Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Авион што полета од аеродромот Анкара Есенбога се урна вечерва во Анкара. Меѓу патниците беше и началникот на либискиот Генералштаб, Мухамед Али Ахмед Ал-Хадад, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Како што изјави Јерликаја на перонот X, авионот „Фалкон 50“, со регистрација 9H-DFJ, полета во 20:10 часот за Триполи, а контактот со радарот беше изгубен во 20:52 часот по локално време. „Од авионот беше примена порака за ...
Приватен авион што го превезуваше началникот на Генералштабот на Либија се урна во близина на Анкара откако тој пријави вонредна состојба, потврдија турските власти. Во авионот имало пет лица, вклучувајќи го и либискиот генерал Мухамед Али Ахмед Ал-Хадад, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Фалкон 50, со регистрација 9H-DFJ, полетал од аеродромот Есенбога во 20:10 часот по локално време, со насока кон Триполи. Контактот со ...
Денеска околу девет часот, на улицата „Седми Јули“, во самиот центар на старата чаршија во Нови Пазар, се случи драматичен грабеж на златарница што го крена целиот полициски оддел на нозе. Според информациите од терен, разбојникот добро го планирал нападот во време кога улицата била полна со минувачи. Вооружен со огнено оружје, влезе во златарницата и веднаш ѝ се закани на вработената. За целосно да ја спречи да се спротивстави или да ...
Кадри како Жерновски и Филипче се симбол на неуспех, предавства и скандали. Доказ за тоа дека во СДС нема нови лица, ниту пак некакви реформи е тоа што Андреј Жерновски е дел од раководството на Филипче. Прелетач од ЛДП во СДС на Заев, дојден за функција, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. – Жерновски е неуспешен и скандалозен дипломат. Шеташе по Букурешт, претставувајќи се како амбасадор на Македонија, а притоа немаше ...
Сега на сите им е јасно дека поголема минимална плата нема да има. Владата на Мицкоски нема пари за минимална плата, нема пари ниту за земјоделците, ниту за пензионерите. Очигледно, сите ќе мора да се навикнат на тоа дека повисоки плати нема да има. Доаѓаат таканаречени „економски работници“. Според договорот што го објавија британски медиуми, државата има обврска да им обезбеди плати, сместување, осигурување. Мора да им се плаќа без разлика ...
Скопје повторно се гуши во ПМ честички. Секоја година, особено во зимскиот период Скопје руши рекорди во загаденост, но освен паушални изјави и празни ветувања, властите не превземаат никакви конкретни мерки за решавање на овој проблем, истакна Катерина Јовановска, координаторка на советничката група на Левица во Советот на Град Скопје, на прес конференција на која соопшти и дека поднеле Барање за вонреден инспекциски надзор во Цементарница ...
Власта на Мицкоски брза да го стави под свои канџи обвинителство и судството. Целта е целосна контрола над обвинителството и погребување на правдата за спас од одговорноста за криминалните тендери кои врват зад грбот на граѓаните. Изборот на новата в.д државна јавна обвинителка е уште еден доказ за тоа, велат од СДСМ. „Анита Топалова Исајловска е позната како обвинителка која бараше да се укине предметот Талир во кој беше обвинет и Никола ...
Додека јавноста се надеваше дека по смената на Љупчо Коцевски може да се отвори барем минимален простор за професионализација и департизација на обвинителството, Советот на јавни обвинители ја избра Анита Тополова-Исајловска за вршител на должност државен јавен обвинител. Станува збор за истата обвинителка која барала да падне предметот „Талир“ – случајот за нелегално финансирање на ДПМНЕ, велат од Левица. „Дополнителната „случајност“ што ...
Илјадници демонстранти од цела Албанија се собраа во Тирана на антивладин протест организиран од главната опозициска Демократска партија (ПД). Собирот пред зградата на владата на булеварот „Дешморет е Комбит“ беше обележан со инциденти и тензии. 🚨🔥 BREAKING: MAN SET ON FIRE AS PROTESTS ERUPT AGAINST PRO-EU RULING PARTY IN ALBANIA 🇦🇱🇪🇺 Violence breaks out outside PM’s office in Tirana A man was set on fire during violent clashes ...
