
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Случајот „Таргет“ – процесот што требаше да донесе правда за масовното и незаконско прислушување од поранешната УБК – официјално е застарен уште пред речиси две години. И покрај обемноста на случајот и неговата тежина, кој откри систематско кршење на човековите права, правна разрешница нема да има. Но, ќе има финансиска – за државниот буџет. Поради измените на Кривичниот законик, кои овозможија побрза застареност на делата, обвинетите нема да ...
Источно од Скопје се гледа појас на врнежи со претежно сини и зелени нијанси, со некои потемни зелени и жолти области (особено околу Бунарџик и кон Свети Николе). Ова укажува на умерен до посилен дожд, веројатно со локални излевања, велат од УХМР. Постојат и расфрлани, послаби ехоа околу самиот град Скопје. Изолирани, слаби врнежи се забележуваат околу Сопунска Глава и кон Прилеп. Радарските слики покажуваат дека метеоролошката активност е многу ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Постапката е поведена против едно од лицата инволвирани во вчерашниот инцидент во Чаир, додека за истиот настан постапка ќе се води и против еден малолетник, согласно Законот за правда за децата. ...
Патнички авион на лет од Базел кон Скопје кружи , откако поради невреме и грмежливи облаци не може да слета на скопскиот аеродром. Според последните информации од метеоролошката станица на аеродромот во Скопје, забележано е нестабилно време со грмежи, засилен северен ветер и локален дожд. Во извештајот од 15:20 часот стои дека ветерот дува со брзина од 11 јазли од север (340°), а во некои моменти достигнува и 15 јазли со променлива насока, ...
Општина Кочани презема нови чекори против узурпацијата и бесправната градба во Трговскиот центар, откако беше избрана фирмата што ќе ги урива дивоградбите. Вршителот на должност градоначалник, Венко Крстевски, денеска поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство против неколку угостителски објекти, обвинувајќи ги за узурпација на јавен простор и нелегална градба. Според Крстевски, инспекциските контроли покажале сериозни неправилности – дел ...
Постои ретка и важна можност за проширување на Европската унија што не смее да се пропушти – оваа порака денеска од Скопје ја упати данската министерка за европски прашања, Мари Бјере, само две недели пред Данска да го преземе претседавањето со Советот на ЕУ. Таа најави дека токму проширувањето ќе биде еден од клучните приоритети на данското претседателство, особено во контекст на зголемените геополитички ризици и руската агресија. „Сега има ...
Општина Илинден официјално го отвори новото спортско-рекреативно катче кај „Бучинското Езеро“ во населеното место Бучинци, со што овој природен локалитет доби сосема нов изглед и функција – како место за одмор, спорт, релаксација и дружење на отворено. Во рамките на проектот, просторот околу езерото е уреден со нови бекатон плочки, поставена е пешачка патека во должина од 60 метри и изградена е платформа за прошетка и одмор. Пристапниот пат до ...
Јохан Потџиетера го истражувал подводниот свет, веднаш до брегот на Јужна Африка, кога доживеал „блиска средба“ со врвната машина за убивање – голема бела ајкула. Нуркачот носел GoPro камера, која ја овековечила средбата под вода, и можеме да видиме дека цело време држел харпун во раката. Желбата за преживување Додека ги истражуваше подводните карпи, Јохан не ја забележа ајкулата – сè додека не помина точно покрај неговата глава! Во видеото, ...
Собранието денеска ја усвои Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници за 2025 година, со која се обезбедени дополнителни 600 милиони денари за инвестициски проекти. Средствата со Предлог-одлуката се обезбедуваат се наменети за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, а согласно објавениот повик и утврдени критериуми од страна на надлежните министерства. Со прераспределбата, исто така, се ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека извршило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 23-годишник, на 02.01.2024 година, провалил во куќа на улицата „Востаничка“ во Скопје, така што со помош на пластична маса се качил на балконот од првиот кат на куќата и насилно го отворил прозорецот. Потоа пребарувал низ собите и одзел накит, шест ...
Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) доби нова ректорка. По изборите спроведени на сите академски единици на универзитетот, за ректорка е избрана проф. д-р Венера Крлиу, која ја презема оваа клучна позиција со мандат од 1 октомври 2025 година. Со овој избор, УАКС најавува почеток на нова фаза на развој, фокусирана на квалитетно образование, зајакнување на меѓународните соработки, и унапредување на истражувачките капацитети. Во својата прва ...
Бранителот на обвинетиот Влатко Кешишев, адвокат Игор Ефремов, денеска во Основен кривичен суд Скопје побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, со образложение дека тој не само што не учествувал, туку ниту знаел, ниту имал намера тоа да се случи. Евентуална вина, како што посочи, може да сноси само за грабнувањето на Вања. – Од доставените и изведени материјални докази на кои се ...
Српската криминалистичка полиција ја спроведува својата најголема антикорупциска операција досега, во рамки на која уапси сопственици на над 20 фиктивни компании, објави српската национална телевизија РТС. Полицијата ги уапси сопствениците и директорите на над 20 компании за кои вели дека преку симулирана работа со фиктивни компании се занимаваат „исклучиво со перење пари“, на вредност која се проценува на неколку стотици милиони динари (стотици ...
Обвинението против Александар Ѓорчевски е во целост неосновано, неаргументирано, паушално и засновано на претпоставки кои не наоѓаат своја поткрепа во доказите на обвинителството. Одбраната докажа дека токму неосновано обвинетиот Александар како татко на детето Вања е жртва и оштетен во оваа постапка заедно со мајката Зорица и неговото семејство и докажа дека тој во критичниот период постапил на начин на кој би постапил секој родител во ...
Утрово автоматски е исклучен Термоблокот 2 во РЕК Битола од електроенергетскиот систем, откако се активирал заштитниот механизам поради зголемена температура и пожар на дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување, соопшти АД ЕСМ. Од компанијата информираат дека веднаш по инцидентот реагирале надлежните служби на РЕК Битола, следејќи ги оперативните протоколи, бидејќи постои сомнеж за потенцијална саботажа. За настанот е ...
Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, на одбележувањето 132 години од историското ВМРО и 35 години од сегашното, во обраќањето во Хераклеја во Битола на партиските функционери им рече да не заборават дека фотелјата не е поудобна од гајбата пред кооперација, а уличниот макадам од килимот по хотели и канцеларии. „Најскапата работа што еден човек може да му ја остави на своето потомство не се парите и имотот, туку ...
Мицкоски рече дека досега исправал и пополнувал дупки и решавал проблеми што на Филипче, пајташите и самиот Филипче ги оставиле во државата. Дупки, недоследности и неодговорности во работењето што ја оставија државата разурната и уништена, ограбена, пред банкрот, осиромашена, удавена во инфлаторни шокови, со секој трет граѓанин што сака да си замине од земјава, реагира ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе зборува Филипче, јавноста не слуша план, туку ехо од ...
Дел од родителите на починатите во трагедијата во Кочани се жалат дека извесен период на социјалните мрежи добиваат пораки со закани и недолични содржини, а дел од тие пораки и јавно ги објавија. Со случајот е запознат и секторот за внатрешни работи. Оттаму информираат дека секторот за компјутерски криминал во МВР нема добиено пријава, а по допрен глас од добиени информации од јавноста, интензивно презема дејствија за испитување на наводите и ...
Полициски службеници од редовниот состав на Секторот за внатрешни работи од Охрид утре ќе имаат вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“. Пред почетокот на вежбовните активности предвидени за од осум часот, ќе бидат спроведени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. За медицинско обезбедување на ...
Во нашата Република Македонија се до петок (20 јуни) атмосферата нема да биде стабилна, и тоа поради влијанието на плиткиот циклонски систем со центар над Туренско Море. Во ваква ситуација кај нас ќе имаме повеќе облачност, а во попладневните часови ќе ни се развиваат грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам локални поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност.Поради загреаната атмосфера ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа безбедно пристигна на скопскиот аеродром. Станува збор за осум лица – четири деца и четири возрасни – кои, како дел од поголем организиран транспорт, ја напуштија територијата на Израел и се упатија кон Египет, од каде со авион во сопственост на Владата беа транспортирани до Скопје. ...
