Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Унгарската полиција објави дека ги истражува компаниите на медиумски магнат кој добил профитабилни договори за време на заминувачката влада на Виктор Орбан, под сомнение за проневера и перење пари. Полицијата се огласи во вторник вечерта откако Ѓула Баласи, сопственик на неколку водечки медиумски компании кои повеќе од една деценија организираа кампањи за Орбан, изјави дека ги понудил своите компании и дел од своите инвестиции на државата ...
Вчеравечер, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани, се случил обид за кражба, при што сторителот се обидел насилно да влезе во црковниот објект. Според првичните информации од луѓето што интервенирале, по неуспешниот обид за разбивање, лицето се дало во бегство, но при тоа се заглавило на металната ограда околу храмот. На местото на настанот интервенирале полициски службеници, екипа на Територијалната противпожарна единица – Кочани, како и ...
Иранскиот режим сè уште официјално не реагирал на „паузата“ на Трамп во американската операција за водење бродови низ Ормутскиот теснец, која тој ја нарече „Проект слобода“. Сепак, иранските медиуми веќе ја претставија оваа најава како голема победа за Иран. Агенцијата Тасним пишува дека американскиот претседател се обидува да го „прикрие неуспехот“ на операцијата. Новинската агенција ИРНА ја нарекува оваа најава пораз за Америка и наведува ...
УНИБанка со нова понуда за штедење во евра. Изберете рочност која ви одговара и започнете да заработувате од вашите слободни средства. Депозит Фикс во евра со кратки рочности од 3, 6 или 12 месеци и атрактивна каматна стапка до 2,10%. На овој начин добивате поголема слобода во располагањето со сопствените средства, но и поголема добивка. Оваа можност е поволна за сите оние физички лица кои имаат пасивни средства на своите платежни сметки, а ...
Од полноќ стапи во сила еднострано примирје што го прогласи украинскиот претседател Володимир Зеленски, но засега нема потврда дека борбите навистина запреле. Украинските власти соопштија дека прекинот на огнот ќе важи на неопределено време, односно сè додека Русија се воздржува од напади. Шефот на кабинетот на претседателот, Кирил Буданов, изјави дека доколку примирјето биде почитувано од двете страни, тоа ќе продолжи, додека Зеленски ...
Иранските државни медиуми објавија повеќе детали од состанокот во Пекинг меѓу иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и неговиот кинески колега. Според новинската агенција Тасним, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ги нарекол воените акции на САД и Израел против Иран „нелегитимни“ и рече дека „мора да се воспостави целосен прекин на огнот“. Тој додаде дека регионот поминува низ клучен момент. „Регионот поминува низ ...
Иран воспостави нов систем за контрола на поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец, објавија државните медиуми, разјаснувајќи ги изјавите на претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, дека тие „имаат нова равенка“ за оваа многу важна поморска рута. Според државната телевизија Прес ТВ, сите бродови што планираат да поминат низ овој тесен и стратешки важен воден пат ќе мора да добијат дозвола од иранските власти преку ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони го осуди ширењето на лажни слики генерирани од вештачка интелигенција, вклучувајќи ја и онаа на која е прикажана во долна облека, откако почнаа широко да се споделуваат онлајн. Мелони се огласи на Фејсбук откако сликата стана вирална и предизвика осуда од корисниците кои веруваа дека е вистинска, објави „Гардијан“. „Во последните денови, циркулираа неколку лажни фотографии од мене, генерирани од вештачка ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени. Од ...
Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, одржано на 4 мај, свој исказ пред судот даде директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, во својство на вешто лице, којшто посочи дека главна причина за смртта кај починатите лица, ...
Доналд Трамп објави дека го паузира „Проектот Слобода“, американската операција за пренасочување на заглавените бродови од Ормутскиот теснец, за да може да финализира договор со Иран, но додаде дека американската блокада на иранските пристаништа ќе остане на сила. „На барање на Пакистан и други земји, поради огромниот воен успех што го постигнавме за време на кампањата против Иран и дополнително поради фактот што е постигнат голем напредок ...
