Грчките земјоделци од северниот и северозападниот дел на Грција, денеска, на неколку часа ќе ги затворат граничните премини Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. На Евзони ќе се одржи земјоделски собир што ќе започне околу 13-13.30 по грчко, односно 12-12.30 часот по македонско време и во периодот додека трае протестот се очекува да биде блокиран сообраќајот на граничниот премин на ...

Неколку стотици белгиски земјоделци со своите трактори од утрово ги блокираа улиците во т.н. „европски кварт“ на Брисел, каде се сместени институциите на ЕУ, предвидувајќи проблеми и застои во сообраќајот, а дел од нив го запоседнаа и централниот бриселски плоштад Гран Плаз. Протестот го организираат земјоделски здруженија од јужна Белгија кои најавија дека главниот собир ќе се одржи на плоштадот Шуман, близу зградите на институциите на ЕУ, ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалува за 1,00, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе биде 84,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 82,50, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 78,00 денари за литар. За 1,50 денари се намалува цената и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), и еден литар ќе ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ги реализираше исплатите за секторите живинарство и свињарство, информира директорот Никица Бачовски. 36 земјоделски стопанства кои одгледале или продале/заклале амортизирани несилки во период од 1 октомври 2022 до 30 септември 2023 добија финансиска поддршка од 82 милиони денари. Висината на финансиската поддршка е денари по несилка. За мерката за женски приплодни ...

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска информираа дека пожарот над велешкото село Мелница е изгаснат. Чад има само од мал дел од опожарените трупци, но поради дождот, се очекува тие во целост да бидат изгаснати. -Регионалниот ЦУК Велес информира дека во 10:10 часот од ЈП „Национални шуми“ – Подружница „Бабуна“ од Велес известија за пожарот над с.Мелница, кај месноста „Ливаѓе“, што гореше од 15:40 часот вчера, дека уште мал дел од ...

Меѓу 19:30 и 20 часот по локално, односно 18:30 и 19 часот по македонско време се очекува да започне новата блокада на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, што ќе трае час и половина до два часа, јави дописничката на МИА од Атина. Блокадата, според земјоделците, ќе биде како и во изминатите денови, периодична и повремено ќе се однесува и на камионите и на автомобилите, а се очекува да продолжи и во ...

Француските земјоделци денеска организираат протест во Париз, а во главниот град на Франција веќе пристигнаа десетици трактори. – Нашата цел е да покажеме дека нема да се откажеме. Сè додека не се појавиме во Париз, Владата не се плаши“, изјави еден од фармерите, Максенс Витман. Во меѓувреме, францускиот претседател Емануел Макрон ги повика незадоволните земјоделци на состанок за време на парискиот Саем за земјоделство, кој ќе трае до 3 март. ...

Во последното деноноќие регистриртани се 28 пожари на отворено во држававта, од кои еден се уште е активен, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. Регионалниот ЦУК Скопје известува дека вчера во 14:15 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 била добиена пријава за пожар помеѓу селата Зелениково и Градовци во општина Зелениково, каде горела ниска шума и ниска вегетација. БППЗ на Град Скопје не можела да интервенираат ...

Срце полно кога ќе слушнам и видам на дело, колку нашите мерки и политики што ги спроведуваме им значат на земјоделците. Александар е млад сточар од село Сојаклари, ведар, позитивен, вреден земјоделец кој има 300 овци, 10 крави и свое домашно вино, како што вели, за своја душа. Заедно го нахранивме добитокот и се согласивме дека како никогаш досега, субвенциите не биле поредовно исплаќани. Зборот го одржавме и од оваа година овозможуваме 100% ...

Низ сите овие години, како министерство, сме докажале дека сме искрен партнер на земјоделците. Го слушаме нивниот глас, нивните предлози, заедно бараме решенија и креираме мерки за уште поголем развој на македонското земјоделство. Денеска во Велес министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски разговараа со производителите на сончоглед. Најдобрите мерки ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во рамки на теренските активности во Велес оствари посета на браната Лисиче, уште еден значаен капитален проект во водоснабдувањето на земјоделските површини. Изградбата на браната Лисиче, пред се, имала цел да го реши проблемот, кој градот Велес и околните населени места го имаа со водоснабдувањето, обезбедувајќи квалитетна вода за пиење на граѓаните. Дополнителна ...