Учениците ќе следат настава до крајот на месецов и потоа заминуваат на зимски распуст. Ќе нема порано распуштање поради загадувањето. Прашана дали поради загадениот воздух МОН размислува за предвремено завршување на првото полугодие од учебната 2025/2026, министерката Весна Јаневска денеска изјави дека остануваат уште малку денови до распустот. Како што рече, во овој момент немаат информации дека нивното здравје е загрозено и дека не е ...
ЕСМ Снабдување со топлина, било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. – Истиот оној Талат Џафери, кој СДС и ДУИ со две раце го гласаа, за да стане незаконски претседател на Собрание и неговата ќерка да биде изгласана да биде дел од Надзорниот одбор на ЕСМ. Затоа на СДС и ДУИ не им се допаѓа темата, ...
Денеска, на 70-годишна возраст по кратко боледување почина една од најголемите фудбалски легенди на Македонија и на Вардар, Васил Рингов. Денес не жалиме само за човек, туку за едно време на мерка, чест и достоинство. Има луѓе што не си заминуваат. Само се повлекуваат чекор наназад, за да нè гледаат од тишината. Васил Рингов беше од тие. Тивок, исправен, свој. Фудбалот за него не беше сцена, туку одговорност. Не зборуваше многу, ама кога ...
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција по годишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека во нејзиниот говор изостана визија за реалната состојба во државата. Тој истакна дека наместо анализа на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, обраќањето беше сведено на флоскули и претставување на владината агенда на ДПМНЕ, а не на политичка слика што ги опфаќа сите граѓани во ...
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денес изјави дека е потребно да се заврши истрагата за геноцидот врз белорускиот народ за време на Втората светска војна, додавајќи дека новиот федерален обвинител го сфаќа ова прашање многу сериозно. „Веќе откривме толку многу факти. Им должиме на оние што се одговорни за геноцидот за време на војната да ја завршат истрагата. Без разлика дали ќе платат или не, треба да знаат дека ни се должни“, ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека Инспекторатот за животна средина изрекол казни кон правни лица – загадувачи во Скопје, отако во изминатите два дена биле спроведени силни и координирани инспекциски надзори на терен. Ѓорѓиевски во информацијата што ја сподели во објава на својот Фејсбук профил ги повикува скопјани да пријават потенцијални загадувачи на следниот меил: [email protected]. -Нема толеранција за никого – ...
Криминални политики со тендери и неспособност во енергетиката се двете единствени причини поради која сите граѓани на Македонија ќе плаќаат поскапа струја и поради што се воведува кризна состојба. За само година и половина владата на Мицкоски ја доведе најголемата државна енергетска компанија ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Оваа година има историски најниско производство на домашна струја, нема ниту 3.000 GWh од планирани 5.100 ...
Украина и САД подготвија неколку нацрт-документи за безбедносни гаранции, реконструкција и рамка за завршување на војната, потврди претседателот Володимир Зеленски по неколку рунди разговори одржани за време на викендот во Мајами. Иако е постигнат значителен напредок, сè уште постојат големи разлики помеѓу она што е на хартија и реалната ситуација на бојното поле, објавува „Киев пост“. Зеленски беше информиран за исходот од состаноците со ...
Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. – Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на ...
Уставниот суд беше одговорен кога во февруари ја донесе одлуката за измените на Кривичниот законик, бидејќи разгледуваше повеќе можни сценарија за да спречи правен вакуум, изјави претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски на панел дискусијата „Чекајќи го Годо… и правдата: Очекувања од новите измени на Кривичниот законик“. -Применивме новина – интерпретативна одлука, со која го толкувавме Уставот во однос на измените и утврдивме ...
На крајот од 2025 година, компанијата Mozzart повторно ја потврди својата мисија – да биде таму каде што е најпотребно. Со дела што носат надеж, радост и иднина, Mozzart ја испиша оваа година како вистинска приказна за хуманост. Годината започна со блескавата победа на младата шампионка во боречки вештини Даниела Алекосовска, која со златото ја претстави Македонија на најубав начин. Паралелно, кампањата „Ги поддржуваме ретките болести“ ...
