Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека враќањето на териториите под руска контрола со вооружени средства повеќе не е можно и дека ќе биде потребно да се бараат дипломатски решенија. Според британскиот Телеграф, Зеленски нагласи дека Киев би го поздравил прекинот на огнот што би го замрзнал конфликтот на сегашната линија на фронтот, но без меѓународно признавање на руската контрола врз која било „окупирана територија“. „Сепак, ...

Израелскиот опозициски лидер Јаир Лапид го нарече планот на безбедносниот кабинет за преземање на контролата врз градот Газа „катастрофа“ за која вели дека „ќе доведе до уште многу катастрофи“. Лапид, кој е претседател на центристичката партија Јеш Атид, предупредува дека заземањето на Газа може да резултира со смрт на преостанатите заложници и смрт на бројни израелски војници. Тој исто така тврди дека планот „целосно е во спротивност со ...

Горан Георгиевски и Ромео Костадиновски се разрешени од функциите потпретседатели на Сојузот на стопански комори на Македонија на седница на Управниот одбор на ССК. Како што соопшти денеска Сојузот на стопански комори на Македонија, Георгиевски и Костадиновски како претставници на компании членки се исклучени од членството во Сојузот на стопански комори на Македонија. – Врз основа на ова, овие лица повеќе немаат никаква поврзаност со ССК, ниту ...

Државниот завод за ревизија јавно потврди тоа што граѓаните одамна го знаат, дека Министерството за надворешни работи, во време кога министер беше Бујар Османи, спроведувало незаконски тендери поврзани со организацијата на самитот на ОБСЕ во 2023 година, велат од Влен. „Според ревизорскиот извештај: Потрошени се над 120 милиони денари без јасна евиденција; Не постои документација што точно е испорачано, инсталирано или оставено како трајна ...

Српски државјанин (44) е извлечен од морето без свест на плажата Нови Пори во Пиерија, Грција. Според крајбрежната стража, на 44-годишникот првично му била укажана прва помош од страна на спасувачите, а потоа со брза помош на ЕКАБ бил пренесен во медицински центар, каде што бил прогласен за мртов. Четвртиот оддел за пристаништето Платамонас на Централната пристанишна управа на Солун, кој ја спроведува прелиминарна истрага, наредил обдукција во ...

Израелскиот кабинет за безбедност го одобри планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху Израелските одбранбени сили (ИДФ) да ја преземат контролата врз градот Газа, соопшти кабинетот на премиерот. Според планот, Израелските одбранбени сили (ИДФ) би влегле во северниот дел од енклавата, а воедно би им обезбедиле хуманитарна помош на жителите надвор од борбените зони, објави „Тајмс оф Израел“. Операцијата би можела да бара масовна евакуација на околу ...

САД ја удвоија наградата за информации што доведоа до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро на 50 милиони долари, обвинувајќи го дека е „еден од најголемите трговци со дрога во светот“, објави BBC News. Претседателот на САД, Доналд Трамп, е долгогодишен критичар на Мадуро, кој се врати на функцијата во јануари по изборите обележани со обвинувања за фалсификување на гласови, чии резултати во голема мера беа отфрлени од ...

Американскиот министер за енергетика, Крис Рајт, се најде под „оган“ од научната заедница откако го откри планот на администрацијата на Трамп за „ажурирање“ на клучните извештаи на САД за климатската криза, што многумина го протолкуваа како остварување на „најлошите стравови“. Рајт, поранешен извршен директор во нафтената и гасната индустрија, потврди за CNN дека неговата администрација ги разгледува извештаите за Националната проценка на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги користи царини како алатка за надворешна политика, изјави министерот за финансии Скот Бесент за Фокс њуз. „Претседателот Трамп ги користи царини како алатка за надворешна политика, наметнувајќи секундарни тарифи на Индија затоа што купува руска нафта“, рече Бесент во „Специјален извештај со Брет Бајер“. На прашањето дали САД би вовеле дополнителни тарифи на кинеските стоки затоа што Пекинг купува руска ...

