
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие имало пожари на вегетација на отворено и непроодни патишта. Двајца пожарникари од Територијалната противпожарна единица Валандово вчера од 13:50 до 15:00 часот со едно возило интервенирале на запалена трска, капини и ниска вегетација на површина од два декари покрај патот село Марвинци – село Удово. Регионалниот ЦУК Велес известува дека во текот на денот имале пријава ...
Никица Бачовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој беше гостин во студиото на „Слободен печат“ каде што информира за повиците од ИПАРД 3 и можноста за инвестиции во агросекторот и руралниот развој. -Пристигнаа над 1000 апликации за 30 милиони евра на Јавниот повик за Мерка 1 и Мерка 7. Побарувањата се за 96 милиони евра за што сме многу позитивно изненадени. Агенцијата во овој период работи на ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска на прес-конференција до земјоделците ги презентираше новите мерки за 2024 година, за поддршка на секој еден земјоделец. Ви ја пренесуваме интегрално прес-конференцијата на министерот Николовски. „Почитувани земјоделци, Владата ги усвои предложените годишни програми за работа на министерството за 2024 година. Уште еднаш на дело, како министерство и Влада, докажуваме ...
Водиме искрена грижа за сите земјоделци. Креираме повеќе нови мерки поддржувајќи го секој еден земјоделец и во оваа 2024 – Рече министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на панелот „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ можности и перспективи“ што се одржува утрово во рамки на конференцијата „Година на европски можности“. Како што ветивме пред земјоделците, од оваа година поддршката до сите земјоделци за ...
Германската компанија ЛИДЛ ја започна изградбата на современиот логистички и дистрибутивен центар, вредна 80 милиони евра. Иградбата на овој модерен логистички центар ќе служи како центар за снабдување на синџирот ЛИДЛ маркети во нашата држава, вбројувајќи се во големото семејство на ЛИДЛ маркетите. Преку нови инвестиции постигнуваме уште поголем економски развој на нашата држава и креираме нови работни места, но и плус можност за пласман на ...
Во овој момент со сигурност можам да кажам дека успеавме за многу краток период да ја вратиме репутацијата во однос на ИПАРД – од земја со исклучително ниско ниво на искористеност, на држава лидер во регионот. Денес, по 6,5 години, сме лидери во Западен Балкан, со најмногу склучени договори, повеќе од Албанија, Србија и Црна Гора заедно, со најголема апсорпција на средствата од понудениот буџет од ЕУ. Сигурен сум дека на крајот на 2024 година ...
Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски информира дека активно се работи на акредитирањето на новата ИПАРД 3 мерка, која ќе биде наменета исклучиво за руралните општини. Мерката е наречена Рурална јавна инфраструктура и предвидува поддршка на проекти изготвени од руралните општини за улици, патишта, водоводи, канализации, партерни уредувња, културни домови, детски игралишта, паркови,… За овие проекти, како што рече Бачовски, општините ...
Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов за годинава најави отворање на ИПА 3 Програмата која, во делот меѓугранична соработка, предвидува 100 милиони евра. За овие средства, објасни Пенов, покрај општините, планските региони и невладиниот сектор, прв пат ќе може да аплицираат и бизнисите. Проектите ќе добијат целосно финансирање од ЕУ и 15 отсто државна дотација. Зборувајќи на панелот „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ ...
Македонското земјоделство покажа дека е подготвено да ги апсорбира парите од европските фондови без кои нема модернизација и развој. Станавме пример и успешен модел што сакаат да го следат земјите во регионот. Тие прашуваат за нашите политики, прашуваат што сме направиле, за тоа да биде поприменето кај нив, рече министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на панелот „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ ...
Европската комисија разгледува механизми кои ќе им овозможат на источните членки на Унијата да го ограничат увозот на земјоделски производи од Украина, а истовремено да ја продолжат либерализацијата на европско-украинската трговија до јуни 2025 година. Во јуни 2022 година, ЕУ ги укина увозните тарифи, квотите и заштитните трговски мерки за увоз од Украина за да ја поддржи украинската економија поради руската инвазија. Бранот евтини украински ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесува 38.359 денари и во однос на ноември 2022 година, е зголемена за 16,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (23,8 проценти), Снабдување со електрична енергија, ...
Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед. Со донесените измени на постоечката Одлука, на предлог на Министерството за економија, се продолжува ...
Болеста африканска чума е евидентираната кај дивите свињи на подрачјата на Шар Планина, додека кај домашно одгледуваниот добиток нема регистрирано пример на ова заболување во тетовскиот регион, покажуваат податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство. Оваа болест во голема мера ги зафати свињите во другите делови од државата. – Болеста африканска чума кај свињите не е евидентирана кај домашната популација свињи во Полошкиот регион. Кај ...
Негативните температури што се спуштија до -18 степени на некои места, се вообичаени за овој период од годината и засега нема да имаат последици врз поледелските култури, овошките и виновата лоза, велат агрометеоролозите од УХМР. Како што истакнуваат, овошките во овој период од зимата издржуваат до -28 степени, додека виновата лоза до -18 или -20. -Поважно е колку долго време овие ниски температури ќе се задржат, дали едно деноноќие или подолго ...
Владата, на денешната седница утврди и текст на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање. Измените, како што е образложено од предлагачот, Министерството за транспорт и врски, се направени во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и со нив, за прв пат во 30 години, се уредува пренамената на земјоделско земјиште. Односно, се забранува пренамена на земјоделско земјиште од 1 ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари 2024 година изнесува 57 163 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Во однос на онаа од претходниот месец која изнесуваше 56 522 денари, јануарската кошница е зголемена за 641 денар. Со изнајмен стан од 60 квадрати, минимална кошница за јануари изнесува 72 538 денари што е 566 денари повеќе споредено со декември 2023 година кога изнесуваше 71 972 денара. Според ССМ, од ...
Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден и пол денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 78 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 80, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 75,а Екстра лесното масло за горење ...
Водостоите на дел од реките во земјава се повисоки од просекот за јануари. Кај останатите тие или се во рамки на декемврискиот просек или под него. Кај езерата зголемување на водостојот се бележи кај Дојранското, кај Преспанското е понизок, а кај Охридското езеро водостојот е во рамки на просекот, покажуваат податоците од мерењата што ги врши УХМР. Водостојот на реката Вардар е повисок од просекот за овој месец на речиси сите мерни места. ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.647 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 37,95 отсто, а 62,05 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 44,63 отсто, кон итната медицинска помош 47,11 отсто, а кон пожарникарите 2,48 отсто од реалните повици. На Единствениот број за итни случаи 112 вчера попладне била ...
Поради поставување заштитна мрежа на Регионалниот пат Р1102, делницата Велес – Градско денеска и утре ќе биде затворена за сообраќај од 9:00 до 16:00 часот. Како што информира АМСМ, на патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за автобуси, додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири). Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на ...
2024 година започна со објавени 4 јавни повици за земја до 3 ха. Повикот на МЗШВ наиде на одличен одзив кај земјоделците, интересот е голем како за легализирање на земја која веќе се користи така и за освојување на нови обработливи површини на кои ќе се произведува храна. Во меѓувреме се најавија новите 13 000 ха до кои ќе дојде вода благодарение на милионските инвестиции во наводнувањето последниве години. Мерки за модернизација на ...
Компанијата Најк Пром покрај земјоделска механизација нуди и Градежни машини од светски познатиот бренд LOVOL Веднаш достапни Мини багер 𝐋𝐎𝐕𝐎𝐋 𝐅𝐑𝟏𝟖𝐄𝟐-𝐮: Мотор YANMAR / 3 цилиндри Моќност на мотор 11.5kw EURO V Оперативна тежина 1860кг Ширина на корпа 300мм Со брза спојка за приклучоци Мини багер 𝐋𝐎𝐕𝐎𝐋 𝐅𝐑𝟑𝟎𝐅-𝐮: Мотор YANMAR / 3 цилиндри Моќност на мотор 22.2kw EURO V Оперативна тежина 3800кг Ширина на корпа 300мм Со брза ...
