Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Во организација на семејствата на загинатите и граѓанските иницијативи, денеска во Кочани се одржа протестен марш под слоганот „Задоцнета реакција“. Овој марш е одговор на трагичниот пожар кој на 16 март 2025 година ја потресе земјата и однесе 60 животи, а остави стотици повредени. Семејствата на жртвите, во знак на револт и барање за правда, ги повикаа сите граѓани да се приклучат и заедно да побараат одговорност за трагедијата. Меѓутоа, ...
13 години поминаа од моментот кога Македонија беше потресена од едно од најбруталните и најзверските убиства во својата нова историја – масакрот кај Смилковско Езеро. Пет животи, кои беа трагично прекинати од страна на албанска банда, а за кои и денес не постои вистинска правда. Во Велики четврток, на 5 април 2012 година, беа убиени четирите млади другари – Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и ...
Нов инцидент во образовна установа во Велес, каде тројца вработени од основно училиште вчера биле инволвирани во физичка пресметка за време на работниот ден. Случајот го потврди Секторот за внатрешни работи Велес. Според полицискиот извештај, на 11 април било пријавено дека 51-годишната Р.Т. од Велес најпрво физички ја нападнала 60-годишната С.А., а потоа ја нападнала и 49-годишната Ф.С., и двете исто така од Велес. По целосно документирање ...
Во новата фаза на геополитичката конфронтација, Соединетите Американски Држави се обидуваат да ја реафирмираат својата глобална доминација преку иницирање на нова Студена војна, овојпат насочена кон Кина. Но, цената на ваквата стратегија не ја плаќа само Вашингтон – туку и остатокот од светот, особено Европа, која се наоѓа под постојан притисок да избере страна во глобалната пресметка. Во обид да го задушат кинескиот подем, САД спроведуваат ...
Нов бран телефонски измами, вчера беа пријавени два случаи во кои постари жени станале жртви на измама со лажна приказна за сообраќајна несреќа во која наводно учествувале нивни блиски. Во првиот случај, 86-годишна скопјанка во 16 часот пријавила во СВР Скопје дека е измамена за сума од околу 112.000 денари. Таа добила телефонски повик од лице што се претставило како полициски инспектор и ѝ соопштило дека нејзината ќерка прегазила ...
Според последниот попис од 2021 година, Република Македонија има вкупно 1.836.713 жители. Од нив, 58% (1.064.836) живеат во семејства со четири или повеќе членови, додека 19% (347.208) се во тричлени семејства. И покрај оваа статистика, Владата одлучи да ја пресметува “просечната потрошувачка кошничка” базирана на потребите на тричлено семејство. Оваа одлука е контроверзна, особено кога се земе предвид дека минималната синдикална кошница за ...
Општина Чашка се соочува со нови еколошки ужаси, откако во близина на село Јасеново, покрај Јасеновската река, беше откриена дивата депонија која наводно била создадена за само 32 дена. Според сведочења на жителите на селото, депонијата која се проширила и надградила за кратко време, привлекува вниманието со своите големи размери и непозната содржина. „До пред еден месец тука имало само гранки, а сега имаме цела депонија. Ова е страшно. ...
Поранешниот министер за финансии и бизнисмен Борис Стојменов во јавноста излезе со шокантни обвинувања против своите синови, Емил и Марјан Стојменов, тврдејќи дека тие ја ограбиле семејната компанија „БС“ во вредност од над 30 милиони евра. Во објава на неговиот личен профил на Фејсбук, тој посочи дека грабежот бил изведен со поддршка на државни институции, но, како што нагласува, не поради корупција, туку поради незнаење на законите. ...
Додека најсиромашните граѓани умираат чекајќи термин, државата со години наназад намерно ја раскопуваше сопствената кардиохирургија за да го нахрани приватниот здравствен бизнис. Во фокусот на оваа системска деградација е и некогашниот „надежен млад кардиохирург“, а денес мултимилионер – Жан Митрев. Левица денеска јавно ја прозва политичко-бизнис елитата која во 90-тите години ѝ ја отвори вратата на приватизацијата во здравството. Во ...
Додека власта спие на клупите на незаинтересираност, децата во селото Самоков секојдневно минуваат покрај руинирана зграда која претставува директна закана за нивната безбедност. Старото здание познато како „Бегова куќа“, изградено во 1903 година, денес стои напуштено и пред уривање, веднаш до основното училиште каде редовна настава посетуваат десетици ученици. Левица Македонски Брод упатува јасна и недвосмислена реакција: ова е ...
