијарди киловат-часови електрична енергија од обновливи извори, што претставува 53 отсто од вкупното производство на електрична енергија во таа земја. Производството на електрична енергија од ...

Со новите мерки на Владата, цената на цигарите повторно ќе се зголеми за 5 денари, што предизвика големо незадоволство меѓу пушачите. Ова поскапување е дел од стратешкиот план на Министерството за финансии, кое предвидува дека секој октомври до 2030 година, цената на цигарите ќе расте за истата сума. Оваа одлука има за цел да се зачува здравјето на луѓето, да се намали потрошувачката на тутун и да се зголемат државните приходи, но реакциите од ...

На светските берзи цените на акциите пораснаа минатата седмица бидејќи инвеститорите очекуваат дополнително намалување на каматните стапки во западните земји, како и забрзување на растот на кинеската економија по новите стимулативни мерки. На њујоршки Волстрит, Dow Jones минатата седмица зајакна 0,6 отсто, достигнувајќи рекордни 42.313 поени, а S&P 500 порасна за исто толку, достигнувајќи 5.738 поени. Индексот Nasdaq зајакна, пак, за 0,95 ...

КОИ ФИРМИ ИМААТ НАЈГОЛЕМ РАСТ НА ДОБИВКА? Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола во 2023 година ја зголемил добивката за дури 1.198%! Тоа е најголемиот раст постигнат од компанија која е на листата 100 најголеми според добивката. Импозантен е и растот на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ел Те инженеринг“, кое се занимава со изведба, ремонт и ревитализација на енергетски капацитети и индустриски постројки, а за една година ...

Објавен е јавниот повик за субвенции во рибарството. Парите се наменети за изградба на нови или проширување и модернизација на постојните капацитети. Финансиската поддршка се исплаќа со кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции. Повикот трае до 23-ти октомври. Право за користење на финансиската поддршка за инвестиции во бизнисот со рибарството имаат фирмите регистрирани за оваа дејност кои имаат или користат имот на кој ќе градат рибници ...

Во САД инфлацијата почна да се намалува во август, охрабрувајќи ги креаторите на монетарната политика дополнително да ги намалат каматните стапки. Индексот за лична потрошувачка (PCE), важен показател за инфлацијата за Федералните резерви на САД, се зголеми за 2,2 отсто на годишно ниво во август, забавувајќи од јулските 2,5 отсто. Вредноста на тој индекс сега е најниска од февруари 2021 година, кога изнесуваше 1,9 отсто, јавија американските ...

Стапи во сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој дополнително треба да ги намали цените на производите и треба трајно да стави ред во трговијата. Со него се опфатени близу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени. Со Законот, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за ...

Анализа: 100 најголеми компании по добивка во 2023 Компаниите кои се рангирале како 100 приватни фирми со најголема добивка, минатата година направиле профит од 790,2 милиони евра. Анализата на порталот „Пари“ во соработка со Бизнис мрежа ги зема во предвид приватните компании, како и оние во кои државата не се јавува како доминантен сопственик, а рангирањето не вклучува банки и финансиски институции. Првите 10 компании од листат 100 најголеми ...

Во првите шест месеци од оваа година вкупниот извоз на прехранбени производи во ЕУ достигна 116,4 милијарди евра, што претставува зголемување за 1,1 милијарди евра или еден отсто во однос на истиот период лани, покажува Извештајот на Европската комисија за извозот во земјоделско-прехранбениот сектор на Унијата објавен денеска. Според Извештајот, во посочениот период ЕУ остварила суфицит во надворешната трговија со храна од 33,7 милијарди евра, ...

Германската економија ќе порасне многу послабо од очекуваното во 2025 година, процени групата водечки економски институти, малку намалувајќи ја прогнозата за оваа година, која сега покажува маргинален пад на активноста. За 2025 година, институтите сега предвидуваат економски раст од само 0,8 отсто, намалувајќи ја прогнозата од март за 0,6 процентни поени. Годинава, според последната проценка, економијата треба да се намали за 0,1 отсто, по ...

Средбата се одржа во контекст на зголемените напори за зајакнување на зелената транзиција и усогласување со европските стандарди. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас и со Александру Албу, прв сектретар и раководител на Оператива 2 во Европската делегација во Скопје, на која биле разгледани клучни аспекти на имплементацијата на ...

