Водата во грчката област Тесалија полека се повлекува, со што се открива и големината на катастрофата предизвикана од поплавите, меѓутоа продолжуваат проблемите за жителите на регионот, додека пак делови од автопатот Солун- Атина и понатаму се затворени за ообраќај во двата правци, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно постојат предупредувања за опасност за јавното здравје во поплавените подрачја, а на граѓаните им се препорачува да ...

Надлежните од Комората на органски производители денеска информираа дека приносите во градинарството и овоштарството се намалени поради влијанието на климатските промени. Годинава се карактеризираше со обилни дождови на почетокот и со исклучително високи температури во вториот дел од летото, што резултираше со доцнење на активности на парцелите. -Ние не употребуваме никакви хемиски средства за заштита, оваа година секојдневно беа дождови кои нè ...

Од ноќеска на полноќ, бензините ќе поскапат за еден денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 1,146 денари за килограм. Според РКЕ, ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 88 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 90,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 83,50 денари, маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83 денари, ...

Кај место викано „Две Реки“ на Скопска Црна Гора, вчера во 18.40 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север, во содејство со полициски службеници од Полициското одделение Мирковци, го лишиле од слобода С.А.(47) од село Брест, општина Чучер Сандево. Како што денеска информираа од МВР, на наведеното место тој бил затекнат во непосредна близина на товарно возило ...

Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, покажува последниот неделен лабораториски извештај на ЈП Водовод и канализација. Анализите ги спроведе Секторот за санитарна контрола од 04.09.2023 до 07.09.2023 на 154 примероци. Извршена е физичко-хемиска и микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во градот Скопје и според добиените резултати, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на ...

Од денеска до 15 септември на подрачјето на град Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против комарци. Прскањето ќе се врши во периодот од 22 до 03 часот наредниот ден. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Град Скопје апелира, пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. МИА agrotim4 ...

Цените на земјоделските производи годинава не се според очекувањата на потрошувачите и постојано варираат, но има разлика и од еден пазар до друг пазар. Деновиве може да се забележи благо намалување на цените, пипер за ајвар се продава за 80 денари килограм, но може да се најде и пакет ајварски пипер спакуван во кутија по цена од 50 денари за килограм. Претходниот пат Ви ги пренесовме цените на Зелен пазар во Скопје, а еве ги денешните цени на ...

Од 1 декември 2021 година употребата на пластични кеси за еднократна употреба на пазарот во земјава е забранета, а во маркетите и на пазарите дозволени се само биоразградливи кеси кои се наплаќаат по 15 денари. Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување, средствата од продажбата на кеси се собираат во посебен фонд на Министерството за животна средина и просторно планирање, а до крајот на 2022 година по овој основ се собрани ...

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашнио ден имало 22 пожари на отворен простор и сите се изгаснати, и дека активни пожари нема. Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно координативните активности и известувања во Секторот за операции и координација, информира дека изгаснатите 22 пожари на отворен простор биле во: – Општина Илинден населба „Илинден“ (каде што горело стрниште); – Општина Чучер Сандево, спортски ...

Сопствениците на мали фарми стравуваат од африканската свинска чума. Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци Гоце Сарафимов вели дека никому не му е јасно како болеста успеала да зафати една од најголемите фарми, па од таа причина стравуваат дека малите фарми се многу полесна мета. Преземени се и сите мерки за поголема заштита на фармите. – Стравуваме, како не. Таа е најголема фарма за свинско месо и е една со најголемите био-сигурносни ...

АМСМ денеска информира дека од понеделник (11 септември) ќе се воспостави времениот режим на сообраќајот во тунелот на стационажа км 6+326 до км 6+366, на десна страна од тунелот, правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Ќе има светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци ...

Владата на Република Северна Македонија ги финализира преговорите за обезбедување финансиски средства од Банката за развој при Советот на Европа – (CEB). Барањето е веќе доставено до Банката, и се очекува до крајот на овој месец да се финализираат условите, а до крајот на годината да бидат и одобрени од страна на Банката. Ова, како што информираат од Министерството за финансии, било соопштено на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими ...

