Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Граѓанската иницијатива „Младите на Штука-Иловица против рудникот“ реагира на најавите за можно отворање на рудникот „Иловица-Штука“, оценувајќи дека во јавноста сè почесто се злоупотребува терминот „стратешки минерални суровини“ за да се создаде впечаток дека станува збор за проект од национален интерес за Македонија. Во соопштение, иницијативата наведува дека по најавите на Владата очекува засилена кампања во која ќе се потенцира важноста ...
На комисиска расправа за Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, го образложи амандманот поднесен од пратеничката група на Левица со кој се бараше забраната за рекламирање на коцкарниците да се прошири и на спортските клубови, културните и младинските настани, медиумите, интернет порталите, социјалните мрежи, како и на јавните личности и инфлуенсерите. „Да ја искористиме шансата да ...
Според инженерот Дејан Димовски, од први јули граѓаните би требало да плаќаат пониски сметки за електрична енергија. Во гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ24, тој посочи дека намалувањето на цената произлегува од одредбите на Тарифниот систем за продажба на електрична енергија. Димовски се повика на член 15 став 2 од тарифниот систем, според кој цената на струјата за домаќинствата што ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот ...
Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, во своето обраќање на собраниската расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, упати серија критики за кадровската политика и организацијата во Министерството за внатрешни работи, оценувајќи дека институцијата се соочува со сериозни структурни проблеми и партизација. Јанчев истакна дека состојбата во МВР е загрижувачка, посочувајќи дека постои несразмерност меѓу бројот ...
Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил, на собраниската расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски упати низа критики за работата на МВР, обвинувајќи го министерот за селективно спроведување на законот, партизација на полицијата и неефикасна борба против криминалот. Исмаил оцени дека зад статистиките за заплени на наркотични средства не се гледа реалната состојба на терен, каде, според него, достапноста на ...
Еко-активистот Крум Велков ја обвини Владата дека со одлуките поврзани со проектот „Иловица-Штука“ застанала на страната на рударскиот инвеститор наместо на граѓаните и најави продолжување на борбата против отворањето на рудникот во Струмичкиот регион. Во објавата на социјалните мрежи, Велков оценува дека враќањето на концесиите на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ претставува закана за животната средина, земјоделството и иднината на регионот. ...
Во своето денешно излагање по повод Интерпелацијата, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изнесе невистини со цел да избегне одговорност и да ја доведе јавноста во заблуда, тврдејќи дека сум бил приведен затоа што сум извикувал „убијци“ кон учесниците на ракометниот натпревар помеѓу Македонија и Израел. Ова тврдење е целосно неточно и директно е демантирано од официјалното соопштение на самото Министерство за внатрешни работи, ...
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, во рамки на собраниската расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, упати серија критики кон Министерството за внатрешни работи, обвинувајќи го за системско непостапување во случаи на насилство врз жени. Крмов како еден од најсериозните примери го посочи случајот со советничката на Левица во Град Скопје, Евгенија Станковска, за која рече дека била мета на организирана ...
Професорката Тамара Јованов реагира на изјавата на премиерот дека недостигот на млади во државата може да се надомести со работници од трети земји, предупредувајќи на демографските последици и иселувањето на младите. Во објава на социјалните мрежи, Јованов прашува кој ќе понесе одговорност за, како што наведува, политиките што довеле до масовно иселување на младите и пад на наталитетот. Со денови ми ѕвони “мудроста” на премиерот во ушите: ...
Апропо веќе малку подзаборавената шпионска афера во кабинетот на Гордана Сиљановска, претседателката на Република Македонија, како пратеник и како член на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието, би сакал да упатам неколку јавни прашања и дилеми во врска со случајот, кои би ја поместиле дискусијата од „дали имало класифицирана мрежа“ кон пошироката безбедносна инфраструктура на и околу самата институција Претседател. Имено, во ...
Пратеничката и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска, на седницата за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изнесе низа обвинувања за неговото работење, поврзувајќи го случајот со Артан Груби со, како што рече, бизнис интереси околу проектот „Бехтел и Енка“. Мојсоска тврдеше дека временската поврзаност меѓу влегувањето на функционер од ВМРО-ДПМНЕ во фирма за надзор на проектот и одлуката за промена на ...
