Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, остро реагираше на одлуката на Судскиот совет кој изрече само 30% парична казна за судијата Пајазит Пајазити, иако, како што тврди таа, било утврдено дека судијата незаконски постапил и го овозможил бегството на припадникот на УЧК, Блерим Рамадани. „Пајазити направи правен преседан и додели куќен притвор на лице кое нема македонско државјанство“, истакна Мојсоска, саркастично додавајќи дека само во ...
Во издание на издавачката куќа „Арс Ламина“ од Скопје, излезе од печат романот „Случајот Винча“ од Горан Милашиновиќ. Ова е првиот роман за српскиот Чернобил. 15 октомври 1958 година. Попладнето се огласи централниот аларм за откривање на зголемено радиоактивно зрачење. Група млади научници почувствувале мирис на озон додека вршеле научен експеримент… Наскоро сите ќе се разболат од радијациона болест, за која, очигледно, нема лек. Останува ...
Вечерва (14 април),со почеток од 20 часот во Дом на култура – Гевгелија ќе биде отворена изложата на фотографии на Стефани Брламова, под наслов „Слики во тишина“. Изложбата е поддржана од Europe House Strumica. „Фотографиите на Стефани се нежни сведоштва за спокојот, но и за тивките празнини што ги носиме во себе. Преку објективот, таа ја доловува емоцијата што зборува – без зборови. Изложбата има хуманитарен карактер и е посветена на сите ...
Центарски улици 3 – Светски ден на уметноста е настан кој ќе се случи на Улица Македонија на 15 Април со почеток од 17 часот. На „Центарски улици 3 – Светски ден на уметноста“ ќе имате можност одблизу да видите голем број на уметности кои широко ќе ја распостелат својата креативност долж улица Македонија. Ќе настап улични живи статуи од продукцијата Театроск, во живо ќе сликаат учениците од Државното средно училиште Лазар Личеноски, ќе има и ...
Жителите на селото Побожје остро реагираат на изградбата на т.н. Мега парк и плоштад во Радишани, обвинувајќи дека проектот, кој го спроведува Општина Бутел под водство на градоначалникот Дарко Костовски од ДПМНЕ, се гради на нелегално узурпирано земјиште што им припаѓа на манастирскиот комплекс „Света Богородица“. Граѓаните велат дека се подготвени да ги преземат сите правни мерки за да го заштитат овој значаен духовен и културен локалитет, ...
Иницијативата „О2“ бара да му се одземе А интегрираната дозвола на рудникот Тораница и кривично да одговара, откако се случи еколошки инцидент и водата во Крива Река стана загадена со тешки метали. Освен за фирмата, кривична одговорност побараа и за инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина кои не зеле мостри од реката дента после излевањето на цијанид во неа, за што извести градоначалникот на Крива Паланка. Двајца од ...
Локалниот огранок на Левица од Ѓорче Петров излезе со остра реакција на сметка на општинската власт, обвинувајќи ја за продолжување на, како што велат, урбанистичкото уништување на населбата Хром. Според нив, ветувањата за справување со градежната мафија останале само на хартија, додека на терен се гради без план и визија за хумано живеење. „Населбата Хром стана синоним за градежниот хаос во Ѓорче Петров. Она што го започна Наумовски и СДС со ...
Во саботното гостување во емисијата Стадион на „Канал 77“, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, остро ги критикуваше македонските политички елити, обвинувајќи ги дека своите неуспеси ги прикриваат зад процесот на евроатлантска интеграција. „Нашите политичари пробаа своите неуспеси да ги затскријат зад евроатлантската интеграција. Поставуваат некои феноменолошки граници, дека ние треба да се навикнеме на нивната неспособност, сѐ додека не се ...
Локалниот огранок на партијата Левица од Кичево изрази целосна поддршка за денешниот непартиски и мирен граѓански протест, кој се одржа пред општинската зграда во Кичево. Протестот е реакција на долгогодишното незадоволство поради одлагањето на смет на локација во непосредна близина на центарот на градот, која според граѓаните и активистите сериозно го загрозува здравјето и животната средина. „Лагата дека оваа локација ќе биде привремен склад ...
Еколошкото здружение „Здрава Котлина“ од Струмица поднесе обемна и детална кривична пријава против актуелниот градоначалник на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов. Пријавата, која содржи 125 страници техничка и правна документација, обвинува за сериозни прекршувања на законот, загрозување на животната средина, прикривање на информации и репресија врз граѓани. „Здрава Котлина“ ја најави оваа постапка уште при првите граѓански протести и во ...