Во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имало вкупно 19 пожари на отворен простор, активни пожари нема, информираат од Центарот за управување со кризи. Изгаснати пожари се 19 пожари и тоа: – Општина Сарај, с.Бојане, месност „Карпалак“ (каде што горела ниска вегетација и нискостеблеста шума); – Општина Илинден, с, Ајватовци (ниска вегетација); – Општина Студеничани, с.Моране (ниска вегетација); – Општина Бутел, месност „Качанички ...

Јавниот повик за Мерка 7 од новата ИПАРД III програма овозможува кофинансирање во вид на неповратен грант во износ од 60% за набавка на машини и опрема за обезбедување на услуги во руралните средини. Тука спаѓаат пред се машини и орема за: Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) официјално ги објави деталите, па според упатствата, во овој приоритетен сектор можете да аплицирате за набавка на: Кој може да ...

Трошоците на животот во август годинава, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 1.2 %, а цените на мало за 1.3 %. Во однос на август лани, пак, трошоците на жиот бележат раст од 8.3 %, а цените на мало од 5.6 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7.8 %, свежиот и ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари – јули 2023 година, изнесува 4 947 787 илјади евра и бележи пораст од 3.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 434 993 илјади евра, што е за 7.0 % помалку од лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2023 година, изнесува 1 487 206 илјади евра, а покриеноста на увозот со извоз е 76. 9 %, ...

Лозарите не ги оставаме сами. До подсекторската група за вино и грозје ќе предложам мерка за поддршка на лозарите за произведено винско, но и за прв пат, со поддршка и за произведено трпезно грозје од најмалку 12.000 денари по хектар. Веднаш по завршување на бербата, добивајќи ги точните бројки, до Владата на усвојување ќе ја предложиме мерката. Заедно и овој предизвик ќе го поминеме. Оваа мерка за поддршка денес ја соопштив пред нашите вредни ...

Вредноста на Синдикалната кошничка за август 2023 година изнесува 49 345 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Како што наведува ССМ, иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,3 отсто, сепак минималната кошница е зголемена од претходниот месец јули за 725 денари. -Тоа зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава најголемо зголемување има кај исхраната и пијалаците за 1,9 отсто, ...

Во Кенија, во провинцијата Нанди, во Тиндирет, започна бербата на зрна кафе. Потрошувачката на кафе, вториот најтргуван производ во светот по нафтата, секојдневно расте. Кенија е земја во Источна Африка која е рангирана на 21 место меѓу најголемите светски производители на кафе. Целото кафе произведено во Кенија е Арабика. Зрната кафе растат во висорамнините на Кенија. Климата во Кенија го олеснува одгледувањето на сорти кафе познато по силната ...

Монструозни се обвинувањата на здружението за заштита на животните Анима Мунди дека на милост и немилост, без храна, вода и елементарни услови за живот се оставени свињите од фармата во село Таринци, Општина Карбинци, каде е во тек спроведувањето мерки за еутаназија согласно донесените решенија за справување со болеста африканска чума кај свињите, која беше потврдена на фармата. Како одговорна институција и за благосостојбата на животните, ...

СН Осигурителен Брокер започна со визија која амбициозно веруваше и знаеше дека еден ден ќе биде најголемиот брокер во државата. Оваа приказна започна да се креира речиси пред девет години. Денес разговараме со Александра Петровска Кулевска, една од првите две вработени во нашата компанија. Денес Александра е раководител на експозитури и администрација во СН Осигурителен Брокер и секогаш со задоволство се сеќава на почетоците. Раскажува како ...

