Локалниот огранок на Левица од Гевгелија алармира за загрижувачка финансиска состојба во ЈПКД „Комуналец“, која била тема на последната 61-ва седница на Советот на општина Гевгелија. Според партијата, трошоците за плати и останати надоместоци за вработени веќе надминуваат 50% од вкупните приходи на претпријатието – граница која укажува на сериозен ризик за финансиската стабилност. Советникот од Левица, Петров, истакнал дека јавните ...

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, упати остри критики кон политичката елита во земјата, обвинувајќи ја дека профитира од енергетската зависност на државата. „Во енергетски најзависната држава во Европа, тековниот премиер доаѓа од енергетскиот сектор, а двајцата пред него имаат најблиски роднини во енергетскиот сектор“, напиша Мециновиќ на Фејсбук. Според него, оние кои се на власт не доаѓаат да ја подобрат состојбата, туку да извлечат ...

Компанијата „Топлина Подмолје“ од село Подмолје, Охрид, ќе добие речиси 1,7 милијарди денари за ископ на јаглен и јаловина во Површинскиот коп Брод – Гнеотино, дел од РЕК Битола. Договорот беше објавен денеска на веб-страницата на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), а е склучен на 7 април 2025 година. Во процесот на јавната набавка, државната компанија ЕСМ предвидела строги услови за учество, меѓу кои банкарска гаранција од 5% и ...

По едно децениско ископување по првото откритие на театарот пред повеќе од 100 години, експертите го опишуваат неговото откривање како „несомнено најважниот и најимпресивниот споменик што излезе на виделина во античка Лефкада“. По едновековно чекање, ископувањето конечно го откри единствениот антички театар на грчките Јонски острови. Театарот на Античка Лефкада првпат бил откриен во 1901 година, но до сега требало да се откопа театарот за ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ беше прикажан на 26. издание на престижниот филмски фестивал БАФИЦИ (Buenos Aires International Festival of Independent Cinema) во Буенос Аиерс, Аргентина. На трите проекции присуствуваше и режисерот Гоце Цветановски, кој пред присутните зборуваше за долгогодишното креирање на филмот, предизвиците и честа да се биде дел од еден од водечките фестивали за независен ...

Неодамна, книгоиздавателството „Матица македонска“ ја објави книгата „Час по незадолжителна лектира“ од универзитетската професорка Весна Мојсова-Чепишевска. Станува збор за прва книга за македонскиот роман во 21. век и за издание со иновативна структура што е прво од ваков формат објавено кај нас. Претходно, во одделна монографска публикација претставени беа критичките согледби за македонскиот роман само до 2000 година, со книга на Христо ...

Македонската дијаспора во Германија уште еднаш покажа солидарност и сплотеност со татковината. Фудбалскиот клуб „Македонија“ од Штутгарт денес одигра пријателски натпревар против клубот „СБ Силенбах“, победувајќи со убедливи 4:0 – но она што беше поважно од резултатот на теренот беше хуманитарниот карактер на настанот Приходот од натпреварот, вклучително и средствата собрани преку продажба на влезници, храна и пијалаци, ќе биде дониран за ...

Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, денеска во Собранието ја образложи потребата од поднесување амандман на предложените измени на Законот за медиуми, со кој се предлага олеснување на условите за регистрација и работа на порталите и изедначување на радијата со телевизиите во правниот статус. Амандманот, како што истакна Мециновиќ, е поднесен во интерес на медиумската заедница и пошироката јавност, со цел да се спречи непотребна ...

Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, остро ја нападна актуелната власт и политичкиот естаблишмент поради, како што вели, „смртоносниот систем“ кој го ставил профитот над човечките животи. Во објава на својот Фејсбук-профил, Јанчев реагираше на серијата трагични несреќи во државата и обвини дека зад нив стои децениско запоставување на јавниот интерес во корист на тесни бизнис и партиски интереси. „Пет пари не вреди животот во Македонија“, ...

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната јавна расправа во Собранието, јавно ги оспори кандидатурите на четворица од актуелните членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија – Смилка Јанеска Саркањац, Ведат Мемедалија, Беким Рамадани и Александар Панов – предупредувајќи дека со нивниот евентуален нов избор ќе биде прекршен Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Според Мециновиќ, тие би останале во ...