Синдикатот на културата на Република Македонија реагира на одлуката со која, според нив, повторно се отвора прашањето за различните стандарди при вреднувањето на трудот во државата. Од синдикатот посочуваат дека платите на уставните судии ќе продолжат да растат врз основа на одлука донесена од самата институција, која директно влијае врз нивните лични примања. „Платата на ‘богоизбраните лица’ се пресметува според просечната бруто плата, а ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, денеска од собраниската говорница жестоко ја образложи интерпелацијата против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи го за непотизам, судир на интереси, партизација на полицијата и целосен неуспех во раководењето со МВР. Образложувајќи ја интерпелацијата, Апасиев рече дека Тошковски е типичен пример за политички опортунизам и кадар изграден во структурите на ВМРО-ДПМНЕ, чија ...
Зелениот сектор на Левица обвини дека Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски го подготвува теренот за враќање на рударскиот проект „Иловица-Штука“, оценувајќи дека зад повиците за почитување на судските одлуки и правната сигурност се крие обид за повторно активирање на еден од најконтроверзните рударски проекти во државата. Во соопштение до јавноста, од Левица наведуваат дека Владата нема обврска да ги застапува интересите на ...
Денес на дневен ред на собраниска седница е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица. Интерпелацијата е образложена преку 17 точки, систематизирани во шест тематски области, кои се однесуваат на работата на Министерството за внатрешни работи и на одговорноста на министерот Тошковски. Меѓу клучните забелешки се наведуваат саботирање на истраги и несоработка со Јавното ...
Тим археолози од прилепскиот Завод за заштита на спомениците на културата и музеј ги заврши заштитните археолошки истражувања на локалитетот Долиште кај селото Прилепец, каде што со претходните кампањи во 2022 и 2025 година беше истражувана просторија во која доаѓале луѓето и се релаксирале во топли базени, при што годинава се откриени уште три дела од оваа луксузна римска бања. – Оваа просторија наречена лакониум, имала двоен под, односно ...
Советникот од Левица во Советот на Општина Кавадарци, Круме Богевски, реагираше на предлог-Деталниот урбанистички план за дел од населбата „Коњски Дупки“, кој утре треба да се најде пред советниците, посочувајќи дека во него практично не е предвиден простор за паркови и зеленило. Во објава на социјалните мрежи, Богевски објави дел од урбанистичкиот план и нагласи дека зелената боја во ваквите документи означува паркови, зеленило, спорт и ...
Во време кога современите технологии овозможуваат далечинско отчитување и со над 99% сигурност во преносот на податоци, народот во Македонија сè уште се соочува со одминати стари практики како физичко читање на броила, доцнења, корекции и непрописно М отчитување. ЕВН, фирма со милионски профити, сè уште нема целосно функционален систем за далечинско отчитување на броилата. И тоа не е затоа што не можат да воведат систем за далечинско читање, ...
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска организира протестен марш во Скопје, кој ќе започне во 18 часот пред Собранието на Република Македонија, а ќе заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање. Настанот се одржува под мотото „Не за нова дозвола по стари правила“. Од иницијативата посочуваат дека протестот е реакција на, како што велат, сериозни недостатоци во постапката за обновување на А-интегрираната еколошка ...
Далмација се соочува со сериозен бран шумски пожари кои во изминатите денови зафатија повеќе подрачја долж хрватското крајбрежје. Огнената стихија се шири поттикната од високите температури, сувото време и силниот ветер, а пожарникарските екипи водат интензивна борба за да ги стават пожарите под контрола. На островот Хвар, во близина на местото Света Недела, пожарот зафатил околу десет хектари борова шума и делови од лозови насади. Во ...
Двајца добитници на Нобелова награда, добитници на Букерова награда и писатели ќе го направат Порто книжевна престолнина од 24 до 29 јуни на фестивалот BABELL, со цел да ги доближат читателите до книжарниците. Помеѓу 24 и 29 јуни, историскиот центар на Порто ќе се претвори во град на книгите. Фестивалот BABELL (извор на португалски) треба да биде еден од најголемите книжевни настани во Европа, доведувајќи ги во Португалија некои од ...