Локалниот огранок на партијата Левица од Кичево излезе со остра реакција поради, како што велат, долгогодишното негрижливо постапување на општинската власт во врска со депонијата што се наоѓа во непосредна близина на центарот на градот. Според нив, оваа депонија, која претставува сериозна еколошка и здравствена закана, се користи веќе осум години, иако првично била претставена како „привремено решение“. Од Левица – Кичево велат дека даваат ...
Трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој однесе 61 живот и повреди 197 лица, откри длабоки системски пропусти и институционална негрижа. Истрагата, која опфати 45 физички и три правни лица, се чини дека селективно ги насочува обвиненијата кон поранешни функционери, додека актуелните остануваат недопирливи. Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека „до овој момент не биле утврдени пропусти“ кај актуелните ...
Во текот на ноќта, атинската населба Егзархија беше сцена на интензивни судири меѓу полицијата и група маскирани лица. Инцидентот започнал околу полноќ, кога напаѓачите фрлале молотови коктели, пиротехнички средства и камења кон локалната полициска станица. Како одговор, полицијата употребила солзавец и шок бомби за да ги растера напаѓачите. Судирите траеле приближно еден час и резултирале со значителна материјална штета. Според ...
Партијата Левица остро реагираше на изјавите на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, обвинувајќи го за недоследност меѓу фалбите за засилени контроли и црната статистика во сообраќајот која секојдневно се зголемува. „Улиците низ главниот град и низ Македонија се претвораат во патеки на смртта“, стои во соопштението на Левица, во кое се наведува дека во последниот месец бројот на сообраќајни несреќи е поголем во споредба со истиот ...
Веќе шест месеци единствените семафори во населбата Сењак се надвор од функција, а граѓаните секојдневно се соочуваат со сообраќаен хаос и небезбедни услови за движење. Советникот на Левица од Штип, Ангеле Михајловски, алармираше за проблемот и понуди конкретно и практично решение: крстосницата да се преадаптира во кружен тек. „Кога семафорите работат, се создаваат големи колони на возила. Кога не работат, хаосот е уште поголем – и за ...
Партијата Левица остро ја критикуваше актуелната министерка за образование, Весна Јаневска, обвинувајќи ја дека најавените реформи во образовниот систем се површни и служат исклучиво како фасада за задоволување на препораките на Европската Унија, наместо како алатка за реално подобрување на условите во училиштата. „Терминот ‘реформи’ одамна е испразнет од значење, претворен во флоскула која политичарите ја користат за медиумски настапи, без ...
Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во своето гостување во емисијата „Стадион“ на „Канал 77“, остро го критикуваше растечкото присуство на казина и обложувалници низ државата, укажувајќи дека тоа не претставува никаков општествен интерес, туку напротив – сериозна закана по младите генерации и социјалната стабилност. „Зарем е општествен интерес да имаме казина на секој ќош? Зарем е општествен интерес да имаме култура на коцкање, ...
На денешниот прв изборен митинг на Социјалистичката партија на Албанија, кој се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Тирана, забележливо беше присуството на голем број Македонци од различни делови на земјата. Настанот претставуваше и поддршка за Васил Стерјовски – единствениот кандидат од македонската заедница во трката за место во албанскиот парламент. Членови и симпатизери на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), која ...
Александар Волкановски, борецот со македонски корени, триумфално се врати на тронот во УФЦ перо категоријата по спектакуларна победа над Диего Лопез во борба која понуди пет рунди чиста акција и висока боречка динамика. Судиската одлука беше едногласна – 48-47, 49-46, 49-46 – во корист на Волкановски, кој уште еднаш ја потврди својата доминација во октагонот. Оваа борба се случи откако досегашниот шампион, Илија Топурија, одлучи да се пресели ...
Универзитетска професорка Тамара Јованов со ироничен тон ја критикува економската логика на актуелната власт, особено насочувајќи ги критиките кон ДПМНЕ. Во своја објава на социјалните мрежи, таа укажува дека според ставовите на владејачката партија, одмор во странство е привилегија на елитата, додека за обичните граѓани остануваат повеќе работни места и борба за егзистенција. „Според ДПМНЕ, одмор во странство е само за елитата. Обичните ...
Администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп доживеа неуспех во трговската војна со Кина, оценува аналитичарот Дарко Тодоровски во своја објава на социјалните мрежи. Тој го нарекува исходот на тарифниот конфликт „срамно фијаско“ за САД и „тивка победа“ за Пекинг. Според Тодоровски, САД се принудени да ги изземат клучните технолошки производи – паметни телефони, компјутери, телевизори, микроелектроника и бела техника – ...
Со жестока критика кон најновата пресметка на потрошувачката кошничка од страна на Владата, активистката Звезданка Пешиќ реагираше преку социјалните мрежи, обвинувајќи ја власта за игнорирање на реалноста во која живее мнозинството граѓани. Пешиќ саркастично забележува дека Владата подготвила потрошувачка кошничка само за тричлено семејство, игнорирајќи го фактот дека илјадници семејства во земјата имаат четири, пет или повеќе членови. „Си ...
Претседателот на Кина, Си Џинпинг, денеска упати остро предупредување до Соединетите Американски Држави, нагласувајќи дека едностраното воведување трговски ограничувања би можело да ги изолира САД од остатокот од светот. Изјавата на Си доаѓа во момент на растечки тензии меѓу Вашингтон и Пекинг, по најновите мерки на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која воведе вкупно 145% царини на кинеските производи. Како одговор, ...
Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во своето гостување на Канал 77 кај Столе Наумов испрати силна порака до македонската јавност и институциите, предупредувајќи дека новите царински политики на поранешниот американски претседател Доналд Трамп треба да послужат како последен аларм за земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија. „Ова е последен аларм за земјите како Македонија да се разбудат од сонот дека некој ‘стратешки ...
Украинските воздухопловни сили загубија уште еден борбен авион Ф-16 од американско производство, кој се урна над регионот Суми за време на извршување борбена мисија. Во инцидентот загина 26-годишен пилот, потврди украинското воено раководство. Ова е втор изгубен авион од типот Ф-16 откако Украина започна со нивно користење во август 2024 година. Според официјалните информации, несреќата се случила при обид за пресретнување на непријателски ...
Локалниот огранок на Левица во општина Ѓорче Петров жестоко ја критикува работата на градоначалникот Александар Стојкоски, обвинувајќи го за неисполнети ветувања и манипулативен ПР околу асфалтирањето на улицата „Алексо Демниевски“. Во партиското соопштение се вели дека уште во февруари со „голема медиумска помпа“ бил најавен проект за асфалтирање на 13 краци од улицата, но дека реалната состојба на терен по повеќе од месец и половина е ...
Палестинското Министерство за здравство денеска алармираше дека залихите на лекови во болниците во Појасот Газа се на „опасно ниско, невидено ниво“, предупредувајќи на сериозната хуманитарна криза во окупираната палестинска енклава. Според Министерството, здравствениот систем се соочува со драматичен недостиг од медицински материјали и лекови, како резултат на 40-дневната целосна израелска блокада, која целосно го прекина снабдувањето. Ал ...
Локалниот огранок на партијата Левица од Кавадарци, заедно со пратеникот Сашко Јанчев, денеска спроведе акција за пошумување на Глишиќки Рид, при што беа засадени 400 садници од видовите јасен и јавор. Акцијата беше организирана од Локалното координативно тело на Левица, со цел да се поттикне одговорно однесување кон животната средина и да се придонесе кон обновување на зеленилото во регионот. Пратеникот Јанчев, кој е препознатлив како ...
Реакцијата на партијата Левица е остро насочена кон актуелната власт, предводена од ДПМНЕ, која, според нив, не само што не ги решава проблемите на граѓаните, туку и манипулира со нивните животни услови. Потрошувачката кошничка, која ја редефинира сиромаштијата и ја сведува на леб и сол, е дел од обидите за статистичко ‘оправдување’ на сиромаштијата во земјата, додека реалната состојба продолжува да се влошува. „Наместо вистински реформи ...
Во Нови Пазар денеска се случи сериозен инцидент поради кој дојде до судир меѓу студентите и полицијата. Студенти и граѓани се обидоа да ја блокираат рутата на автобусите кои пренесуваа приврзаници на Српската напредна странка (СНС) на пат кон митингот во Белград. Тие седнаа на коловозот во обид да го спречат минувањето на автобусите, но полицијата реагираше со насилна интервенција. Објавите на социјалните мрежи покажуваат сцени на хаос, ...