Вооружениот човек кој застрела двајца полицајци во американската држава Пенсилванија е убиен, додека ранетите полицајци се однесени во болница, соопштија официјални лица. Нападот се случил во рурална област во близина на Томпсон, околу 160 милји северно од Филаделфија, кратко по 11 часот наутро, изјави началникот на државната полиција, полковник Кристофер Парис, за новинарите откако тој и гувернерот Џош Шапиро посетија еден од ранетите ...

Пoвеќето од две третини од Украинците – 69 проценти за да бидеме прецизни – сакаат војната да заврши преку преговори што е можно поскоро, се вели во ново истражување на Американскиот институт Галуп спроведено помеѓу 1 и 14 јули. Ова е драстичен пресврт во споредба со 2022 година, кога само 22 проценти од испитаниците беа за преговори, додека дури 73 проценти тогаш поддржуваа продолжување на борбата до конечна победа. Денес, само 24 проценти од ...

Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Богородица“ се чека околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување ...

Од денеска до 13 август, според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат до 39 степени Целзиусови, поради што Министерството за здравство апелира за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури. Граѓаните да престојуваат во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи по договорената средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп и ги откри своите цели за мировните преговори. – Приоритетите се апсолутно јасни – рече Зеленски: – Русија мора да се согласи на прекин на огнот – Самитот Путин-Трамп мора да доведе до вистински долг мир Зеленски разговараше за овие теми со германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон. – Украина и ...

Најмалку 98 Палестинци, вклучувајќи 51 лице кое бара хуманитарна помош, се убиени во изминатите 24 часа во израелските напади низ Газа, соопшти Министерството за здравство на енклавата. Уште 603 лица се повредени во истиот период, објави Ал Џезира. Меѓу жртвите се и четири лица кои починале од глад, со што вкупниот број на смртни случаи поврзани со глад се искачи на 197, вклучувајќи 96 деца. „Од почетокот на израелските напади на 7 октомври ...

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги поздрави разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, нарекувајќи ги „добри вести за сите, особено за Централна Европа“. Во објава на Фејсбук, Сијарто рече дека сите го следеле состанокот во Москва претходниот ден со големо внимание и дека извештаите донеле „олеснување за сите, особено за оние што живеат во непосредна близина на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон за вчерашниот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп и европските сојузници, наведувајќи дека Украина е подготвена за прекин на огнот со Русија, но дека сè уште нема „јавен одговор“ од Москва за ова. „Ја споделив перспективата на Украина за вчерашниот разговор со Макрон. Ги координираме нашите ставови и подеднакво сакаме да видиме ...

Две лица се убиени, а едно е рането во пукотница што се случи вечерва околу 19 часот во Босански Шамац, а полицијата трага по сторителот на ова кривично дело. Ова го потврди и Полициската управа на Бијелина. – Полициски службеници од Полициската управа на Бијелина интензивно бараат лице кое денес околу 19:10 часот на подрачјето на општина Шамац уби две и рани едно лице со истрели од огнено оружје – соопшти вечерва Полициската управа на ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел има намера да го окупира Појасот Газа со цел да воспостави идна цивилна администрација ослободена од влијанието на Хамас, објави Анадолу. „Имаме намера (да ја преземеме контролата врз Газа) за да ја обезбедиме нашата безбедност, да го отстраниме Хамас таму, да дозволиме населението да биде слободно и да го предадеме на цивилна администрација која не е Хамас и не е некој што се ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската Унија ги користи кризите, а особено тековната војна во Украина, како средство за одземање на овластувањата на земјите-членки и изградба на централизирана „европска империја“, спротивно на интересите на националните држави. „Војната сега е нивна главна алатка за централизирање на моќта. Ние го отфрламе нивното градење империи, ги отфрламе нивните планови за Соединети Европски Држави“, рече ...

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) објави дека од 136.000 деца на возраст од шест месеци до пет години прегледани од агенциите за помош во Појасот Газа во јули, 11.877 биле идентификувани како акутно неухранети, што е највисока месечна бројка досега регистрирана. Во првите две недели од јули, 56.000 деца биле прегледани, а кај 5.000 било утврдено дека страдаат од акутна неухранетост – речиси девет проценти, во ...