Џез концерт насловен „Протерани од рајот“ на Џијан Емин и Георги Шарески ќе се одржи вечерва во 20.30 часот, во рамките на 47. издание на фестивалот „Скопско лето“. Џијан Емин и Георги Шарески во заеднички концертен проект што ги спојува современиот џез, импровизацијата и авторскиот музички израз. Концертот се развива како музички и авторски дијалог помеѓу два различни музички изрази, низ слободна комуникација, импровизација и заедничко ...
Градот под Осоговските Планини и ова лето ќе живее во знакот на културата, музиката и уметноста. Со свечено отворање на 24 јуни започнува манифестацијата Кривопаланечко културно лето 2026, која и годинава ќе понуди богата и разновидна програма за сите генерации. Во текот на летните месеци, жителите и посетителите на Крива Паланка ќе имаат можност да проследат повеќе од 60 настани, меѓу кои концерти, културни манифестации, уметнички содржини, ...
Во период кога односите меѓу Западот и Русија остануваат обременети со политички несогласувања и меѓусебни обвинувања, Турција продолжува да одржува активен дијалог со Москва, нагласувајќи ја важноста на дипломатијата и комуникацијата во решавањето на меѓународните прашања. Неодамнешната посета на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на Москва и Казан испрати јасна порака дека Анкара не планира да ги прекине односите со Русија, ...
Фудбалската федерација на Иран најави дека ќе поднесе официјална жалба до ФИФА поради ограничувањата за патување што американските власти ги применуваат кон иранската репрезентација за време на Светското првенство 2026. Според соопштението на федерацијата, иранските фудбалери се соочуваат со посебен режим на влез во Соединетите Американски Држави, според кој играчите можат да пристигнат најмногу 24 часа пред почетокот на натпреварот и се ...
Лионел Меси уште еднаш го потврди својот статус на еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Аргентинската суперѕвезда постави нов историски рекорд, откако го постигна својот 17-ти погодок на Светските првенства и стана најдобар стрелец во историјата на мундијалите. Со овој гол, Меси го надмина досегашниот рекордер, германската легенда Мирослав Клозе, кој кариерата ја заврши со 16 погодоци на светските шампионати. Рекордниот погодок ...
Иранскиот голман Алиреза Беиранванд повторно се најде во центарот на вниманието на светската фудбалска јавност откако со фантастична партија му помогна на Иран да освои бод против Белгија на Светското првенство 2026. Натпреварот заврши без голови (0-0), а Беиранванд беше најзаслужен за тоа. Иранскиот чувар на мрежата забележа седум одбрани, меѓу кои и неколку спектакуларни интервенции на самата гол-линија. Особено се издвои неговата ...
Изминатата недела ја поминав на терен, во рамките на научно-истражувачки проект. Посетив сточари кои одгледуваат молзни крави што се напасуваат. Запознав чесни, вредни и добродушни луѓе кои не знаат што значи слободен ден. Луѓе кои работат од зори до мрак, а сепак живеат на работ на егзистенцијата. Од разговорите со нив сфатив една сурова вистина – најголемиот непријател на македонското сточарство не се ниту климатските промени, ниту ...
Во јавноста се појавија тврдења дека борци на либанското движење Хезболах ликвидирале високи офицери од 401-та оклопна бригада на израелската армија, единица која според одредени извори се поврзува со случајот на петгодишното палестинско девојче Хинд Раџаб, чија смрт предизвика силна осуда во меѓународната јавност. Според објавените информации, покрај претходно ранетиот полковник Меир Бидерман, во напад бил убиен и потполковникот Дор ...
Новинарката Елена Оровчанец-Спироска преку објава на социјалните мрежи ја критикуваше најавената „енергетска револуција“ базирана на акционерски модел, правејќи споредба со некогашниот систем на самопридонес во поранешна Југославија. Според неа, додека инфраструктурните и енергетските проекти во минатото биле финансирани од граѓаните и останувале јавно добро во служба на заедницата, новиот модел отвора можност најголема корист да имаат оние ...