Квалитетната статистика е клучна за процесот на носење добри одлуки и за водењето солидни економски политики. Оттаму, функционалниот статистички систем и соработката помеѓу институциите од тој систем се од суштинско значење за осмислувањето на јавните политики, но и за носењето деловни одлуки од приватниот сектор. Потпишувањето на новиот Договор за меѓусебна соработка и размена на податоци и публикациски материјали помеѓу Народната банка и ...

Порталот Пари, во соработка со платформата за бонитетни информации, БизнисМрежа.мк, петта година по ред ви ја претставува листата 100 Најголеми. Проектот 100 Најголеми содржи три категории – најголеми компании по приходи, по добивка и по број на вработени. Нашата цел низ овој проект е да ја претставиме економската моќ на стопанството, да ги доближиме најмоќните компании во земјава поблиску до нашите читатели, да ги презентираме успесите на ...

Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука за задржување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во Република Северна Македонија во висина од 1,75%, којашто ќе се применува и во четвртото тримесечје од 2025 година. Противцикличниот заштитен слој на капиталот е макропрудентна мерка, со која се ...

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николски соопшти дека тендерот за пругата кон Бугарија е пропаднат. Во интервју за „360 степени“, Николоски вели дека не се откажува од идејата за изградба на пруга кон Бугарија, но дека она што сега е понудено е неизводливо да се реализира. Вели дека нема намера да го распише повторно тендерот во онаа форма во која е сега. Јас не се откажувам од идејата да изградам пруга со Бугарија, ...

Просечните цени во областа на земјоделството во Европската унија паднаа во вториот квартал од 2024 година, како за производите, така и за инпутите, па така, на пример, житарките поевтинуваат за 14 отсто, објави Евростат. Од канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведуваат дека голем пад е забележан и кај јајцата (15 отсто) и сточната храна (13 отсто). Спротивно на тоа, недостигот на маслиново масло доведе до континуиран пораст на цените ...

Во најкус можен рок потребно е да се активира бесплатната дигитална алатка мТокен на мобилните уреди преку мобилната апликација мБанка, им препорачува на своите клиенти Комерцијална банка. Тоа е потребно поради усогласувањето со новата регулатива пропишана од Народната банка, која ќе се применува од први октомври годинава, а важи за сите банки во земјава. Со методот на засилена автентикација ќе се крене нивото на заштита на клиентите. Односно ...

Најголемата светска економија, САД, порасна за три отсто во вториот квартал од 2024 година, се вели во третиот извештај на Бирото за економски анализи. Во однос на првиот квартал, забрзувањето на БДП во вториот квартал главно се одрази на порастот на инвестициите и забрзаната потрошувачка на потрошувачи, јавува Anadolu Agency. „Овие случувања беа делумно неутрализирани со падот на фиксните инвестиции во станбени објекти“, соопшти бирото. ...

Глобалниот пазар за производи поврзани со вештачка интелигенција (AI) расте и ќе достигне 990 милијарди долари до 2027-ма година бидејќи брзото усвојување на технологијата ги менува компаниите и ги разнишува економиите, тврдат од „Bain & Co“. Пазарот, вклучувајќи ги услугите и хардверот поврзани со вештачката интелигенција, ќе порасне меѓу 40% и 55% годишно од 185 милијарди долари минатата година, објави консултантската куќа во својот петти ...

Швајцарската централна банка ја намали референтната каматна стапка на еден процент за 25 базични поени, трето намалување оваа година. Банката посочи дека инфлацискиот притисок во земјата е значително намален во третиот квартал во однос на претходниот квартал, јавува Anadolu Agency. Од последната проценка на монетарната политика, инфлацијата беше пониска од очекуваното и изнесуваше 1,1 отсто во август наспроти 1,4 отсто во мај, соопшти банката. ...

Германија, најголемата европска економија, оваа година би можела да ја заврши со економски пад, имајќи предвид дека водечките германски економски институти ги намалија заедничките прогнози и сега сметаат дека нивната економија би можела да падне за 0,1% на крајот на 2024 година. Експертите очекуваат слабо закрепнување во Германија во 2025 година со раст од 0,8 отсто и забрзување до 1,3% во 2026 година. Во претходната пролетна прогноза, ...

