Стејт департментот денес им советуваше на американските граѓани во Венецуела веднаш да ја напуштат земјата поради безбедносни ризици. Стејт департментот објави на социјалните мрежи дека меѓународните летови од Венецуела се обновени и дека има извештаи за вооружени милитантни групи кои поставуваат блокади на патиштата и пребаруваат возила за докази за американско државјанство или поддршка за САД. „Безбедносната ситуација во Венецуела ...

САД и Израел сакаат да посеат хаос во Иран со наредување на немири, изјави денес иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, повикувајќи ги Иранците да се дистанцираат од „немирите и терористите“. Според него, „терористите“ на протестите се поврзани со странски сили кои „убиваат невини луѓе, палат џамии и напаѓаат јавен имот“, пренесува Ројтерс. „Државата е подготвена да го слуша својот народ“, рече Пезешкијан, додавајќи дека владата е решена ...

Реза Пахлави, син на последниот шах на Иран, кој беше соборен во Исламската револуција во 1979 година, денес изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е „подготвен да им помогне“ на демонстрантите во Иран, додека антивладините демонстрации се шират низ целата земја. – Светот денес стои зад вашата национална револуција и се восхитува на вашата храброст. Особено претседателот Трамп, како лидер на слободниот свет, внимателно ја ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, со положување цвеќе, им оддаде почит на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак во кругот на Полициската станица Гази Баба кои пред 26 години трагично загинаа на 11 јануари 2000 година во заседа кај влезот во селото Арачиново. Во објава на социјалните мрежи, Тошковски наведува дека тие биле подмолно и сурово убиени при извршување редовна полициска контрола. – ...

До 13 часот на повторните локални избори гласале 11 217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК), повикувајќи се на податоците пристигнати од 209 избирачки места. Како што рече на прес-конференција портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено. -Во општина Врапчиште гласале 2 613 лица или 9,58 ...

Протестите продолжија на улиците на градовите во Иран, при што илјадници луѓе демонстрираа во Техеран во текот на ноќта и утрово, пркосејќи на ескалирачкото задушување од страна на властите врз растечкото протестно движење, што го потврдуваат видеата што се појавија и покрај тоа што интернетот и мобилните телефонски мрежи се во прекин, објавува „Гардијан“. Државната телевизија објави дека протестите во Иран продолжуваат утрово, со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во последните денови бил информиран за можните опции за воени напади врз Иран, објавија водечките американски медиуми. Според „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неколку американски претставници, на Трамп му биле претставени низа сценарија, вклучувајќи напади врз цели во Техеран. Според „Волстрит џурнал“, една од опциите вклучува „воздушен напад од големи размери врз повеќе ирански воени цели“, но истите ...

На повторените локални избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше до 11 часот гласале 3 553 избирачи, односно 3,32 проценти од вкупно 128 286 запишани гласачи на 215 избирачки места, информира Државната изборна комисија (ДИК). Според податоците, највисока излезност има во Маврово и Ростуше, каде своето право на глас го искористиле 624 гласачи, односно 5,90 проценти од вкупниот број запишани ...

Во трговскиот центар „Космос“ во Солун, вчера се урна дел од таванот на првиот кат, во зоната со ресторани, при што е повредена 45-годишна жена. Таа се здоби со повреди на главата и на вратот, но била свесна и со брза помош пренесена во болницата „Папаниколау“. Инцидентот се случи во време кога во молот имаше голем број посетители. На видеото од местото на настанот се гледа паднатата конструкција и луѓе кои ѝ пружаат помош на повредената ...

Додека градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски самоуверено порачува дека „снегот не може да го изненади“, официјалното соопштение на Градот Скопје и ЈСП најавува кратење линии и редуцирање на јавниот превоз. Оваа очигледна контрадикторност ја оголува вистината дека институциите не се подготвени, туку однапред ја релативизираат сопствената неорганизираност и нефункционалност, велат од Левица. „Во услови на ниски температури и можни ...