Денешната седница на Советот на Општина Кочани, свикана поради избор на в.д. градоначалник по трагедијата во дискотеката „Пулс“, уште еднаш ја разоткри суровата реалност – за партиите СДС и ВМРО-ДПМНЕ нема свети теми, нема сочувство, нема етика, има само борба за фотелји. И додека јавноста очекуваше достоинствено однесување и обединување за излез од институционалната и морална криза во која се наоѓа градот, сведочевме на нова епизода од ...

Планинарот и пензионер од Велес, Стојче Пецевски, кој исчезна вчера околу 10:50 часот во реонот на ридот ГРООТ, е пронајден починат, потврди Центарот за управување со кризи (ЦУК). Телото на Пецевски било лоцирано непосредно пред планираното хеликоптерско пребарување, откако претходно беше утврдено дека условите не дозволувале негово активирање. Пецевски, поранешен инженер, бил искусен планинар и член на планинарското друштво „Грин Пауер“. ...

Судскиот процес за случајот на Јилдиз Веапоска, родилката од Дебар која по породувањето во струшката болница остана без матка, јајник и бубрег, продолжува да се одвива бавно и со бројни правни и институционални пречки. На последното рочиште, судот го прифати супервештачењето изготвено од судско-медицинскиот одбор при Медицинскиот факултет во Скопје. Извештајот ќе биде презентиран на 16 мај, што значи дека, иако случајот започна пред три ...

Осумгодишно дете беше изгризано од улично куче на плоштадот во Битола. Детето се здобило со повреди на челото и било хоспитализирано, но по лекарската помош било пуштено дома. Општина Битола реагираше со соопштение во кое изрази жалење по инцидентот. Градоначалникот Тони Коњановски се консултирал со родителите на детето и се информираше дека детето е во стабилна состојба, но дека и понатаму се чувствува исплашено. Коњановски ја потврди ...

Шест месеци по најавата за ваучери за електронски уреди, студентите во Македонија сè уште не добиле ни денар од ветената поддршка. Иако Владата најави дека ќе им додели 250 евра на сите студенти во октомври 2024 година, денес, сред летниот семестар, нема ни постапка, ни рокови, ни какви било конкретни информации. Ветувањата останаа само празни зборови, додека студентите се оставени на чекање. „Јасно беше најавено, но реализацијата е нула. ...

По девет години на позицијата судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Јован Илиевски — во јавноста познат и како баџанакот на Сашо Мијалков — ја завршува својата мисија во Стразбур. Денеска во Службен весник е објавен огласот за избор на негов наследник, со што официјално почнува процедурата за нов претставник на Северна Македонија во овој значаен меѓународен суд. Илиевски беше избран во 2017 година, во време кога ВМРО-ДПМНЕ сè ...

Левица – Велес жестоко реагира на, како што велат, скандалозните податоци што откриваат речиси целосен институционален немар кон безбедноста на децата и вработените во градинките во Општина Велес. Според реакцијата на партијата, последната проверка на притисокот на водата во хидрантите била направена уште во 2018 година — цели седум години без основен надзор врз клучната опрема за гаснење пожар. „Станува збор за 21 хидрант распоредени низ ...

На денешната седница на Советот на Општина Кочани, независниот советник Венко Крстевски беше избран за вршител на должноста градоначалник. Од вкупно 18 присутни советници, девет гласаа „за“, осум „за“ му дадоа на противкандидатот Гоце Марковски од ДПМНЕ, додека еден советник остана воздржан. Гласањето се одвиваше во два круга, при што резултатите останаа идентични – Крстевски доби мнозинство со девет гласови. По изборот, советниците му ...

На денешната седница на Советот на Општина Кочани, каде се расправаше за избор на в.д. градоначалник, дојде до сериозен инцидент. Советник јавно го обвини кандидатот за градоначалник од ДПМНЕ, Гоце Марков, дека му се заканувал и дека го нападнал физички. „Градот ви е депонија, ништо не направивте. Се заканувате, ме фативте за врат“, изјави советникот пред присутните, додавајќи дека поседува приватни пораки со заканувачка содржина кои планира ...

На денешната седница на Советот на Општина Кочани, каде се одлучуваше за избор на в.д. градоначалник, се случи емоционален момент – советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со солзи во очите си поднесе оставка од функцијата, упатувајќи остри критики кон локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. „Барам прошка и им се извинувам на сите граѓани кои дадоа глас за мене. Не успеав да реализирам многу работи бидејќи тие не беа приоритет за градоначалникот и ...

Пратеничката група на Левица денеска поднесе интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, обвинувајќи го за низа пропусти и злоупотреби во извршувањето на функцијата. Според пратеникот Сашко Јанчев, интерпелацијата се темели на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Јанчев истакна дека Министерството за внатрешни работи не ја извршило својата ...

