Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наводно во приватни разговори изјавил дека е подготвен да нареди целосна окупација на Појасот Газа, и покрај противењето на Израелските одбранбени сили (ИДФ), објави „Тајмс оф Израел“. Според извештаите на локалните медиуми, неколку министри во израелската влада изјавиле дека Нетанјаху планира да побара поддршка за проширување на воените операции во Газа, што вклучува преземање на контролата врз целиот ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и министерот за надворешни работи Петер Сијарто денес се сретнаа со претседателот на Република Српска Милорад Додик во Будимпешта, а во таа пригода унгарскиот министер за надворешни работи изјави дека интересот на Унгарија за национална безбедност е „стабилноста на Западен Балкан, а секоја надворешна интервенција што е во спротивност со тоа е и штетна и опасна“. Hungary’s national security interest lies in ...

Русија верува дека има право да распореди ракети со среден и краток дострел од копно доколку е потребно, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Русија повеќе нема никакви ограничувања по ова прашање. Таа повеќе не се смета себеси за обврзана со никакви договори. Русија верува дека има право да преземе соодветни мерки и чекори доколку е потребно. Тешко е да се очекува официјално соопштение тука, бидејќи ова е чувствителна област на ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека веројатно нема да се кандидира за уште еден мандат во Белата куќа, иако би сакал. Трамп претходно се фалеше со својата победа на изборите во 2024 година, тврдејќи дека бројките во Тексас поставија рекорд кој нема да биде срушен освен ако не се кандидира повторно. На прашањето во интервју за CNBC објавено денес дали би се кандидирал за уште еден мандат, Трамп одговори: „Не. Веројатно не. Би сакал. ...

Поранешниот романски претседател Јон Илиеску почина денес на 95-годишна возраст, објави Антена Обзерватор. Тој беше хоспитализиран на 9 јуни поради респираторни проблеми, кога лекарите му дијагностицираа рак на белите дробови. Поранешниот шеф на државата на Романија имаше редовни прегледи во болницата Елиас. Во април 2019 година, Јон Илиеску беше опериран од лекарите во Институтот „ЦК Илиеску“, а неговата дијагноза беше течен перикардитис – ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ш.М. (34) и Ф.М. (37), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. „Во временски период од осум години, Ш.М. и Ф.М. од оштетено лице од Куманово, изнудувале пари, при што континуирано му упатувале сериозни закани врз ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево по седница на Централното претседателство ги објави имиња на кандидати за неколку општини со кои ќе учествува на локалните избори во октомври. Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми на прес-конференција соопшти дека партијата ќе го кандидира Фатмир Дехари за уште еден градоначалнички мандат во Кичево. За уште еден мандат довербата од граѓаните на Општина Липково ќе ја бара и Еркан Арифи. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека падот на цените на енергијата би можел да изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната во Украина. „Ако цените на енергијата паднат доволно, Путин ќе престане да убива луѓе“, рече Трамп во интервју за CNBC. Како што изјави, „ако цените на енергијата паднат за уште 10 долари за барел, тој нема да има друг избор“ бидејќи неговата економија ќе биде во ...

Македонија скапо ја плаќа неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски. Фрапатни се податоците кои покажуваат дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2024 година во земјава има над 17.000 помалку вработени, велат од СДСМ. „Тоа е директен резултат на погубните економски политики, хаосот и несигурноста, како и напуштање на политиките кои ги востастави СДСМ за стабилна и одржлива економија. Со оваа неспособна Влада: – ...

Ако главниот обвинител Коцевски сам не си поднесе оставка, ќе докаже дека е на функција само да ги спасува СДС од одговорност. Главниот обвинител Коцевски доби два црвени картони, првиот од народот директно кој нема доверба во него ниту 2% и вториот од народот преку пратениците со интерпелацијата. Главниот обвинител Коцевски е свесен дека народот не му верува, и дека со ништо не покажал дека се труди тоа да го смени, изјави Бране Петрушевски, ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на лице место во куќа во која е пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж, информираше попладнево Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. – Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело. Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во куќа во која беше пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж. Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело. Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам. Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издаде наредба за ...

Секторот за компјутерски криминал при МВР денеска до Основното јавно обвинителство Скопје поднел кривична пријава против А.Х. (25) од Скопје за сторено кривично дело „компјутерска измама“. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, билетите со кои довел граѓани во заблуда, А.Х. ги продавал во периодот од 4 април до 13 јуни 2025. -Како одговорно лице на компанија која организира музички настани, преку веб-страница за продавање билети ...

Во СВР Куманово е пријавено дека на булеварот „Октомвриска револуција“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „шкода јети“, сопственост на МВР, возило „цитроен“ управувано од И.Н.(48) од Куманово и возило „фолксваген пасат“ управувано од С.Д.(28) од Куманово. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и совозачот – двајцата полициски службеници од возилото „шкода јети“, констатирани во Општа болница Куманово. На местото на ...

Министерот за јавни инвестиции и претседател на Извршниот одбор на СНС, Дарко Глишиќ, му се влоши здравствената состоба додека гостуваше во утринска програма. Глишиќ не можеше да го заврши своето гостување, па програмата беше прекината. Тој беше однесен во болница, каде што пристигна и српскиот претседател Александар Вучиќ. Според медиумските извештаи, Глишиќ доживеал мозочен удар и е во сериозна состојба, лекарите се борат за неговиот живот. ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува дека ќе биде одобрен проект со кој ќе бидат обезбедени средства за набавка на инструменти за Сеизмолошката опсерваторија, а потоа и да се реши проблемот со кој се соочува оваа институција – затворање на 13 сеизмолошки станици низ државата. Со завршување на тригодишната меѓународна иницијатива за следење на движењето на Јадранската микроплоча – AdriaArray, на почетокот на 2026-та ...

