Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, побара од Собранието да ги тргне од дневен ред предложените измени на Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, кои се поврзуваат со изградбата на големи дата-центри во државата. Според него, јавноста не располага со доволно информации за проектите, нивните инвеститори, енергетските потреби и економските ефекти, поради што не смее да се носат законски решенија без широка јавна дебата. ...

Работниците во Југоисточна Европа и Балканот имаат најдолги работни недели на континентот, покажуваат најновите податоци анализирани од Euronews врз основа на статистики на Евростат. Меѓу земјите со најмногу работни часови неделно се наоѓа и Македонија, која е веднаш зад Грција. Според податоците за 2025 година, Грција има најдолга просечна работна недела во Европа со 39,6 часа, а веднаш зад неа е Македонија со 39,5 часа неделно. Следуваат ...

Од 1 јуни, хирурзите и анестезиолозите во Општата болница во Струга ги ограничија своите активности исклучиво на итни хируршки интервенции, додека сите планирани операции и неитни случаи се одложуваат до понатамошно известување. Според нив, ваквата одлука е резултат на долгогодишни нерешени проблеми поврзани со пресметката и исплатата на нивниот труд, како и поради отсуството на слух од надлежните институции за решавање на овие прашања. ...

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, обвини дека Министерството за енергетика не му доставило копија од Меморандумот за соработка во енергетиката што министерката Сања Божиновска го потпишала во Вашингтон во април годинава, и покрај тоа што документот бил побаран преку писмено пратеничко прашање. Според Исмаил, наместо увид во содржината на меморандумот, од Министерството добил одговор со, како што наведува, „нејасни формулации за можни ...

Синдикатот на УПОЗ жестоко реагираше на предлог-законите за судска служба и јавнообвинителска служба кои се доставени во Собранието, оценувајќи дека нивната содржина значително отстапува од решенијата што биле усогласувани повеќе од две години со претставниците на синдикатите. Од Синдикатот на УПОЗ велат дека законските текстови биле испратени во законодавниот дом без согласност на синдикатот и спротивно на верзиите кои биле заеднички ...

Советничката од Левица во Советот на Град Скопје, Евгенија Станкоска, жестоко реагираше на новиот начин на работа што го наметнува мнозинството предводено од ДПМНЕ. Наместо советничките прашања да бидат алатка за непосредна контрола на градоначалникот и градската администрација, ДПМНЕ воведува апсурден модел во кој сите прашања однапред се поставуваат, по што следува пауза од 20 минути за подготовка на однапред смислени одговори. Наместо ...

Советникот од Левица во Советот на Општина Тетово, Боби Илиевски, реагира на одлуката на Советот на Општина Тетово да одобри префрлање на 1.144.484 денари од општинскиот буџет за покривање на даночни обврски на Арабати Баба Теќе, оценувајќи дека станува збор за неодговорно трошење на јавни средства во услови на сериозни проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Од партијата посочуваат дека додека жителите на Тетово се соочуваат со проблеми ...

Емил Јанчески во објава на социјалните мрежи ја анализираше марксистичката перспектива за преминот од капитализам кон социјализам, оценувајќи дека таквиот процес не може да се одвива мирно и автоматски. Според него, историското искуство покажува дека владејачките економски и политички елити не се откажуваат доброволно од својата моќ, туку пружаат отпор кон секое движење што ги доведува во прашање постојните односи на сопственост и ...

Соединетите американски држави (САД) создадоа вистински хаос уште пред да почне топката да се тркала по теренот. Тоа низ што минуваат играчите, навивачите, судиите, новинарите, фотографите е ненормално, срамно. Американската параноја доведе до невидена лудост пред почетокот на Првата светска војна. Она што се случува со фудбалската делегација и навивачите е навистина ужасно и многу тажно бидејќи ова е најсрамниот првпат досега. Фудбалерите ...

Политичката партија Левица реагира по сведоштвата на граѓани за наводна незаконска наплата за влез на локалитетот Куклица кај Кратово, оценувајќи дека еден од најпознатите природни феномени во Македонија со години е оставен на „самоволие, узурпација и институционална негрижа“. Од партијата посочуваат дека локалитетот, познат како „Камените кукли“, е заштитена природна реткост и значаен дел од македонското природно наследство, но и покрај ...

