Германската централна банка соопшти дека во 2024 година размените биле околу 53 милиони марки, вредни околу 27,2 милиони евра. Еврото беше официјално воведено на 1 јануари 2002 година, а 23 години подоцна, Германската централна банка проценува дека околу 12 милијарди марки сè уште не се разменети. Според соопштението на бундесбанк, дел од парите најверојатно биле скриени, а потоа заборавени или на друг начин уништени, но се сомневаат дека дел ...

Кинеската влада одлучи да ги зголеми платите на милиони државни службеници, вклучително и наставници и полицајци, за да ги зголеми трошоците и да помогне во забавување на економскиот раст. Овој потег, кој опфаќа 48 милиони луѓе, може да има економски ефект од 12 до 20 милијарди долари, пренесе Ројтерс. Зголемувањето на платите е дел од пошироката стратегија за подобрување на економијата во време кога земјата се соочува со предизвици, ...

Молдавија се префрли на користење на еврото како референтна валута за одредување на официјалниот курс на молдавскиот леи наместо американскиот долар. Народната банка на таа земја во својата одлука од 15 ноември наведе дека преминот од американскиот долар го одразува економското придвижување на Молдавија кон пазарот на Европската унија и дека ќе ги намали флуктуациите на девизниот курс. Претседателката на Молдавија, Маја Санду, ја поздрави ...

БРИКС се прошири со уште три членки. Блокот објави дека ќе му се приклучат Индонезија, Малезија и Тајланд – од 1 јануари. Вклучувањето на Индонезија е многу важно. Таа е четврта најнаселена земја во светот. Учеството на Џакарта ја зајакнува демографската и економската моќ на блокот, пишува SEEbiz. Додавањето на Малезија и Тајланд дополнително ја одразува стратешката насока на БРИКС кон Југоисточна Азија. Бидејќи Бангкок, Куала Лумпур и Џакарта ...

Годината во која одбележува седум децении успешно опстојување, на Комерцијална банка и почна со реализација на проектот ски-центар „Михајлово“, за чие опремување донираше средства. Отворањето се случи на самиот почеток од Новата година. Со тоа Кожуф станува посакувана спортско-рекреативна дестинација, а кавадаречкиот регион добива уште една можност за поголем развој. Новиот ски-центар е во близина на детското одморалиште Михајлово. Донацијата ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува 2025 година да биде поуспешна од 2024 година, со раст на БДП помеѓу 3,5 и 4 проценти, инвестици од над милијарда евра и буџетски дефицит под 4 проценти. – Очекувам параметрите во економијата во 2025 година да бидат подобри од тие што се во 2024 и растот на БДП да дојде до близу 4 проценти, помеѓу 3,5 и 4 проценти, иако проектираниот е на 3,7 проценти, рече Мицкоски, на новинарско прашање по пуштањето во ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува политиките што ги спроведува новата Влада на крајот на оваа 2025 година да донесат подобри резултати и посилна економија. – Испративме година во која се соочивме со многу предизвици. Во првата половина од годината нашата енергија беше насочена да ја добиеме можноста за справување со предизвиците, додека во втората половина почна и практичната работа на терен – детектирање на реалната ...

Старосната граница за редовна пензија во Германија постепено ќе се зголемува до 67 години до 2031 година. Од 2025 година, право на редовна пензија ќе имаат лицата родени во 1960 година на возраст од 66 години и 4 месеци. За секоја следна генерација, границата ќе се зголемува за 2 месеци годишно, па така за лицата родени во 1964 година, старосната граница ќе достигне 67 години. За долгорочно осигурените лица, кои претходно можеа да заминат во ...

На валутните пазари утрово благо падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 107,95 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 107,99 поени. Цела оваа година овој индекс е зголемен за 6,5 отсто. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна за повеќе од 10 отсто, па ...