Центарот за управување со кризи денеска извести дека во Општин Демир Хисар, поради оштетување на мост на Боишка Река затворен за сообрачај е локалниот пат кон с. Мренога. ЈП „Комуналец“ интервенира во населбата Мургашево со проширување на речното корито. Пријавено е излевање на реката кај с. Обедник и меѓу селата Обедник и Смилево. За состојбата постапуваат РЦУК и ЕЛС Демир Хисар. Ресен Поплавени се земјоделски површини, дворови, куќи и ...

Во СВР Тетово е пријавено дека двајца вработени во мобилниот оператор А1, кои се наоѓале над село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, биле заглавени во снег. Со двајцата вработени надлежните не можеа да се воспостават контакт по телефон поради слабата мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, случајот бил проследен до полициската станица во Ростуше, по што биле ангажирани припадници на Оддел за специјални полициски операции ...

Иранските пратеници, кои денес се состанаа за да разговараат за протестите што го потресоа Иран од 28 декември, во еден момент истрчаа пред зградата на парламентот скандирајќи „Смрт на Америка“, објави АП. Пратениците потоа скандираа други слогани во поддршка на иранската влада, која се обидува да ги ограничи антивладините демонстрации што се проширија во повеќето градови во земјата. Според објавените снимки, протести се одржуваат и во ...

Од девет часот утрово е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“ што беше воведена синоќа во 21, информира ЈП „Македонија пат“. Претходно беше соопштено дека од 8.20 часот утрово е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража што беше воведена ноќеска во 00:25. Од девет часот утрово е укината ...

Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на командантите на специјалните сили да развијат план за инвазија на Гренланд, објави британскиот „Дејли меил“. Политичките јастреби околу американскиот претседател, по успехот на Вашингтон во воената операција во Венецуела на 3 јануари, во која беа заробени претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга, сакаат брзо да дејствуваат за да го освојат островот пред Русија или Кина да преземат ...

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница утрово информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер. Според ЈСП, јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за непречено и безбедно функционирање на жичницата. – Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со ...

Утрово на Попова Шапка е најстудено, – 8 степени и има најмногу снег, 31 сантиметар. До 8:30 часот се измерени и -5 степени во Kрушево и Mаврови Анови, -2 во Куманово, -1 во Крива Паланка, Берово и Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Претор, Штип, Битола, Прилеп и Струмица, 1 во Кавадарци и Велес, како и 2 степена во Гевгелија и Демир Капија. Изминатите 24 часа, до 7 часот утрово наврнале 39 литри на метар ...

Министерката за економија Адријана Месаровиќ изјави дека 22.246 потрошувачи во Србија моментално се без електрична енергија, што е 0,58 проценти од вкупниот број потрошувачи во земјата. – Овој број, во однос на вкупниот број, или процентот на населението, некои би рекле дека е мал, дека е занемарлив, во однос на временските услови што ги доживуваме или тешкотиите што ја предизвикаа ситуацијата да биде ваква. Сепак, за мене како министер, а ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во текот на ноќта и претпладне, а попладне се очекува врнежите да престанат. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од минус пет до два, а максималната од минус еден до пет степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, ...

Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник откако на првиот круг на локалните избори на 19 октомври минатата година не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов изборите да се сметаат за успешни. Согласно Изборниот законик, за да се избере градоначалник на повтореното гласање потребно е за еден ...

Американската војска спроведе повеќе воздушни напади во Сирија во текот на ноќта, насочени кон милитантната група Исламска држава (ИСИС), соопшти Централната команда на САД. Во соопштението не се наведува дали некој е убиен во нападите. Неименуван американски функционер изјави за CNN дека во операцијата спроведена во саботата биле испукани повеќе од 90 куршуми прецизно водечка муниција против повеќе од 35 цели, користејќи повеќе од ...