Поранешната претседателка на Советот за македонски јазик, Симона Груевска-Маџоска, јавно ги отфрли тврдењата на министерот за култура и туризам дека нејзината оставка била поднесена од лични причини. Во објава на социјалните мрежи, таа обвини за институционална негрижа кон македонскиот јазик, посочувајќи дека за време на нејзиниот мандат немала ниту една средба со министерот, а клучни законски обврски и стратешки документи биле одложувани ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го презентираше двегодишниот отчет за работата на законодавниот дом, при што вниманието на јавноста го привлече фактот дека во официјалната публикација албанскиот јазик е наведен пред македонскиот, по примерот на неговиот претходник Талат Џафери. На презентацијата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозицијата, иако Гаши изјави дека покана била упатена до сите парламентарни групи на последната ...

Политичката партија Левица ја обвини Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски дека се откажала од ветувањата дадени додека беше во опозиција во однос на договорот со „Бехтел и Енка“, и наместо негово репреговарање обезбедува нови задолжувања за финансирање на истиот проект. Од Левица потсетуваат дека ВМРО-ДПМНЕ во опозицискиот период договорот го претставувала како пример за криминал, нетранспарентност и штетно трошење на јавните ...

Став на Тања Мицков Во Македонија ништо не се менува побрзо од опозиционерските ставови кога ќе седнат во министерска фотелја. До вчера „системот“, таа топка што наизменично си ја подаваат едните на другите, беше виновен за сè. Денес, ете, виновни се актерите. До вчера културата беше столб на општеството. Денес, според новите сметководители на духот, е буџетски проблем. До вчера се бараа повеќе вложувања. Денес ќе броиме глави по ансамбли ...

Левица обвини дека премиерот Христијан Мицкоски ја довел јавноста во заблуда со тврдењето дека не стои зад евентуалното вработување на претседателот на Уставен суд на Република Северна Македонија, Дарко Костадиновски, на универзитетска професорска позиција. Од партијата тврдат дека, по неуспешниот обид за ангажман на Правен факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, сега се прават напори тој да биде избран за професор ...

Инженерот Дејан Димовски, преку објава на социјалните мрежи направи споредба меѓу финансиската состојба на државните и приватните компании во енергетскиот сектор, посочувајќи дека државните претпријатија се соочуваат со високи долгови, додека приватните компании бележат огромни добивки. Според Димовски, АД ЕСМ заклучно со 2025 година има обврски во висина од речиси 120 милиони евра, додека компанијата ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија ...

Политичката партија Левица вчера ја одржа својата 30-та редовна сесија на Централниот комитет, на која се дискутираше за актуелната општествено-политичка состојба, во услови кога ДПМНЕ има воведено комплетна десничарска, регресивна и деструктивна политика на централно и на локално ниво. Пред сè поизвесните предвремени парламентарни избори, Левица настапува како единствена опозициска парламентарна партија која има моќ и знаење да ги обедини ...

Претставничка на Левица, Евгенија Станкоска учествуваше на собир на европските левичарски партии посветен на борбата против економската нееднаквост и моќта на крупниот капитал Членката на Централниот комитет на Левица, Евгенија Станкоска, учествувала на меѓународниот настан „Tax the Rich“, кој се одржал во Милано во организација на Европската лева алијанса. Од партијата информираат дека Станкоска била дел од дебатите посветени на растечката ...

Политичката партија Левица ја повика Млекарница Ѓоргиеви да се изјасни дали ќе ја врати наградата за општествена одговорност што ѝ беше доделена од Општина Радовиш, по обвинувањата и сомнежите што деновиве се појавија во јавноста во врска со млечните производи на компанијата. Од Левица потсетуваат дека само пред неколку месеци компанијата била наградена како пример за општествено одговорно работење, а сега нејзиното име се споменува во ...

Став на Дејанчо Анастасов Колку и да звучат уверливо ветувањата за економски развој, нови работни места и долгорочни инвестиции, постои една вистина што никој не може да ја избегне – секој рудник има свој крај. Ниту едно наоѓалиште не е бесконечно, ниту пак постои рударска експлоатација што трае засекогаш. Рудата се исцрпува, профитот се префрла на друго место, машините си заминуваат, а зад нив остануваат последиците со кои со децении, а ...