Бизнисот ги чека евтините унгарски пари, владата се уште не одлучила кога ќе се префрлат. На седница треба да поминат 2 договори – првиот, кој ќе ги прецизира условите кои треба да ги исполнат фирмите ,а вториот, начиот како ќе се префрлаат парите. Утре е последната владина седница оваа година, но според изјавата на премиерот Мицкоски, најверојатно за унгарскиот кредит, ќе се одлучува од јануари. -Од јануари, има некои процедурални работи кои ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Кина и Русија секогаш оделе „рака под рака“ на вистинскиот пат, објави денеска кинеската агенција Ксинхуа, неколку месеци откако двете земји се согласија за „нова ера на стратешко партнерство“ за клучните прашања. Двајцата лидери во мај се согласија да ги продлабочат билатералните односи и да соработуваат за прашања од заеднички интерес, како што се Тајван, Украина и заедничкиот ривал САД. Руските ...

Во текот на третиот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 92 милиона евра и изнесува 8 милијарди и 544 милиона евра, што претставува 59% од проектираниот БДП за 2024 година. Народна банка го објави редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. На крајот на третиот квартал од 2024 година, ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,11 % во однос на одлуката од 23.12.2024 година. Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на ...

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, колку пари беа исплатени од Буџетот за субвенции на земјоделците, информираше дека во последниве шест месеци се исплатени околу 70-тина милиони евра, рекорден број на финансиски средства за земјоделците. „За земјоделците изминатата година се исплатени рекорден број на финансиски средства. Само во последните шест месеци, мислам дека таа бројка ...

Следното намалување на каматните стапки од страна на Европската централна банка би можело да биде одложено по неодамнешниот пораст на инфлацијата, изјави во саботата членот на Управниот совет на ЕЦБ Роберт Холцман. „Во моментов не гледам зголемување на каматите. Но, може да се случи да биде потребно повеќе време до следното намалување на каматните стапки“, изјави Холцман за австрискиот весник Куриер. Годишната инфлација во еврозоната се забрза ...

Вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна и минатата недела, четврти пат по ред, бидејќи инвеститорите сè уште се под впечаток на пораката на американската централна банка дека планира да го забави темпото на намалување на каматните стапки. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела зајакна за 0,2 отсто, на 108,01 поен. Истовремено, курсот на ...

Од првиот ден на 2025 година ќе стартува примената на внесените измени и дополнувања во општите услови кои се поврзани со користењето на платежната сметка и на платежните услуги, а се однесуваат за граѓаните, информираат од Комерцијална банка. Измените предвидуваат целосно онлајн аплицирање, анализа, одобрување, исплата и потпишување договор за онлајн потрошувачки кредит со електронска идентификација преку One ID. Исто така и информација за ...

Преговараме со 15 компании, а се очекува огромна инвестиција од 350 до 360 милиони евра која ќе донесе извозен потенцијал кој позитивно ќе влијае на бруто домашниот производ, изјави македонскиот премиер Христијан Мицкоски за поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“. „Оваа инвестиција се очекува следната година и ќе значи многу за македонската економија. Тоа е мој фокус и мораме да продолжиме да се фокусираме на тоа да создаваме производи со голема ...

Министерството за финансии ја издаде 23. емисија на Обврзници за денационализација во вредност од 1,5 милион евра, со која се обесштетуваат баратели со правосилни решенија за денационализација донесени во период од 1 јануари 2023 до 31 декември 2023 година. Станува збор за обесштетување на вкупно 108 баратели. Обврзниците за денационализација се хартии од вредност кои ги издава Министерството за финансии, во евро валута, а гласат на име, и се ...

Премиерот најави измени во делот од Законот за работни односи, каде се уредува работата во недела. Измени треба да има, согласни се и синдикатите и работодавачите. Неработењето во недела нема да го намали обемот на работа и профит на трговците, сметаат економистите… Потребни се измени на Законот за работни односи во делот на работењето во недела. Синдикатите бараат листата на дејности кои работат во недела да се минимизира, бизнис заедницата ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави пет јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. Првиот јавен повик се однесува за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектар, додека пак другите четири се однесуваат за доставување понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 ...

Задоволителни цени, но без сериозна стратегија радоста на земјоделците нема да трае. Вака ја оценуваат земјоделските здруженија од Струмичко иднината на македонскиот аграр. Иако годинава земјоделските производи достигнаа цени кои ги оправдаа трошоците и трудот на градинарите, според Ристо Велков мора да се дејствува на време за да се задржи позитивната слика. Стихијниот начин на производство е пречка не само за модернизација на земјоделското ...

