Центарот за управување со кризи (ЦУК) превентивно потсетува дека при прошетки во природа граѓаните може да се сретнат со змии кои, како што наведуваат, најчесто бегаат од луѓето. Ако змиите бидат вознемирувани намерно или ако случајно бидат нагазени или наседнати, иако во ретки случаи, граѓаните можат да бидат гризнати од влекачите. – Во таков случај и по прва самопомош е корисно да се јават на 112 во ЦУК, при што ќе бидат поврзани со Итната ...

Девет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Пожарникарите интервенирале за гаснење во општините: Ѓорче Петров, Сарај и Гази Баба (заради запалено ѓубре); Радовиш кај нас.Дамјан, Штип, кај „Авто Чајка“ и во Желино, кај с.Чифлик (заради запалена ниска вегетација); Тетово кај с.Фалише (депонија) Опш. Маврово и Ростуше с.Галичник (трансформатор на отворено и ...

Во Пехчево и населените места кои се дел од оваа Општина утре во периодот од 19:00 до 04:00 часот ќе биде спроведено теристичко третирање против комарци. Со третирањето, како информираа од Општината, ќе бидат опфатени течението на реката Писа во Пехчево, барскиот систем Езерце и сите зелени површини и улици во градот и околината. -Границата на третирање кое е закажано за вторник (11.06.2024) започнува од северо-запад од атарот на с.Чифлик и ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) 70,5 денари за ...

Топлотниот бран во Индија е најдолг што некогаш ја погодил земјата, изјави денеска владин експерт за временска прогноза, предупредувајќи дека луѓето ќе се соочат со се поопресивни температури. Делови од северна Индија се зафатени од топлотен бран од средината на мај, а температурите се искачија над 45 степени Целзиусови. „Ова беше најдолгиот топллотен бран – околу 24 дена во различни делови на земјата“, рече шефот на индискиот метеоролошки ...

Нормализирано е водоснабдувањето во високите зони во Куманово, информираа денеска надлежните од ЈП „Водовод“ и од АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“. Проблемот го надминале екипите на АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“ кои го отстраниле дефектот. Граѓаните од приградските населби „Карпош“, „Иго Тричковиќ“, „Ајдучка чешма“, „Јане Сандански“, „Перо Чичо“, населба „Железничка станица“, населба „Черкезе“, како и горниот дел од ...

Утре и задутре во осум општини од Југоистокот ќе се врши теристичка дезинсекција против комарци, сопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Утре во периодот од 20 часот до полноќ ќе се прска против комарци во општините Валандово, Дојран, Радовиш и Конче, а задутре во Ново Село, Босилово, Василево и Струмица. Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени. Од ...

Македонскиот лешник е квалитетен и постои голем потенцијал да стане извозна култура, беше истакнато на денешната конференција за лешникари што се одржува во Скопје. Бошко Нелкоски, еден од организаторите на конференцијата, вели дека од досегашното искуство со извоз на лешник во Швајцарија, може да се забележи дека земјата е класифицирана во А класа добавувачи. – Нашиот лешник е доста квалитетен. Во доста ставки е поквалитетен и од турскиот ...

Акција за дезинсекција против комарци ќе се спроведе на територија на општина Штип во вторник, 11 јуни. Од Општината информираа дека ќе се реализира втора тереистичка дезинсекција и трета ларвицидна дезинсекција со цел уништување на комарците. Во соопштението од Општината се наведува дека во периодот од 01 до 04 часот наутро ќе се изврши адултицидната (терестичка) дезинсекција и од 05 до 07 часот ларвицидната дезинсекција. – Со дезинсекцијата ...

Националната мрежа на земјоделци бара Земјоделскиот институт да направи калкулација за нова производна цена за пченицата, пред самиот старт на жетвата. Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната мрежа на земјоделци, вели дека единствено така земјоделците нема да работат со загуба, како што било пракса низ годините. За оваа година се очекуваа подобри и поголеми приноси на пченицата и јачменот. – Врз основа на производната цена мора да се ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – април годинава изнесува 2 639.1 милиони евра и бележи пад од 5,3 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 754.9 милиони евра, што е за 3,8 проценти повеќе во споредба со првите четири месеци лани. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит, во периодот јануари – април ...