Најнова инвестиција од четири милиони евра беше претставена денеска во винарската визба „Тиквеш” во Кавадарци. На настанот официјално беа пуштени во употреба новата постројка и опрема за прием и примарна преработка на грозје. Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор, најави и дополнителна инвестиција. Тој потсети дека годината за лозаровинарство била проблематична, имајќи ги предвид болестите на лозјата, поради што голем дел од ...

Полицијата лиши од слобода две лица од гостиварското село Добридол, под сомнение дека се сторители на дваесетина кражби, меѓу кои и последната кражба во штала во селото Градец кога беа одземени 48 овци. Од СВР Тетово информираат дека вчера претпладне полициски службеници од Полициско одделение Галате ги лишиле од слобода Ј. М. (18) и А.Д. (23). – Тие се осомничени дека минатата и оваа година извршиле дваесетина тешки кражби во регионот на ...

Владата на Република Северна Македонија го разгледа и утврди Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година и ја разгледа и утврди Предлог – одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Со донесените владини заклучоци се предлага прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите за ...

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола вчера на магистралниот пат Ресен – Прилеп, на местото наречено „Тунелот”, ги лишиле од слобода Е.Ј.(21) и А.А.(31), двајцата со престој во Битола. Како што известуваат денеска од МВР, тие биле затекнати во возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Е.Ј.(21), а совозач бил А.А., а кое било натоварено со огревно дрво без жиг и испратница. Лицата биле задржани во ...

Од вторникот наутро, кога започна невремето „Даниел“, до утрово, противпожарната служба на Грција примила 4.870 повици за помош во погодените региони, на безбедни локации биле пренесени над 800 лица, а обилните дождови и поплавите предизвикаа огромни катастрофи во централниот дел на земјата, додека невремето и проблемите продолжуваат и денеска, јави дописничката на МИА од Атина. Најпогодени се градовите Волос, Кардица, Трикала и Пилио, каде што ...

Речиси и да не постои населено место каде немаме реализиран проект со средства од #ИПАРД програмата. Денеска сум во посета сум на уште еден успешен ИПАРД корисник, компанијата ВАРДАР АД Градско, која се занимава со производство и промет со земјоделски и сточарски производи. Преку ИПАРД програмата набавиле 10 моторни пумпи, 10 тифони за наводнување и црева за поливна опрема од 4000м, 3 приколки за транспорт, како и една цистерна за транспорт на ...

Цената на свинското месо е зголемена за 40 денари, потврди за МИА потпретседателот на Асоцијација на земјоделци Гоце Сарафимов. Тој посочи дека цената на свинското месо е зголемена од пред пет дена, а причина за тоа е зголемувањето на цената на свинското месо на светските берзи и во соседна србија, но, како што дополни, удел има и појавата на афринската свинска чума на фарма во Општина Карбинци, каде што во тек е угинување и закопување на околу ...

Мерките од програмата ИПАРД се повеќе стануваат актуелни во јавноста и меѓу бизнисмените. Но колку всушност сме запознати што точно претставува ИПАРД, кој може да ги користи овие средства и каква е процедурата да се инвестира со помош на овие грантови. Она што најчесто се коментира кога ќе се спомне ИПАРД или било која поддршка од државата е, дека тешко се доаѓа до овие пари, односно паушални изјави кои најчесто се резултат на недоволна ...

Пожарот кај месноста Врело во липковско Ваксинце е изгаснат, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. Пожарот, како што информираат од регионалниот центар за управување со кризи избувна пред 19 часот, а кумановските пожарникари го гасеа речиси до 23 часот. Пожарот зафатил сува трева и стрништа во близина на резервоарите на „Макпетрол“. Вчера, беше изгаснат и пожарот во Бељковце кој дојде од блиското село Руѓинце. Во пожарот беше ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
25%
1019
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
3.09
31%
1020
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
2.06
31%
1020
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
25%
1020
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.86
21%
1018
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
1.34
39%
1020
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
7.2
33%
1018
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
23%
1018
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
20%
1018
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.17
32%
1018
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 27ᴼ
4.92
26%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
9.26
34%
1019
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62