Интервенцијата на Левица во Европската комисија носи стотици милиони во Буџетот, велат од политичката партија Левица. – „Интересна ситуација, во еден ден добивме закон во скратена постапка за реформа на даноци. Во ист ден го добивме на дневен ред, во ист ден го гласаме. Ќе го гласаме затоа што е добар! Но, сега е проблематичен и покажува дека ДПМНЕ нивното Министерство за финансии и премиер, немаат визија и се однесуваат импровизирачки, носејќи ...

„Северна Македонија има одлични услови за привлекување на странски инвестиции и во Слободните економски зони каде што големи поволности се предвидени за странските инвеститори, но и надвор во зоните. Нашата стратегија е да постигнеме подобар економски развој не само на Република Северна Македонија, туку и на целиот регион, кажа министерот за економија и труд Басар Дурмиши на бизнис форумот и деловни средби меѓу Република Северна Македонија и ...

Руската државна компанија „Гаспром“ планира да произведува гас на некои полиња уште 110 години, изјави генералниот директор на компанијата Алексеј Милер. Тој нагласи дека „Гаспром“ е светски лидер во однос на резервите на гас и дека овој извор на енергија ќе биде доволен за многу години. „Нема сомнеж дека нашите клиенти ќе имаат доволно гас многу, многу години, а во некои полиња ќе го произведуваме до 2134 година“, рече Милер. Тој додаде дека ...

Во четвртокот Централната банка на Турција ја намали каматната стапка за 250 базични поени на 47,5 отсто. Тоа беше прво намалување на стапката во период од околу две години, јавува Anadaolu Agency. Од мај 2023 година до овој март, банката ја подигна стапката од 8,5 отсто на 50 отсто, а на последните осум состаноци ја одржуваше стапката константна. Анадолу, анкетирајќи економисти, предвиде дека банката ќе ја намали стапката за 150 базични поени. ...

Светската банка денеска ја зголеми својата прогноза за економскиот раст на Кина на 4,9 отсто во 2024 година и 4,5 отсто во 2025 година, но предупреди дека пониската доверба на домаќинствата и бизнисите, заедно со тешкотиите во секторот на недвижности, ќе продолжат да претставуваат проблем за економијата. Во претходната јунска прогноза, Светска банка очекуваше кинеската економија да порасне за 4,8 отсто во 2024 година и за 4,1 отсто во 2025 ...

Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во рамките на денешната собраниска седница упати прашање до заменик министерот за економија Марјан Ристески дали Владата планира Владата да го прифати предлог законот за зголемување на минималната плата, поднесен од СДСМ. Во услови на растечка инфлација и трошоци за живот, сметаме дека фокусот треба да биде на зголемување на платите и растот на стандардот на граѓаните, што беше клучна политика во изминатиот ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека минималната плата во Турција во 2025 година ќе изнесува 22.104 турски лири (604 евра), што претставува зголемување за 30 отсто. Економистите очекуваат зголемувањето на минималната плата, кое погодува околу девет милиони работници и се смета за репер за зголемување на платите во приватниот сектор, да ја зголеми инфлацијата во наредните месеци. Според пресметките на Ројтерс врз основа на ...

Просечната плата (бруто) пресметана за октомври 2024 година изнесува 136.173 динари, додека просечната нето плата изнесува 98.538 динари(842 евра), објави Републичкиот завод за статистика на Србија. Растот на бруто и нето-платите во периодот јануари-октомври 2024 година, во однос на истиот период лани, номинално изнесува 14,4 отсто, а реално 9,3 отсто, соопшти РЗС. Споредено со истиот месец од претходната година, просечната бруто-плата за ...

Brend

52 минути - Скопје Инфо
-
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
32%
1025
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
3.6
43%
1026
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.51
39%
1026
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
37%
1026
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.11
25%
1025
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.03
59%
1026
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
6.71
36%
1022
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
7.2
37%
1022
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
32%
1023
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
4.12
35%
1025
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
3.6
42%
1026
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
8.23
43%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976