Од ноќеска на полноќ за два денара ќе поевтини ЕУРОСУПЕР БС-95. Цените на останатите нафтени деривати остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 80 денари за литар, додека литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 и натаму ќе се продава по 82 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) по 73 денари, Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 72, а Мазут ...

Јадеме безбедна и квалитетна храна. Се што е во промет и инспекциски контролирано, е апсолутно сигурно, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски. На прес-конференција по повод 7 Јуни, Светскиот ден на безбедна храна, Бабовски информира дека во првите пет месеци од годинава се спроведени преку 22 000 инспекциски контроли. На Агенцијата и недостигаат уште најмалку 40-на инспектори и институцијата од ...

Во Штип денеска свечено беше пуштен во употреба полузатворениот Градски пазар. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска истакна дека новиот дел има 100 тезги за продажба на земјоделски производи и ќе овозможи на штипјани посовремени услови за пазарување. Инвестицијата на Општина Штип е околу 12 милиони денари. -Дополнително се создадени и нови 50 паркинг места, со што ќе се подобри функционалноста на самиот пазар. Станува збор за ...

На територијата на општината Неготино се спроведе прскање против комарци, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. – Со финансиски средства обезбедени од општинскиот буџет, синоќа во доцните вечерни и раните утрински часови на целата територија на општина Неготино се спроведе дезинсекција преку прскање против комарци. Прскањето се одвиваше од земја со користење на препаратот „аквакотрин“- еден од најефикасните за ...

По минатата недела кога во попладневните часови беше изразено променливото и нестабилно време со повремени поројни врнежи од дожд, агрометеоролозите препорачуваат, доколку временските услови дозволуваат земјоделците да продолжат со сите активности и агротехнички мерки. Житните култури во овој период, велат, имаат сосема доволно влага и се во добра сотојба да ја завршат вегетацијата. Есенската пченица во зависнот од локацијата каде е посеана, е ...

Осум пожари на отворено се регистрирани изминатото деноноќие. Пожарникарите интервенирале на гаснење запалена ниска вегетација, ѓубришта, депонии, трње и нискостеблеста шума и прнар, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Со огнени јазици, пожарникари се справувале кај село Арачиново, тетовско Фалише, Раптани во велешкиот регион, покрај железничката линија Демир Капија – Гевгелија, крај патот – Прилеп кон Селце; кај ...

Глобалното затоплување се забрза до ниво „без преседан“, а рокот во кој треба да се ограничи се приближува, предупредија педесет водечки научници во студија, објавена во списанието Earth System Science Data. Во извештајот се истакнува дека просечната температура се зголемила за 0,26 Целзиусови степени од 2014 до 2023 година. Во истиот период, просечната површинска температура била за 1,19 степени Целзиусови повисока во споредба со ...

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај година, во однос на истиот период лани, се зголемени за 5.9 %, а во однос на декември 2023 година, се повисоки за 1.8 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во мај годинава, пак, во споредба со април, угостителските услуги поскапеле за 0.3 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите: Храна за 0.4 %, Алкохолни пијалаци за 0.5 % и Безалкохолни пијалаци за 0.6 %. ...

Со отворање на инсталацијата на ветерниот парк „Богословец“ во Свети Николе и Јуроп Хаус во Тетово денеска „TeamEurope“ ќе го одбележи Светскиот ден на животната средина, соопшти Делегацијата на Европската Унија во Скопје. „Богословец“ е втор ветерен парк во државава, по паркот „Богданци“ пуштен во употреба во 2015 година. Двата ветерни паркови се резултат на пристапот #TeamEurope кој придонесува за трансформација. На локалитетот „Богословец“ ...