По пукотницата во Будва во која беше ранет Марко Љубиша Кан, висок „функционер“ на Скаљарскиот клан и пријател на Лука Бојовиќ, полицијата го блокираше градот и проверува автомобили во потрага по напаѓачот. Како што изјавија за „Блиц“ очевидци на пукањето, напаѓачот носел бела маица. – Испука неколку куршуми, еден куршум го изгреба во главата. Се чувствуваше мирис на барут – рече еден од очевидците. Како што објави репортерот на „Блиц“, ...

Осми август е ден кога недобронамерниците посегнаа по наше парче земја, ден кој и по 24 години буди чувства на гордост, но и на тага, рече потполковник Сашко Палески, командант на гарнизонот „Мирче Ацев“ во Прилеп при вечерашното чествување на 24-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски бранители кај Карпалак. Повеќе делегации, роднини на загинатите се поклонија пред спомен-обележјето во касарната со што почнаа чествувањата за 10-те ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се согласи да се сретне со Владимир Путин само ако рускиот претседател се согласи да разговара и со Володимир Зеленски, објави „Њујорк пост“, повикувајќи се на функционер од Белата куќа. „Путин мора да се согласи да се сретне со Зеленски за да се одржи средбата“, рече неименуваниот функционер. Тој додаде дека локацијата сè уште не е утврдена. Порано денес, Кремљ потврди дека средбата Трамп-Путин ќе се ...

Откако претставниците на Хезболах излегоа од состанокот на кабинетот за да разговараат за планот за разоружување на милитантната шиитска група, еден либански министер изјави дека владата го одобрила првиот дел од предлогот на САД за разоружување на Хезболах, објави „Тајмс оф Израел“. Либанските медиуми објавија дека состанокот на кабинетот за да се разговара за разоружувањето на Хезболах бил прекинат откако пет министри – претставници на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Европа ќе игра важна улога во преговорите за завршување на војната, како и во обновата на Украина. „По војната, ЕУ ќе игра клучна улога во обновата на нашата земја – тоа ќе биде еден од најголемите економски проекти за цела Европа во последните децении“, рече Зеленски откако го помина денот во консултации со европските сојузници, еден ден по телефонскиот разговор со американскиот ...

Предлогот на САД за разоружување на Хезболах, кој денес се дискутира на седница на либанската влада, предвидува целосно разоружување на милитантната група до крајот на годината, како и постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан. Според документ на либанската влада што го виде Ројтерс, предлогот, кој вклучува четири фази, има за цел да го продолжи и стабилизира прекинот на огнот постигнат во ноември меѓу Либан и Израел, објави ...

Белата куќа ги отфрли тврдењата на Кремљ дека средбата меѓу претседателот Доналд Трамп и Владимир Путин е веќе договорена и дека е обезбедена локација. Официјален претставник на Белата куќа изјави за ABC News дека локацијата сè уште не е утврдена и дека претседателот Путин мора да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да се сретне со Трамп – нешто на што Кремљ досега не е подготвен да се обврзе. Ушаков рече дека ...

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, сите се изгаснати. Локации на изгаснатите пожари: Општина Кичево – с. Цер (ниска вегетација) Општина Валандово – с. Јосифово (ниска вегетација и лозови насади) Општина Охрид – ул. 28 Април, населба Радојца Новичиќ (стрниште) Општина Кичево – с. Зајас (ниска вегетација) Општина Кичево – с. Србица (ниска вегетација) Општина Липково – атар на с. Слупчане и с. Ваксинце (ниска ...

Владата на Кралството Камбоџа формално го номинираше претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за Нобелова награда за мир, наведувајќи го неговиот дипломатски притисок врз Пном Пен и Бангкок како придонес кон прекин на огнот во неодамнешниот вооружен конфликт меѓу земјата и Тајланд. Во писмо до Норвешкиот Нобелов комитет, камбоџанскиот премиер Хун Сен рече дека интервенцијата на Трамп помогнала да се спречи она што го ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
32%
1024
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
2.68
41%
1024
weather icon

Загреб

29ᴼ / 27ᴼ
1.03
48%
1023
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
34%
1024
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
1.82
29%
1024
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
1.54
67%
1023
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
7.2
41%
1021
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
33%
1021
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
30%
1022
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
3.13
38%
1025
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
2.06
44%
1024
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.69
38%
1024
Currency

61.53

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941