Додека македонските граѓани живеат со секојдневни притисоци врз идентитетот и историската меморија, македонскиот тим во Заедничката историска комисија – под капата на владата контролирана од ДПМНЕ – во Софија повторно учествуваше во уште една рунда „историска дипломатија без кичма“. На 35. средба на Комисијата, не било постигнато ништо суштинско. Наместо да се зацврстат позициите за заштита на македонскиот идентитет и историја, средбата ...
Додека жителите на Куманово веќе осум месеци се гушат во смрдеа, апелираат и протестираат за трајно решение на еколошкиот пекол наречен депонија Краста – локалната власт предводена од ЗНАМ–ДПМНЕ реши да потроши речиси 1,2 милиони денари за оградување со жица и бетонски столпчиња. Наместо да се санира или измести депонијата, властите се одлучија да ја “оградат”. Јавната набавка, која предизвика жестоки реакции, вклучува изградба на 600 метри ...
Локалниот огранок на Левица од Кисела Вода алармира – ова не е политичко прашање, туку прашање на човечка безбедност. Обилните дождови кои го зафатија подрачјето на Кисела Вода ја претворија Маркова Река од природен ресурс во вистинска закана. Како што информираат од Левица, свлечиште длабоко повеќе од пет метри го однело дел од брегот, уништило канал за одвод и оставило неколку куќи на работ од буквална бездна. Ситуацијата на терен е ...
„Ќе земете кредит, ќе се задолжите на 30 години и ќе си купите стан… А потоа, еден убав сончев ден ќе ви се сруши ѕидот.“ Ова е слика која ја опишува пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, во својата последна објава на Фејсбук, која ја критикува актуелната урбанистичка ситуација во Македонија. Јанчев вели дека тоа не е само лоша состојба, туку трагична реалност со која се соочуваат многу граѓани. Според него, градежниот хаос што ги зафати многу ...
Економијата на Македонија продолжува да прави интересни искораци, а последниот од нив е нешто што би го нарекле „кошничка по мерка на премиерот“. За разлика од вообичаеното, оваа кошничка нема да се мери според реалните потреби на едно четиричлено семејство, туку, според едно трочлено семејство. Очигледно имањето повеќе од едно дете е луксуз за државата – парадокслано нели при негативен наталитет – за таквите семејства нема место во ...
Во сабота, 12 април, со почеток од 12:05 часот, во Кочани ќе се одржи втор протестен марш под наслов „Задоцнета реакција“, организиран од семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој животот го загубија 61 младо лице, а скоро 200 лица беа повредени. Маршот ќе започне од Градскиот парк во Кочани и ќе се упати кон Трговскиот центар, Општина Кочани, полицијата и Основниот суд и обвинителството во Кочани. ...
“Па дали е ова нормално?” – ова прашање го постави Ацо Николовски на својата Фејсбук страница, објавувајќи потресна приказна за немилосрдниот третман кој го доживеал негов близок. Според неговата објава, вчера на неговиот роднина му пукнала аортата и бил однесен во државната кардиохирургија, но таму се соочил со трагична и шокантна реалност. „Сите сали за операција наводно се реновираат“, вели Николовски, додавајќи дека пациентот бил ...
Како е можно клубот „ЖРК Гевгелија“, кој беше исфрлен од ракометната лига поради местење на натпревари, повторно да се појави на истата адреса со речиси идентично име и познато семејно потписништво? Дали ова е случајна коинциденција или зад неа стои нешто поголемо? Постојат сомнежи дека новиот клуб, основан само два месеца по санкциите, носи слични карактеристики како претходниот. На 6 март 2025 година, еден од основачите на клубот, Герасим ...
Во само шест дена, два изолирани инцидента на Универзитетската клиника за радиологија и онкологија во Скопје доведоа до обивање на повеќе од 18 шкафови на персоналот, што предизвика загриженост во редовите на здравствениот персонал. Иако се уште не се знае точно што се чувало во шкафовите, дали лични или службени предмети и документација, факт е дека целата ситуација е мистериозна. Првиот инцидент се случил на 2 април 2025 година, кога лице ...