Еве кои услови треба да ги исполнат фармерите за да можат да продаваат од куќен праг: Ставање во промет на млеко и производи од млеко од страна на примарните производители ДИРЕКТНО СНАБДУВАЊЕ НА МАЛИ КОЛИЧЕСТВА СУРОВО МЛЕКО (ДО 100 ЛИТРИ ДНЕВНО) ОД СТРАНА НА ПРИМАРНИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ДО КРАЈНИОТ ПОТРОШУВАЧ Услови кои треба да се исполнат: ПРЕРАБОТКА НА МЛЕКО ОД СОПСТВЕНО ОДГЛЕДУВАЛИШТЕ ОД СТРАНА НА ПРИМАРЕН ПРОИЗВОДИТЕЛ И ПРОИЗВОДСТВО НА: ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, заедно со извршниот директор на ЦЕС, д-р Карл Филип Хигин, го потпиша Договорот за имплементација на четирите системи за наводнување по долината на реката Вардар како дел од Програмата за наводнување на Северна Македонија. Историски проект во водоснабдувањето вреден над 100 милиони евра, кој обезбедува наводнување на нови 13.650 хектари земјоделско земјиште. Во ...
Деветнаесет годишник од скопското село Ласкарци е приведено, откако бил затекнат како превезува огревно дрво без документација, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи. -Синоќа во 23 часот, во атарот на село Ласкарци, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го привеле Б.А., на возраст од 19 години. Тој бил затекнат како со патничко возило „форд ескорт“, со скопски регистарски ознаки, превезува огревно дрво без ...
Од почетокот на откупната кампања се преземени над 6 000 тони тутун по цена од 330 денари за килограм. Тоа е малку и откупот се одвива бавно, констатираат од Државниот инспекторат за земјоделство. -Досега се откупени преку 6 000 тони тутун. Нема пријавено некои неправилности. Има некакви дојави, но немаме официјална пријава. Но, на теренот сѐ ќе провериме. Откупот се одвива со бавно темпо, но ќе видиме. Сакам да ги повикам откупните компании да ...
Европскиот суд на правдата донесе пресуда со која се укинуваат ограничувањата со кои се соочуваат граѓаните на ЕУ при купување земјоделско земјиште во Бугарија. Ваквата пресуда следи по повеќе од 17 години од приклучувањето на Бугарија кон ЕУ. Софија имаше обврска да ги укине овие ограничување најдоцна до 2014 година, но бугарскиот Парламент усвои измени на Законот за сопственост и користење на земјоделските површини, со кои овозможи стекнување ...
Најголемата санта мраз во светот А23а се оддалечува од Антарктикот и полека се топи. Таа веројатно ги брои последните месеци од своето постоење поради ерозијата. Брод со кој управува компанијата „Eyos Expeditions“ во неделата пристигна до ледениот гигант A23a за да ги истражи огромните пештери и сводови врежани во ледените ѕидови. А23а плови по водите додека полека се оддалечува од „Белиот континент“ и на крајот ќе се стопи и ќе исчезне. ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека на 10 јануари се распишани четири јавни повици за добивање по закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари, рапоредени во 34 региони во 878 катастерски општини. Преку овие четири повици се опфаќа земјоделското земјиште во сите села низ државата, односно повикот опфаќа површини вон градско подрачје. Потсетуваме на мерката со која земјоделци на возраст до 40 ...
Новата ИПАРД 3 програма започна со реализација минатата година со објавување на Мерките 1 и 7. Следен повик кој набрзо треба да го објави Платежната агенција е за Мерка 3: ИНВЕСТИЦИИ ВО ОСНОВНИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ И РИБНИ ПРОИЗВОДИ. Еве кои се основните информации за Мерка 3, кој може да биде корисник, кои се приоритени сектори и висина на поддршката: КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНИК 1. Правни лица (трговски друштва во ...