Стабилното, суво и релативно топло време, како и дневните температури кои достигнаа натпросечни вредности за овој период од годината, на некои места и до 17 степени, го поттикнаа пролетното будење на овошките, особено на коскестите видови кои и вообичаено се првите што почнуваат со вегетација. Ова, според агрометеоролозите, особено се однесува на растенијата во јужните делови од земјава и Повардарието. -Ваквите временски услови се добредојдени ...

Земјоделците од земјите од Вишеградската група и балтичките републики денеска со трактори тргнаа кон големите градови и кон границите, кои ќе ги блокираат два часа поради зелената политика на Европската унија и неконтролираниот увоз од Украина. Земјоделците од тие региони протестираат со намера да извршат притисок врз ЕУ да ги исполни барањата што претставниците на аграрот на Чешка, Полска, Словачка, Унгарија, Естонија, Литванија и Латвија ...

Во последното деноноќие имало 31 пожар на отворено во државава. Пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Согласно известувањата од регионалните центри за пријавени и изгаснати пожари на отворено, вчера биле регистрирани 12 пожари во Скопје, два во Тетово, по четири во Битола и во Штип, по еден во Струмица и во Велес и шест пожари во Куманово. ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски денеска беа во работна посета на Кочани, каде остварија повеќе средби со земјоделците производители на ориз, добитници на мерката за набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз и набавка на сушари за ориз. „Ориозот, нашето македонско бело злато, со новиот модел за субвенционирање го издигнавме во ...

Конвој од околу 500 трактори денеска влезе во центарот на Мадрид, каде шпанските земјоделци се обидуваат да стигнат до зградата на Министерството за земјоделство, незадоволни од бирократијата на ЕУ и сегашното ниво на државна помош. Десетици трактори се наоѓаат на плоштадот во центарот на градот, додека стотици гневни демонстранти со шпански и регионални знамиња се пред полицискиот кордон. Демонстрантите во жолти флуоросцентни јакни, ...

Повеќе стотици шпански земјоделци денеска со трактори се упатија кон Мадрид и ќе побараат намалување на трошоците за земјоделското производство. Пред Министерството за земјоделство во Мадрид денеска ќе се одржи најголемиот протест до сега, по повеќе од две недели секојдневни протести ширум Шпанија. Унијата на синдикати, која го организира протестот, наведе дека во Мадрид ќе пристигнат 500 трактори и голем број земјоделци, кои ќе допатуваат со ...

Си заминуваме од Атина, но нашите активности не завршуваат тука, испративме јасна порака до Владата, велат за МИА дел од грчките земјоделци кои со над 150 трактори вчера пристигнаа во грчкта метропола, во текот на ноќта останаа пред Парламентот, а си заминаа денеска. Тракторите претпладнево, исто како и што дојдоа во Атина, така и си заминаа, организирано, со свирење низ улиците во центарот на градот, со поздравување на граѓаните што во тие ...

Во последното деноноќие изгаснати се 18 пожари на отворено, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). На територија на РЦУК Скопје и РЦУК Тетово изгаснати биле по четири пожари, а на територија на РЦУК Битола, РЦУК Штип и РЦУК Куманово по три пожари. На територија на РЦУК Струмица изгаснат е еден пожар на отворено. Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува ...

Од синоќа од 23 часот нормализирано е влегувањето во Грција преку преминот Евзони, кој од 18 часот беше блокиран од грчките земјоделци, а тамошните погранични служби пропуштаа патнички и товарни возила на секој половина час по десет минути. Веста дека е нормализиран влезот кај јужниот сосед преку преминот Богородица-Евзони за МИА ја потврди началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев. И на другите граничните ...

Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај. Досега се откупени 13 800 тони по просечна цена од 353,6 денари за килограм. -При крај е откупот и нема никакви проблеми. Онаму каде се откупени количествата, пунктовите се затворени, значи дел од 280 откупни пункта на 10-те откупувачи се затворени зашто се преземени предвидените количества. Просечната цена од 253,6 денари се однесува за целата кампања, што значи се доисплаќаат производителите ...

Земјоделците од северниот дел на Грција кои останаа на блоковите и нема да присуствуваат на попладневниот протест во Атина, не е исклучена можноста симболично да ги затворат граничните премини Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Самите земјоделци кога го соопштија денешниот протест, најавија дека паралелно ќе постават блокади на граничните премини и пристаништата. Протестот во Атина ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува преработувачите на винско грозје дека е во тек поднесувањето на барањата по Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2024 година, подмерка 1.2. „Финансиска поддршка за откупено винско грозје и произведено од сопствен насад од страна на регистрирани производители на вино кои истовремено се регистрирани откупувачи на винско грозје и го ...

Во близина на центарот на Св Николе во тесно сокаче се наоѓа работилницата на казанџијата Дејан Менчев. Тој изработува казани и други предмети од бакар. Со гордост ни раскажа за наследството што го добил од неговиот дедо и татко, а тоа е занаетот за изработка на казани за ракија. Вели дека многу млад почнал да се интересира и да навлегува во тајните на занаетот, а има желба и неговите деца да ја продолжат традицијата. Казанџискиот занает на ...

Скок за 12 места на Глобалниот иновациски индекс за 2023 година на Република Северна Македонија според податоците кои ги објави Светската организација за интелектуална сопственост. Нашата земја се наоѓа на 54-та позиција, во споредба со 66-то место во 2022 година, а 9-та на листата со најиновативни економии во групата на земји со високо-средни примања. За успехот кој го постигна земјата во полето на иновации минатата година од Фондот за ...

Во последното деноноќие пожарникарите изгаснале вкупно 21 пожар на отворено, а активен е еден пожар во Прилепско, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според известувањата од регионалните центри, во Скопје биле изгаснати 10 пожари, во Битола, Струмица и Куманово по два, во Штип четири и во Тетово бил изгаснат еден пожар на отворено. Пожарникарите од ТППЕ Прилеп вчера од 16.35 часот гаснеле пожар на нискостеблеста деградирана шума во ...

Со околу 100-150 трактори, грчките земјоделци попладнево ќе одржат протест во центарот на Атина пред Парламентот, за уште еднаш да ги повторат и истакнат нивните барања, иако премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис повторно посочи дека Владата нема што повеќе да им даде, јави дописничката на МИА од Атина. Десетици трактори од различни делови на Грција вчера пристигнаа во месноста Кастро на околу 90 километри од Атина, од каде што утрово, сите ...

Во организација на Здружението „Вина од Македонија“ и Германското друштво за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH), денеска во Скопје ќе се одржи Регионална конференција посветена на глобалниот пазар на вино и предизвиците со кои моментално се соочуваат винарниците. Во текот на конференцијата, како што соопштуваат организаторите, ќе се дискутира и за „ниша-пазарите“ во Европа, како и за ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада, Љупчо Николовски денеска ќе биде во работна посета на општина Виница. Во рамки на планираните активности, како што соопшти МЗШВ, Николовски во селото Блатец, општина Виница ќе го посети Наум Тренчевски, мал производител на храна добитник на грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство. Николовски ќе посети и мали производители на вино, добитници на грант за ...

Владата ја усвои Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година. Една од мерките е финансиска поддршка за сончоглед предаден во регистрирани капацитети за откуп директно или преку еден откупувач, каде земјоделските стопанства ќе се поддржат со 5 денари по предаден сончоглед кај регистрирани откупувачи. Здружението на земјоделци производители на сончоглед заедно со директорот на „Кристал 1923“, Горанчо Лазов, по ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
29%
1020
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
1.54
48%
1021
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
40%
1021
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
45%
1021
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.32
42%
1020
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
49%
1021
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
2.68
62%
1016
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
57%
1016
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
24%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
1.54
40%
1020
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 20ᴼ
2.06
35%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
7.2
56%
1019
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62