Повеќе од 2600 примерока од Правописот на македонскиот јазик, издаден во второто издание во 2017 година, седум години се чуваат во несоодветни услови во просториите на Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ (НУБ) во Скопје. Овој скандал беше откриен од актуелниот директор на установата, по што Секторот за култура на Левица бара одговорност од сите претходни директори на НУБ кои, според нив, несовесно работеле и ја ...
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот Фејсбук профил објави дека донирала половина од својата пратеничка плата за поддршка на девојката која го преживеа страшниот пожар во дискотеката “Пулс” во Кочани, а во трагедијата ја изгуби помалата сестра. Мојсоска изрази емпатија и солидарност со семејството на жртвите, напоменувајќи дека иако никаква финансиска помош не може да ја замени болката од губењето на најблискиот, тоа барем може ...
Левица остро реагира на очигледната селективност и политичка мотивираност во водењето на предистрагата и истрагата за трагичниот настан во Кочани, кој однесе млади животи и остави длабоки траги во целата јавност. И покрај јасните индиции за сериозни пропусти и свесно непостапување од страна на лица со оперативна надлежност – особено во рамки на Министерството за внатрешни работи (МВР) – истрагата се насочува исклучиво кон поранешни ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на својот фејсбук профил остро критикува состојбата во македонското правосудство, поврзана со случајот на прегазената млада девојка, Теодора Ристовска од Тетово. Апасиев во својот статус ги поставува прашањата за етничката пристрасност и селективната примена на правото, поврзувајќи ја ситуацијата со концептот на „тиранија на малцинство“. „Во мојот професионален живот имам учествувано во преку 600 ...
Локалниот огранок на Левица од Кисела Вода остро реагира на молкот и неажурноста на општината во врска со случајот на бесправно изграден деловен објект на државно земјиште во населбата Драчево. Иако објектот, лоциран на парцелата 10870/1 која според Деталниот урбанистички план е наменета за сервисна и пешачка улица, има донесено решение за уривање, истиот сè уште стои недопрен – веќе целосно изграден и со сите приклучоци. Според податоците, ...
Локалниот огранок на Левица од Бутел денеска јавно реагираше на, како што велат, алармантната состојба во основното училиште „Панајот Гиновски“, каде, според сведочења од загрижени родители, децата се принудени да следат настава во простории со присуство на глувци. „Неизвршената дезинфекција, дезинсекција и дератизација пред почетокот на учебната година доведе до појава на глувци во училишните простории“, соопшти Левица, потенцирајќи дека ...
Локалниот огранок на Левица во Ѓорче Петров реагира бурно по денешниот инцидент при кој дел од ѕид на постојна, населена зграда се сруши за време на бетонирање на нова станбена зграда, а бетон се изли во внатрешноста на домовите. Според Левица, овој случај претставува уште една алармантна потврда за урбанистичкото дивеење и институционалниот молк кој сериозно ја загрозува безбедноста на граѓаните. „Ѓорче се распаѓа под тежината на урбаната ...
Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денеска остро реагираше на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, укажувајќи на, како што рече, очигледно кршење на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во процесот на избор на нови членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТВ). Според Мециновиќ, повеќето од предложените кандидати веќе имаат зад себе два мандати, а некои, како што посочи, се веќе ...
Вечерва (11 април), со почеток од 20 часот, во кафе-книжарница „Буква“ ќе се одржи промоција на романот „Простување“ од Кица Колбе. Романот е објавен во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или со поддршка Министерството за култура. На книжевно промотивната вечер со авторката ќе разговараат Калина Малеска и Игор Анѓелков, а настанот ќе го води Ненад Стевовиќ. Акцентот во романот е ставен на приказната за помирувањето и простувањето во ...
Општина Гевгелија со Концерт на Националниот џез оркестар ќе го одбележи свеченото отворање на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Денес (11 април 2025 година), на Градскиот плоштад во Гевгелија, најпрво ќе биде одржано дефиле, во коешто ќе учествуваат на стотина дечиња вклучени во активностите од областа на културата што се реализираат во ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија- Драмската секција, Ликовната ...
Изложбата „One of Us“ („Еден од нас“) на македонскиот уметник Иван Ивановски во периодот од 5 април до 5 мај е поставена и отворена за посета во Меморијалната сала и изложбениот излог на Музејот за сликарство на школата Лингнан при Академијата за фини уметности (GAFA) во Гуанџоу во Кина. Според концептот на изложбата „Еден од нас“, една фигура се издвојува од останатите – фокусна точка, аномалија. Се поставува прашањето: Дали е ова еден од ...