Започна новата сезона од проектот „Договорно производство на бессемена лубеница“ во организација на компанија откупувач „Fresh line“. После успешната ланска сезона, компанијата и годинава склучи договори со земјоделските производители кои и минатата година беа дел од проектот, но и со земјоделци кои за прв пат годинава се ќе произведуваат бессемена лубеница благодарение на промоцијата која овој проект ја имаше од платформата Агротим. Фамилијата ...

АГРОТИМ – ТРИБИНА за можностите за аплицирање преку програмата ИПАРД 3 АГРОТИМ организира едукативна трибина во Росоман на која ќе се разговара за можноста за аплицирање на новите повици од ИПАРД 3 програмата кои се очекуваат да бидат објавени во следниот период. Сите потребни информации како да добиете грант од ИПАРД за набавка на нова механизација или технологија, подигнување на долгогодишни насади, изградба на фарми, ладилници, силоси, ...

Среќни сме што продолжува нашата повеќегодишна соработка со LEAD- Leaders for Education, Activism and Development, преку која се спроведува „Програмата за социјално претприемништво – UPSHIFT”, поддржана од ФИТР и UNICEF MK. ДФИТР Фестим Халили истакна дека #ФИТР секогаш настојува да поддржи иницијативи и проекти кои имаат за цел да ги поддржат младите и идни претприемачи во реализација на нивните идеи. Со потпишувањето на овој договор, ...

Поради нестабилните временските услови, температури погодни за примарна инфекција од Пламеница и Пепелница, препорачуваме заштитата на виновата лоза да се изврши од 05.06.2024 (Среда) до 09.06.2024 (Недела) со следниве активни материи: Комбинација -copper hydroxide 500 g/kg – 3kg/ha -Cymoxanil 45% w/w – 250 g/ha -difenoconazol 60 g/l + ciflufenemid 30 g/l – 0.60 l/ha -Sulfur 80 WG – 3kg/ha Комбинација 2 –Metalaxyl 100g/kg + Copper oxychloride ...

За денеска во Брисел се најавени протести на земјоделците од повеќе европски држави на кои се очекува да го изразат своето незадоволство од земјоделската политика на ЕУ, договорите за слободна трговија на Унијата и регулативите на блокот за заштита на животната средина. Како што соопшти бриселската полиција поради протестите можни се блокади и застои во сообраќајот во градот. Стартот на протестите е закажан за утрово на платото Хејсел, во ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во април годинава, во однос на истио месец лани е заголемен за 2.0%. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи пораст од 5.1 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.9 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.9%. ...

Малопродажните цени на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска соопшти дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заврши извршувањето на функцијата министер. Со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се додава, до избор на нов министер, со министерството ќе раководи заменик министерката за земјоделство, шумарство ...

Пет пожари на отворено за 24 часа евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изминатото деноноќие во скопскиот регион се гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на селото Миладиновци, како и запалено ѓубре во атарот на село Сарај. Во Охридскиот регион се интервенирало на запалено ѓубриште во близина на комплексот „Набизи“. Пожарникарите од Неготино имале две интервенции – гаснеле запалено жито на површина од околу два декара во ...

Во организација на Факултетот за земоделски науки и храна – Скопје денеска ќе се одржи конференцијата и панел-дискусијата „Дигитализација во земјоделството – Предизвици и можности за македонскиот земјоделско-прехранбен сектор“. Како што информираат од Факултетот за земоделски науки и храна, на конференцијата ќе се обратат професор д-р Миле Маркоски, декан на ФЗНХ, професор д-р Лазо Пендовски, проректор на УКИМ, Зденко Лончариќ од Факултетот за ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
2.68
79%
1027
weather icon

Загреб

17ᴼ / 12ᴼ
1.03
85%
1026
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
76%
1029
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
0.91
67%
1027
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.03
96%
1027
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
5.81
56%
1022
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1023
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
0.0
63%
1025
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
3.09
69%
1026
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941