редината на неделата носи моќни енергии на трансформација и длабоко знаење. Јупитер во Рак сè уште резонира со семејни пораки, додека Венера во Бик нè поканува да уживаме во убавината околу нас. Денес, Универзумот нè поканува да веруваме во нашата интуиција и да не се плашиме од промените. Ова е ден кога се откриваат тајни, а срцата се отвораат за вистинска љубов. Дозволете си да бидете автентични – токму оваа искреност ќе ве одведе до ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук жестоко го нападна премиерот Христијан Мицкоски, нарекувајќи го авторитарен лидер кој се обидува да воспостави диктатура и ја потценува интелигенцијата на граѓаните. „Добро е што Мицкоски сфатил дека народот има очи да гледа и памет да размислува“, напиша Филипче, реагирајќи на слоганот на ВМРО-ДПМНЕ – „Најдоброто допрва доаѓа“, кој го оцени како навреда за граѓаните по ...
Потпретседателот за безбедност и приватност на GOOGLE, Еван Коцовинос, издаде сериозно предупредување до сите корисници на Gmail (кои ги има речиси две милијарди) – сменете ја лозинката веднаш. Според податоците, дури 61% од американските корисници биле цел на обиди за напади преку е-пошта, а експертите предупредуваат – работата е сериозна и повеќе не е прашање дали, туку кога. Лозинките, иако сè уште се најчестиот начин за најавување, се сè ...
Вечерва во Скопје треба да пристигнат првите македонски државјани евакуирани од Израел, откако побараа итна помош од Владата поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Осум државјани – четири возрасни лица, три деца и едно бебе – беа евакуирани преку Египет, од каде со владиниот авион се транспортираат кон Македонија. Според најавите, летот од Каиро полетал околу 18:40 часот, а слетувањето на Меѓународниот аеродром Скопје се очекува во ...
Тука сме да ги исправиме грешките од минатото, нема назад, истакна вечерва од Битола претседателот и премиер на Република Македонија Христијан Мицкоски. -Ние не сме тука да ветуваме лесни приказни или брзи решенија. Не!…Ние сме тука да направиме она што е правилно, да ги исправиме грешките и да ги санираме штетите од минатото. Се знае, нема назад, рече Мицксоки во својот говор. -Со неизмерна чест и одговорност стојам пред вас на овој ден кога ...
Вечерва во 19:48 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ избувнала физичка пресметка по претходно недоразбирање. Во инцидентот учествувале 14-годишник од Скопје и лицата С.Р. (64) и Б.С. (18), исто така од Скопје. Според информациите, за време на пресметката биле употребени ножеви, при што сите вклучени добиле телесни повреди. Повредените биле пренесени на укажување медицинска помош во ...
Вечерва во 19:48 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ избувнала физичка пресметка по претходно недоразбирање. Во инцидентот учествувале 14-годишник од Скопје и лицата С.Р. (64) и Б.С. (18), исто така од Скопје. Според информациите, за време на пресметката биле употребени ножеви, при што сите вклучени добиле телесни повреди. Повредените биле пренесени на укажување медицинска помош во ...
Германска корисничка на „ТикТокер“ која објавува под профилот @nitaxbru пред два дена сподели како одморот на Јадранското Море се претворил во кошмар откако таа и нејзиниот сопруг виделе стан што го изнајмиле за 2.000 евра преку Airbnb. „Резервиравме луксузен Airbnb со базен за 2.000 евра… еве што добивме…“ напиша таа во видео на кое покажа колку е валкан и полн со зелена вода базенот, а TikToker го спореди со мочуриште. @nitaxbru This was ...
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со сигурна победа стартуваше на Челинџер турнирот во француски Ројан, откако денеска го победи Норберт Гомбош од Словачка со 2-0 (6-1, 6-3). Ивановски веднаш на стартот од мечот успеа да направи брејк и да поведе со 1:0, а сигурната игра ја продолжи и до крајот на сетот кога успеа да одземе уште два сервис гема на противникот и првиот сет го доби со 6:1. Ивановски продолжи со сигурна игра и во ...