Израел е во состојба на висока готовност за можна интервенција на САД во Иран, објави Ројтерс, повикувајќи се на три израелски извори запознаени со ситуацијата. Изворите, кои беа присутни на израелските безбедносни консултации во текот на викендот, не прецизираа што значи високата готовност на Израел во пракса. Во меѓувреме, „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарал ...

Турција се стреми да се приклучи на одбранбениот сојуз меѓу Саудиска Арабија и Пакистан, според кој секој чин на агресија против една членка се смета за напад врз сите, според извори запознаени со разговорите. Преговорите за она што турските медиуми го опишаа како создавање на „исламско НАТО“ се во напредна фаза и постигнувањето на таков договор е многу веројатно. Проширувањето на Алијансата би можело да доведе до ново безбедносно ...

Високиот ирански функционер и идеолог Хасан Рахимпур Азгади изјави дека Иран, како одговор на ставот на Вашингтон за протестите во таа земја, треба да се однесува кон американскиот претседател Доналд Трамп „на начинот на кој тој се однесуваше кон Мадуро“. „Со оглед на ставот на Трамп, секаков вид операција на територијата на САД, во сите држави и градови, вклучително и деструктивни операции како оние што ги спроведуваат тука, би била ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес ја изрази поддршката на Соединетите Американски Држави за народот на Иран, откако иранските власти го исклучија интернетот за да ги потиснат антивладините протести низ целата земја. – Соединетите Американски Држави стојат покрај храбриот народ на Иран, напиша Рубио во објава на социјалната мрежа X, објави Ројтерс. Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави дека Соединетите ...

Кон крајот на декември, државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин, побара од американската администрација да му дозволи на венецуелскиот претседател Николас Мадуро да побара азил во Русија, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори и владини документи. Според „Вашингтон пост“, Паролин се сретна со американскиот амбасадор во Светата столица, Брајан Бурч, на Бадник, за да побара појаснување од САД во врска со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за спроведување операција против рускиот претседател Владимир Путин, слична на онаа неодамна спроведена против венецуелскиот лидер Николас Мадуро, нагласувајќи дека „нема потреба“ за такво нешто, но во исто време изрази разочарување од Москва поради конфликтот во Украина. Според американското списание „Њузвик“, Трамп зборуваше за ова прашање на брифинг за медиумите, одговарајќи на ...

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до 19.00 часот вечерва од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавените 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа до 19.00 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово – Ростуше, 31 лице ...

Претседателот на Владата на швајцарскиот кантон Вале изрази гнев поради фактот што локалните власти со години не извршиле инспекциски проверки во барот во кој во пожар загинаа 40 млади луѓе, додека обвинителството ги засилува напорите за утврдување на одговорноста. Градоначалникот на скијачкото одморалиште Кран-Монтана изјави дека во барот „Ле Констеласион“ не била спроведена инспекција од 2019 година, што предизвика силна реакција од ...

Главниот државен радиодифузер на Иран денес зазеде поостар тон во известувањето за масовните протести што ја зафатија земјата, нарекувајќи ги демонстрантите што претходно ги нарече „бунтовници“ „вооружени терористи“, објавува Би-Би-Си. Неколку објави на Телеграм каналот на државниот радиодифузер прикажуваат снимки од насилни судири за време на протестите и интервјуа со членови на семејствата на безбедносните сили за кои се вели дека се ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
76%
1009
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
7.72
78%
1007
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
89%
1003
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
5.66
70%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.0
89%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
91%
1002
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1011
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
76%
1008
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1008
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
2.57
93%
1012
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
82%
1005
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
4.63
72%
1011
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Родиум

334367.76

Платина

67130.76

Алуминиум

3.13

Бакар

11.89

Кобалт

64.04

Калај

48.33

Паладиум

54688.42

Иридиум

213919.04

Сребро

2586.53

Цинк

3.32

Злато

161412.82