Политичката партија Левица остро реагираше по повод нападот врз мировната мисија на Обединетите нации во Либан, при кој загина српскиот мировник Милован Јовановиќ, а беа повредени и други припадници на меѓународните сили. Од партијата оценуваат дека нападите врз персонал ангажиран под мандат на ОН претставуваат сериозен удар врз меѓународната безбедност и мировните напори на Блискиот Исток. Во реакцијата, Левица посочува дека во рамките на ...

Членот на Президиумот на Левица, Александар Симонов, преку објава на социјалните мрежи упати жестоки критики кон Владата, обвинувајќи ја дека економските и трудовите политики ги креира според интересите на работодавачите, а не според потребите на работниците. Според него, одбивањето на зголемување на минималната плата, зголемувањето на квотите за странски работници и најавите за ограничување на боледувањата се дел од поширок модел на ...

Продолжувањето на А-интегрираната еколошка дозвола за цементарницата ТИТАН Усје предизвика остри реакции од Левица, од каде обвинуваат дека институциите покажуваат толеранција кон корпорацијата, додека граѓаните и стручната јавност се соочуваат со кратки рокови и ограничен пристап до информациите. Од партијата велат дека јавноста има само 30 дена да ја анализира обемната документација која ќе влијае врз квалитетот на воздухот и здравјето на ...

Универзална сала во моментов е градилиште. Објект што не е довршен. Објект што нема технички прием. Објект што нема употребна дозвола. Објект што, формално-правно и функционално, сè уште не може да ја извршува својата основна дејност. И токму затоа, сосема логично се поставува прашањето: зошто во овој момент е толку итно да се избира директор? Не зборуваме за активна институција со богата програма, преполна сала и десетици вработени. ...

Владините тврдења за економски напредок се базираат на селективно користење на статистички показатели и не ја отсликуваат реалната состојба во македонската економија, оценува Марјан Димитриев во објава на социјалните мрежи. Според него, официјалните податоци покажуваат висока стапка на сиромаштија, пад на индустриското производство и континуиран притисок врз животниот стандард на граѓаните. Димитриев посочува дека владините пофалби оти ...

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, прогласи победа на Иран во неодамнешниот конфликт со Израел и Соединетите Американски Држави, оценувајќи дека „злобниот непријател“ претрпел пораз и понижување како на воен план, така и во очите на јавноста. Изјавата беше прочитана на церемонија по повод 37-годишнината од смртта на основачот на Исламската Република, Рухола Хомеини. Во своето обраќање, Хамнеи порача дека Иран успешно се ...

Грција испрати официјален дипломатски протест до Украина откако во близина на популарниот остров Лефкада беше пронајдено пловило без екипаж натоварено со експлозив, за кој Атина верува дека е поврзан со украинските сили, објавува „Европска правда“, повикувајќи се на грчкиот весник „Катимерини“. Портпаролката на грчкото Министерство за надворешни работи, Лана Зочиу, потврди дека случајот е подигнат на ниво на Европската Унија. Грчкиот ...

Левица реагираше на изјавата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во која тој изрази загриженост поради најавите за зголемување на надоместоците во платниот промет, оценувајќи дека станува збор за задоцнето признавање на проблем на кој партијата со години предупредува. Од Левица сметаат дека банкарскиот сектор се претворил во олигопол кој остварува рекордни профити на товар на граѓаните и стопанството, додека истовремено ги ...

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи повика на зголемување на минималната плата, повикувајќи се на ставови на економистот Адам Смит, кого го сметаат за еден од основоположниците на капитализмот. Апасиев во својата објава посочува дека критиките кон идеите на Карл Маркс често доаѓаат од десничарските кругови, па затоа решил да цитира авторитет од капиталистичката економска мисла. „Често десничарите се ежат од ...

Партијата бара Георгиевски да објави докази за поништениот конкурс и предлага рационализација на трошоците до завршување на реконструкцијата. Левица реагираше на изјавите на градоначалникот на Град Скопје, Орце Георгиевски, во врска со поништениот конкурс за избор на директор на ЈУ „Универзална сала“, обвинувајќи го дека изнел невистинити информации и ја довел јавноста во заблуда. Од партијата посочуваат дека Георгиевски тврдел оти ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75