Претседателот на Социјалдемокрасткиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми во Собранието, посочи дека причината за зголемување на цената на струјата е катастрофалното менаџирање на енергетскиот систем во земјата од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. „Ништо не е постигнато од проекциите и задачите кои што оваа влада си ги дала сама на себе. Треба да се произведат над 5.000 гигават часови струја, не се ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска во своето годишно обраќање пред пратениците во Собранието нагласи дека една од најважните работи за враќање на општествената доверба е потребата за право и непристрасна и навремена правда. Таа посочи дека проектот Безбеден град покажал дека навиките се менуваат тогаш кога правилата важат подеднакво за сите, без врски и протекции. -Но, потенцирам, нужен е системски пристап кон решавањето ...
Денес во романскиот град Сибиу се случи несреќа откако таванот на затворен базен се урна во хотел. Досега осум лица, меѓу кои три деца, се извлечени од базенот, но потрагата по закопаните под урнатините продолжува, објави „Агерпрес“. Објектот се наоѓа на излезот од Сибиу кон Рашинари, каде што фрагменти од таванот паднале во базенот. Според извештајот на ISU Сибиу, на местото на несреќата се распоредени голем број амбулантни возила, возила ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова застана на страната на „најкорумпираната и криминална влада во историјата на државата“, оцени денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по нејзиното обраќање во Собранието. Според Филипче, со поддршката што ѝ ја дава на актуелната власт, претседателката директно ја води Македонија кон изолација и ја затвора европската перспектива на државата. „Се потврдува тоа што го зборувавме со месеци – оваа ...
По завршувањето на денешното рочиште во Основниот кривичен суд – Скопје за случајот во кој беше смртно прегазен 68-годишниот Југослав Николовски, неговата ќерка Маја Бошковска, изјави дека семејството очекува висока и правична казна за обвинетиот Фатон Љури кој на 1 јули годинава управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола по пешачката патека на кејот на Вардар го прегазил Николовски и го напуштил местото на несреќата. Бошковска ...
Градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура денеска на прес-конференција обвини дека политичките структури од НАИ, СДСМ и независната листа на Рамис Мерко формирале тајна коалиција со цел да го блокираат работењето на Општината. Ваквата ракција доаѓа откако вчера пропадна и третиот обид за избор на претседател на општинскиот Совет поради немање кворум. Седницата ја напуштија осуммината советници на НАИ, а тројцата од независната листа на ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во денешното годишно обраќање пред пратениците во Собранието повика на национален консензус во однос на евроинтеграциите и потенцира дека проблемот не е само административен туку лежи во уставните амандамни нагласувајќи дека тоа е политички критериум. Според неа, потребни се јасни гаранции од ЕУ и од Бугарија. Осврнувајќи се на трагедијата во Кочани, Сиљановска – Давкова рече сите ние ќе ја ...
Со дополнување на доказната постапка и завршни зборови на обвинителството и одбраната, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје заврши судењето против 25-годишниот скопјанец Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули годинава управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола по пешачката патека на кејот на Вардар го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и го напуштил местото на несреќата. Пресудата ќе биде објавена на 29 декември. Во текот на ...
Binance оствари клучна пресвртница во својот развој надминувајќи 300 милиони регистрирани корисници ширум светот — јасен показател за растечката доверба во криптовалутите и нивниот премин кон масовно прифатен финансиски инструмент. Овој успех не ја одразува само брзината на раст, туку и сè поголемата глобална прифатеност на дигиталните средства како легитимни алатки за штедење, инвестирање и плаќање. Според Ричард Тенг, ко-извршен директор ...
Македонската фудбалска репрезентација влегува во ново поглавје со назначувањето на Гоце Седлоски за нов селектор. Тој доаѓа на местото на Благоја Милевски, кој по четири години ја напушта функцијата. Седлоски, легенда на македонскиот фудбал со 100 настапи за националниот дрес, по вторпат ја презема репрезентацијата, но првпат како главен селектор. Во претходниот мандат беше вршител на должност и забележа победа против Литванија. „Ова е ...