Локалниот огранок на Левица од општина Чаир остро реагираше на, како што велат, хроничната негрижа за хигиената и одржувањето на јавните површини. Во објава на социјалните мрежи, тие алармираат за сѐ поалармантната состојба со отпадот кој, според нив, станува секојдневие за жителите на Чаир. „Ѓубре расфрлано насекаде – околу контејнерите, пред влезовите, во парковите, пред училиштата и здравствените установи. Мирис и глетка на несносен ...

Новите царински мерки на Доналд Трамп, кои стапија на сила на 3 април, предизвикуваат силна загриженост кај економските експерти. Според извршната наредба потпишана на 26 март, САД воведуваат 25% царина на сите увезени автомобили и лесни камиони. Претседателот Трамп ја оправдува оваа мерка со тврдење дека американската автомобилска индустрија ќе „процвета како никогаш досега“. Меѓутоа, бројни експерти укажуваат дека мерките ќе имаат спротивен ...

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на Фејсбук ја обвини власта за прикривање на одговорноста на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во врска со трагедијата во Кочани. Тој тврди дека актуелниот директор на инспекторатот не е уапсен бидејќи, како што вели, токму преку ДПИ оделе сите шеми на рекетирање кон фирмите. „Не го апсат сегашниот директор на Државниот пазарен инспекторат за трагедијата во Кочани, оти сите РЕКЕТ шеми ...

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, упати јавен повик до сите работници во земјава да се приклучат на годинешниот Првомајски протест во Скопје. Протестот ќе се одржи на 1 Мај со почеток во 11:00 часот пред Работничкиот дом. „Борбата за плата и работнички права е чиста работничка борба и никој не треба да чека покана – секој треба сам да се покани“, порача Трендафилов преку социјалните мрежи. Под ...

Петтото издание на Кинескиот Меѓународен Саем за Потрошувачки Производи (CICPE), попознат како Хајнан Саем, беше свечено отворено на 13 април, привлекувајќи над 4.100 светски брендови кои се натпреваруваат за дел од се поголемиот кинески пазар за потрошувачка стока. Саемот, кој стана еден од водечките азиски настани за иновации и луксузна потрошувачка, годинава посебен акцент става на новите технологии и современите трендови. Посетителите ...

Додека Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) веќе месеци апелира за зголемување на минималната плата на 500 евра, граѓаните сè поотворено го поддржуваат нивното барање, оценувајќи дека сегашните 24.000 денари се недоволни дури и за покривање на најосновните животни трошоци. Анкетираните граѓани се едногласни – минималната плата мора да биде најмалку 500 евра. Во спротивно, како што велат, не само што не можат да си дозволат дополнителни ...

Во своето гостување во емисијата „Стадион“ на „Канал 77“, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, остро проговори за цената што ја плаќаат новите генерации поради нефункционалниот систем што, како што истакна, тие не го создале. „Овие генерации почнуваат да бројат жртви заради нефункционалниот систем кој тие не го изградиле. Овие генерации чувствуваат последици од нечии туѓи постапки – на оние кои нас ни претходеле“, рече Мециновиќ. Со ова, тој ...

Чаир има енормно зголемување на бројот на дивоградби и сомнително доделени дозволи за градење кои дополнително го отежнуваат животот во најгусто населената општина во Европа вели во изјава за „Локално“ координаторката на Левица. Иако до локалните избори има речиси половина година, политичката сцена веќе е во вжештена предизборна фаза. Партиите се подготвуваат за битката што ќе се води во општините, а на терен се лицитира со имиња на можни ...

Во пресрет на Велигденските празници, засилените инспекции на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) резултираа со уништување на над 1,2 тони небезбедни прехранбени производи. Во акциите спроведени на терен, најризични се покажале месото и преработките од месо, но под лупа се нашле и јајца, бои за јајца, мед, алкохол, маслиново масло и други артикли. АХВ спровела вкупно 350 надзори кај оператори со храна, со цел да се спречи пласирањето на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
33%
1012
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
7.2
52%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
41%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
53%
1017
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.48
79%
1017
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
47%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.66
64%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
41%
1011
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
24%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
7.2
68%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
33%
1015
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.66
100%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Родиум

358480.82

Рутениум

56199.51

Калај

43.91

Алуминиум

3.19

Злато

144593.23

Бакар

10.65

Цинк

0.00

Паладиум

44753.84

Платина

61858.04

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86