Одлуката на Доналд Трамп привремено да ја суспендира операцијата „Слобода“ имаше позитивно влијание врз глобалните пазари. По најновиот сигнал на американскиот претседател за можноста за мир со Иран, цената на суровата нафта Брент падна под 108 долари за барел. Во исто време вчера, таа беше 113 долари. „Проектот Слобода“ беше дводневен обид на САД да обезбедат придружба за бродовите низ Ормускиот теснец, витален трговски пат, што го налути ...
ВРЕДИ е во завршна фаза на обединување во единствен политички субјект, со што дополнително ја зацврстува својата позиција како доминантна сила на политичката сцена во Северна Македонија. Со тоа, и официјално се потврдува како втора политичка сила во државата. Владата има стабилно и значително мнозинство, со тенденција дополнително да се окрупнува, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. И резултатите од неодамнешните локални избори јасно го ...
Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и број на корисници, овој викенд, ќе организира уникатен настан во центарот на Битола – „Камион со ќебапи“. На 9 и 10 мај, од 11:00 до 16:00 часот, на плоштадот Магнолија, ќе биде поставен „Камионот со ќебапи“ на Binance каде граѓаните ќе имаат можност да се поврзат со глобалната крипто заедница и да уживаат во омилените локални вкусови. Во препознатлива битолска атмосфера, ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнето на автопатот А3 кај Среданац во правец на Брегана, кога камион ja проби ограда, удри во далновод и се запали. Возачот за кој медиумите пренесуваат дека најверојатно е од Македонија, остана заробен во возилото. Пријавата за сообраќајната несреќа ја примил Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа Брод-Посавина во 14:18 часот. Се однесувала за пожар во камион во кој имало едно лице. ...
Обединетите Арапски Емирати наведуваат дека нивната „воздушна одбрана во моментов се справува со ракетни и беспилотни напади што потекнуваат од Иран“. „Министерството за одбрана потврдува дека звуците што се слушаат во разни делови од земјата се резултат на пресретнување на балистички ракети, крстосувачки ракети и беспилотни летала од страна на системот за воздушна одбрана на ОАЕ“, изјави министерството за Ixa. Иранските власти денес ...
Мохамед Мокбер, советник на врховниот лидер на Иран, остро ги коментираше обидите на Доналд Трамп да го отвори Ормутскиот теснец, велејќи дека американскиот претседател „зборува еден куп глупости“. Неговите изјави, кои ги објави државната новинска агенција ИРНА, беа продолжение на низа критики од високи функционери од Техеран против воената реторика на Трамп. Мокбер истакна дека Ормутскиот теснец нема да биде отворен „освен ако тоа не е ...
Кога беше прашан дали американските операции во теснецот значат крај на примирјето, Хегсет одговори дека тоа не е прекршено. Тој изјави дека тоа е посебен проект и го повика Иран да биде разумен и да ги држи своите дејствија под нивото што би го рестартирало конфликтот. Тој рече дека примирјето моментално се почитува. .@SECWAR "As a direct gift from the United States to the world, we have established a powerful “Red, White, and Blue Dome” ...
Во Основниот суд во Струга утре ќе почне повторно судење за лекарите Блертон Асани и Лилјана Јовановска, второ и трето обвинети во случајот со родилката од Дебар, која при породувањето во Болницата во Струга остана без матка, јајник и бубрег. Апелациониот суд во Битола ја потврди затворската казна за првообвинетиот гинекологот Мухамед Асани, а за другите двајца обвинети, кои беа ослободени од вина предметот е вратен на повторно судење. ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, на прес-конференција по повод Денот на македонскиот јазик, истакна дека јазикот е целосно признат во Фронтекс во 2022 година – првиот официјален договор во Европската Унија потпишан на чист македонски јазик, оценувајќи дека Христијан Мицкоски продолжува со својата стара кампања, намерно создавање паника и лажно бранење на идентитетот. – Јазикот е целосно признат во Фронтекс во 2022 година – ...
Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и број на корисници, овој викенд, ќе организира уникатен настан во центарот на Битола – „Камион со ќебапи“. На 9 и 10 мај, од 11:00 до 16:00 часот, на плоштадот Магнолија, ќе биде поставен „Камионот со ќебапи“ на Binance каде граѓаните ќе имаат можност да се поврзат со глобалната крипто заедница и да уживаат во омилените локални вкусови. Во препознатлива битолска атмосфера, ...
Основниот кривичен суд Скопје ги прогласи за виновни за злоупотреба на службената положба сите тројцата полицајци од Кочани и на Кире Богатинов и Горан Лазаров им изрече условна казна затвор од една година, а на командирот на ПС Кочани Александар Темелков – условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во период од четири години не стори ново кривично дело. На објавата на првостепената пресуда во Кривичниот суд денеска не ...
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по итна постапка против Р.Р. (39), вработен како полициски службеник во ОЗОЛО- ЕОПРСМ при Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 став 2 од КЗ, односно затоа што на 02.05.2026 физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. Р.Р. е лишен од слобода и изведен пред судија на претходна ...
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан се сретна со Емануел Макрон за време на самитот на Европската политичка заедница во Ереван, а на сè му претходеше прилично необична сцена. За време на паузита од состаноците, Пашинјан и Макрон решија да се посветат на музиката, а Макрон ја отпеа шансоната „La Boheme“ од 1965 година, напишана од Шарл Азнавур, еден од најпознатите француски пејачи. Текстот е за уметници кои со радост се сеќаваат на деновите ...
Десет месеци затвор доби Јасмина Костадинова, вработена во Министерството за земјоделство, откако на последното рочиште призна вина за примање мито поврзано со посредување за добивање средства од ИПАРД програмата. Судот одлучи во издржувањето на казната да ѝ се засмета и времето поминато во домашен притвор, почнувајќи од 5 ноември 2025 година. Мерката домашен притвор ѝ е продолжена до упатување на издржување на казната. Барањето на ...
Полицијата поднесе кривични пријави за родителите на малолетничките кои се изжуваа над 13-годишно девојче во Ѓорче Петров. – Денеска (05.05.2026) Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе шест кривични пријави по член 201 став 1 од КЗ (запуштање и малтретирање дете) против Е.А и А.М, Е.С., Р.С. и Р.Г., С.А., В.И. и Ѓ.И., А.Т. и Т.Т., поради тоа што малолетните деца на пријавените лица извршиле кривично ...
ЕУ е „подготвена за секаков сценарио“ доколку Доналд Трамп еднострано ги зголеми царините за европските автомобили, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Нејзината реакција доаѓа откако американскиот претседател минатата недела одеднаш се закани дека ќе ги зголеми царините од 15 на 25 проценти, тврдејќи дека ЕУ не се придржува до постојниот договор. „Договорот е договор и ние го имаме. Неговата суштина е ...
Премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот за семејно насилство за кое е обвинет член на неговото пошироко обезбедување денеска изјави дека овој случај е уште еден доказ дека законот важи подеднакво за сите и нагласи оти тој не толерира недисциплина не само во рамките на неговото обезбедување, туку и воопшто. – Тоа е уште еден доказ дека законот важи подеднакво за сите, тука нема никаква дилема, така е и во овој случај. Тоа е втор ...
СДСМ обвинува дека Министерството за правда ја одолговлекува постапката за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски и бара јасен одговор дали документите се испратени или не. „Министерството за правда вчера соопшти дека постапката за Груевски се води институционално и без политички влијанија. Но, клучното прашање е: дали документите за екстрадиција се испратени или не? Наместо конкретен одговор, слушаме само бирократски фрази ...
Во законскиот рок – 30 април 2026 година, Управата за јавни приходи (УЈП) заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за остварен доход во 2025 година, пришто се изгенерирани вкупно 862.896 даночни пријави, информираат од УЈП. -Сите граѓани ќе добијат и лична порака на својот профил на „МојДДВ” или на е-пошта регистрирана во УЈП. Согласно законските одредби, секое физичко лице кое во текот на 2025 година остварило доход има ...