Во 2023 година вкупните приходи во радиодифузната индустрија изнесувале 2.458.000 денари, а вкупните трошоци 2.708.000 денари. Резултатот од работењето на сите субјекти на пазарот покажува загуба од 261 милион денари, при што загубата на јавниот сервис изнесувала 132 милиони денари, а на комерцијалните телевизии 140 милиони денари. Добивка оствариле само комерцијалните радија која изнесувала 10 милиони денари. Тоа го покажуваат наодите од ...

Големите банки очекуваат златото да продолжи со рекордниот раст на цената до 2025 година, благодарение на обновениот прилив на големи средства во берзанските фондови (ЕТФ) и очекувањата за дополнително намалување на каматните стапки од водечките централни банки ширум светот, вклучително и Федералните резерви на САД. „Силната физичка побарувачка од Кина и централните банки ги поддржа цените на златото во текот на изминатите две години, но ...

Глобалниот долг достигна рекордни 312 билиони долари на крајот на вториот квартал од 2024 година, пред се поради растот на задолжувањето во САД и Кина, покажуваат вчера објавените податоци од Институтот за меѓународни финансии (IIF). Покрај Кина и САД, долгот го зголемија и Индија, Русија и Шведска, додека други европски земји и Јапонија забележаа значителен пад. Глобалниот долг се зголеми за 2,1 билиони долари во првата половина од годината и ...

На девизните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми и со тоа се оддалечи од најниските нивоа во една година. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 100,87 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 100,30 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од ...

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) веќе е на терен на цела територија на Македонија со повеќе од 40 тимови или повеќе од 120 инспектори, ротирани во различни градови, и врши проверка дали се почитува одлуката на Владата за ограничени профитни маржи за основните прехранбени производи, порача денеска директорот на ДПИ Горан Трајковски. Денеска тимовите на ДПИ ги контролираат големите маркети на цела територија на државата, од утре ќе ги ...

Денеска НЛБ Банка официјално го започна „Месецот на штедење“ кој годинава се одбележува на тема „Штедиме и правиме добри дела“. Традиционално, почетокот беше одбележан со претстава со маскотите на детското штедење Тиби и Штуки, како и дружење со специјалните гости од Црвениот крст на Град Скопје. Основци од неколку училишта од Скопје уживаа во забавно-едукативна програма и со љубопитство ја следеа претставата посветена на штедењето и добрите ...

Во вториот квартал од 2024 година, Србија беше на самиот врв во Европа според просечниот раст на платите, забележан од година во година, во споредба со истиот период минатата година. Платите во Србија се зголемени за 14,3 отсто, за разлика од Европската унија, каде платите се зголемени за 5,1 отсто, додека во вториот квартал од оваа година во еврозоната личните приходи се зголемени за 4,5 отсто на годишно ниво, забавувајќи се во однос на истиот ...

Светската економија покажа извонредна отпорност на повеќекратните шокови во последниве години. Инфлацијата се намалува, а големите економии се на пат да ја избегнат рецесијата за која многумина стравуваа дека ќе се случи. Ова го изјави управниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, која учествуваше на Самитот за иднината што се одржа во рамките на 79-та сесија на Генералното собрание на ОН, објави ММФ, пренесува ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
44%
1009
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
68%
1013
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
57%
1013
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
72%
1010
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
4.27
64%
1010
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
3.09
81%
1013
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
2.24
47%
1010
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
43%
1012
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
68%
1011
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
5.66
76%
1010
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
89%
1014
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
2.57
36%
1010
Currency

61.535

Currency

54.2476

Currency

72.3635

Currency

35.2035

Currency

39.4153

Currency

65.6886

Currency

7.52137

Currency

0.66604

Currency

0.37967

Currency

0.52626

Currency

1.4049

Currency

0.64114

Алуминиум

2.43

Кобалт

0.53

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.97

Сребро

1049.50

Злато

108919.31

Бакар

9.35

Паладиум

31523.81

Платина

31329.64

Родиум

172810.26

Цинк

2.58

Иридиум

134266.78