Полицијата и по еден месец нема што да и каже на јавноста за заканувачот кон пратеничката Славјанка Петровска. И покрај тоа што моментот кога и се заканувало лицето е снимено, исто и неговиот автомобил од многуте камери околу зградите каде што живее пратеничката, а истите снимки полицијата веќе ги зеде сепак засега нема никаков ефект. На прашање на А1он до каде е постапката и дали го идентификувале лицето, од СВР Скопје каде се надлежни за ...

Од ударите со стаклено шише починал 62-годишен неготинец кој бил дел од тепачка во судскиот оддел на Психијатарската болница во Бардовци. Го убил друг затвореник, информираше Министерството за внатрешни работи. Починатиот бил осуден за убиство, додека убиецот одлежувал казна за семејно насилство. – На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во ...

Многу внимателно го работевме законот за верските училишта односно законот за проодност на учениците од верските училишта, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со законот, усвоен во Собранието на 29 јули, кој им овозможува на учениците од овие училишта да полагаат државна матура и да се запишуваат на универзитетите како и учениците од другите видови образование – гимназиско, стручно и уметничко. Одговарајќи на ...

Израел ќе дозволи постепен и контролиран влез на стоки во Појасот Газа преку локални трговци, објави денес неговата воена агенција која управува со хуманитарната помош. Израелскиот COGAT соопшти дека владата одобрила механизам за зголемување на количината на хуманитарна помош со дозволување стоки да влезат во Газа преку приватниот сектор. Агенцијата соопшти дека ова се однесува на основни прехранбени производи, детска исхрана, овошје и ...

Поради обилните дождови, пожарникарите од ноќната смена на ТППЕ Велес синоќа имаа повеќе интервенции. Околу 19 часот, од поплавена улица кај поранешниот силос на „Жито Вардар“, успешно извлекоа мајка и дете од заглавен автомобил, информираат од ТППЕ Велес. Веднаш потоа имале и уште неколку интервенции на извлекување на вода од поплавени дуќани и подруми долж главната улица „Благој Ѓорев“ која со секој пообилен дожд се поплавува поради ...

Од ударите со стаклено шише починал 62-годишен неготинец кој бил дел од тепачка во судскиот оддел на Психијатарската болница во Бардовци. Го убил друг затвореник, информираше Министерството за внатрешни работи. Починатиот бил осуден за убиство, додека убиецот одлежувал казна за семејно насилство. – На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во ...

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со акцизна стока – цигари. Против пет лица, меѓу кои еден возач и еден сопственик на транспортна компанија, до Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава за сторени кривични дела: криумчарење и прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама. Во моментот кога првоосомничениот, возач на транспортна компанија, се обидел ...

Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3.69. Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите од јунскиот испитен рок во кој пријсвени за полагање биле 15 004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, стручно, уметничко) и на сите наставни јазици. Околу 3 ...

Пожарот во производствениот погон на фирмата „Аронија“ со брендот BioCosmos е предизвикан како резултат на удар од гром. Нема повредени работници бидејќи во производството на здрава храна не се работи во смени. Громот удрил и покрај громобран и громобранска инсталација на објектот, а пламенот го зафатил скоро целиот дел од фирмата „Аронија“ која е дел од комплексот на велешката фирма ДПТУ „Мирана“, информира Марио Мирсинов еден од сопствениците ...

На српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ му се слоши утрово за време на гостувањето во утринската програма на телевизијата Пинк. Емисијата беше нагло прекината, а подоцна беше потврдено дека доживеал тежок мозочен удар. Министерот за здравство Златибор Лончар потврди дека Глишиќ имал мозочен удар и е во сериозна состојба. „Му се слошило за време на ТВ емисијата, бил донесен во несвест, дијагностиката е во тек, вклучена е и ...

Претседателката Гордана Сиљановска-давково во реакција на социјалните мрежи го осуди навредливото навивање на кошаркарскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија на Романија во Куманово. Таа потсети и на случајот кога навивачите на Шкендија расистички навредуваа гостински играч. Претседателката повикува на спортиставување на навивачката некултура, едукација и крај на говорот на омраза на спортските терени. Во продолжение, обраќањето на ...

МВР ќе поднесе пријави против двајцата кој дивееја на скопските улици, едниот качен на хауба. Снимката од инцидентот се прошири на социјалните мрежи и низ медиумите. – Во врска со видео записот што беше споделен на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека веднаш се преземени мерки и активности и лицата се пронајдени, извршен е службен разговор и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно ...

Пет возила одзела полицијата откако по пријава за бучава, на паркинг во Струга, затекнала 500 луѓе со 120 возила кои како што велат од МВР „наводно изведувале изложба“. – Денеска (05.08.2025) во периодот од 00:30 до 02:00 часот, постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг во Струга бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица со бучава од возила, полициски службеници презеле повеќе мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај. ...

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, републиканец, во понеделник нареди апсење на демократските пратеници кои избегаа од државата за да го блокираат гласањето за новите граници на конгресните окрузи, што дополнително го заостри политичкиот конфликт. Абот рече дека му наредил на Одделот за јавна безбедност на Тексас да ги уапси и врати отсутните пратеници во Капитолот во Остин. „Му наредив на Одделот за јавна безбедност на Тексас да ги уапси и ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1026
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
46%
1026
weather icon

Загреб

27ᴼ / 24ᴼ
0.51
54%
1025
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
38%
1028
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.85
34%
1026
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 24ᴼ
0.62
55%
1025
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
7.2
42%
1021
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
28%
1022
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
42%
1024
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
45%
1026
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
1.54
52%
1026
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
43%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.59409